После повеќе од 20 години винилни плочи повторно се продаваат во Југотон
  Објавено на
share

Изминаа преку 20 и кусур години откако низ продавниците за музика престанаа да се продаваат плочи, тнр винили, ЛП-а.

Имено музика одмна нема низ продавниците, освен по некое домашно цд, па дури и се наоѓаше и понекој винил-плоча од некој упорен домашен состав да остави трага и да не имресионира, нас, колекционерите. Но изминативе години и во светот и кај нас се случува вистински ривајвл на плочите-винили. Нивната продажба во светот расте од ден на ден и понудата е се поголема.

Така и и кај нас конечно пристигнаа и почнаа да се продаваат во поголем број и избор на едно место, а не само како понекој случајно залутан носач на звук, околу 150 наслови во продавницата Југотон во ГТЦ. Засега, плочите пред се будат силна носталгија меѓу вљубениците на аналогниот звук се најголемите заинтересирани купувачи. Има многу стари и проверени и популарни изданија но и албуми од новата продукција, секој може да најде по нешто од изборот. Јас влетав додека се распакуваа и сеуштее ги чекаа рафтовите за плочи (оние старите на југотон?) за да бидат изложени како што доликува... сепак, ако сте некој како мене, ви советувам да побрзате...

Сепак, ова е само за оние фанатици и вљубеници кои знаат што и зошто купуваат, и секако, за цена не се прашува. Нее евтино но цените се исти како на Амазон, така што, потребна е трпеливост па и младите ако конечно се заинтересираат за грамофони и за квалитетен звук а не само за емпетројки можеби ќе ги дочекаме повторно изданијата и на балканските издавачи кои одмана престанаа да се занимаваат со печатење винили.

Стари и користени плочи има прилично да се најдат низ антикварниците но оној кој некогаш пробал тој знае што значи нова и неотпакувата плоча. Мене ми е целта да си ја возобновам мојата колекција од детсвото и младоста со изданија кои секако, многу подобро ќе ги чувам одошто некогаш.

Знам дека ова е само обид и дека има многу за да се врати некогашната нивна полуларност но искрено посакувам да успее и опстане затоа што имам многу, премногу, аргументи поради кое секој кој барем малку е навлезен во музиката треба да поседува било каква колекција.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани