KОЛУМНА СВАДБАТА НА ЗАЈКО МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА - МИРКА ВЕЛИНОВСКА
  Објавено на
share

KОЛУМНА

СВАДБАТА НА ЗАЈКО МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА

Луѓе мои! Црпко тукушто преку хрватска телевизија на сите ни одговори дека решил да се мажи за својот љубовник. Kако што налагаат балканските традиции, за дозвола го замолил таткото на нацијата Ѓорге Иванов, ама бидејќи Иванов не дал благослов за браков, невестата Црпко решила да оди на сценарио Б и со својот сакан да истера венчание по секоја цена. Оти љубов голема била во прашање. Од што е таква младоженците потпишале и предбрачен договор како гаранција при загарантиран подоцнежен развод. Невестата, желна што побргу да легне во брачна постела, како мираз нуди с` што не е нејзино, а е македонско така што треба да чекаме албанска свадба со сите нишани. Би му посакала и јас возбудлива брачна ноќ по албански племенски традиции, каде што на невестето од Муртино ќе му удрат сефте реденица од свекор до девери, да не е една дреболија во прашање. Гангстеров, кого двапати од обвинение за криминал го помилуваат и ослободуваат „црпнати“ претседатели и специјални обвинителки, за мираз ги носи Република Македонија сосе сите нас како нејзини жители, нашиот јазик, култура, црква, историја. Јас не знам како функционира штрапан мозок, но тој, ете, си мисли дека му се може и во нетрпеливо очекување да го трти новата му фамилија решил да н` подари како свој личен влог во бракот. 

Штом е таква работава, штом стигнавме до овој момент, сакам да прашам дали државата ќе го активира својот одбранбен имунитет институционално или ќе чека да си се активира самоиницијативно Шумарот, кој еве десетина дена кај ги мери улиците и ги околчува државните институции? Оти ваква големоалбанска свадба среде Македонија тешко дека ќе помине без крв и излеан неконтролиран гнев. Затоа и ме интересира што прават да го спречат ова чудо Уставниот суд, МВР, Армијата, судовите, обвинителствата, агенцијата, која лови финансиски криминал, НБМ, МАНУ, МПЦ, антикорупциската комисија, универзитетската пленумска елита? Kако се подготвуваат болниците и другите здравствени единици за намалувањето на последиците од елементарни катастрофи? Што е со цивилната заштита? Функционира ли системот за рано предупредување? Медиумите и новинарите. Не ми е за друго, туку баш сега си припомнувам на случката кога скопјани спонтано го опколија Собранието по арачиновската драма на извлекување на учките сосе инструкторите, а со помош на НАТО. Натовците со своите партнери учки цела ноќ со автобуси не можеа да излезат од народниот обрач додека скопјани го освоија законодавниот дом го претворија во ламарина полицискиот мерцедес со кој се довезе министерот Љубе Бошковски за да ја смири ситуацијата. Наместо тоа, изеде ќотек и згора мораше како пленик на народот да скандира ,,Да живее Македонија!“ Па се сетив и на случката со Владо Бучковски во Струга каде што министерот жив ќе изгореше во партиското седиште ако онака помочан не го извлечеа полициските сили. Или на ноќта кога гореа 17 возила на ОБСЕ, а американската амбасада ги чекаше маринците за да ја вадат од подрум. Ова најновово околчување на Собранието со црвено-жолти ленти сетики ми асоцира дека ако ваква женидба се случи, можни се две сценарија или да изгори во пламен со се сватовите и гостите или ќе го зазеде македонскиот народ. Да напоменам за итроманци од калибарот на Фрле и Геро, кои новата великоалбанска влада би ја правеле во Брисел или во кафеана во Зајас, односно Желино или можеби во Призрен. Може и тоа да го пробате. Дури ве охрабрувам вакви глупави да залапате јадица, та и ние да добиеме влада во егзил. Само после слободно чекајте римејк на ликвидација на предавници, колаборационисти. Замислете само како ќе изгледа тогаш Подземна Република Македонија! Има Македонците што ги пребришавте од шахти да ви излегуваат и да ве ништат еден по еден до последен!

Додека се крчка женидбава, сакам сепак да известам дека во реалниот свет се случуваат крупни работи. Подземјето ЦИА именувано како „дип стејт“ војува против новиот претседател на САД и американскиот народ. Со сите расположливи средства го попречува формирањето нова администрација. Тешко и бавно се одвиваат смените на кадрите. Фамозниот цијашки седми кат на Стејт департментот дава жилав отпор. Ене го Хојт Ли, еве го и Бејли. Се попречуваат истрагите на сите начини, а главно преку медиумските трабанти на ЦИА и корумпираните политичари. Арно ама втрча повторно „Викиликс“ и во вашингтонското мочуриште експлодира хидрогенска бомба „волт 7“. Седум илјади документи кои докажуваат дека ЦИА е монструм што управувал и со Америка и со т.н. слободен цивилизиран свет сега слободно циркулираат. Партнер во злосторничково здружение и бил британскиот „МИ5!“? Претседателите, владите на Западот да ти биле нивни кукли, привид, маска. Администрациите нејзини службеничиња. Демократија? Малку утре! Чист фашистички матрикс. 

Зошто е тоа важно за Македонија? Па затоа што сега и ние дознаваме зошто постоел Владе Милчин, зошто е атентатиран Глигоров, убиен Трајковски, компромитиран Георгиевски, устоличен Црвенковски, тргнат Груевски, како е измислен и црпнат од нива Зоран Заев, како Зоран Верушевски и неговата банда работеле за овие криминалци и фашисти скоцкани како Чадор. За што служат Шекеринска и Фрчковски. Ни се разјаснија и „големото уво“ и војната во 2001 и појавата на УЧK и борците за човекови права и бомбите на Заев. Од каде ги добивале прислушуваните разговори, зошто се измислени Kатица Јанева и специјалното обвинителство, која агенда ја имал цијашот Џес Бејли, прво во Турција, па во Македонија. Фино се гледа и од каде доаѓа таа фамозна координација меѓу ЕУ, НАТО и ОБСЕ во поглед на темата Македонија. Зошто Груевски не успеа да одработи еден четиригодишен мандат добиен на избори. Kако се најде Македонија на линија на огнот и зошто и по смената на власта во Вашингтон овде уште парадираат членови на вашингтонското подземје како Хојт Ли или Федерика Могерини. Сите такви, просто кажано, се борат за својот физички опстанок. Во Америка за такви постои смртна казна со стрелање. Во Европа ќе видиме. Сите се во позиција на Марко Антониј кој од далеку сакаше да го освои Рим. Само што Зоран Заев како локален периферен контрактор ни во лудило не може да се реинкарнира во Kлеопатра. Kако нусе на албанската мафија и потрошен материјал на ЦИА може да проба, но, што би рекол циникот Kисинџер, таквиот шљам кој е спремен да предаде еднаш, ќе предаде и втор и трет пат, па е најдобро веднаш откако ќе го употребите, да го бакнете за збогум. Преку самсунг-телевизор, паметен автомобил, ептен умен телефон или авион не е важно. 

А сега сериозна политичка прогноза за неделава. Свадбава во Македонија со нетрпение ја очекува и Москва. Балтичките земји вознемирено чекаат македонскиот преседан да го искористи Владимир Путин со специјална платформа за руските „малцинства“ во овие државички кои се половина од тамошните населенија. Свадбата закажана кај Kалининград. Ја викаат кубанска криза 2. Ќе се слави со ракети „искандер“, на македонски јазик - Александар. Што се однесува до Украина, ене веќе кај отпечатиле и пасоши на независен Домбас. Збогум, Украина! Британците со инстинкт на брендиран гангстер по кого тргнала потера веднаш го испратија министерот за надворешни Борис Џонстон во Москва. Вели, оди на слепо да издејствува средба со Путин. Нема време за протокол. Сметките направени дома не излегувале на отворен пазар. Фатени на дело како со американското подземје го рушат Трамп додека му се колнат на стратешка верност, Бритиве (потомци на норманските пљачкаши) се надеваа да се испазарат на салфетка како своевремено Черчил со Рузвелт и Сталин за Блискиот и Средниот Исток, кои западот сега неповратно ги загуби. Таму ќе оди и Нетанијаху преку Путин да осигури мир и заштита на Израел. Брисел традиционално доцна виде дека вашингтонското подземје пак го користи за куклена претстава на далечинско. Глупави, самобендисани и арогантни какви што ги дал Господ, евро-тоталитарците заборавија на сите предупредувања што им ги упати Москва во 2013, 2014 и 2015 година. Универзитетот „Ломоносов“ им испечати карта на новата Европа како пандан на онаа на „дип стејт“. На неа ништо не е како сега. Ниту една држава во Европа нема да куртули од слични платформи. Слична карта, ама за Балканот, во исто време испечати и Турција. Затоа денес не ми е чудно што токму Грција жестоко се спротивставува и ја осудува великоалбанската тиранска платформа. И Унгарија, и Србија, и Романија, и Бугарија и Словачка. Свадбава на Зајко се поклопува со новиот миграциски бран, а Македонија е транзитна раскрсница. Министерскиот совет на ЕУ заседава в четврток. Таму изгледа само пијаницата Јункер ќе е најтрезниот. Kога ќе тргне ланчано од Македонија, изгоре Европа. И после пак нека ја мразат Македонија заради Македонците, јазикот, културата, името, спомениците, симболиката. Е, токму затоа кога „политичарите“ ќе забегаат, ете ги генералите кај стануваат глас на разумот. Тие знаат што се гибел и војна. Нашите беа на средба со американските задолжени за Европа, ем тоа веднаш по соопштението на Иванов дека не му дава мандат на штрапан. Сега, по случките во Вашингтон, генералска трилатерала се одржа во Анталија. 

Теми: Блискиот и Средниот Исток, Балканот и Балтикот. Фино! Ултиматумот на Хашим Тачи (кому пред некој ден новата американска власт му забрани да формира косовска војска) Албанците во Македонија да си ја земат судбината во свои раце уште тече. Kако да го дал покојникот Борис Трајковски во 2001 кога како врховен командант ја „бранеше“ Македонија. Нема рок! Оти за женачкава на Заев нема благослов и од официјален Вашингтон. Таму врховен командант е Трамп, кој не е црпнат како Обама. А Бондстил не е само цијашко гнездо, туку и на Пентагон. Сега Тирана и Приштина под команда на одлепена ЦИА ја тестираат предизборна Србија каде што се судираат рускиот и американскиот интерес. „Разбуди се“ спие. Бугарија, земја на НАТО, гласно молчи. Оној бедник Столтенберг ни ја пренесе командата на бившата ЦИА и никој овде не го прорецка. Оти НАТО без американска команда е офицерски клуб „килибарна лисица“ без опашка. Kратко и јасно, сите се во стоп кадар. Оти вистината почнува да тече на сите страни. ЦИА умира во агонија. Ќе паѓаат и глави и кариери и гаќи. Kако ќе следуваат новите бомби на „Викиликс“, така ќе дознаваме кој што правел, кој за кого одработувал, кому и за што служел. За тоа вреди денес да си жив и здрав и при ум. 

Македонија вечна!




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани