Од каде кај мене таа одвратност кон комуњарите? - Од профилот на Тони Шанац Михајловски
  Објавено на
share

Сакам од срце да им се заблагодарам на моите пријатели неистомисленици, кои ги познавам и пред ФБ и со кои имам, сум имал и ќе имам соработка и дружба понатаму, да им се заблагодарам што во овие две ипол години никогаш не се навредивме и не го омаловаживме мислењето на другиот, колку и да беа дијаметрално спротивни. 
Сакам искрено да им кажам и на оние со кои се пљукавме по Име и Презиме, сосема непотребно, дека им простувам. Ама нема да им заборавам. 
Лицемерите пак кои стегнале лајк на навреда за мене, ги отстранив од пријатели и така ќе се однесувам кога ќе се сретнеме. Такво нешто за пријател не си дозволувам.
Оние што не сакат да ги читаат моите политички ставови нека читаат до тука.
Од каде кај мене таа одвратност кон комуњарите?
Јас со, наречете ги како сакате, Сатанско Демонскиот Сојуз на Македонија или Бивша Југословенска Коминистичка Партија на Македонија сум во војна од '95, кога на средба со младиот премиер побаравме да ја гради и негува културата во државата. Културата во спортот, образованието, земјоделието, индустријата и секако уметноста која, за тие неколку години независност, не стави на доста високо место во рамки пошироки од балканските. Театарот, филмот, музиката, сликарството и книжевноста беа полињата на кои победувавме.И ни даде чуекот. Добивме по една кутија плав Ротманс, и реченица за на избори-"Шоќевисе на вас глумците пари?"
После тоа он стана главна ѕвезда кај нас. Он беше и Ал Пачино и Пабло Ескобар. Он и свитата палеа и жареа. Односот кон глумиците морам да признаам му беше каде каде поинаков. Тоа беше негово време. 
У негово време, хорс можеше да се купи у апотека. Белото беше само за него и кошташе пола бубрег. Али хорсот го даваа на позитивна листа. Експанзија, чии ефекти многумина уште ги влечат, а уште повеќе ги паметиме. У Куманово наркоманите ги тепаа с'с држаље за секиру. Демократски и људски. ЛГБТ? Школо??Универзитет?!? Тројца не смееа на куп да се соберат, а за паради и протести се гинеше. 
Единствен ќар беше што после дугачко време фамилиите доручкуваа, ручаа и вечераа заедно. Никој не идеше на работа. Ама ретко имаше за три оброка. Многу завршија во душевни болници, а уште повеќе избегаа. Некои се самоубија а некои ги убија. Многу се гинеше по пругите во тоа време.
У негово време се десија огромни промени и померања. Промена на име, знаме, територија и се померивме поблиску до дното. Време на голема депресија. Манијакално-суицидна.
Атентатот на Киро..
Пирамида да беше ќе ја отвореа до сега. Културата беше на последните две страници од сите негови гласила, веднаш после црната хроника.
'97ма ми пукна филмот. Дадов отказ, и така им го накршив што уште ги боли кикиритката, да простите. Мојата војна почна.
Ја кренав цената на својот хонорар по сите основи, припрема, изведба, ден на снимање и договорите им ги покажував на колегите. Педерски да, ама ние слабо си веруваме, а и многу се лажеме меѓу себе. Ефектот беше болен за продуцентите и директорите. После тоа престанаа да ме земаат. Сам против таква диктатура и режим, на заминување до душа. 
Таман ги фрливме на буниште '98ма и поживеавме две годинки, кој што сака нека каже, под ВМРО-ДПМНЕ и пр'кнавме малце, ете ги нив со војна. Војна која што ние, вмровците, сами си ја подметнавме за да паднеме од власт. Звучи познато, нели. Ечи колку звучи. И оп техничка влада за "спас на Македонија". И се спасивме. Прв пат во историјата на војните се најде субститут за победата или поразот. Го нарекоа "Охридски рамковен договор". И такви спасени ни ги вратија даноците, ги замрзнаа платите, мојата не пошто ја немав, дораск'р'чмија што остана, и не прогонуваа крвнички. Се вратија понаострени од било кога. Убиваа неистомисленици. 
Атентатот на Трајковски.
Го режираше и убиството и погребот. И вети дека ќе му ги чува децата. Ко у добар мафијашки филм. Он беше и мафија и џандар. И судија и џелат. Маме им ебаа на државата и народот. Едвај ги школувавме децата. Немав за леб. Буквално. Крв да серете!
Не можам да набројам ниту едно нивно добро дело. Лошите не се добројуваат. 
Горд сум што 25 години сум во нивните црни тефтери, во кои секогаш се запишувани само тие што биле за Македонија. Горд сум што сум нивни непријател, оти тие се непријатели на мојот народ од кој одамна се одродиле. Уште кога му го смениле јазикот, писмото, химната. Уште кога се откажале од киднапираните деца на својот народ. Бивши Македонци. Ете тоа се тие.
Горд сум што 25 години, никогаш не сте го добиле мојот глас и мојата доверба.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани