Морално - етичко - политичко предание од Бетмен за шаренките. ЈАКО!
  Објавено на
share

Богдан Илиевски

Прочитав доста интелигентни деца овие два дена кои се про-опозиционо ориентирани (во најмала рака речено), а добар дел од нив се и жестоки активисти на опо-протестите - брило тоа да се шарени, студентски, метео-протести, иселувачки со оставање кондури, за булеварите, за коледарите, за молерите и генерално за сите онакви карики за кои опо смислила протест, а опо е креативна во смислување протести. Што, освен криењето позади т.н. граѓански организации кои претставувале гажданство, си е скроз океј, уставно е, човечки е, загарантирано право е.

Но они сега се зачудени од „платформата“ на албанските партии која е создадена токму сега кога СДСМ јавно и отворено најави „рушење на табуата и надминување на границите на рамковниот договор“, а во програмата предвиде „зголемување на ингеренциите на локалните самоуправи“ (по инспирација од швајцарските кантони кои на З.З. му делувале воодушевувачки) и со двојазичност од предучилишна возраст (од градинки, поточно). Всушност, кога и вербално и на хартија најави огромна сервилност кон блокот на гласови кои може/ше да ја направи разликата во корист на сдс.

„Платформата“ на Рама, Дуи, Беса, Сеља постои како уценувачки документ само затоа што нивните барања, кои не ги ни бараа пред лидерот на опозицијата да им ги понуди за да акумулира фонд на гласови, се легитимирани од сериозен македонски политички играч - кој патем најави преку својот Зи Зи Топ дека очекува „СДСМ да има најмногу гласови меѓу албанците, а потоа другите албански партии“.

Кога Рама прв пат ги викна на состанок мк-алб партиите, немаше реакција од гореспоменатите луѓе кои сега реагираат, кога „ѓаволот си го напиша своето“. Не велам дека „дојде“, бидејќи за се од спомнатата платформа, за се, ќе му треба амин од ВМРО-ДПМНЕ. Нели.

Но кога беше алармирано за истото дека може да се случи, пријателчињата мислеа дека се сее магла и со „патриотски / националистички тези“ против „измислен непријател“ се шири негативна пропаганда за опозицијата. Се исмејуваа со тезите кои се потврдија на изборната вечер (Студеничани, Арачиново, Љуботен....места каде „не се влегува“, а не па да се победи како шо победи СДС). Во првиот бран на одбрана на своите позиции односно напад на тезите на ВМРО, тврдеа дека „Арачиново сакало канализација, а не федерализација“. Колку романтично.

Потоа во Теарце на апсурдното и срамно прегласување (нивната „општина Центар“) истото се потврди по втор пат. Па Рама ги свика на договарање - и се потврди по трет пат. Па им ја напиша платформата и во неа, за дивно чудо, нема ништо за „канализацијата во Студеничани и Арачиново или партерното уредување на плоштадите во места со традиции од 17-тиот век. Туку има потврда на се на што предупредуваше ВМРО во пред-кампањата и кампањата, кога се виде кој е наредниот „адут“ на конгломератот од сили тргнати по скалпот на партијата на власт.

И сега, после се... сега има такви кои се чудат како е можно дилот со албанските гласови, онаа речиси совршена операција на многу структури и организации, блокирана само поради разбудените свесни патриоти, како е можно тој дил да не бил за асфалтирање улици во доминантно албански средини во кои тепа СДС, туку да е за отворање устав, и дискусии за промена на име, знаме, грб и „се најмило по список“.

Па добро другари, што мислевте? Стварно дека за водовод и канализација 70+ илјадарки од албанскиот фонд гласови завршиле кај СДС? И сеа? Ум за друг пат? Тоа ќе е доволно?

Или нема да е, сега кога имаме отворена пандорина кутија од која чудовиштето е излезено. Темите се отворени, и не само отворени од најцрпнатите меѓу нас, туку и запишани на документ со пенкало на комшиска земја. Назад нема.

Во друго време за вакви гестови друг правен поредок постоел, за разлика од овој сегашниот кој не ви ги хапси водачите фатени со 100:0 во криминал, за да не му викате дека е воден од долгата рака и да се плачите по калињата во големиот град. Да повториме уште еднаш - во „платформата“ на Рама/Заев/Дуи/Беса/Сеља нема ништо за „канализацијата во Арачиново“. Нема ништо и за спроведување попис, да не заборавам да спомнам.

Пропагандно силовање се беше десило, на шејтански начин - да те убеди дека се бориш против туѓата непријателска пропаганда која те лаже и има вошки и те краде итн итн. А на крајот испаѓа дека си бил топовско месо и статисичка категорија, злоупотребена на најшопски начин (600.000 иселени, 500.000 фантоми, 5 милијарди украдени пари и други обланди кои како поп сарма се лапкаа) за интереси толку високи што кога ви биле предочени, сте им се смееле.

Како што и во Куманово се смеевте дека се повторува Гошинце. И дека ВМРО го направило за да не се одржи страшниот митинг на опозицијата на кој џам свиткавте.

Само набрзака, неделно вечерно да ве потсетам дека празниците завршија. Али доспијте си уште некој час. Или до крај на живот, на уши. Кој како милува <3 И не заборавајте, никако седење на цименто со газот, оти грчки ќе ви збора.





КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани