СРЕДА, 31 МАЈ 2017 Ниту една партија не може да биде вечнo на власт , па како доаѓа, така и заминува
  Објавено на
share

На предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 11 декември 2016 година, ВМРО ДПМНЕ издвојува уште една победа, од деветте по ред одржани Македонски парламентарни избори од 1990 година до денес. Наместо коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ да формира влада со победник во албанскиот блок според востановената практика, по изборниот инжинеринг и интриги поддржани од странски центри на моќ, коалицијата предводена од СДСМ и дел од албанските партии формираат влада. Според предложените кандидати таа е збирштина на некомпетенти, сомнителни лица и поранешни команданти на ОНА чија цел е разнебитување на Македонија.

Од 1990 година до денес, СДСМ само еднаш беше легален победник на избори. За цело време додека е на политичката сцена, било во власта или во опозиција, оваа партија не покажа никакви државотворни квалитети. Напротив, освен интриги за да дојде или остане на власт, таа носи вина и за: лошата транзиција при која преку 200.000 граѓани останаа на улица, за дадените 150.000 македонски државјанства на Косоварите, за срамната референца БЈРМ, за промена на знамето, за лошата територијална поделба и други работи кои ја доведоа во прашање безбедноста и територијалната целовитост на земјата.

Раководството на СДСМ никогаш не го чуствуваше пулсот на македонскиот народот, ниту некогаш направи обид да се приближи до него. Ако некогаш дури и се обидеше да го направи, тоа беа само лажни ветувања кои никогаш не ги исполни. Свесни дека народот не ја прифаќа нивната политичка програма и дека ги има прочитано нивните манипулации, речиси било кое раководство на СДСМ го користеше албанскиот елемент, распродавајќи ја притоа сувереноста на македонскиот народ и држава. Тоа најдобро го покажуваат повеќекратните порази на локалните, претседателски и парламентарни избори. Доколку се навратиме на македонски парламентарни избори од 1990 до денес може да се забележи следното:

Македонски парламентарни избори - 1990

Во 1990 година беа одржани првите парламентарни избори во Република Македонија (тогаш СР Македонија) по воведувањето на политичкиот плурализам. Во првиот круг на парламентарните избори одржани според мнозинскиот систем на 11 ноември 1990 година најмногу гласови освои дотогаш владеечката партија СКМ-ПДП (подоцна СДСМ), а во вториот круг најмногу гласови освои ВМРО ДПМНЕ, која доби најмногу мандати – 38. Тогаш СДСМ  освои само 31 мандат.

Иако ВМРО ДПМНЕ победи на овие избори, поради распоредот на силите во Собранието, настанаа сериозни проблеми за формирање на влада. На крај се пристапи кон формирање на техничка влада и мандатот му беше доделен на Никола Кљусев, кој ја доби довербата од пратениците на Македонското собрание и стана прв премиер на македонската влада.  Уверени дека ВМРО ДПМНЕ може да состави своја влада и Љупчо Герогиевски да стане премиер, експертската влада во август 1992 година си поднесе оставка. Но, наместо ВМРО ДПМНЕ, СКМ – ПДП (СДСМ), кој умешно со интриги ја водеше играта, формира своја влада.                             

Македонски парламентарни избори – 1994

Парламентарните избори во 1994 година се првите парламентарни избори кои се одржаа по стекнувањето независност на Република Македонија. Истовремено, на 16 и 30 октомври 1994 година за првапат се одржаа и непосредни претседателски избори. Победа издвојува Сојузот на Македонија предводена од СДСМ, откако опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ го бојкотираа вториот круг на гласање. Иако анализите покажуваа дека во вториот круг на гласање ќе имаат повеќе гласови, веднаш по првиот круг, поради основани сомевања во регуларноста при првичното гласањето, како и можноста од сериозни нарушувања на изборниот процес во вториот круг, ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија решија да апстинираат. СДСМ повторно успеа со интриги да го исфрли ВМРО-ДПМНЕ од парламентарната трка, по што без конкуренција победи и владееше апсулитистички четири години. Периодот од 1994 до 1998 година ќе остане запаметен како темен период кога целосно згасна македонската демократска пролет и започна долгата пролет на тоталитарна власт. Тоа е време без дијалог, тоталитарен режим на СДСМ, кога тој ќе ги постави основите за ескалација на меѓуетничките односи во земјата.

Македонски парламентарни избори (1998)

Тоталитарниот режим кој го воспостави раковоството на СДСМ, народот ќе го казни на парламентарните избори во 1998 година. На изборите кои се одржаа на 18 октомври и 1 ноември 1998 година според мешовит изборен систем, победи ВМРО ДПМНЕ, која по изборите формира влада со Демократската алтернатива и Демократската партија на Албанците.

Меѓутоа, неместо прогрес и земјата да се развива како граѓанска демократија, во 2001 година земјата беше втурната во етнички конфликт, кој СДСМ со разни интриги, закани и уцени, го искористи да влезе во власта, во таканаречената широка коалиција. Како резултат на политичките игри на СДСМ добивме спорен Рамковен договор, со кој се промовира и легализира насилството како начин на постигнување на политички цели.

Македонски парламентарни избори (2002)

Разочарани од капитуланскиот однос на владата на Љупчо Георгиевски, како и од ветувањата на СДСМ дека по 15 септември ќе има вработен по еден од секое семејство, народот го казни ВМРО ДПМНЕ на парламентарните избори во 2002 година. СДСМ за првпат и веројатно последен пат победи чисто на едни парламентарни избори, кои се изведоа по пропорционален изборен систем

Сепак, победата на СДСМ скапо ќе го чини македонскиот народ. За време на нивното четиригодишно владеење во коалиција со Демократската унија за интеграција, формирана од страна на ОНА, која претходната година го предизвика конфликтот, беше извршена промена на Уставот и новата територијална организација на локалната самоуправа, што за многумина граѓани на Македонија не беа прифатливи. Стружани тогаш најдобро ја почуствуваа репресијата на актуелната власт кога се спротивставија на албанизацијата на градот. Тогаш народот сфати кон каде ги води полтиката на СДСМ.

Македонски парламентарни избори (2006)

На следните парламентарните избори кои се одржаа на 5 јули 2006 година, народот го казни СДСМ. На изборите победи опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која потоа формира влада. Всушност, изборите во 1998 и 2006 година беа најрегуларни избори од воведувањето на повеќепартискиот плурализам во 1990 година.

Под раководство на лидерот на победничката партија Никола Груевски, ВМРО започна да реди успеси. Но, овие успеси му сметаа на опозициската СДСМ кој правеше се за да ја сруши владата на Никола Груевски или да стане дел од власта. Ваквото однесување на опозицијата, како и неуспешниот Самит на НАТО во Букурешт (3 април 2008), кога Македонија не беше примена во алијансата, ќе биде причина да се оди на предвремени парламентарни избори.

Македонски парламентарни избори (2008)

Предвремените парламентарни избори во Република Македонија се одржани на 1 јуни 2008 година. Тоа беа први предвремени парламентарни избори од осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Иницијативата за вонредни избори била поддржана од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ заедно со нејзиниот коалициски партнер Демократската партија на Албанците, додека опозициските СДСМ и ЛДП свесни за рејтингот гласале против.

Народот свесен дека неуспехот во Букурешт е поради ветото на Грција, повторно масовно му ја даде довербата на колацијата предводена од ВМРО ДПМНЕ. Тоа му даде полет на младата влада на Никола Груевски да продолжи со успешното менаџирање во време кога светот влегуваше во економска криза.

Македонски парламентарни избори (2011)

СДСМ како опозиција не мируваше. Постојаните опструкции и барање на опозицијата за нови избори ќе го натераат ВМРО ДПМНЕ да излезе на втори по ред предвремени парламентарни избори на 5 јуни 2011 година. На овие избори за првпат македонските државјани во странство избираа свои пратеници, откако оваа можност беше воведена со измените на Изборниот законик во 2008 година. И на овие избори победи коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ. Новата коалициона влада која ја предводеше Никола Груевски продолжи да реди успеси во справувањето со економската криза која го тресеше светот, потоа со невработеноста и т.н.

Македонски парламентарни избори (2014)

Свесни дека немаат доволен рејтинг, СДСМ ќе ги испровоцираните настани од 24 декември 2012 година во Собранието на Македонија, по кои континуирано ќе инсистираа на нови избори. Тоа ќе доведе до нови трети по ред предвремени парламентарни избори кои се одржаа на 27 април 2014 година. На изборите победи коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ. Опозицијата барајќи причина за својот пораз, ги прогласи изборите за нерегуларни и по 15-месечен бојкот на 1 септември 2015 година повторно се врати во Собранието. За тоа време владата на Никола Груевски продолжи успешно да ја води земјата.

Македонски парламентарни избори (2016)

Предвремените парламентарни избори се одржаа на 11 декември 2016 година. ВМРО ДПМНЕ издвојува уште една победа, од деветте по ред одржани Македонски парламентарни избори од 1990 година до денес. Наместо коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ да формира влада со победник во албанскиот блок според востановената практика, по изборниот инжинеринг и интриги поддржани од странски центри на моќ, коалицијата предводена од СДСМ и албанските партии формираат влада. Според предложените кандидати таа е збирштина на некомпетенти, сомнителни лица и поранешни команданти на ОНА, чија цел е  разнебитување на Македонија.

На овои избори големо влијание имаше странскиот фактор, кој во обид да го смени името на земјата инсталира партија во власта чиј лидер е подготвен да ја свитка кичмата. Се започна кога во летто 2015 година Никола Груевски објави дека лидерот на опозицијата Зоран Заев се заканува со објавување на нелегално добиен материјал од странска разузнувачка служба. Потоа од фебруари истата година следуваше објавување на прислушкувани разговори т.н. „бомби“, за да следуваат протести и влегување на албанска криминално-терористичка група од Косово која се судри со македонските безбедносни сили во Куманово, при што загинаа осум нејзини припадници. Додека роднините на загинатите македонски бранители жалеа за изгубените синови и мажи, дотогаш Заев без и малку жал се сликаше со поддржувачите на албанските терористи во Диво насеље.

Потоа под посредништво на надворешниот фактор следуваше договорот од Пржино и влегување во власта на СДСМ, формирање на Специјално јавно обвинителство, за потоа согласно договорот Никола Груевски да си поднесе оставка во јануари 2016 година. Времето за одржување на изборите СДСМ неколку пати го пролонгираше за да со странскиот фактор направат подобри услови за изборниот инжинеринг кои го припремаа со цел Заев да ги добие изборите. Но и покрај сите припреми, манипулации, плаќање на албанските гласови и ветувања дека ќе се ослободат нивни криминалци од затвор кои имаат дебели досијеа, ВМРО ДПМНЕ ги доби изборите. Сепак, и покрај вољата на народот, под диктат на центрите на моќ, не му беше овозможено да формира влада. Се продолжи праксата при донесувањето на Рамковниот договор од Охрид, кога беше легализирано насилството за да се постигнат политички цели.

Со формирање на влада на СДСМ, чиј лидер соработувал со странски служби и ја прифатил Тиранската платформа само за да дојде на власт, за Македонија следуваат тешки денови за македонскиот народ, интегритетот и суверенитетот на македонската држава.

Меѓутоа, следејќи ги изборните парламентарни процеси, видливо е дека народот дава и го зема мандатот. Ниту една партија не може да биде вечна, па како доаѓа, така и заминува.  А сите обиди со дестабилизација на земјата да се изврши рекомпонирање на власта, ќе останат безуспешна авантура, којашто неизбежно ќе им се врати како бумеранг на авторите кои ја турнаа земјата во политичка и безбедносна криза.

 http://mn.mk/komentari/13323-Nitu-edna-partija-ne-moze-da-bide-vecno-na-vlast--pa-kako-doaga-taka-i-zaminuva




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани