Политички постови на фејзбук не менуваат ничие мислење, џабе се пењавите, дечки.
  Објавено на
share

Дадовте сè од себе по социјалните мрежи ХРАБРО да ги искажете своите ЈАСНИ и ГЛАСНИ политички ставови за вистинските проблеми во државата и  светот? Ако мајке, да сте живи и здрави. Само што, слабо фајде од тоа, велат истражувањата. 

Американска фирма која се занимава со маркетинг на социјални мрежи нарачала истражување за да дознае како корисниците на Фејсбук реагираат на политичките пораки на своите пријатели и сите други кои ги гледаат додека се таму. За ентузијастите, резултатите не се охрабрувачки.

Се анализирал примерок од 10.000 Фејсбук корисници и во огромен дел, политичките пораки имаат екстремно мали шанси да сменат нечие мислење. Напротив, тие најчесто ги нервираат луѓето (со спротивно мислење, не во истомислечкиот circle jerk) а знаат да бидат и причина заотпријателување.

Компанијата Рантик утврдила дека 94% од Републиканците, 92% од Демократите и 85% од Независните признале дека никогаш не ги менуваат своите политички позиции заради нечиј Фејсбук пост.

Околу две третини од учесниците во студијата оцениле дека социјалните медиуми не се соодветно место за политички дискусии а половина признале дека донесуваат судови за други врз основа на нивните политички ставови. Мал, но не и безначаен дел (12% Републиканци, 18% Демократи и 9% Независни) рекле дека прекинале некое ФБ пријателство заради политички постови.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани