Сашо Ордановски во 2004 година: Таткото на Никола Димитров е бугарофил кој го меле ‘рбетот на македонската држава
  Објавено на
share

Сашо Ордановски во 2004 година: Таткото на Никола Димитров е бугарофил кој го меле ‘рбетот на македонската држава

Еден од „најзапалените“ новинари на спрегата СДСМ/Сорос Сашо Ордановски својот текст од 2004 година наречен „ШУПЕЛКОВИЗАЦИЈА“ го посветува на ликот и делото на Димитар Димитров, татко на новиот Министер за надворешни работи, Никола Димитров.

 

 

Притоа, во текстот Ордановски се осврнува на идентитетските чувства на тогашниот министер за култура, па го напаѓа Димитров дека негоите бугарофилски чувства се ризик поради кој може да „се меле ‘рбетот на македонската држава и култура“:

„Во оваа демократска земја на ни еден министер (вклучувајќи го и оној за култура) , барем формално, не му е забрането да биде бугарофил… Она што на еден министер за култура – Димитар Димитров – јавноста во Македонија му го „забранува“ е поради своето бугарофилско чувство да го „меле“ ‘рбетот на македонската култура и држава, со тоа што на чело на нејзините институции или манифестации ќе донесе необразувани, искомплексирани и некомпетентни луѓе, чиишто единствени квалификации се – дека се бугарофили“, пишува Ордановски.

Ордановски оди и чекор понатаму, додавајќи дека: „Во главата на довчерашниот професор по марксизам (Димитров, н.з.) македонската нација секако е резултат на кујните во комунистичкиот Белград и Тито“





КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани