ОХРИДСКИ ПЛАНИНСКИ ХОРОР
  Објавено на
share

пишува:

Андреј Минчевски 071 560 322

 

ОХРИДСКИ ПЛАНИНСКИ ХОРОР

Пред две години сакав да преминам со кола од Трпејца преку Галичица до Отешево. Негде после Трпејца имаше поставено две гајби со пиво на улицата и ценовник од Н.П. Галичица. Читам - минување пешки 30 денари, минување со кола 50 денари, искачување до Магаро 200 денари, фотографирање 600 денари, собирање чаеви 900 денари итн итн. Се појавува еден човек и ми вика јас сум чуварот и треба да платиш 110 денари. - Му велам нели за со кола е 50 денари (како што впрочем е и на Пелистер и знам од искуство кога сум проаѓал со друштво). А тој ми вика, да за колата е 50, но за тебе како пешак во колата е 30 и за совозачот уште 30, вкупно 110. Нормално си помислив дека се мајтапи и му дадов 50 денари и тој ми ги фрли парите налутен. Му кажав дека убаво си пишува на ценовникот (иако по Охридска логика, колата би платила 50 денари ако си вози самата, без човек) и му ги оставив 50 денари, ги заобиколив гајбите и продолжив нагоре полека мислејќи дека чоекот ќе се `задоволи` со 50 денари за влез како што е и правилно, арно ама наеднаш на шофершајбната видов корпа со ѓубре која ми ја фрли гневниот `чувар` и почна да трча. Се исплашив да не ми ја скрши шофершајбната и побрзав нагоре со колата, а тој продолжи да вика и пцуе. Си реков го избегнавме будалиов сега е мирно, набрзо ќе стигнеме во Преспа, арно ама на преслапот горе ме чекаше заседа од два џипа од ренџерската служба на Националниот Парк Галичица. Ме пречека уште еден чувар кој љубезно ми рече да излезам, а од другиот џип излезе тип со пиштол кој почна да пцуе како сега ќе сум видел како поминуваат тие што не плаќаат влез во националниот парк.

Во целиот хаос, мислев дека тој е некое обезбедување, ама после излезе трет човек кој почна него да го смирува, а всушност тој му бил негово обезбедување. Типот со пиштолот ми се претстави како директор на националниот парк и практично ме киднапираше. Ме спуштија доле заробен меѓу двата нивни џипа како блокада за наводно да не избегам. Малтретирањето траеше час или два и кога стигнав долу, наидов на сосема друга сценографија. `Чуварот` беше седнат на столче и ме обвинуваше како сум го удрил со мојот џип за да не платам и сум избегал нагоре. После дошепкувањата со директорот (и двајцата на нозе) одма сфатив дека сакаат да ме наместат. Дојде и Полиција да направи записник, иако и самиот полицаец кажа дека нема за што да се прави записник, ниту гледа видлива повреда ниту било што, што наведува на тоа, само ни направи алко тест, на кој бев негативен и си отиде. Е приказната добива замав после година и нешто. Лани поминувам со сега веќе мојата жена, коха беше трудна од обратната страна - Отешево - Трпејца и истиот чувар на смена. Ми вика не те пуштам, враќај се назад. Надвор 40 степени, после пола час држ не дај не пушти да поминеме, нормално со плаќање на 110 денари. Во меѓувреме добивам пресуда од

Охридскиот суд на 700евра глоба или казна затвор поради напад на службено лице со возило и бегање од лице место. Нормално најдов адвокат од Охрид и вложив жалба за да можам да се појавам на суд и да ја објаснам ситуацијата. `Чуварот` сигурно во договорт со директорот, па дури и докторот, а уште полошо и некои повисоки службеници ме тужи за напад со кола и неукажување на помош и неплаќање на влез во паркот. Притоа вади докторски наод дека му е скинат лигамент на коленото и дека две недели бил на боледување. Иако човекот трчаше по мене и тој беше што не` нападна нас во колата и после тоа одеше нормално, а знам дека човек со скинат лигамент не може да оди, од лично искуство. - После скоро цела година судења, одложувања на рочишта, плаќања на вештаци (впрочем висината на браникот на мојот џип со кој тврди дека сум го удрил во колено е во висина на неговиот колк) и трошоци само за мојот адвокат од 1000 евра, наместо да се радувам на мојот новороден син, се влечам по судови и притисоци, затоа што ако бидам осуден, следува ново судење за оштета која би била од 3-10.000евра и сега секако сфаќате во што е цаката и дека целата оваа работа не може да ја намести некој обичен `чувар`.

И една убава прошетка на Галичица се претвори во кошмар во деновите кога треба да и бидам потпора на мојата жена и бебето, а сите пари ми одат на трошоци по Охридските Судови и најголемата трагедија е што голготата штотуку почнува и се решени целата моја животна заштета буквално да ја украдат од мене. Затоа јавно прашувам дали постои вистински човек кој може да се нарече бранител на правото и од оваа ситуација да ја извлече правдата на виделина, затоа што ако јас би ја барал правдата тоа ќе биде погубно и за мене и за мојата фамилија, а за бебето би се борел до смрт.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани