СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА И оваа година, новогодишниот караван на Тинекс шири празнична магија низ цела Македонија
  Објавено на
share

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

 

 

И оваа година, новогодишниот караван на Тинекс шири празнична магија низ цела Македонија

 

 

21 декември 2016, Скопје

 

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, традиционално компанијата Тинекс организира новогодишен караван кој претставува вистинска радост за најмалите дечиња од социјално ранливите категории.

Денеска, од  “Дневниот центар за деца од улица Шуто Оризари”, Дедо Мраз и украсениот новогодишен камион со пакетчиња тргнаа на патување низ Македонија со порака дека секое дете заслужува да ја почувствува топлината и среќата на новогодишните празници.

Караванот, во  текот на следните денови, ќе посети околу 50 установи како дневни центри, здруженија, училишта за деца со посебни потреби, заводи за рехабилитација и здравствени установи за грижа и згрижување на деца од ранливите категории и ќе подели близу 2.500 новогодишни пакетчиња низ 13 градови во Македонија: Куманово, Тетово, Штип, Струмица, Неготино, Кавадарци, Струга, Гевгелија, Охрид, Прилеп, Битола, Крушево и Скопје.

Новогодишниот караван е дел од активностите на платформата „Тинекс, ти и јас“, во чии рамки годинава се реализирани повеќе донации и активности во областа на социјално ранливите групи, спортот, културата и традицијата, здравството, и образованието со вкупна вредност над 15.000.000 денари.

Оваа година,  најголемо внимание во областа на донаторските активности е посветено на децата. Една од позначајните општествено одговорни активности која Тинекс ја започна неодамна е акцијата за помош на многудетните семејства во Македонија. Во текот на една година, компанијата ќе им помогне на 100 деца од 20 многудетни семејства со социјален ризик на егзистенција и ретки  болести и за таа цел ќе бидат донирани околу 1.500.000 ден помош за нивните примарни потреби.

Тинекс е секогаш на врвот на општествено одговорни компании кои негуваат филантропски дух и постојано им помагаат на оние кои им е неопходна помош.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани