Тим Шкупи со писмо до мене и Латас - лаги, извртувања и манипулација и закани меѓу редови
  Објавено на
share

Писмото го добив вечерва, лично од него од неговиот профил на ФБ

Ламалари: Отворено писмо до Јанко и Латас против нивниот отровен бурек.

ОТРОВЕН БУРЕК! Овие двајца експоненти на шовинизмот и рацизмот со нивните емисии кои продуцират непотребна омраза, се наоѓат пред ре-капитулација. Ваквите типови на луѓе кои се замислуват некакви јавни лица и креираат јавно мислење, во Запад на пример овие типови ги изолираат, ги третираат како посебни типа, ги стават под надзор на професионални лекари за да не ги заразат неинформираните и обичните луѓе кои за главно јадење го имаат само “бурекот”. Меѓутоа како претседател на Албанската Дијаспора, и како скопско дете роден во овој илиро-дардански град си се прашувам: Како е можно Латас и Јанко да мислат дека постојано ќе ја лажат и маниупулираат јавноста и да придобијат на грбот на граѓаните, без разлика на етничката припадност, а уште повеќе стигматизирајки го албанскиот интерес во Македонија. Пред се, новинарството е една чесна дејност и секако дека Латас и Јанко не смеат да судат за судбината на било кој што се занимава со политика. Трогателно делуваше кога видов како Латас со каква леснотија во заеднички настап со Јанко повикуавше на линч на една личност, Зоран Заев, кој без разлика на се, е човек и граѓанин на Р. Македонија, и е пред фантастична можност да биде следниот премиер во владата на Р. Македонија. Кога една ваква омраза отворено ќе се пропагира на про-владин медиум против Зоран Заев, поради тоа што е од Струмица а не од Скопје, а пак нивниот гнев кон албанците е уште по нагласен и многу по отровен, нешто што не беше санкционирано од страна на албанските политички субјекти ДУИ и ДПА. Ќе беше доволно политичките партии со латински букви да ги негираат и бојкотираат изборите само поради ова шовинистичка и фашистичка дејност на Латас и Јанко који шират вештачка омраза против албанците кај македонците, кој албанците ги познаваат само преку вестите на Сител. За воља на вистината јас и не гледам вести и општо телевизија на македонските канали, меѓутоа последно време сум почнал да ги гледам вашите емисии по тоа што моите другари ми праќаат линкови на социјалните мрежи. Сега, вашите емисии ми помагаат многу, да го научам јазикот, да го научам вашиот менатален склоп на луѓе кои придобиваат на сметка на судбината на граѓаните во Р.Македонија. Независно на вашата гебелсова реторика против Зоран Заев, за да му наштети за изборите на 11-ти, не за сметка на граѓаните, туку за сметка на вашите лични агенди. Вие сте разбрале дека Зоран Заев е политичар на нов моментум на македонската политичка сцена, кои ќе ве спаси и вас, но како ќе го спаси Латас кои е вмешан во многу афери кои се предмет на СЈО. За вашата реалност во Македонија, како што ние можеме да видиме од надвор, вие овој пат нема да гласате за партија, за македонци и албанци, туку со вашиот глас ќе изберете помеѓу два правца, да гласате за криминалнат врхушка на Груевски и Ахмети или да гласате за промени и правна држава, да гласате за блокада на интеграцискиот процес или да гласате за НАТО И ЕУ. Условите за зачленување ние сите ги знаеме. Од овие услови нема бегање, како што нема бегање од одговорноста за злоупотреба на институциите на системот, и како резултат на овие злоупотреби вие не се интересирате за монтираните судски случаји за албанците и нивното лежење по македонските затвори. Не го спомнувате ни случајот Младеновски, а ниту имате храброст отворено да зборувате за Нешкоски. Треба да бидам коректен, покрај гневот кој го покажувате против вашите сограѓани албанци, и сакате да ги заплашите македонците (консуматори на бурекот) со активностите на албанскта дијаспора, сепак сум ви благоадарен што писмото упатено до Н.Груевски дел од про-владините портали и медиуми го објавија. Иако се обидовте да му дадете друга насока на писмото, толкувајки ја како конспирација на Заев со албанската дијаспора, како нешто шокантно, од друга страна сепак вие добро се разбрале дека во писмото се дава јасна слика дека на Груевски му е работено зад грб од Ахмети и Тачи кои кокетираат со Зоран Заев поради нивни лични агенди, секако насочувајки ја соработката против новите субјекти со латински букви кои ќе се натпреваруват на 11-ти декември. Ако не сте знаеле, сега е време да разберете, албанската дијаспора не е пристуна во ниту еден медиум со латински букви, поради тоа што не сме прифатиле компромиси со политички агенди на штета на слободното информирање, професионализмот и одговорноста кој го има слободниот говор и политичкиот став. Сите политички партии со латински букви, на овие медиуми се изјасниле дека нема да коалицираат со Никола Груевски. Сега имаме нов моментум, каде албанците не им веруваат на овие парти како што било случај порано, и затоа денеска одредени нивни експоненти се на листите на СДСМ за изборите на 11-ти декември, а предтоа се шетале по ДУИ И ДПА. Во позадината на салонот на Јанко наречен Јади Бурек се гледаше знамето на српската држава. Јас знам дека Македонија има само едно знаме и тоа го почитувам, исто така им велам и на моите сонародници албанци да го почитуваат, бидејки без тоа почит ние не можеме да го смениме, да донесеме заедничко решение кое ке биде добро за сите, за да не им оставиме на Јанко и Латас во нивните салони да се вее знамето на Србија. Вас г. Латас ве паметам по тоа што бевте наклонет кон Бранко Црвенковски, каде вие и ден денеска не ја криете таа симпатија за Бранко и останатите политичари од СДСМ кои немале и немаат добар имиџ кај албанците. Вие г. Латас со вашата активност од Сител, сте покажале дека сте провинцијален новинар, каде со вашите конспиративни теории ги манипулирате македонските граѓани, меѓутоа за политиката на балканот, регионалната и глобалната политика, вие ќе бидете паметен како голем лузер во новинарсвото, голем губитник, така да вашиот животен век нема да ви даде друга шанса за вашите трансфери преминувајки од една до друга страна. За крај. Ако не ве запре утре Зоран Заев, Никола Груевски, ќе ве запре народот на Р.Македонија. Немој да мислиш дека албанците ти се плашат во македонија, или да соноваш дека ти се плашат албанските центри во САД и ЕВРОПА.

 

Моја забелешка - јас Јанко Илковски драго ми е што и ми докажаа оние кои и мислат лошо на земјата и народот дека се многу, многу вознемирени и дека она што го правам е за доброто на сите нас.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани