Социјален Електричен Експеримент
Автор: Јанко Илковски   Објавено на
share
Социјален Електричен Експеримент
 
Ноќеска, поради времето, ветерот, неколку пати доаѓаше до исклучување, (автоматско?), на фази од електричната инсталација, поточно, локалната трафо станица. Иако малку напорно, додека да добиеме кол-центар, сепак, по пријавата бргу интервенираа од ЕВН и струјата беше експресно пуштена. Браво за ЕВН.
Се беше ок некаде до околу 4 сабајле кога повторно снема една фаза (силен ветер, а има надземна електрична инсталација и доаѓа до допирање со мокри гранки , искрење и трафостаницата, најверојатно, заради заштита, автоматски исклучува одредена фаза да не дојде до поголеми нарушувања) Тоа значи делумно има струја на некои места во домот и тоа претежно за осветлување. Нејсе. Бидеејќи беше доцна (или рано) заспав. Се разбудив пред некое време и бев надовро по обврски, се вратив и ... Еве сега е веќе скоро 14 часот. Фаза сеуште нема, но ...
Живеам во строг центар и многу од куќите и дуќаните сме на иста мрежа. Бев кај повеќето од нив од фирмите и дуќаните во соседството. Сите до еден се жалат дека немаат струја/фаза уште од рано сабајле и дека заради тоа трпат ОГРОМНИ ЗАГУБИ.
Клучното во се е што никој не пријавил во ЕВН. Нагласив, штом пријавам одма интервенираат и има струја. Сега, треба ли јас да ја берам нивната граѓаснка несвест кога чекаат некој друг да ги заврши работите наместо нив, а се што треба да направат е да свртат телефон.
Решив денес малку да штедам струја, моите се кој на школо, кој на работа, па кога ќе се вртатат, одморат, некаде вечер, ќе свртам телефон ... или можеби овој пат не? Да видам до каде и до кога?
Слика и прилика наша? Апсолутно да! Демократијата не е само да чекаш некој друг друг да ти помогне, сам треба да ги прктикуваш своите можности без оглед што очекуваш идеален систем само затоа што си платил данок. Никој од мене не бара да се пентарам на бандери, да ракувам со фазометар, не, се што требаше е само мало делување на бесплатен телефонски број.
Вака се прави животот мизерен. "Шит хепенс", ама што ние ќе сториме. Кога бил каде, било кога се случи слично, кол центрите им прегоруваат и тие интервенираат бргу, пребргу. Згора, на олку ФБ портали, медиуми, никој ни да промрчи!?!?!
Се поздравувам со комшиите, кршиме по некој збор, им објаснувам колку бргу ноќеска интервенирале откако сум пријавил и не и не и не, нема да свртат, ама затоа со отечени вени на вртот пљукаат по држава и институции.
Да се јавам пак? Јас да им завршам работа? Да излегувам сам наместо нив на протести? Сам да се бунам за она што е девијантно? Не, не сме толку утепани како систем, држава, институции ... ние сме ментално самоутепани поради сопствената девијантна мрза и апатија "ничим изазвана"
Е баш е вака романтично .. впрочем живеам во општина каде е тренд да се нема никакво нормално граѓанско делување со минимум бели крви зрнца како одбранбен механизам од били каква девијација, политичка, урбана, комунална ... Во скопски Ццентар можеш да извршиш масовен терористичлки напад и масакар и никој нема да пријави ... освен некој, можеби, кој не е одовде, а случајно се нашол тука!?!?
Да, јас сум тој будалата со македонско знаме на прозорот, единствен, во маало каде нема фаза и сите кукаат и никој ништо не презема.
 
ПС досега, јас лично, и целата фамилија ги обучив да секогаш кога има дефект кога нештои не чини да се делува, пријави и ако нема рекација да се направи што е можно повеќе за да се превенира. Конкретно за ЕВН, поради конфигурацијата и пренаселеноста, повеќе пати во годината случуваат испади и постојано пријавувам и реагирам, но ... некако мислам дека треба соседите малку и они да се потруда, а нивно добро.
Да живее Македонија!





КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани