(ГАЛЕРИЈА) ЦИРКУС ИЛИ ИНСТИТУЦИЈА Е НОВАТА ЗГРАДА НА ЕУ ВО БРИСЕЛ?
  Објавено на
share

 

(ГАЛЕРИЈА) ЦИРКУС ИЛИ ИНСТИТУЦИЈА Е НОВАТА ЗГРАДА НА ЕУ ВО БРИСЕЛ?


Европската унија доби нова канцелариска зграда во Брисел. Напролет следната година Европскиот совет ќе заседава во неа.
Реализацијата на проектот доаѓа по одлуката од 2004 година, поврзана со амбициите на Унијата да ги прошири своите граници, поради што поранешната зграда стана тесна.

Во новата градба, која ги чинеше Европејците 321 милион евра, веќе има место за сите 28 земји членки, иако наскоро една од новите простории ќе остане празна, поради Brexit-от.

Проектот за новата зграда-симбол на Унијата е развиен од белгиското студио “Сами и партнери” и италијанското архитектонско студио “Долина”. Изградбата иронично е реализирана од британска компанија.

Ликот на свежиот дом на Европскиот совет е обележан со крајно контроверзна симболика. Разбирањата за институционален облик изгледа го напуштиле “авторитетот” и свеста на ЕУ, а симболите на власта – мермер, махагони, гранит, злато и кристал, се паднати на патот на дизајнот. Наместо нив, за надворешноста на градбата биле користени 3 750 рециклирани килограми од масивно дрво, кои се аранжирани по случаен избор.

Модернистичкиот архитектонски елемент е илустрација на естетски хаос и безизразност.

Самата зграда делумно претставува коцка со огромен атриум (отворен простор помеѓу подови). Во неговиот центар е подигната 11-ката балонообразна структура, во која се сместени тркалезни салони со разновидни функции.
На еден од овие катови се наоѓа и срцето на Европскиот совет – конференциската сала. Во неа преку начините на внатрешен дизајн исклучително грубо е изложена мултикултурната политика на Унијата – наднационална идеја за континуитет меѓу нациите, етносот, половите и др. Ова е постигнато со разнобојни теписи и шарени сегменти на таванот – една кошмарна таписерија како од селски плоштад, неприкладна за европска институција.

Разнобојната конференциска сала е извалкана од четката на 68-годишниот белгиски уметник Жорж Мирант. Боите би требало да ги симболизираат човечките разлики како основа за новите политики на Европската унија. Една убава идеја, илустрирана сепак како од дете, разиграна со дождовно виножито.

Каде ќе оди Европа, откако седиштето o7; личи на циркус? Стендап комедијата ќе се одигра зад микрофоните на шарената сала или таму ќе се гради иднината на милиони луѓе? На овие прашања ќе одговори само времето.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани