После некои дегеративни постови во врска со самохраните мајки. ЈАС ИМ СЕ ПОКЛОНУВАМ ДО ЗЕМЈА СО ОГРОМНА ПОЧИТ!
  Објавено на
share
Самохрана мајка може да е жена која го загубила партнерот поради смрт.
 
Самохрана мајка може да е жена која решила да ја прекине врската/бракот со партнерот поради непремостливи разлики кои не се насетувале за време на планирањето на фамилијата / бременоста. Самохрана мајка може да е жена која решила да го роди „случајно зачнатото дете“ откако неговиот татко решил од свои сопствени причини да не учествува во животот на своето дете. Самохрана мајка може да е жена која решила да роди дете од донор, од свои сопствени причини, под полна материјална и морална одговорност да го одгледа своето дете со максимална љубов, посветеност и екстра труд.
 
И сите тие си ги сакаат своите деца повеќе од себе.
 
Избегнуавам понекогаш теми кои интернет решил дека се важни и актуелни затоа што често луѓето сакаат да морализираат за одредени прашања, некои од искрени побуди, а некои чисто колку да се запише дека го кажале своето мислење на темата. Јас сум од првите, од искуство и со причина. Но, ми е непријатно да се зборува за тоа дали самохраните мајки биле „канцерот на општеството“ како што напишал некој труп, или дека „децата на самохраните мајки не ќе знаеле да кажат кој им е татко“ како што напиша друг труп трупосан.
 
Едно знам - дека самохрани мајки кои се самохрани по личен избор одгледале деца кои имале многу посреќно детство од некои растени во „нормални фамилии“ кои растат со фрустрации и комплекси поради нескладната заедница и кои подоцна ќе наоѓаат за сходно да ги лечат на интернет. Ама „моралната дилема“ дали е океј или не да си самохрана мајка која преносно го провејува и искривеното прашање дали се самохраните мајки добри или не, ми е еднакво апсурдна со прашањата „дали треба да се пие вода за да не се умре“ или „дали ако си болен треба да се лекуваш“.
 
Вистинската морална дилема е дали треба да се третираат трупови со ограничени сфаќања на теми кои треба да се генерално апсолвирани, или треба да се игнорираат бидејќи некои прашања не заслужуваат легитимитет кој им го дава одговорот на истите.
 
Овие жени имаат многу поголеми предизвици во раснењето на децата од секој аспект и мора да вложат поголем труд за да нивните деца растат со се што им е потребно. И можеби некогаш ќе немаат да им ги овозможат сите луксузи на децата, но едно е верно: љубов на тие деца нема да им фали. Напротив.
Напред мајки, херојски и без обраќање внимание кон оние кои никако не го заслужуваат.

пртеземено од Бетмен




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани