Лага
  Објавено на
share

 

Во минатата беседа говоревме како демонот го користи нашиот личен внатрешен расцеп, нашата нецеловитост, нашата неисцеленост, односно го користи расцепот меѓу примарната функција на нашиот непросветлен ум, и неговата секундарна функција – прехранетиот разум, и преку овој внатрешен умен расцеп успева кој било дел од целината на нашиот живот да ни го прикаже како целина, а истовремено успева да направи целината да ја превидиме. И, нормално, превидот е секогаш во согласност со нашите страсти.

Со други зборови, користејќи ја нашата внатрешна гревовна умствена поделба и расцепеност, демонот успева да направи и надворешните работи да ги гледаме поделени и спротивставени, да заземаме страна и да дејствуваме во насока на уште поголеми поделби и оддалечувања во секоја област од нашиот живот, како и, најстрашно, успева да направи поделби и меѓу нас самите. Минатиот пат посебно ги спомнавме поделбите во Црквата и црковното учење, и поделбата на луѓето преку политичките партии.

Не велиме дека не постојат различности; напротив, постојат и тие ја прават убавината на целината на нашиот живот. Но, демонот, преку расцепениот ум, различностите ни ги претставува како поделби, а поделбите ни ги претставува како закана, која предизвикува страв, а потоа и параноја. Различниот, по која било основа, не е дел од нас, тој е закана за нас, и затоа против него треба да преземеме и соодветни мерки на превенција. Ваквото демонско размислување и постапување е изворот на сите проблеми.

Но, што не знаат луѓето, а за чудо, забораваат и т.н. христијани, кои постапуваат на погоренаведениот начин? Ги забораваат Христовите зборови: „Вашиот татко е ѓаволот; и вие сакате да ги исполнувате желбите на својот татко; тој е човекоубиец од почетокот и не стои во вистината, зашто во него нема вистина. Кога зборува лага, говори од себе, зашто е лажец и татко на лагата“ (Јован 8, 44). Лагата е отсуство на Благодатта Божја и темнина во умот, додека вистината е присуство на Благодатта Божја и просветленост на умот.

Како што видовме, поделбите и непријателствата се дело на нашата умствена поделба и расцепеност, и дејствувањето на демонот внатре во нас, кој е татко на лагата и човекоубиец од почетокот. Со други зборови, поделбите и непријателствата се лага, и кој се наоѓа во оваа состојба, излажан е од демонот и е негов слуга, а истовремено, свесно или несвесно, и Божји непријател. Затоа и реков: „А некои од нас, иако се мислат Христијани, уште и острастено учествуваат во поделбите наместо да го вршат делото на Црквата – да ги исцелуваат поделбите. Затоа, и кога мислат дека се причестуваат – не се причестуваат, оти Христос е сn4;, Христос е целина, а не дел“.

Дали забележувате дека севкупниот модел на модерниот начин на живот успева да нn4; подели меѓусебно и да нn4; држи во некаква навивачка состојба, па дури и да нn4; прави меѓусебни непријатели врз основа на таа поделеност и навивачка состојба во која се наоѓаме – дури и за најситните работи од нашиот живот (да не ги наведувам). Луѓето се подготвени да се повредат со мисла, збор или на дело само затоа што навиваат за различни спортски клубови, а да не зборуваме за поделбите и навивањето кога се во прашање поголеми лични интереси – поделба и интерес какви што станаа политичките партии, на пример.

naumКога еден човек ја прифаќа демонската лага наместо вистината, тој го прифаќа почетокот на својата смрт – духовна и физичка. Исто и еден народ. Таму каде што настапува лагата и поделбата, полека, но сигурно отстапува и благодатта Божја, отстапува вистината и вистинската вера, отстапуваат љубовта и надежта, отстапува храброста, отстапува светлината и настапува темнината. Тогаш луѓето се губат самите себе, го губат својот пород, го губат своето семејство и на крајот ја губат и својата земја на којашто живеат. И зошто? Поради една ситна лага, која ја прифатиле како вистина, а која преку соодветна лична суета и интерес, прераснала во голема лага.

Пресвета Богородице, просветли ја нашата темнина и спаси нn4;!

Пишува: Митрополит Струмички Наум




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани