НОВО ВРЕМЕ-ИСТО СРАЊЕ? НЕ БАШ!
Автор: Јанко Илковски   Објавено на
share

НОВО ВРЕМЕ-ИСТО СРАЊЕ? НЕ БАШ!

 
СДСМ ќе го распушти суднството и ќе има нов реизобор, комплетен.

СДСМ ќе направи реформи во МВР.
 
Зошто? Дека нешто не е добро таму? Институциите нечинат? Секако, не за нив затоа што има отворени процеси за нивни криминал, ама тоа го забораваме веќе.
 
ВМРО е криво! - слоганот на новото време!
 
Ова се прави само со една цел за да ВМРО никогаш ќе се врати на власт. Да не се врати на било кое ниво, локално или републичко или какво и да е.
 
Инструкциите кои ги добија од амбасадоарите не се однесуваа само како да се порази ВМРО туку како никогаш повеќе да не победи ни на избори ни за куќен совет. Затоа ќе има реформи и апсења, само заради тоа и заради ништо друго.
Ако остане грам демократија, секој ќе има шанса, па и вмро, ама тоа не смее да се дозволи. Демократијата е и ќе биде погубна за новата власт во иднина.
 
Секако, натпреварот е почнат, кој поголем критизер ќе биде. Заборавија се и за се е виновно вмро.
 
Кога ќе се смени име
Кога ќе се смени грб
Кога ќе се смени знаме
Кога ќе апсат невини
Кога ќе се федерализираме
Кога ќе се формира Илирида.
Кога од 500 евра просечна ќе го добиете ручки од тупани
Кога ќе станеме двојазични
Кога ќе почне економски да пропаѓаме.
Кога ќе се редефинира државата.
Кога ќе се елиминира државата.
Кога ќе се избркаат инвеститорите.
Груевски е крив.
ВМРО е криво итн итн итн ... нејсе
 
Кога ќе назадуваме во секој чекор, тогаш ќе ги добиеме сите пофалби од странците. Кога ќе отпушаат од работа, јадат живи луѓе, кога ќе се намалат приходите, секако, за се, ќе биде виновно вмро.
ВМРО се лопови, вмро не предадоа, вмро се вакви - такви - секакви и сето тоа, сите спинови нема да дојдат од Сосрос, НЕ, нема и од СДСМ, НЕ! Секако, и Иванов повторно е фикус, педер, предавник не е мој претседател ... слогани кои веќе не доаѓаат од кај сороспиите.
 
Сетоа тоа, спинови и обвинувања, намштаљки ќе дојде од довчерашни патриоти, народни трибуни, луѓе кои добро ги знаете, луѓе кои вака или така направија нешто во нивно време. Се она што истите довчера го напаѓаа СЈО за партизираност - сега веќе ги повторуваат нивните обвинувања како сува вистина. Она што од Доказ, Мактел, Народен Глас довчера го сметаа за вулгарна лага истото сега го повторуваат како сува вистина.
 
ВМРО не предадоа, ВМРО се предавници, ВМРО правеле дилови ВМРО бегале за да ги зачуваат парите ...
Далеку од тоа дека вмро се цвеќиња за мирисање, да беа саглам одамна ќе одиграа поинаку, нејсе, но и ова што го издржаа ОД ЦЕЛ СВЕТ И ЈА ИЗГУБИЈА УТАКМИЦАТА, никој не би издржал ни на фејзбук повеќе, а камо ли во реал-политиката.
Секако, веднаш се заборави кога пред три месеци Груевски му кажа - со две раце ти потпишувам влада откажи се од Тиранската платформа. Колку знам одтогаш не е сменет ставот. Уште пред три месеци можеа СДСМ да имаат влада а Грувски веќе ќе беше три месеци во затвор. Но откажување од платформата нема. Нејсе. Неговиот став не се смени, но истите кои викаа дека делувал навистина патриотски сега го вртат муабетот - сега е предавник.
 
Ништо ново, веќе видено. вака беше и по 2001, но со тоа што СДСМ системските реформи не ги направија од 2002 до 2006, така што наивни се некои искази на хард-кор вмровци, искрени, кои мислат дека ова нема долго да трае и дека бргу ќе има промени. Да промени ќе има, кога целото јадро на дпмне ќе биде затворено или елиминирано на било каков начин, физчки, политички, за со партијата да завладеат ликови по мерак на Бејли и Сорос и Рама.
Е тогаш дпмне ќе биде омилено и ќе биде со шанса да се врати на власт, секако, коалициска, во идната Илирида.
 
Историјата ќе се повтори, но како фарса, за жал.
 



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани