Алдо Климан
НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ СТАНУВААТ ВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ
Една од несомнено најголемите придобивки на претстојните големи реформи што ги најавува Зоран Заев во нашево, како што го нарече, „напеналено општество” ќе биде враќање на општопартиското едноумие и на униформното мислење и источувствување на сите граѓанки и граѓани на Република Македонија.
Мораме да му признаеме на Заев: општеството, државата и народот навистина ни се „напеналени”, како што рече тој, а нn4; напеналија оние што ни го напеналија нам марионетскиот премиер Заев кој не знае ниту што зборува, ниту што значат зборовите што ги употребува. Значењето на зборот „напенали” добро ќе го научи кога ќе дојде време тој да биде напенален. А времето тече.
Во своето карикатурлано, емфатично, лажно лежерно обраќање кон „граѓанското општество”, со амбиција да зазвучи високоинтелектуално и строго, со фасцинантна болшевичка полетност и револуционерен восторг, во својот речиси сосема неписмен говор со комсомолски занес, исполнет со шупливи и издупчени фрази какви што сме се наслушале во пеесетгодишното југословенско едноумно партиско бирократско минато и мислевме дека се веќе одамна далеку зад нас, марионетскиот премиер Зоран Заев ги повика сите, онака ѓутуре, „политичарите, експертите, истакнатите индивидуалци, сите политички партии, граѓанските организации, синдикатите, коморите, заедниците, медиумите, граѓаните” да дадат сn4; од себе и заедно со него да дуваат во ист рог за убава и светла иднина на државата во ЕУ и во НАТО. А сите ние едвај чекавме само тој да нn4; прибере околу себе и да нn4; мотивира!
Колку евтино, проѕирно и смешно звучи тој повик за соцреалистички колективизам од устата на еден најобичен узурптор на власта со јасна криминална „историја на болеста”, кој додека така божем неизмерно сака да го чуе мислењето на другите, истовремено оди наоколу по соседните држави и самиот, како цар со апсолутна власт над народот и државата, не прашуваќи никого и ништо, онака како што ќе му текне прави меѓународни политички договори и зделки, предизвикувајки општ хаос и огромни и долгорочно непоправливи штети за Република Македонија и за македонскиот народ.
Колку лажно и неуверливо звучи неговиот повик за божемно заедништво кога знаеме со каква смртна омраза, аверзија и бес ги отфрли сите понуди на конкурентската, бројно најголема партија во парламентот за формирање малцинска влада само да ја отфрли Тиранската платформа создадена како најцрн туѓински проект за уништување на Република Македонија, а тој токму тоа го прифати само да се искачи на власт.
Колку длабоко расипано звучат неговите зборови кога вака плитко умилно ги повикува граѓанските организации и движења за работа врз заедничка цел, а уште вчера како невиден политички глувтар и слепец ниту виде ниту слушна што гласно му порачува македонскиот народ со својот општонационален стоилјаден преродбенски граѓански крик „За заедничка Македонија” за која имаше само најбедни, најпогрдни и најприземни зборови, полни со уличарски презир, за на крајот бесчувствително да го предизвика со изведениот државен удар во парламентот.
Колку подмолно и измамнички звучат неговите сладникави фрази за правна држава и за слобода на медиумите, кога првата и најважна реченица му беше итно да се смени јавниот обвинител и оти веднаш ќе го смени целото судство, а истовремено прави и сn4;, и тоа успешно го спроведува, набрзина да го исчисти медиумскиот простор од слободното и секое друго критичко мислење на сметка на неговата квази-политика, со цел народот и државата да ги задави во сопственото збудалено едноумие, кое треба да биде наградено со прием во ЕУ и во НАТО, за кои постојано ја врти истата здодевна мантра како да се некои невидени и незамисливи општоцивилизациски реликвии. Иако, парадоксално, неговиот марсовски необолшевизам, од едната, и ЕУ, НАТО и САД, од друга страна, немаат никаква допирна точка, освен заемната исконска, целосна, длабока, и идеолошко-политичка и социјално-економската спротивставеност и непомирливост.
Зоран Заев очигледно не знае дека еднаш имавме опредметено едноумие: на иста линија беа и Сојузот на комунистите, и Социјалистичкиот сојуз на работниот народ, и Сојузиот на синдикатите, и Сојузот на борците, и Сојузот на младината, и војската и пожарникарите и железничарите, и шумарите, и ловџиите, и селските падари, и кој сn4; не - и сите мислеа исто и даваа сn4; од себе „за поубава и посветла иднина”. И еве до каде дотуркавме со едноумието. Сn4; се распадна, се растури во ужас, заврши во крвави братоубиствени балкански војни, на кои им кумуваа и толку посакуваните и толку спомнуваните ЕУ, и НАТО, и САД, и сn4; за да се роди, меѓу другото, и нешто сосема ново: плуралистичкото, повеќепартиско, слободномислечко општество.
Предностите, пак, на македонското демократско плуралистичко општество и дејствувањето на невладините организации, какви што таквото општество иманентно ги подразбира, Зоран Заев многу подмолно и вешто ги искористи за создавање вештачка криза во државата кога во својот ништителски наплив ја предводеше уривачката шарена револуција. За жал, општопознато е колку голема негативна улога во тој мачен недемократски процес одграа и дел невладини организации кои, дебело финансирани од странски извори и под нивно силно влијание и насочување, дуваа во истиот рог со Заев додека тој и неговата партија беа во опозиција.
Но сега улогата е сосема сменета. Заев стана власт, а некои други се во опозиција. И така оние невладини организации што заедно со него го „уриваа режимот” сега кога го урнаа и кога нема веќе што да се урива, логично, наеднаш станаа истомислечки „владини организации”. И што да се прави сега со тој апсурд? Невладините организации треба да си бидат невладини, како секаде во цивилизираниот свет. Но Заев наеднаш си ја сврте капата. Неговото додворувачко обраќање кон „граѓанското општество” јасно покажува дека сега сака невладините организации да ги пацифицира и да им го потврди статусот на „владини организации” (во смисла на идеолошко-политичка припадност) со кои успешно ќе кохабитира и ќе соработува како што соработувал со нив во времето на шареното деструктивно лудило.
Но дали такво нешто е возможно, зашто на ова место исцело се губи и смислата на плуралното демократско општетство и постоењето на невладини организации. Ако оние невладини организации што така здушно го подржуваа Заев „во уривањето на режимот” сега станаа „владини организации” и не бидат слободни и способни да бидат вистински општествен коректив, да ги критикуваат пропустите и грешките на неговите владејачки структури, па и на самиот господин марионетски премиер, кој тогаш ќе го „урива неговиот гнил режим”? А тој режим е гнил веќе од својот эародиш. И бидејќи Заев никако не сака да му го уриваат гнилиот режим, побрза со шириум отворени раце да ги повика сите, пред сn4; „граѓанските организации”, заедно, орук! - да работат на едноумното поле на патот кон плуралните ЕУ и НАТО. Зашто тој многу добро знае како су туѓи пари лесно се урива и се уништува сопствената татковина, и колку притоа невладините организации во таа мрачна работа можат да помогнат, ако им се испере мозокот. Но овојпат е во прашање неговата лична кожа. А, како што рековме, времето тече.
Јас би дал сn4; да знам што ли им се вртело во главите на претставниците на „граѓанското општество” додека на средбата со едноумниот болшевик Заев ги слушаа неговите помпезни а празни акцијашки пароли од некои дамнешни соцреалистички времиња.
Ги повикувам сите невладини организации во Република Македонија веднаш да почнат да си ја вршат својата улога, и јавно и без страв и колебање да ги оценуваат ступидните, за македонската држава и за македонското општество катастрофално опасни постапки и лудости на Зоран Заев и на неговата квислиншка влада. И секако енергично да бараат тој итно да биде отповикан од премиерската функција за да нn4; не срамоти повеќе низ светот.