Стојанче и женаму назад на работа во МВР
  Објавено на
share

По долго размислување, во согласност со препораката на раководството на “Достоинство“, откако го известив врвот на коалицијата “ВМРО за Македонија“, одлучив да го прифатам предлогот на премиерот Зоран Заев и министерот Оливер Спасовски да се вратам назад во МВР.


Заедно со мене назад во МВР се враќа и мојата сопруга Јасминка Ангелова која таму работеше повеќе од 14 години, се; до март 2015 година, кога поради нечовечен однос кон неа, самата одлучи да си даде отказ и го напушти МВР.
Моето враќање во МВР е на професионална основа, се темели на моето 25 годишно присуство и искуство во областа на безбедноста, моето 16 годишно работно искуство во МВР од кои 7 во Единицата за специјални задачи “Тигар“ и не е условено со политичка соработка.
Длабоко во себе верувам дека одвнатре, од МВР, со мојот авторитет и со моето полициско, политичко и интернационално искуство ќе можам да му помогнам на министерот Спасовски во неговата намера да го издигне МВР во една чесна, високо професионална и респектабилна институција.
 

Скопје, 04 август 2017 година
Поранешен полициски генерал
Стојанче Ангелов




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани