ПРИЕМ ВО ВЛАДАТА Заев им честита на ракометарите на Вардар, Самсоненко му подари медал на премиерот
  Објавено на
share

ПРИЕМ ВО ВЛАДАТА

Заев им честита на ракометарите на Вардар, Самсоненко му подари медал на премиерот

Премиерот Зоран Заев од името на Владата им го честита успехот европски шампиони во ракомет на РК Вардар им врачи свечена плакета. Сопственикот на ракометниот клуб Сергеј Самсоненко, на премиерот му подари еден од шампионските златни медали.

„Успехот што го постигнавте е многукратно поголем за промоција на Македонија од сите амбасади и економски промотори“, рече Заев пред ракометните шампиони од ракометниот клуб Вардар, кои денеска беа на прием во Владата.

Заев рече и дека нивниот успех ја мотивирал Владата да размислува за засилено темпо во инвестирањето во спортот и за дополнително предлагање закони кои ќе бидат во насока на подобрување на условите за спортистите.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани