Еден ден по шокот, Шарапова остана без милионите Спонзорите o7; го свртија грбот на најдобрата тенисерка од Русија, која брзо почувствува што значи допинг-скандал
  Објавено на
share

Шарапова почна да ги чувствува последиците

 
Спонзорите o7; го свртија грбот на најдобрата тенисерка од Русија, која брзо почувствува што значи допинг-скандал

Тенисерката од Русија, Марија Шарапова почна да ги чувствува последиците од својата објава дека на Австралија опен била позитивна на допинг. Само еден ден подоцна елитниот швајцарски произведувач на часовници „TAG Heuer“ одлучи да не го обнови милионскиот спонзорски договор со неа, а истото го направи и „Nike“.

- Марија Шарапова имаше договор со „TAG Heuer “ до 31 јули 2015 година. Преговаравме за продолжување на соработката. Со оглед на сегашната ситуација, швајцарскиот производител на часовници ги прекина прегворите и реши да не ја обнови соработката - објави елитниот производител на часовници.

Петкратната гренд-слем победничка, 28-годишната Шарапова во понеделникот на прес во Лос Анџелес објави дека била позитивна на допинг-контролата за време на годинашниот Австралија опен, игран во јануари во Мелбурн.

Русинката, која во четврт-финалето загуби од Серена Вилијамс, изјави дека по писмен пат била информирана за позитивниот наод на супстанцијата мелодониум за која призна дека ја користела поради недостиг на магнезиум во организмот, а и како превенција да не заболи од дијабетес.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани