Сопствениците од Словенија на апликацијата Talking Tom ја продале на кинезите за милијарда евра!
  Објавено на
share

Најбогатите Словенци ја продале својата апликација на Кинези за милијарда евра




Најбогатите Словенци, брачната двојката Иза и Само Логин, според неофицијални информации својот дел во компанијата Outfit7, го продале на кинеската компанија Zhejiang Jinke Entertainment Culture Co.





Нивниот најпознат производ е успешната глобална апликација „Talking Tom“, а според информациите на словенечкиот „Finance“, цената за една акција е 100 евра, со што вредноста на целата компанија е околу милијарда евра.

Outfit7 е основана во 2009 година, со седиште во Лондон, а има и 14 фирми ќерки, во Словенија, Швајцарија, Јужна Кореа, Хонг Конг, Кина, САД и на Кипар.

„Talking Tom and Friends“, нивната најполуларна апликација направена е во соработка со Дизни.

Оваа апликација има 5 милијарди преземања и 300 милиони активни корисници месечно. Outfit7 на своите канали на YouTube има 9 милиони претплатници, и нивната содржина е прикажувана над 9 милијарди пати./извор:Макфакс





КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани