Денеска ново задолжување на државата од 44,7 милиони евра
  Објавено на
share


МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ

Денеска ново задолжување на државата од 44,7 милиони евра

Република Македонија на домашниот финансиски пазар денеска ќе се задолжи за 44,7 милиони евра.

Министерството за финансии објави дека денеска ќе издаде 12-месечни државни записи во вредност од 27,3 милиони евра и записи со рок на достасување од 5 и 15 години во вкупна сума од 17,4 милиони евра.

Веќе утре државата треба да врати 32,5 милиони евра од стари задолжувања и дополнителни 7,8 милиони евра до крајот на месецот.

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини Владата дека секој ден ги задолжува граѓаните по еден и пол милион евра. Од СДСМ одговараат дека новата влада одговорно управува со парите за разлика од владата на ВМРО ДПМНЕ која ги задолжуваше граѓаните за луксуз и споменици.





КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани