ЉУМИ И ЗЕКИРИ - TROUBLE IN PARADISE
  Објавено на
share

ЗЕКИРИ: ИМАМ ПРАВО НА ЛИЧЕН СТАВ

Фејсбук постот на потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, направи бура во јавноста и особено кај ЛГБТ заедницата, нејзините поддрживачи и борци за човекови права.

Тој вчера на Фејсбук напиша религиозна изрека од пророкот Мухамед која често се користи во контекст на осуда на хомосексуалноста.

На ураганот реакции на оваа порака, Зекири се обиде да ги смири страстите и за Фокус изјави:

“Јас сум теолог и сум против геј бракови и против хомосексуалноста, тоа е мој личен став. Апсолутно сум против хомосексуалноста, како и против геј браковите, тоа не го кријам и е мој личен став, секој има право на свои ставови.  Јас како личност имам право да имам ставови за одредени прашања, кои не секогаш се исти со тие на партијата”, вели тој.

А денес, повторно на Фејсбук додаде:

“Јас сум и ќе останам Мухамед Зекири кој има право и секогаш кога ќе има потреба ќе искажува сопствено мислење и став и тоа е придобивка на демократијата и слобода на говорот. Мислете и имајте различен став од мојот тоа е ваше право, но јавен линч кон мене вам ќе ви наштети не мене!!!”

Според Зекири, неговите јавно искажани ставови врз ЛГБТ заедницата како една од маргинализираните заедници во земјата нема да имаат последици.

Дел од експертската јавност коментира дека јавно изнесениот став на Зекири е отворена дискриминација, дека правата и слободите на една индивидуа завршуваат таму кадешто почнуваат правата и слободите на другите. Тоа поздразбира дека може да се изразуваат мислење и ставови за различни видови политики, но во моментот кога ќе почнете да ги оспорувате основните човекови права на цела група на луѓе вие дискриминирате, ја стигматизирате таа заедница.

Според јавноста и активистите за човекови права доколку почнеме да ги оспоруваме правата на жените, на пример, тоа секако, не би било придовка за демократијата и слободата на говор.

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски изјави дека се работи за личен став на Зекири, а не за  став на СДСМ.

Кирацовски додаде дека СДСМ не го дели мислењето на Зекири.

-Ги гледаме сите аргументи пред да донесеме партиски одлуки, тоа е негово лично мислење“, изјави тој за Фокус.

„Фејсбук профилот е приватна сопственост и секој има право да пишува она што ќе реши дека сака. Официјалните партиски ставови се градат во органите и телата на партијата и кај највисокото раководство, на конгрес, во Извршниот одбор, во Централниот одбор. Ова не е партиски став, туку личен и тој има право на тоа“, смета Кирацовски.

Ова не ја смири ЛГБТ заедницата. Режисерката Софија Теодоре, член исто така на СДСМ, побара премиерот Зоран Заев јавно да се произнесе за оваа изјава на Зекири:
“Зекири очигледно не е за соживот, бидејќи како човек кој до вчера бараше права, денес дискриминира”, рече таа. И додаде дека “Заев мора да се произнесе дека како премиер се оградува од ставот на Зекири” а “да не го праќа Кирацовски”.

СЛЕДУВА ОДГОВОРОТ НА ЉУМИ

Бекири за Мухамед Зекири: Ти се мочам на социјалдемократ што писанија од религиска книга му се аргументи

.
Бекири за Мухамед Зекири: Ти се мочам на социјалдемократ што писанија од религиска книга му се аргументи

 

Ти се мочам на социјалдемократ што писанија од религиска книга му се аргументи, јас не гласав за ова, гласав за живот, а не за смрт, напиша на својот Фејсбук профил, Луми Бекири.

 


– Има ли некој нормален да го подучи Зекири како е можно човек што своите убедувања ги базира врз фундаменталистичка религиска основа и тоа гордо го изјавува, а е дел од социјалдемократска партија, пишува Бекири кој вели дека борбата се водела за секуларност, а не за фундаментализам.

Тој вели дека ова не е единствен испад на пратеникот Мухамед Зекири и дека имало други уште порадикални во однос на човековите права и секуларноста.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани