ПЛУКАЊЕ ВО ЛИЦЕТО НА НАЦИЈАТА (Предавство кое трае 26 години)
  Објавено на
share

ПЛУКАЊЕ ВО ЛИЦЕТО НА НАЦИЈАТА
(Предавство кое трае 26 години)

Зад Политиката (фб профил)

 



Во светлина на посетата на Зоран Заев на Софија која слободно може да се третира како отворено предавство на македонските национални интереси, народ и држава, имаме да кажеме неколку работи. Овој подолгорочен проект за демакедонизирање и креирање пробугарско-албански карактер на Македонија има неколку слоеви на значења кои директно гозасегаат не само опстанокот на Македонија, нејзините релации со Бугарија и другите соседи, туку и целокупната геополитичка состојба на Балканот.

Прво, оживувањето на движењето на т.н. македонски Бугари по/со осамостојувањето одеше под директна иснтрукција и контрола на вметнати врбувани западни агенти од влијание (и не само такви) од типот на фамозната Доста Димовска, Димитар Димитров и се разбира Љупчо Георгиевски, кој беше избран како корисен идиот, селектиран и уценет врз основа на тешки лични младешки фрустрации, да ја спроведува таа политика. Откако беше употребена нивната изворна македонска кауза за независна држава, по осамостојувањето од страна на ВМРО-ДПМНЕ, под раководство на овие личности, особено на кадровикот Доста која целосно го контролираше недоветниот „војвода“, систематски беа отстранувани сите автентични национални дејци од таа партија и беа вметнувани разноразни анонимни, сомнителни типуси.

Практично, тоа беше овозможување на константно шутирање пенали против ДПМНЕ од страна на СДС, со обвинувања за бугарофилство во врвот на партијата. И самата СДС дебело инфилтрирана од исти центри,но со модус операнди на контра-логика, беше впрегната да ја игра играта на политика за постојано продлабочување на внатремакедонскиот општествен конфликт, кој оневозможи стабилизирање на држава, а преку Црвенковски и Фрчкокски овозможи продор на странски агентури во сите сегменти на политиката и општеството, што денес се покажува кобно. 

(Страничен, иако не помалку значаен ефект од овој диригиран раздор беше тоа што, откако Љупчо веќе беше ставен во скутот на Доста, во 1994 се согласи за бојкот на парламентот, што беше вовед за непречен грабеж на столетието од страна на СДС преку т.н. приватизација. Подоцна, преку МПО, самиот Георгиевски беше ставен на бугарофилски тест, со промена на своето име од ЉуПчо во ЉуБчо, со бугарска транскрипција, па почнаа да го полнат со пари, по што, веќе корумпиран, беше оценет како подобен да дојде на власт во 1998).

Второ, иститите атлантистички структури што преку овие антимакедконски елементи ги контролираа и стимулираа „Македонските Бугари“ исто прават и со ликовите од типот на Красимир Каракачанов (ВМРО-СМД) и Божидар Димитров во Бугарија, раскринкани и докажани агенти, а со постојани провокации на сметка на постоењето на Македонскиот народ. Во поширока смисла, тие се користат во контекст на класичната западна доктрина „раздели па владеј“ во контекст на Балканот, т.е. оневозможување на негово конечно стабилизирање преку нормалните толерантни општества во сите земји на регионот, вклучително и на односите помеѓу Македонија и Бугарија. 

Се` што на Балканот произведува конфликти, нетрпеливост, национализам, шовинизам, омраза, негирање – се` е под контрола и стимулирано од Западот. На тој начин не`држат заробени веќе 200 години, со постојани нови војни, кои потоа служат за поделба на пошироки геополитички влијанија. Само обединет Балкан може да се справи со ова зло.

Трето. Партијата СДСМ е апсолутна западна марионетка, сервис за најразлични агентури. По неуставното, насилното инсталирање на власт, владата на Заев е принудена да спроведува туѓи интереси за сметка на понижување и загрозување на сопствените држава и народ. 
Фактот дека на странските контролори на владата им се брзаше толку за веднаш да го натераат „премиерот“ на прифаќање вакви деградирачки услови за Македонија поставени од страна на Бугарија, зборува дека тие всушност брзаат да направат што се може, да ја стават Македонија во контекст на Бугарија (НАТО,ЕУ), и да го забрзаат албанско-бугарскиот „дил“ за сметка на нашиот опстанок, бидејќи се свесни дека оваа предавничка власт нема да може долго да остане на власт. 

Сето ова е всушност инсталирање на шок-состојба, која тие структури сакаат да ја искористат максимално. Нивната проекција е Македонија да биде жртвениот јарец на насилното втурнување на Балканот под целосна американска/западна контрола и на, како што самите зборуваат, елиминирање на руското влијание.

Досега невидената инверзија на СДСМ од партија која постојано профитираше обвинувајќи ја другата страна за бугарофилство, во партија која буквално и практично ги спроведува бугарските врховистички концепти за Македонија е до толку перверзна, што по ова ниту еден нејзин член/гласач нема право да се повика на лично, партиско и национално достоинство. СДСМ сама си стави печат на дамнешната етикета дека е предавничка партија и ништо друго. Дека отсекогаш била и секогаш ќе биде, како што тоа денес брутално и ни се потврдува на сите. Само радикален внатрешен рез може да спаси нешто од неа, иако во тоа дебело се сомневаме. Вака, сите тие заедно им плукнаа в лице и на илинденците, и на партизаните, и на Мисирков и Делчев, и на Блаже Конески, и на сите нас.

Петто, целиот овој брутален проект на демакедонизација на нашата држава под раководство на квислиншка власт, најверојатно ќе доведе до радикална македонска реакција, прво преку она што ќе биде наречено македонски тероризам, добро познат и на Европа, а потоа, откако ќе се накалемат и други интереси, многу можно и во отворена балканска војна, што мрачните олигархиски елити и го посакуваат. Појавата на македонски тероризам е веројатна, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ, ваква какво што моментално е, се чини нема сили и волја реално политички да се спротивстави на оваа погубна состојба. Партијата се занимава со лиферување соопштенија и веројатно е под закана и уцена за апсења на нејзини видни раководители.Дури, не реагира ниту против навестениот референдум за промена на името. Како таква, таа е мошне погоден спаринг партнер во антимакедонското сценарио, играјќи ја улогата на контролирана опозиција, сакајќи или не сеедно.

Веќе речиси целосно е склопен антимакедонскиот мозаик кој се сложува еве веќе 26 години. Постојат многу видови предавства, но нема ништо полошо од предавство на сопствениот народ. Додатна трагедија е што тоа предавство се одвива пред нашите очи, наметнато како легитимен и нормален чин на „реформи“. Опасно е за сите нас, но најопасно сепак за предавниците, како што историјата многукратно потврдува.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани