Алдо Климан СОЛУНСКИ ПАТРДИИ: СТАРА СЛИКА - НОВИ БУДАЛИ
Автор: Алдо Климан   Објавено на
share

Алдо Климан

СОЛУНСКИ ПАТРДИИ: СТАРА СЛИКА - НОВИ БУДАЛИ

 

Таинствената солунска средба на грчкиот премиер Алексис Ципрас, српскиот премиер Александар Вучиќ, бугарскиот премиер Бојко Борисов и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер сосема разбирливо предизвика не само големо внимание, туку и искрена загриженост кај оние што ги познаваат работите и што добро знаат што се крие зад таа тивка меѓународна интрига.

 Зашто, никој разумен не може да им се радува на воинствените тапани што повторно се' погласно се слушаат на Балканот околу Македонија, тапани што не се смируваат веќе 150 години, па и сега, стотина години по големиот бескрупулозен грабеж и парчосување на територијата на Македонија и на македонското национално битие од 1912-1913 година, како главни тапанари повторно се наметнуваат Грција, Бугарија и Србија, а еве, исто како и пред Балканските војни, одново им суфлира Европа во ликот на воинствениот Жан Клод Јункер, кој, само да подсетиме, не престанува да ја развива тезата за потреба од создавање заеднички оружени сили на ЕУ, надевајќи се веројатно дека токму тој, еден ден, ќе стане нивен почесен маршал.

 Ете тоа се причините поради кои се собраа тие тројца плус еден големи воено-политички планери и стратези во убавиот македонски град Солун, за да видат како по дипломатски пат, без истрелан куршум, да се докусури она што сеуште им остана неподелено од Македонија и да се договорат на кој начин конечно успешно да ја затворат својата одамна започната и недовршена освојувачка зделка.

 Се разбира, сето тоа би било сметка без крчмар и не би било така едноставно безвртолумната, стрвотна, предавничка глупост и лудост на Зоран Заев и на неговата верна квислиншка дружина. А се знае дека можноста создава крадци!

 Но сепак, за јасно да им дадеме на знаење на господата Ципрас, Вучиќ, Борисов и Јункер дека во случајов исклучиво предавникот Зоран Заев е бескрајно луд, но не и македонскиот народ кој добро ги познава и врз својот грб ги искуси сите подмолности и валканици од ваквите столетни „трилатерални” средби, со дипломатски насмевки и договори, и со секогаш неодминливиот „квадрилатерален” диригент, ја објавуваме оваа сатирична разгледница, печатена во Франција веднаш по хаосот и ужасот на Балканските војни, за да видат колку бедно изгледаа тогаш во 1912/1913 година нивните трилатерални-квадрилатерални претходници, но и на што личат самите тие денес кога во 21-от век, пред очите на целиот демократски свет, ја прават истата воинствена гнасијада, па веќе да не ни раскажуваат евтини прикаски за божемниот македонски иредентизам поради кој биле многу загрижени.

Стара слика - нови будали!

 

(Илустрацијата е од документарната збирка на Алдо Климан)




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани