ЗА ЕВРОПА ОД АТЛАНТИKОТ ДО ТИХИОТ ОKЕАН НИЕ СМЕ РОБОВИ, А НЕ СЛОБОДНИ ЛУЃЕ
Автор: Миленко Неделковски   Објавено на
share

ЗА ЕВРОПА ОД АТЛАНТИKОТ ДО ТИХИОТ ОKЕАН

НИЕ СМЕ РОБОВИ, А НЕ СЛОБОДНИ ЛУЃЕ

 

Миленко Неделковски

Европа не е Јелко Kацин или оној што курдисуваше часовници, Европа не се ни ЕУ-бирократите како Фуере, Орав или сегашниот Жбогар. Европа и Евроазија не се ниту Талер ниту Шацимаркакис ниту, пак, македонските новинари залепени на нив преку криминалните медиуми на криминалецот Велија Рамковски. Не!

Европа, евроазиската соработка на слободни луѓе, мирољубиви држави и непопречени идентитети, е континентиште на филозофи, писатели, професори, истражувачи, аналитичари со свој дигнитет, автономност, висок IQ... Непоткупливи, спремни на дебата, човекољупци...

Во неколкугодишното крстосување по Европа со цел што е можно повеќе вакви „не-А1-ликови“ да ~ презентирам на македонската публика, ги понудив: докторот на науки од Оксфорд и предавач на Сорбона, Џон Лахланд од Париз, сопственикот на влијателниот германски политички неделник „Kомпакт“, Јирген Елсасер, сопственикот и уредник на „Пандора ТВ“ од Италија, Џулието Kиеза, највлијателниот европски дисидент, Французинот Тиери Маисон, кој живее во егзил во Сирија, најпреведуваниот автор („Гладио - Тајните армии на НАТО“) од Европа, Даниеле Генсер, угледниот италијански новинар Џузепе Закарија, најблискиот советник на Владимир Путин, филозофот Александар Дугин, основачот и почесниот претседател на водечката француска политичка партија Фронт насионал, Жан Мари Ле Пен, добитникот на Нобеловата награда, Мексиканецот Алфредо Халифе Рахме, филозофот и водач на движењето „Убунту“ од Јужна Африка, Мајкл Телинџер, угледниот десничар и новинар од САД, Џеј Нордлингер... Плус препознатливите балкански фигури Додик, Лазански, Мишак...

Генерален заклучок од сите мои интервјуа и контакти е дека иднината на Европа е во „Европа од Лисабон до Владивосток“, без притоа да имаат доминација Германија, Русија, Британија или која било вон евроазиска држава.

Таа иднина, сметаат сите овие луѓе, би се базирала исклучиво на општо почитување на самоопределување, идентитет, знаењето (учењето), верата и традиционални вредности.

Нема поголем инженериски предизвик ниту, пак, бизнис-проект на целата планета, нема ниту поголем политички проект од сувоземното спојување на Атлантикот и Пацификот. 14.000 километри „коуст-ту-коуст“. Спојување и функционирање.

На Европа очајно ~ треба слободен простор, односно територии каде што ќе ги пласира своите пари и знаење. На Русија очајно ~ треба млада популација (исто и на Европа) и технолошка модернизација. На сите им треба добра бизнис-клима со економскиот гигант Kина.

За реализација на овој проект, кој слободно може да се нарече „Светот на иднината“, потребно е исполнување три основни нешта: Прво, да се отстрани влијанието на застрашувачкиот и разгневен американски монструм што цица од банкарскиот и од воениот сектор, а е под команда на неколку старци (Рокфелер, Ротштилд, Сорос, кралицата Елизабета...), кои си умислуваат дека може да го владеат светот; второ, да биде комплетно избришана бирократската медиокритетска европска каста, поставена во администрациите на сите најголеми држави, но и во најмалите вклучително и Македонија; и, трето, да не се попречуваат новите економски сили да донесуваат инвестиции, проекти и благосостојба во другите делови во светот: Kина и Индија  во Африка, Иран на Блискиот и Средниот Исток, а Бурма (Мјанмар), Виетнам и Индонезија на Далечниот Исток.

Дали овој план многу бара? Да. Но, тоа е план што ќе го спречи цунамито од бегалци, ќе ги спастри САД во границите на својата држава, ќе донесе слободна трговија и движење на луѓе.

Тоа е план во кој секој би имал доволно простор, вода, храна и енергија за пристоен живот. Нешто што се обиде да го направи Гадафи во Либија (па оние старци од погоре во текстот ѕверски го ликвидираа).

Ова е план кој предвидува секој народ сам да си ја решава судбината. Луѓето слободно да гласаат, а не да бидат подложни на инженеринг. Планетата да стане дом за сите.

Оти настрана што платеничките мејнстрим-медиуми ни дробат секој ден, простата математика кажува дека сите луѓе на планетава може да се сместат во Тексас. Но, не како сардини. Ами секој да има 100 квадратни метри простор. Останатиот дел од планетава е слободен. За создавање храна, енергија, иднина...

Планетата е неистражена и неискористена, проповеда Телинџер од Јужна Африка.  Сите луѓе треба да имаат иста шанса, пишува Лахланд. Дугин вели дека иднината на светот е соработката на Евроазија од Атлантскиот до Тихиот Океан.

Ние сме заробени финансиски преку банките, информативно преку мејнстрим-медиумите и општествено преку робовладетелскиот систем спроведуван од корумпираната бирократија сочинета од суперпродукција на медиокритети. Ние, на планетава, за жал, не сме слободни луѓе.

Робови сме. Затворени во граници што природно не постојат. Ако случајно има некој вонземјанин кој н` набљудува од вселената, такви граници не може да види. А секако, може да види реки, планини, мориња, пустини, океани, низини, острови...

Робови сме. Заврзани со невидливите ортоми на бирократскиот октопод кој ни ги ограничува сите слободи што Господ ни ги дал со чинот на нашето раѓање. Сме се родиле како слободни, а умираме како робови.

Робови сме. Заробени од стравот кој како горчливо апче ни се сервира по секој оброк. Н` плашат. Секојдневно. Стравот го измислуваат, а ние го голтаме како вистина. Во заливот Тонкин немаше инцидент, талибанците не ги срушија кулите близначки, Садам немаше оружје за масовно уништување, Гадафи не беше монструм, авионските несреќи на авионите на „Малезија ерлајнс“ над Украина и на Пацификот останаа мистерија, монтировка беше „Шарли ебдо“, како и бомбите во Париз, камионите во Ница и Берлин.  

Но, сите овие катастрофи беа измислени за да го плашат човештвото или како во случајот со камионот во Берлин, медиумски да се издејствува вистинскиот инцидент, односно убиството на рускиот амбасадор во Анкара.

Наша должност... Наша должност, на нашата генерација која живее на планетава... Наша должност, значи, е да ги отфрлиме стравот, робовладетелството и предрасудите. И да живееме онака како што сме родени - слободни.

Засега го имаме единствениот слободен простор кој нити една партија, држава, лидер, банка, мафија не може да ни го земе. А тоа е нашиот ум. Тој е бескрајно слободен, безгранично иновативен и апсолутно безбеден.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани