Алдо Климан „ЗОРАН ЗАЕВ БАРА ПОТКУП” - антологиски филм за еден криминалец
Автор: Алдо Климан   Објавено на
share

Алдо Климан

„ЗОРАН ЗАЕВ БАРА ПОТКУП” - антологиски филм за еден криминалец

 

Краток осврт кон ова врвно остварување на нашата документаристика. До денес филмот на интернет е погледнат 210.409 пати, со просечна гледаност на една преполна кино-сала со 300 гледачи дневно.

 

Не ми се познати статистиките на другите остварувања на нашата македонска кинематографија, и особено не на оние од документарниот жанр, зашто за нив вообичаено и помалку се зборува и се пишува. Но македонскиот документарен филмот на кој му ги посветувам овие редови подолу во секој случај влегува во рангот на оние што се наоѓаат во самиот врв, не само во поглед на нивната политичка и културно-историска и документарна вредност и значење, туку и од аспектот на маестралната изведба, и во технолошко-техничката, и во артифициелна, и во продуцентска, но пред се' и над се' и во автентичната содржинска смисла. Ако лаже козата - не лаже рогот!

 

Освен тоа, благодарение на порталот ЈуТјуб и на фасцинантната дистрибутерска моќ на интернетот, филмот „Зоран Заев бара поткуп” оствари навистина планетарна рецепција и и' донесе светска репутација на малата кинематографија на Република Македонија. Практично нема крај во светот каде што филмот не е виден и каде што не побудил исклучителен интерес кај публиката, од Македонија, преку целата Европска Заедница до Хамерфест на крајниот европски север, и до Австралија кај нашите иселеници, но особено и кај Абориџините кои во својата чедност, како впрочем и канадските ескими, не можеа да и' се начудат на свинштината на главниот лик Зоран Заев. Се разбира, филмот со големо внимание е гледан и во двете Америки, но и во Индија, Јапонија, Кина, и особено на Тајван, па во Русија и во бившите држави на СССР, а последните информации дури говорат дека имало гледања и на Кајманските острови и на врвот на Патагонија кај населението на местото Пуерто Еден во кое живеат само неколку семејства на племето Квашкари. Викиликс, пак, објави информација дека уште на денот на неговото објавување на 13 мај 2015 година тогашните премиери на Бугарија, Грција, Албанија и Србија, добро расположени, потпивнувајќи си струмичка мастика и мезејки си шопска салата, филмот „Зоран Заев бара поткуп” премиерно (а потоа веднаш уште неколкупати едно-подруго) го гледале заедно во Брисел.

 

Но за да можеме натаму да го анализираме овој филм и настаните околу него ја донесуваме неговата кратка содржина.

 

Станува збор за лицето Зоран Заев, во моментот на снимањето на филмот на функција градоначалник на Струмица, кој доселувајќи се од родното село Муртино во град, амбициозно ја започнува својата забрзана политичка кариера. Во условите на раѓањето на модерната демократија во Република Македонија, тој многу бргу сфаќа дека најдобар и наједноставен пат да се живее супер е да се занимаваш со политика. „Заев(би) друго”, си мислел тој, „во политиката се големи можностите за буткање напред, за пробивање, за правење кариера со евтини лаги и празни ветувања”, а кон тие негови размисли јас додавам: за измамување и заведување на народот кој е во перманентна состојба на оправдано незадоволство зашто сите ја злоупотребуваат неговата политичка доверба и го искористуваат неговиот глас на изборите за да се искачат што повисоко, до што поголема моќ, до највисока власт, до најдобро платени места, до синекури и до голема граѓанска слава, и се' на сметка и на грбот на обичниот човек.

 

И Зоран Заев веднаш почнува да го остварува тој свој пеколен американски сон. Набргу станува градоначалник на Струмица, но наеднаш драматично сфаќа дека тоа никако не му е доволно и оти, освен безобѕирните политички лаги и ветувања од типот ветер на магла, има и друг многу подобар и полесен начин по најкуса постапка да се спечали многу повеќе, а тоа е - да се бара поткуп. И тука започнува оваа интригантна филмска и животна приказна. Кај градоначалникот Заев доаѓа еден струмички бизнисмен со скриена камера и документаристички совршено верно и непобитно, филмски ја посведочува и ја овековечува сета беда на младиот политички кариерст и крадец со предумисла Зоран Заев, кој за средување на одредени работи околу некоја локација на територијата на општината бара поткуп од 200.000 евра, по едно за црквата и по едно за него лично.

 

Правните аспекти на соржината на филмот „Зоран Заев бара поткуп”, т.е. на инкриминираниот дијалог кој во него се води меѓу бизнисменот и корумпираниот градоначалник Заев, се разбира, им ги препуштам на стручњаците за кривично право и корупција што, да се надеваме, наскоро ќе си добие свој соодветен судски епилог. Мене ме интересираат само уметничките аспекти.

 

Имено, филмот спаѓа во категоријата на дела од седмата уметност снимени во само еден кадар, што денес е се' помодерно во кругот на авторскиот филм, па ако се земе времето на снимањето (2015 г.) би можело да се рече дека непотпишаниот струмички бизнисмен-камерман кој го снима Зоран Заев како бара поткуп од 200.000 евра, сместувајќи ја целата таа срамна криминална драма само во еден единствен долг кадар од 3 минути и 35 секунди претставува своевидна авангарда на филмската, особено на македонската документаристика. Притоа, во тој кадар мошне аванга(р)дно, крајно ангажирано и страшно зантересирано учествува и ликот на криминалецот Зоран Заев; зашто во тие долги 3 минути и 35 секунди не само што подготвено одговара на поставените деликатни прашања околу порано извршените слични поткупи на некои други лица, за да може да се примени истиот „терк” и во тој нивен договор и зделка, туку размислува итро и бргу и притоа внимава да не голта кнедли што би ја издале неговата алчност, неговото второ јас. На крајот, во напнатата разврска на тој струмички трилер Заев бара супер поткуп од 200.000 евра, а воопшто ниеднаш да не му трепне окото, ниту едното, ниту другото. Баш спротивно, тој цело време ги држи очите онака препознатливо хистерично ширум отворени, со истата онаа нескриена доза на притивнат бес и омраза што сме ги виделе толкупати при неговите обраќања кон јавноста, но, мора да се признае, во овој филм и со нијанса на едвај забележлива пресретрлива мекотија, лигавење во изразот на лицето и со потивок глас, за да не го чуе некој друг. Е, за нешто такво, 3 минутки и 35 секунди да не трепнеш додека бараш 200.000 евра поткуп, за тоа е потребно вистинско претходно големо искуство од слични и идентични ситуации, за кои впрочем во филмот и се зборува, што значи дека Зоран Заев не може да не' залажува дека застанал пред скриената камера како неискусен аматер, туку како веќе оформен професионалец во тие и такви работи. Но честа и славата за филмот одат и до феноменалниот бизнисмен-камерман, бидејќи успеал целиот тој кадар смирено да го држи под контрола, да води природен и уверлив дијалог, и притоа сосема да го долови и да ни го презентира во неговата реалност надворешниот и внатрешниот изопачен лик на бескрупулозниот струмички криминалец.

 

Од висок извор во Министерството за култура штотуку дознаваме дека мистерот за култура Роберт Алаѓозоски итно подготвува неколку важни работи во врска со филмот „Зоран Заев бара поткуп”, посветен на неговиот пријател и премиер кој, по игра на околности, има исто такво име.

 

Прво, Алаѓозоски, заедно со главниот актер на филмот Зоран Заев и со целата чесна македонска Влада и парламентарното сдсмовско-албанско мнозинсто, прави трескавични напори кривичната судска сага „Поткуп” што поитно да се префрли од криминалното на уметничко рамниште, со еден збор итно од функцијата државен јавен обвинител да се тргне Марко Зврлевски кој го покренал случајот и да се стопира судскиот процес против Заев, а потоа ќе се види што ќе се прави. Чесната Влада и обвинетиот енергично тврдат дека во интерес на уметноста би било супер филмот „Зоран Заев бара поткуп” веднаш да се симне од репертоарот на интернет и да се стави во најдлабок бункер, што подалеку од очите на јавноста и на избирачкото тело, се' додека не се донесат некои одлуки за авторските и други права. Но, за жал, тоа не оди баш така. Филмската криминална слава на Зоран Заев веќе одамна далеку ги надмина и ги надрасна и него и самиот кривичен случај „Поткуп” што се води против него, така што филмот денес му припаѓа на македонското и на севкупното меѓународно уметничко, но и правно интелектуално наследство, и нема веќе криење, бегање од рочишта и застара.

 

Истовремено, во контекстот на овие настани околу филмот „Зоран Заев бара поткуп”, чесната Влада донесе одлука за одржување посебен повеќемесечен стручен семинар за специјално обучување на нејзините чесни членови и на сите придружни чесни владини и провладини кадрови до кајшто се протегаат за тоа како натаму да се чуваат и да се пазат од разни уметнички скриени камери додека договараат поткупи и слични валкани рабоќе, зашто со денешната модерна технологија и со типовите што ја сочинуваат нашата чесна Влада сосема е можно темата од филмот „Зоран Заев бара поткуп” нагло да прерасне и во цел, но овојпат скап, високобуџетен серијал.

 

Инаку, мошне ангажиран околу ова кинематографско остварување, министерот Алаѓозоски не мирува: има намера во организација на чесната Влада на РМ во еден нудистички камп во соседна држава да организира широка, јавна панел-диксусија за уметничките и документаристичките стојности на филмот „Зоран Заев бара поткуп” и за главниот лик на криминалецот Зоран Заев. Истовремено, во тек е и изработка на луксузна монографија за филмот и за криминалниот лик Зоран Заев, но се работи и врз реализација на фасцинантно дизајнирано ДВД, со титлови на 187 светски јазици, вклучително и ескимскиот и абориџинскиот; имено, кај тие стари племенски народи сметаат дека поради струмичкиот дијалект што е користен во филмот сигурно нешто погрешно разбрале, зашто никако не можат да сфатат како, во едно добро уредено, модерно, наднационално, граѓанско општество какво што е денес македононското општетсво по инсталирањето на новата проевропска чесна Влада, е воопшто возможно еден така беден криминалец сеуште да си се шета слободно и притоа уште да изигрува премиер на држава.

 

Што се однесува до оригиналното македонско, т.е. струмичко издание на ДВД-то, тоа ќе биде умножено во еден милион примероци и на претстојните локални избори, на сите избирачки места бесплатно ќе им се дели на граѓаните, како на оние живите, така и на оние фантомските.

 

За присобирање пари за таа репрезентативна издавачка и видео продукција се ангажирани и бројни претставиници на ајдаречеме невладините организации при владата, кои имаат големо искуство со странски дотации за разни криминални перформанси и зашеметувачки шарени сценско-ликовни инсталации по тридимензионалните градски објекти, но во чесната Влада не кријат уверување дека и Европската Заедница за реализација на овој значаен уметнички проект од се' срце ќе издвои големи средства од предпристапните фондови што сега, по доаѓањето на чесниот премиер Заев на власт, нели, ширум ќе и' се отворат на нашата држава.

 

Во меѓувреме, на Факултетот за драмски уметности, отсекот за Филмска и ТВ камера во Скопје во тек е формирање посебен семинар за студирање на филмот „Зоран Заев бара поткуп” што, од оваа нова учебна година, мултидисциплинарно ќе се изучува цел еден семестар на втората година од студиите. За таа цел од чесната Влада планираат и нови вработувања на професори, асистенти, киноапаратери, електричари, чистачки и уште некои непознати професии од кругот на партијата и шарените револуционери, за што по итна постапка се обезбедени големи финансиски средства од низата други стопирани проекти. Предавањата, како што најавуваат од Факултетот, ќе ги држат угледни македонски и странски филмографи и филмски критичари, а како гости-предавачи ќе учествуваат и домашни и светски јавни обвинители и правни стручњаци, специјализирани за прашања врзани за корупцијата и стопанскиот и политички криминал.

 

За крај да го речеме и ова. Една од опсесиите на министерот Алаѓозоски (а за тоа на својот фејсбук веќе отвори и блог) е и прашањето како е возможно еден така нискобуџетен филм каков што е филмот „Зоран Заев бара поткуп”, снимен практично без скршен денар, да постигне толкава оскаровска слава, иако министерот многу го мачи и дилемата колкав нето хонорар сега да му се одреди и да му се исплати на главниот актер Зоран Заев како на докажано уверлив лик на криминалец, бидејќи таа животна ролја толку многу го прослави, и тоа не само него, туку и целата уметничка чесна Влада на чие чело се наоѓа токму тој како суперѕвезда на современата домашна и светска кинематографија.

 

Во контекстот на паничното, хистерично, во моментов и сосема незаконско настојување за сменување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски само за да може да си го спаси својот криминален задник обвинетиот Зоран Заев, ајде, почитувани читатели, уште еднаш заедно да го погледнеме врвниот македонски документарец „Зоран Заев бара поткуп”, за да видиме во чии валкани раце во Република Македонија се наоѓа судбината на правото, правдината и на правната држава. Влезот во кино-салата на интернет е бесплатен (https://www.youtube.com/watch?v=5ptCYSaLFRI ).



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани