Проект за спас на црквата во мавровското езеро.
  Објавено на
share

Бидееејќи веб просторот секогаш бил владеен од вулгарни, полиписмени, приучени-недоучени демек-новинари и во неможноста да се генерира реално новинарство, булументава колеги веќе дури не се ни обидуваат да изгуглаат пред да направат копи - пасте.

Имено, оваа вест, со визуелен проект за спас на црквата датира од 2014 година. Гуглајте и ќе видите и самите. Од друга страна бидеејќи ниту еден "цреп" не нашол за "сходно" да ја реализира, таа е добро што повторно се појавува, како "нова вест". Нејсе, намерата е добра, проектот е одличен, а "момакот" кој го осмислил заслужува со сите почести и гостување во мојата емисија.

Еве детали од веста објавена во Build.mk

 

Проект за спас на црквата во Мавровското езеро

Објавено на 18.05.2014 во категорија Вести.

Архитектонското студио „Тетрактис“ по сопствена иницијатива изработи идејно решение за заштита и реконструкција на црквата „Свети Никола“, лоцирана во Мавровското езеро. Архитектите имаат идеја за заживување на ова верско здание, потопено во екот на полнењето на вештачкото езеро во Маврово. Замислата од студиото „Тетрактис“ е црквата да се адаптира во современ центар за културни случувања, изложби и други збиднувања во рамките на зимскиот туристички центар. Во проектот е зацртана изградба на заштитни ѕидови околу црквата, со што таа трајно ќе се заштити од езерската вода. Посетителите би можеле да ја посетат преку планираниот тунел, со што ќе се спои брегот со самата црква.

 

 

Архитектонскиот труд предвидува санација на темелите и ѕидовите на црквата, но и реконструкција на покривната конструкција. Според податоците на „Тетрактис“, вкупната инвестиција би изнесувала од 3 до 4 милиони евра. Со проектот повторно се заживува идејата за ставање во функција на овој објект изграден во 1850 година. Црквата „Свети Никола“ претставува споменик на културата, но државните органи не ја имаат запишано како заштитено културно наследство. Овој објект, кој ја претставува традиционалната македонска архитектура од XIX век, беше потопен во 1952 година.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани