Конечно добри вести за Милан - Берлускони го продаде клубот за 740 милиони евра
  Објавено на
share

Берлускони го продаде Милан за 740 милиони евра

 

Претседателот на Фудбалскиот клуб Милан, Силвио Берлускони, се договорил со кинескиот конзорциум околу продажбата на клубот за 740 милиони евра, објави неговата компанија Финивест.


Берлускони продал 99,93 отсто од акциите на кинеските инвеститори, кои го презеле долгот од 250 милиони евра и се обврзале дека ќе вложат многу пари во јакнењето на играчкиот кадар во клубот.

На чело на кинескиот конзорциум е бизнисменот Јонгхонг Ли, кој има капитал во фирмата што се занимава со производство на автомобили и е во делумна државна сопственост.

Берлускони е на чело на Милан три децении, го извлече клубот од стечај и освои пет титули првак на Европа и осум трофеи во Серија А. /крај/он/ст

Copyright 2016 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Макфакс. Во спротивно Макфакс го задржува правото да го фактурира преземениот текст согласно својот ценовник и правила.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани