ВО ПАРИЗ НЕ СЕ ДИШЕ: Франција се соочува со енормно загадување на воздухот (ФОТО)
  Објавено на
share

 

Главниот град на Франција трет ден по ред спроведува мерки за ограничено движење на автомобилите, додека Лион, исто така, ја усвои оваа мерка за првпат во својата историја
 
 
 
 

Фото: ЕПА

Париз, Лион, Марсеј и другите поголеми француски градови од пред неколку денови се зафатени од големо загадување на воздухот, кое често се појавува во зимскиот период, предизвикано од микро честички и азот диоксид, јави дописникот на МИА од Париз.

Главниот град на Франција трет ден по ред спроведува мерки за ограничено движење на автомобилите, додека Лион, исто така, ја усвои оваа мерка за првпат во својата историја.

Париз Франција загадување

Во парискиот регион Ил де Франс, градоначалничката на Париз и претседателката на регионот разговараат за ефективноста од ограничувањето на автомобилскиот сообраќај и загаденоста на воздухот.

Ситуацијата со загадениот воздухот во Франција со микро честички ќе продолжи, а ова е најдолг и најинтензивен период на зимско загадување на воздухот во последните десет години.

Во Париз, слабиот ветер од пет до шест км/час, најмногу навечер и рано наутро, предизвикува концентрација на микро честички кои доаѓаат од сообраќајот на патиштата, одредени индустриски објекти, но исто така и од греењето, особено со дрва.

Покрај главниот град погодени се уште Марсеј, Авињон, Руан, Гренобл или долината на Арвр, Лион Вилурбан, каде критичното ниво од 80 мг/м3 може да биде надминато во наредните денови.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани