Фестивалот Таксират, кој иако е тимски производ, е идолошки и во секоја друга смисла изнесен на плеќите на една од најекстраординарните личности во земјава, креативен и упорен, менаџер и организатор, како ниеден кој сум го запознал во животот - Логин Кочишки. Секоја пофалба, заслуга и успех прво мора да оди на негова адреса. Со ова би се сложиле и неговите најблиски соработници. Импресивната листа на настани во рамките на Таксират, само за оваа гоидина, без и да погледнеме со епските концерти на култни и врвни имиња кои ги донесе во земјава во минатото, е секако оправдано забележана и номинирана но оваа година и наградена како еден од десетте најдобри фестивали во Европа во затворен простор.
Password Production е доказ дека културата е жива, дека овде живее нормален народ кој знае и цени и скоро сите настани им се организирани без никаква поддршка од државата, за разлика од некои кои со децении ја злоупотребуваат за минорни настани.
Лично им честитам, сосема заслужено признание и се надевам дека некој, некогаш и кај нас ќе се свести и ќе свати дека културното миље во оваа земја го прават и ентузијасти и професионалци кои моите дадени средства на државата би сакал да бидат насочени и кон вакви фестивали.
Почитувани,
со огромно задоволство известуваме дека ТАКСИРАТ Фестивал е избран за еден од 10-те најдобри фестивали во Европа и тоа во категоријата Best Indoor Festival на најзначајните меѓународни фестивалски признанија European Festival Awards.
Имено, ТАКСИРАТ веќе 8 години по ред е номиниран за овие признанија, а годинава со гласовите од фестивалските посетители успеа да се најде и меѓу најдобрите 10. Добитниците на наградите ќе бидат презентирани на свечена церемонија во Гронинген Холандија, во рамки на Eurosonic Noorderslag конференцијата, на 11-ти јануари 2017.
Повеќе информации за оваа вест, во продолжение на овој мејл.
Ве молиме овaa информациja да ja споделите во вашите медиуми.
Срдечен поздрав,
ТАКСИРАТ Фестивал
и
Password Production