Заев: Не ги разбирам луѓето што протестираат
  Објавено на
share


Заев: Не ги разбирам луѓето што протестираат




Лидерот на СДСМ не ги сфаќал Македонците зошто протестираат и не ги знаел нивните барања. Ваков одговор даде Зоран Заев на вчерашната прес конференција на БИхаќка која се одржуваше додека 15.000 граѓани протестираа пред партиското седиште на СДСМ.

„Јас не ја сфаќам логиката на протестантите, сакам да ги видам кои се барањата и слично. Но она што го имам како лично чувство, а обично чувствата не ме лажат, е тоа дека сите тие што протестираат во суштина се изманипулирани наши граѓани, којшто вусшност го штитат Никола Груевски и бандата околу него, од појавување во судовите во Република Македонија“ – изјави вчера Заев

За разлика од Заев логиката на протестите ја разбираат мнозинството македонски граѓани во Македонија. Иако лидерот на СДСМ вели дека не ги знае барањата, сепак тие уште на завчерашниот протест беа јавно објавени.

Ние граѓаните „За заедничка Македонија“, Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците и сите други кои живеат во нашата татковина бараме: Сите политички партии заедно со граѓаните да изготват платформа „За заедничка Македонија“, тука во главниот град на Република Македонија и да ги отфрлат платформите пишувани во туѓи држави. Бараме од политичките партии во преговорите да не помислуваат да усвојат владина програма која не би била изгласана од граѓаните на изборите. Бараме од партиите, а посебно од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да не допуштат да се гласа во Собранието законот за двојазична Македонија затоа што тоа ќе биде вовед во редефинирање на Македонија. Бараме од Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов да го почитува Уставот, да не доделува мандат после истекување на рокот кој веќе е истечен и затоа што давањето на мандатот за платформа од туѓа држава ќе го направи соучесник во разнебитувањето на Република Македонија“, изјави ликовниот уметник Коле Манев читајќи го прогласот пред Собранието. 

 

Врие и на социјалните мрежи. Огромен број граѓани не ја кријат поддршката по последната одлука на Иванов да не даде мандат за реализација на странска платформа. Очекувано, со одлуката не се согласуваат етничките Албанци. Речи 90% од реакциите кои доаѓаат во вид на несогласување со одлуката на Претседателот доаѓаат од припадниците на албанското етничко малцинство.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани