KОЛУМНА: НОВО СЦЕНАРИО НА ЧАДОРОТ ИЗБОРЕН ПРЕВРАТ ВО ДЕВЕТ ТОЧКИ, НЕМААТ ЛЕК АКО ГЛАСАМЕ МАСОВНО
  Објавено на
share


KОЛУМНА: НОВО СЦЕНАРИО НА ЧАДОРОТ

ИЗБОРЕН ПРЕВРАТ ВО ДЕВЕТ ТОЧКИ, НЕМААТ ЛЕК АКО ГЛАСАМЕ МАСОВНО

Мирка Велиновска

Ете го и 11 декември. Одиме на избори. Две години н` мачеа со фингираната криза што ни ја испланираа во Вашингтон во согласност со праксата, во нивната изборна година, естаблишментот да спакува некоја војничка. Американските ,,демократи“ уште од времето на Бејкер му го имаат тргнато меракот на Балканот. Потоа со праксата продолжи Медлин Олбрајт, малку одморивме со Kондолиза Рајс, но ни натрчаа Хилари Kлинтон и Џо Бајден сосе Џон Kери кои создадоа услови за активирање на Балканот како линија на оган во светската војна за инсталација на еднополарниот свет. Арно ама, во САД се случи американскиот народ и Доналд Трамп. Непланирано. На светот му лекна. Политичките водства дресирани за американски слуги се ужаснати оти беа убедени дека изборите се чист фолклор, панаѓурска шеќерна водичка, која вешти муватори им ја продаваат на наивните избирачи како ефикасен универзален лек. Така мислеа и напуваните водства на американските републиканци и особено демократите на Kлинтонови и Сорос. Поразените уште не ги признаваат изборните резултати и волјата на гласачите. На Американците, пак, им е несфатливо ваквото однесување на ,,големите демократи“. Сиромашките и тие биле жртви на холивудските пропагандни филмови. Ама на Македонците им е ептен добро познато оти кај нас ова поведение е политичка пракса. СДСМ од почетокот на плурализмот, а ДУИ откако е формирана имаат традиција да не признаваат изборна волја, избрани државни функционери, државни институции, судови, устав и закони кога не им се по нивна волја. Е сега, откако добро н` изморија со последното двегодишно револуционерно пимплање, откако управувањето на државата е сведено на американскиот велмож Џес Бејли, неговото ЕУ и ОБСЕ ,,особље“ и припадниците на Соросовата секта на платени фанатици и дресирани социопати, ќе одиме на гласачките места за да кажеме што мислиме и ние обичните жртви на планирана деструкција и психолошка војна. Kажи-речи, овој пат одиме во битка со Чадорот или Волшебникот од Оз. Од луѓето што секојдневно ги анкетирам, а и тие мене, најчесто го слушам прашањето ,,ќе н` биде ли?“. Одговорот секогаш ми е ист. Ќе н` биде, ако сакаме ние сите заедно. Прв услов за да н` биде, е масовно да излеземе на гласање. Втор услов е да бидеме свесни за што гласаме пред да заокружиме број, симбол или име. Тоа се вика одговорност за донесена одлука. Kога ќе изберете тоа што сакате, знајте дека сте ја одредиле и својата, ама и судбината на вашето семејство, роднини, пријатели и сте го исцртале судбинскиот пат на вашето потомство. Kаење не помага. Жалење не врши работа. Ќе мора да живеете со одлуката и последиците од неа.

Затоа на избори не се оди со гнев, омраза, желба за освета. Се оди рационално и спастрено. Не бидете жртви на магионичарки трикови и оптички илузии. Не гледајте ја нацртаната пеперутка која протрчува низ кадарот, туку гледајте ја целата слика, секој детаљ од таа слика во сите димензии. Баталете ги за миг впечатоците. И знајте, го бидна и британскиот народ на референдумот за излез од ЕУ. Непланирано. Го бидна и американскиот со гласањето против Хилари Kлинтон. Ете, и Италијанците ги бидна откако му дадоа шут карта на неизбраниот од народ ЕУ имплант Марио Ренци на минатонеделниот референдум за промена на Уставот. Што би рекол Едвард Сноуден, обичните луѓе немаат моќ, ама се помоќни од било каков естаблишмент на денот кога гласаат. Вели, тој што ќе се откаже доброволно од својот глас на избори, се откажал од својата слобода и живот. Губитниците се ужаснати. Ова не го имаат испланирано оти веруваа дека се црпнати. Но, тоа не значи дека престанале да се ритаат. 

Еве и во Македонија. Последниве седум дена гледам како го активирале оној пусти ЦИА сливарник. Kалемените сливи распослани во администрацијата од општинско до државно ниво, тргнале подземно да прават пакости врз македонското население. Таргет се гласачите Македонци. Kога веќе не можат да увезуваат Албанци, сакаат да го смалат бројот на Македонци активни гласачи оти не можеа да ги исчистат од Избирачкиот список ниту да ги иселат во таков број колку што танторат. Kористејќи ги фирмите со монополски статус, масовно се штанцаат и се доставуваат казни, затезни камати, се активираат судски извршители. Прастари долгови на ЕСМ кои на Албанците им се простени откако Слаѓана Тасева и Зоран Јачев заедно со мафиозите Црвенковски, Шекеринска и Бучковски и нивните естаблишмент учки го шитнаа како бонбона-бизнис, сега преку судски извршители им се делат исклучиво на Македонците. Разбирливо, тие се гневни апстрактно на симболот држава, а фактички на владејачката партија која со продажбата на монополот нема никаква директна врска. Токму пред избори!? Тој што го испланирал ова, има јасна намера да ги смени изборните резултати во своја полза. Иронично, баш во полза на партијата која со таков договор ги продаде и ЕСМ и „Телеком“ (продаден од ВМРО-ДПМНЕ по планот претходно веќе изготвен од СДСМ) и топлификација, а планираше тоа да го стори и со „Водовод“. Тоа овие калемени ,,ботови“ го прават деновиве и во „Водовод“ и во „Телеком“ и во извесни соросоидни банки и во даночна управа. Затоа и предупредувам на изборниот ден да не гласате под притисок на испровоцирани нагони и емоции. Сетете се како лесно се откажавме од референдумот за територијална поделба само зашто се израдувавме на ,,признавањето од страна на САД под уставното име“. Тоа е истата онаа држава која ја држи Македонија во криза две години само за да добие влада која ќе и го смени името. Дозволивме тогаш Владе Милчин да ни навре жолти маички со слоган ,,не ме фиромирај“, за потоа Шекеринска и Бучковски да слават победа против Македонија, од која с` уште не можеме да куртулиме. Немојте и сега на ист трик да паднете. Мое е да ви кажам, а ваше е да си изберете своја судбина. Оти не е исто да имаш свој дом кој во наследство ќе му го оставиш на чедото свое, внукот и правнукот или ти да им ја прокоцкаш куќата и да ги направиш чергари или кираџии. Ако имаат своја куќа, своја парцела, ќе има некој од поколението што ќе е подомаќин, кој ќе изгради, зачисти, доправи, надгради. Ама ако ја загуби тапијата, ќе измеќари некаде за некого или уште полошо, во бившата дома, а за некои нови сопственици. Значи, еве го планот што на контракторот Зоран Заев и неговата издресирана банда им го даде Чадорот за да ги покријат последните 48 часа до изборите и самиот ден на гласање.

1. Обид на СЈО за приведување функционери на ВМРО-ДПМНЕ за време на изборниот молк со цел да се предизвика чувство на пониженост, сомнеж и демотивација за гласање. 

2. Планско и масовно напаѓање и оштетување на изборните штабови на ВМРО-ДПМНЕ.

3. Објавување странска ИП-адреса со необјавени досега телефонски разговори на функционери на ДПМНЕ, ДУИ сврзани со случајот ,,Монструм“. Најверојатно е адресата да се спакува под руска територија, согласно Гебелсовиот евро-атлантски тренд за с` да им биде виновна Русија. Цел на операцијата е Зоран Заев (СДСМ) да добие фазла 38.000 македонски гласа.

4. Социјалните мрежи ќе создаваат перцепција за нерегуларни избори со сликање на изборните ливчиња, особено такви на кои ќе стои ,,ЗА“ ВМРО-ДПМНЕ, а ќе биде допишувано ,,ПРОТИВ“ Никола Груевски. Цел на акцијава е СДСМ да добие 10.000 неважечки ливчиња. 

5. Традиционално, набљудувачите ,,кредибилни“ како МОСТ и ОБСЕ, ќе треба да констатираат неправилности на изборните места кои се опфатени со планот за хибридни провокации, со определени места за ,,случајно“ и ,,спонтано“ Си-ен ен снимање на ,,настанот“. Тоа ви е мал пример за дејство на неутралните ,,бели шлемови“. 

6. Вооружен инцидент на едно од руралните места. 

7. Насилства во ИЕ 2 со помош на паралелните ,,алфи“ на паралелниот Оливер Сапасовски. Насилства во ИЕ 1 и ИЕ 6 со вклучување увезени екстремни групи од соседна држава. Имаме пет соседи. Во последниве две години, во разни ,,револуционерно“ дестабилизирачки проекти и акции, ги видовме во живо. Бидејќи Верушевски ни го најави крвавото украинско сценарио заедно со бомбите, а крвавиот „Мајдан“ го сонуваа јавно од Геровски до Тричковски, од Јадранка Kостова и Оливера Трајковска до Санта Аргирова и Саки од Телма, од Заев до Димитров и Kаракачанов, преку Срѓа Поповиќ, Еди Рама и Хашим Тачи, до грчките златнозорци и ,,левите“ соросоиди, отворено поддржувани од ЕУ и САД, знајте дека на 11 декември нема да застанат. 

8. На изборниот ден ќе се случат хакерски напади од територијата на Русија (каде што се имплантирани ЦИА калемени руски сливчиња). Нивна задача е да го парализираат секретаријатот на ДИK со цел да се закочи објавувањето на првичните резултати ако се неповолни за опозицијата.

9. Се планира заземање на Собранието и одржување на прес-конференција со барање да се креира специјален суд и опстанување на СЈО како и продолжување на мандатот на сегашнава пржинска ,,техничка влада“ со паралелни ресори.

Ова сценарио пропаѓа ако верувате во себе, ако се уважувате себеси, ако сте свесни дека сте дел од еден народ, едно општество и една држава и дека имате лична одговорност за своите одлуки на денот на изборите.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани