НИKОЛА ГРУЕВСKИ, ЛИДЕР НА ВМРО-ДПМНЕ СВЕСНО ИЛИ НЕ СОРОС ПОДДРЖУВА КРИМИНАЛЦИ ВО МАКЕДОНИЈА
  Објавено на
share

НИKОЛА ГРУЕВСKИ, ЛИДЕР НА ВМРО-ДПМНЕ

СВЕСНО ИЛИ НЕ СОРОС ПОДДРЖУВА КРИМИНАЛЦИ ВО МАКЕДОНИЈА

Тоа што Џорџ Сорос го прави само во Македонија, го прави и во поголем број земји, не само од регионот и од Источна Европа, туку, и во Америка, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервјуто за „Република“

- Од тоа што сум прочитал за него, во некои земји ударите ги прави заради финансиски материјални причини, за да заработи многу пари, во некои, пак, заради идеолошки причини. Тој има одредена идеологија за која многупати и јавно говори, која е заснована на принципи што ги дефинира на отворени и на затворени општества, при што идеологиите на конзервативните влади, десноцентристичките влади најчесто му личат на затворени - вели Груевски

Тоа е, вели тој, тотално неточно, ама тој така го доживува.

- Не случајно сите негови НВО и платеници секој ден зборуваат за слобода и за демократија. Тие што живеат овде, во земјава, знаат дека тоа го имаме, но мора да ги оправдаат парите што ги трошат. Никој од нив нема интерес да му ја каже вистината. А ним им верува. Сорос, освен еднаш во 1991 година еден ден, никогаш не бил во Македонија и тој сликата за нас ја прави според тоа што му го кажуваат тие на кои им верува. Тој ги прифаќа нивните ставови и донесува одлуки на база на тоа, потоа плаќа. Да бил тука барем една недела или две, да се прошетал низ градовите и да поразговара со народот, би се фатил за глава за тоа што прави - но тој нема време за тоа - додава Груевски.

На прашањето дали е свесен каде се трошат неговите пари, Груевски одговара:

- Тој има многу информации за Македонија и за нас, многу повеќе отколку што верувате. Многу. Но искривени, неточни и погрешно пласирани. С` уште мислам дека не е свесен кого поддржува во Македонија и против кого е. Неговото мислење за нас, кое подоцна го наметна и кај некои структури на Стејт департментот и кај други влади е базирано на многу дезинформации и на свесно направени погрешни толкувања на нашите чекори и политика. На пример, спротивно од тоа што го декларира јавно, вклучително и во неговата последна колумна пред Нова година, тој, свесно или не, во Македонија поддржува криминалци, авторитарни политичари, политичари што оставија без работа повеќе од 200.000 работници во процесот на транзицијата и низ процесот на криминалната приватизација, а еквивалент на тоа во Америка, според големината, е како во неколку години да се избркаат од работа речиси 35 милиони работници. 

Или да земеме уште еден пример. Поддржува лидер фатен на дело, со легално направена снимка по наредба на обвинител, како бара мито од бизнисмен и како раскажува дека сите бизнисмени во неговата општина во која тој е градоначалник на ист начин плаќале мито, дури и се чуди како тој што дошол кај него не е запознаен со редот во општината - вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани