СКОПЈЕ ЗА СУПЕР КУПОТ СЕ ПРЕТВОРИ ВО ЛАС ВЕГАС
  Објавено на
share

СКОПЈЕ ЗА СУПЕР КУПОТ СЕ ПРЕТВОРИ ВО ЛАС ВЕГАС

Како тргнала работата, навивачите кои се очекува да допатуваат во Скопје за финалето меѓу Реал и Манчестер, ќе дојдат на денот на одигрување на натпреварот, а по мечот ќе продолжат во Грција на одмор едно 10 дена, бидејќи така поевтино ќе им дојде.

Англиските и шпанските навивачи, а и сите други кои планираат да ни дојдат на Телеком арената за финалето од Супер Купот на 8 август, ќе ги фркне глава кога ќе видат колкави се цените за хотелско сместување во Скопје.
 
На најпознатиот сајт за таа намена, Booking.com хотелите во главниот град на Македонија за периодот од 7-ми до 9-ти август се изгор скапи и навивачите кои ќе сакаат да резервираат ќе помислат дека ова е Њујорк или Токио.
 
Хотелска соба за две ноќевања за двајца чини по 1.500, 2.000 евра и повеќе, цени скроз нереални за кај нас, но тоа не е ништо. Еден од хотелите за истиот период има понуда од 4.000, а најскапиот чини 6.000 евра, мислиш Македонија е Малдиви.
 
Останува да видиме дали пивото во Скопје тие два дена ќе го направат 45 евра. а таксистите на навивачите ќе им наплаќаат 100 евра за три километри возење.
 






КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани