Бред е сам! - за само 169 фунти!
  Објавено на
share

Ненадејната вест дека се разведуваат Бред и Анџелина ја искористи Норвешка авиокомпанија која на овој начин ги промовира своите летови до Лос Ангелес.

Норвешка авиокомпанија понуди реклама на која нуди промо летови до Лос Ангелес за 169 фунти сосе ддв. Мирикл!

Бред и Анѓа се таква вест што дрмаат и авио компании освен медиуми. Импактот од нивниот развод, допрва ќе се чувствува како афтершокови во социјалниот наш беден живот, иако "рука на дојка на Анѓа" мене ми е та преку Тасета.


 


Бај д веј, останува непознато зошто нема кампања "Aнѓа е сама", ама најверојатно дека распуштеница со многу деца никому не му е популарна. Неправедно, ама затоа стари курајбери-ергени се вест, особено за попаливите скандинавки кои треба сега да направат стампедо и да нагрнат во Лос Ангелес и да му се понудат на Бред ... а он кутриот, сув ко барут чека сигурно некоја жена - викинг да го испегла и топло да му зготви, не за друго

Ако Анѓа бара утешение, јавно ја канам, со се деца у куќа кај мене, таман е време за ајвар па треба појќе за љупење пиперки, а тоа ќе и помогне да стане домаќинка и да најде добар муж кој нема да дува и пие по цел ден.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани