Купувајте не-западно? ЗАПАДОТ ИСПОРАЧУВА ШКАРТ ХРАНА НА ИСТОКОТ ОД ЕВРОПА
  Објавено на
share
Купувајте не-западно?

ЗАПАДОТ ИСПОРАЧУВА ШКАРТ ХРАНА НА ИСТОКОТ ОД ЕВРОПА

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, ги обвини западните членки на ЕУ дека во Источна Европа намерно испорачуваат храна со понизок квалитет.

 

Бугарија е последната во низата држави од Истокот што ги обвинува меѓународните компании дека на нивниот пазар продаваат понеквалитетна храна отколку на Западот. Како дел од ова, Бугарите започнаа пан-европски тест за докажување на квалитетот.

Румен Порожанов, бугарскиот министер за земјоделство, храна и шумарство, изјави дека се ангажирани луѓе кои од поголемите западни супер-маркети треба да купат храна и пијалаци.

"Следната недела, ќе купи идентични производи што се продаваат во бугарските супер-маркети и потоа ќе ја направиме анализата," изјавил Порожанов.

Во анализата ќе бидат опфатени популарни брендови на чоколадо, млеко и месни производи, не-алкохолни пијалаци, сокови и храна за бебиња. Резултатите од анализата нема да бидат достапни пред 30-ти јуни.

Тврдењето е дека големите прехранбени компании користат состојки со полош квалитет во производите што се продаваат во централна и источна Европа, наспроти оние што се продаваат во Германија, Австрија и Британија.

За Борисов ваквото однесување е остаток од минатото:

"Ова е неприфатливо и навредливо. Можеби ова е остаток од апартхејдот - за некои, храната треба да биде повисок квалитет, а за други, во Источна Европа, со понизок квалитет."

Слични поплаки околу разликата во квалитетот на идентични брендови меѓу Западот и Истокот, имаше и од Чешка, Унгарија и Словачка.

На пример, Унгарците заклучија дека Нутелата што се продава во унгарските супермаркети не е толку блага како онаа што се продава во австриските.

Словаците во анализа на повеќе производи издвоија четири разлики меѓу производите од Западот и Истокот:

- Уделот на масти во нив.
- Различна содржина на месото.
- Дополнителни вештачки засладувачи наместо природни.
- Замена на вистинско овошје со вештачка боја и 
арома на овошје.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани