Нашите рецептори за вкус се особено слаби на слатко, па често постигнуваме по храна што содржи шеќер. Но, знаете ли дека шеќерот е главен виновник за многу нарушувања на здравјето? Шеќерот е причина за дебелината, дијабетес тип 2, рак, срцеви заболувања, деменција и неплодност. Многу експерти и нутриционисти зголемената потрошувачка на шеќер ја сметаат еднакво опасна како и пушењето!
Шеќер има во чоколадото, бисквитите и слатките, но го содржат и голем број други готови производи, дури и оние што се рекламираат како здрави.
ПОБЕДЕТЕ ЈА ЗАВИСНОСТА ОД ШЕЌЕРОТ
Дали некогаш сте се прашале зошто ви е толку тешко да се откажете од шеќер?
Одговорот се крие во фактот што тој во вашиот организам предизвикува зависност, исто како и кокаинот. Истражувањата покажаа дека мозокот реагира на шеќер слично како на дрога и алкохол.
Токму поради тоа, многу производители го додаваат во своите производи - за да можете да ги купите повторно. За да се ослободите од зависноста, променете ги навиките и исчистете се од шеќер. Откако ќе почнете да внесувате оброци и закуски без шеќер, првично може да биде малку депресивни. Но, наскоро ќе забележите дека имате повеќе енергија и подобро сте расположени. Ова ќе биде доволен поттик за животот без шеќер да стане ваше симпатично секојдневие. Во текот на оваа 10-дневна детоксикација се избегнуваат сите видови храна што доаѓаат во кутии, пакувања, садови и лименки. Јадете само свежа, органска и сурова храна.
ОСВЕСТЕТЕ ЈА ВАШАТА ПОТРЕБА ЗА СЛАТКО
Од првиот ден на детоксикацијата треба да си ги поставите овие прашања:
Зошто посегнувам по шеќер?
Дали сум зависник од шеќер?
Во кои ситуации најмногу јадам слатко?
Ова ќе ви помогне да станете свесни за својата зависност и во кои ситуации посегнувате по слатко и ќе ви помогне да ја откриете желбата.
БЕЗ ГАЗИРАНИ НАПИВКИ
Познато е дека газираните пијалаци се полни со шеќер, а честата потрошувачка на овие пијалаци доведуваат до дебелина и на крајот до дијабетес тип 2.
Калориите од овие сокови брзо се апсорбираат во телото и предизвикуваат остар пораст на нивото на шеќер во крвта. Затоа, не пијте газирани пијалаци.
ЦЕЛОСНО ОТКАЖЕТЕ СЕ
Ако повремено си дозволувате шеќерни почестувања, нема да го постигнете ефектот на детоксикација. Како и кај лекувањето на зависниците, кои не смеат воопшто да консумираат наркотици, ниту чашка алкохол (бидејќи така повторно се враќаат во маѓепсаниот круг), така и вие потполно треба да го исфрлите шеќерот од менито.
Ако купувате прехранбени производи, добро прочитајте ја декларацијата за да знаете во кои од нив се крие додаден шеќер.
Со што да се почестите?
Збогатете го менито со повеќе растителни протеини
Јадете јаткасто овошје кое содржи белковини, како што се лешници, бадеми, ореви и индиски ореви. Во случај да ве фати глад, секогаш при рака имајте здрава ужина направена од јаткасти плодови, кои ќе го држат под контрола нивото на шеќерот во крвта.
Консумирајте здрави масти
Истражувањата покажаа дека со внесувањето здрави масти (како кокосово, маслиново или ленено масло) нема да добиете на тежина, а исто така ќе го подобрите целокупното здравје.
Изберете ореви, семки од тиква и авокадо, кои се богати со омега 3-масни киселини.
Јадете повеќе зеленчук, но не скроб
Зеленчукот, како зелка, карфиол и брокула, потоа аспарагус, кромид, печурки, домати, артичоки, мунго-грав и домати, може да се консумираат во големи количини.
За 10 дена детоксикација треба да избегнувате храна што содржи скроб, јаглеродни хидрати, како што се компири, тиква и цвекло, како и жито и грав, бидејќи овој вид храна ќе го забави силниот ефект на детоксикацијата.
Избегнувајте млечни производи и глутен
Често копнееме по продукти што предизвикуваат алергии, како што се глутен и млечни производи. Освен што поттикнуваат воспаленија во телото, тие дополнително предизвикуваат дополнителна потреба за слатки. Затоа барем во овој 10-дневен детокс треба да се откажете. По неколку дена без глутен и млечни производи, ќе забележите дека имате повеќе енергија.
Добар ноќен сон
Обезбедете си барем најмалку 7 часа квалитетен ноќен сон. Ова ќе ја зајакне моќта на вашата волја во текот на 10-дневната детоксикација.
Познато е дека недостигот на сон доведува до раздразливост и дебаланс на хормоните, што дополнително предизвикува силна желба за слатки и јаглеродни хидрати.