Градоначалникот на Дебар вели крвта и душата ни се во Тирана, верувам нашиот сон полека ќе се реализира.
  Објавено на
share

Градоначалникот на Дебар вели крвта и душата ни се во Тирана, верувам нашиот сон полека ќе се реализира.

 


„Ние имаме во Тирана многу луѓе, само еден податок ќе ви спомнам, во Тирана има 150 доктори на науки само од Дебар и Дебар полека станува населба на Тирана. Нашиот сон верувам полека се реализира и од причина што на инстиктивен начин, кога управуваме едно возило секогаш раката оди десно, накај Тирана накај Албанија, тоа ни е носталгија што ја имаме во душата, во чувствата, во убедувањата свеста итн“, вели Лата.

Со силни желби и градоначалникот на српската општина Бујановац, Јонуз Муслиу кој вели  дека доколку Косово и Албанија се соединуват во тој сојуз ќе влезе и Прешевската долина. Изјавите на Рама предизвикаа остри реакции кај властите во Македонија и Србија. Премиер Емил Димитриев на Рама му порача дека изјавите не се во прилог на добрососедството и пријателските односи, напротив, смета Димитриев, додаваат масло на огнот кој тлее и разгоруваат националистички чувства. Додека српскиот премиер Александар Вучиќ изјавите на Рама ги оцени како закани, бидејќи, како што вели, не може да има обединување на сите Албанци без конфликт во неколку држави.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани