Алдо Климан ЗОРАН ЗАЕВ ЈА РАЗДРЖАВУВА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Автор: Алдо Климан   Објавено на
share

Алдо Климан

 ЗОРАН ЗАЕВ ЈА РАЗДРЖАВУВА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 

Без силна внатрепартиска фракција и без нов, храбар и решителен лидер што ќе му се спротивстави на Зоран Заев, македонската социјалдемократија неповратно е осудена на најбедна политичка смрт и исчезнување во црно едноумие, со извалкани раце и продадена и предадена чест

Ништо нема да се смени во сегашнава трагична положба на Македонија, се' додека еден значителен дел од нацијата не сфати, и тоа сосема јасно и без дилеми, дека Зоран Заев е најобичен збудален криминалец кој само си ја спасува кожата, лично распродавајќи ги безобѕирно и безумно нашите највисоки национални и државни интереси и вредности, но истовремено бескрупулозно доведувајќи ја во прашање и егзистенцијата на секој обичен поединец во Република Македонија.

Прашање за милион долари е дали такво национално разбудување воопшто е возможно доколку во неговата партија не постои ниту еден единствен храбар, посилен, автентичен, издвоен, посугестивен и авторитетен глас и човек кој би и' се спротивставил на партиската диктатура на Зоран Заев и кој околу себе би можел да собере здрава партиска фракција, па и по цена на првичен неуспех да се обиде да ја смени морално, организациски и на секој друг начин гнилата и разнишана внатрепартиска состојба. А таков човек и таков глас, се чини, нема, зашто досега видовме дека секој немир што се случува во редовите на СДСМ е само израз на најтривијално лично незадоволство, лутина и бес на поединци кон врвот на партијата поради тоа што не се нашле на некоја од кандидатските листи за локалните избори, или пак не добиле соодветна задоволштина во алчното разграбување на атрактивните, па и на баналните места во новата кадровска пирамида во државата. Затоа македонската социјалдемократија неповратно и трагично е осудена на ова црно едноумие и не така далечно исчезнување од политичката сцена, со извалкани раце и продадена и предадена чест. 

Во меѓувреме, важно е да немаме илузии. На Зоран Заев и на неговата квислиншка влада Уставот, законите и прописите на РМ, тие документи капитални за опстојување и живот на државата, им се апсолутно разбирливи и јасни како ден. Значи, воопшто не станува збор за нивно непознавање поради што тие прават божем случајни грешки и огромни штети, туку тој отпадник од народот и неговата политичко-кримогена и аморална клика свесно не ги признаваат и ги газат, а притоа, како и сите насилници, тоа го прават најпримитивно и на најпонижувачки начин за македонскиот народ, и, постапувајќи според својата деструктивна самоволја и сосема спротивно од она што е запишано во нашиот Устав и во законите, прават се' брзопотезно тотално да ги обезвредат и да ги обеспредметат за да ја раздржават државата и да создадат нова уставна и законска рамка за нејзино целосно поништување и претворање во нешто друго, т.е. во приватна бизнис-организација како авторитарна сурогат-држава, со широк спектар на дубиозни национално-политичко-финансиски дејности и махинации. 

За жал, досега во тие свои настојувања сосема успеаја. Колку поматно, колку похаотично и што побрзо и позбунувачки - толку подобро, зашто никогаш не се знае колку ќе им трае тој невиден пашалак! Тоа е нивното мото и затоа Заев и неговата „влада” од првиот ден хистерично и незаприливо со сите сили турираат со се' и сешто и во сите насоки, како на внатрешниот, така и на меѓународниот план. 

Однесувањето на сегашнава марионетска влада на Република Македонија е типично и сосема препознатливо за однесувањето на оние конфузно-марксистички или пак профашистички латиноамерикански воено-политички хунти од седумдесеттите-осумдесеттите години од минатиот век кои ги карактеризираше застрашувачкото итно одземање на силата на народот, студено и бесчувствително самоволие, апсолутна централизација, партизација и кадровско завземање на власта до последното чиновниче и шајче во државата, исконструирани обвинувачки лаги и политички процеси, атак, а потоа и незаконски спроведена радикална смена и целосно присвојување и приватизирање на судството од најниските до највисоките инстанци, спроведување на исклучиво својата политичка волја спротивно на Уставот и државните закони, распродавање на државните и национални интереси, целосно и крајно оддалечување од сопствениот народ и цврсто поврзување исклучиво со надворешните воено-политичко-финансиски елити од крупните центри на моќ кои ги донесле на власт.  

Исто така, во сегашниов случај на Македонија, како и кај тие хунти, карактеристично е и енергичното „прочистување” на полицискиот апарат од „неподобни”, негово внатрешно јакнење и ставање во се' поистакната партиско-политичка функција, потоа екстремен, континуиран и бескрупулозен притисок врз слободните медиуми и нивно задушување и гаснење, постојано атакување и обеснажување на сосема слободното и политички независно мислење и новинарство и негово најразлично етикетирање и туркање во ист политички кош со опозицијата, за политичкиот фронт да биде што поконтрастно црно-бел; така е и со нескриениот поткуп на невладините организации и поединци и нивно претворање во сопствени, владини, колаборационистички бесни пропагандни филијали, созадавање доминантно еднопартиска клима во државата со јасна намера и насрчен напор да се уништи секоја, па и најмала опозиција, и особено онаа со квалитетна организациска инфраструктура, потоа чистки во сопствените редови, и на крајот, за нив најважното: растрошно однесување, брзо празнење на државниот буџет и незапирливо меѓународно задолжување на државата за измислени цели и ad hoc проекти што никогаш нема да се реализираат, т.е. префлување на јавните финансиски средства на непознати сметки низ светот. 

На народот, за да не им се плетка меѓу нозете, му следуваат куп крвописки јавно-нотарски извршителни налози и извршувања, разединување и разбивање, па дури и гаснење на синдикатите, драстично смалување на работничките права, разни видови строги казни и се' посилно стегање на ременот. На тој начин обичниот човек е трагично и агонично зафатен со своите непремостливи секојдневни егзистенцијални грижи, додека животот се одвива на некое друго место. Да, ќе речете, но ова е социјалдемократија, Не, ќе речам јас, ова што го гледаме во Европа, и особено во тнр. земји во транзиција, социјалдемократијата е само друго подметнато име за неолиберализмот, па така и во Македонија, особено со една ваква безумна хунта на власта, способна единствено за нанесување големи штети. 

Тој и таков филм што сега веќе речиси во целост се одвива во Македонија и апсолутно и натаму до крај ќе се движи во таа насока, е виден безброј пати во банана-државите и сето тоа е премногу добро познато и од животот и од историско-економско-политичката литература; единствено актерите се нови. Разликата е само во тоа што државниот удар извршен во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година не се случи со употреба на воени сили, т.е. со изведување на воени трупи на улиците, туку сосема „глатко”, „лизгаво”, „парламентарно” и „шарено”, иако треба да се нагласи дека со тој пуч сепак на чело на македонскиот Парламент е инсталиран воено-политичкиот конвертит Талат Џафери (бивш офицер на ЈНА! - бивш висок офицер на АРМ! и бивш командант на терористичката ОНА!), не само како функционер со врвно место во законодавната власт, туку и како лице со апсолутно конкретна втора позиција во државната воена хиерархија (заменик командант на оружените сили на РМ). Со тоа и воено-пучистичката заднина на настаните во Собранието е сосема јасна и недвосмислена. 

Но има и уште нешто што ја разликува оваа македонска политичка хунта од спомантите латино-американски: државниот удар што таа го изведе не само што не доживеа вообичаена, очекувана, разбирлива и енергична осуда од  релевантните и заинтересирани меѓународни фактори, во случајов Европската Заедница и Соединетите Американски Држави, туку тој пуч токму од нив беше долго и прецизно подготвуван, поддржан и на крајот во самиот момент на случувањето и јавно пофален како нешто многу добро, како божемно „поттурнување на демократијата кон напред”! 

Но, хунтата си е хунта, како и да си ја викаат нагалено сите тие заедно, а со тој државен удар македонската демократија не само што воопшто не е поттурната кон напред, туку дефинитивно силно е бутната длабоко нанаэад, во морално-политичко мочуриште, општествено-политичка кал и целосна меѓународна и национална агонија. 

И сето тоа се одвива на неколку синхронизирани рамништа и во сосема усогласени иако крајно различни интереси на одделни препознатливи меѓународни и домашни групации и центри на моќ, како и на одделни поединци, меѓу кои, се разбира, на прво место е уценетиот криминалец и национален предавник, и моментално најомилениот евро-атлантски куртизан Зоран Заев, ставен во интензивна меѓународна општа употреба, бидејќи на сите лесно им дава. 

Од самоповиканите играчите во „решавањето” на „македонското прашање”, кое е создадено апсолутно вештачки и вештачки се држи отворено се' додека сите грабежливци не го добијат својот дел од пленот, благодарение на предавништвото на Заев засега најмногу профитираа големобугарските и големоалбанските планери. 

Првите, со секавичното составување и потпишување на бугарско-заевскиот договор за соработка, далеку од очите и ушите на целокупната македонска јавност, и без каква и да е јавна расправа и национално консензуално одлучување за тоа прашање, со што целосно и притоа на најпонижувачки начин, спроти најголемиот и најсветиот македонски национален празник Илинден, грубо, суицидално се поништени македонскиот народ, македонскиот јазик, македонската национална култура и македонската национална историја. 

Вторите, со усвојувањето на предлогот на апсолутно неуставниот Закон за јазиците, со воведување на албанскиот јазик како втор официјален јазик на целата територија на Република Македонија, со што, и без претходно да се изврши официјален Попис на населението за да се констатира реалната состојба на процентуалното присуство на етничките Албанци во државава, за кои постојат сериозни демографски проценки дека моментално во Република Македонија ги нема повеке од 18-19%, е отворен конечниот процес за уставно и правно неосновано создавање бинационална држава, со тешки, драматични и непопреавливи последици за Македонија и за македонскиот народ, што натаму ќе се манифестираат и ќе се одвиваат со вртолумна брзина. 

Што се однесува до Грците, знаеме дека министерот Коѕиас доаѓа во Скопје кон крајот на месецов. И тука, за жал, можеме да очекуваме приватен предавнички договор на Заев со Република Грција за најважното национално прашање - со Уставот заштитеното име Република Македонија, за чија промена и не смее да има никакви преговори и договори. Но воопшто не би требало да не' зачуди, во стилот на досегашните бедни, понижувачки постапки кон македонскиот народ, Заев новото договорено име на Република Македонија цинично да му го објави на светот токму на Денот на македонската независност 8 септември. 

За Европската Заедница и за НАТО, пак, се' си се одвива како што треба. Нив воопшто не ги боли ниту ги интересира под кое и какво име ќе постои Република Македонија, и дали воопшто тоа ќе биде иста држава или нешто сосема друго, преработено, бинационално, безнационално, бескрвно, бесмислено. Нив ги интересира само земјата, територијата на нашата татковина, нашите градови и села, нашите езера и реки, нашите патишта, нашите планини, шуми и води за своите воено-економски и други планови и за целосна експлоатација на ресурсите и на луѓето. Затоа сето она што досега се случило и што, според детално разработеното за Македонија разнебитувачко сценарио, Заев натаму ќе им го донесе на поддавалник, ним сосема им одговара и на сето тоа со насмевка ќе му ракоплескаат како на мајмун со вратоврска што научил да удира со чинели. Додека постапува како што ќе му речат, дотогаш ќе биде заштитен од прогон за конкретни криминални (не)дела, и особено за најконкретно велепредавство кон македонскиот народ. 

Зоран Заев е нашата најголема македонска срамота и трагедија. Тој мора итно да се тргне од најодговорната функција во државата, додека не ја раздржави до последното камче и пердувче. Но прашање е колку уште ќе издржиме со неговата ваква, хиперактивна карциногена, разјадувачка предавничка политика кон државата и кон македонското национално битие. 

Но едно е сигурно, почитувани граѓани: треба барем да знаеме и да ни биде (или да ни стане)сосема јасно со кого навистина имаме работа кога станува збор за Зоран Заев. Оставете ги настрана неговите политички флоскули и лаги. Погледнете го она што најуверливо ќе ви каже се' за него и за тоа кој седи во премиерската фотелја на нашава држава, погледнете ја документарната, законски прибавена снимка, ставена на интернет под наслов „Зоран Заев бара поткуп”, на која се гледа како тој бесрамник и распикуќа, што сега ни изигрува премиер, директно и уличарски бара поткуп од 200.000 евра. Еве, повторно ќе го приложам линкот со тој филм ( https://www.youtube.com/watch?v=5ptCYSaLFRI ), зашто откога пред нешто повеќе од еден месец низ неколку колумни повеќепати едно-подруго и' беше понуден на увид на целокупната македонска и светска јавност, гледаноста на тој разбудувачки видео-документ во тој изминат период нагло порасна за околу 2000 гледачи. Се надевам дека еден ден ќе го видат сите, па и оние што му го дале својот чесен глас на тој криминалец и предавник, и оти не само што ќе го видат филмот, туку и конечно ќе прогледаат во чии раце ја предале нашата национална судбина и судбината на Република Македонија.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани