Бобан Нонковиќ на ФБ "Македонија - Швајцарија на Балканот" - диктирано од Запад, напишано од Иван "Ванчо" Михајлов во 1947 година, а се спроведува денес од неговиот истомисленик Зоран Заев!
  Објавено на
share

Бобан Нонковиќ на ФБ

"Македонија - Швајцарија на Балканот"

- диктирано од Запад, напишано од Иван "Ванчо" Михајлов во 1947 година, а се спроведува денес од неговиот истомисленик Зоран Заев!

"Дали Македонија ќе сака да ја организира својата демократска управа по француски или по американски образец или, пак, целосно ќе може да се приложи швајцарскиот начин на уредување – по тие прашања ќе се изјасни идниот македонски парламент. Обрасци за општествено уредување на држави има повеќе. Поделикатно, за многу народи, не било прашањето за барањето и пронаоѓањето на туѓи теориски примери, туку прашањето за усогласување со автохтоните карактеристики и желби на народот. Во тоа се состои демократијата: во приспособување кон она што го сака и што може да го постигие народот во определена епоха...

Ако се обезбеди целосна слобода на националностите, може да се помине и без кантонален систем. Меѓутоа, ако во негова корист се појават барања, тој може да биде воведен, независно од тоа што за него не постои никаква опора и традиција, ниту пак економски потреби. Во таков случај ќе има кантони со мнозинско население од една или од друга месна народност – бугарска, грчка, влашка, албанска итн...

Идниот парламент на Македонија ќе донесува одлуки за се што се однесува до компетенциите на евентуалната кантонална самоуправа. Овде не би можеле да ги разгледаме детално односите меѓу кантоните и централната власт. Ако судиме според туѓите примери, мораме да истакнеме дека во поново време се појавува стремеж кон централизација, паралелно со загарантираните во секој поглед права на граѓанинот. Во Швајцарија во компетенциите на централната власт се војската, надворешната политика, поштите, телеграфот; има заеднички даночен и паричен систем, а заедничко е и судството. Идната независна Македонија ќе успее да ги усогласи потребата од единство и почитувањето на слободата, коишто еднакво го наложуваат самото нејзино создавање како одделна држава. Во секој случај, независна Македонија ќе има потеба од се поголемо внатрешно единство, а не од делби. Може да се претпостави дека во неа, во никој поглед, нема да се претера со кантоналната самостојност. Мошне веројатно е, уставите за самоуправа на евентуалните кантони да бидат потполно исти, затоа што и населението на кантоните би имало исти потреби, а и не станува збор за одделни територијални единици, коишто имале и досега свој посебен историски развој...

Како официјални јазици би можеле да бидат признаени петте јазика: бугарски, грчки, турски, албански и влашки. Во училиштата, секако, ќе се предвиди изучувањето барем на уште еден до два од останатите јазици, покрај мајчиниот. И по овие прашања може да биде поучна практиката во Швајцарија...

Секоја од националностите ќе може непречено да одржува културни и духовни врски со своите сонародници во соседните држави и во другите делови на светот. Народностите би можеле барем симболично да ја зачуваат својата припадност кон матичната национална црква...

Откако ќе се средат добро меѓунационалните односи во Македонија, сами по себе ќе се средат и црковните работи...

На националностите ќе мора безусловно да им се вратат училиштата и граѓанските здруженија, коишто им беа одземени насила во 1912 година. Во уставот ќе се признаваат нациите што се признаени од историјата, и коишто постоеја со свое национално име во текот на повеќевековното турско ропство. За да и се обезбеди спокојна иднина на земјата, со закон треба да се забранат какви и да било спорења и судрувања на нацинална основа...

Рамноправното учество на народностите во изградбата на новата македонска држава и нејзиниот иден развој, треба, исто така, да биде загарантирано во уставот, како и со законите на државата. Никоја народност нема да доминира над другите со надменост, со итрина или со сила...

Збратимувањето меѓу народностите ќе биде потпомогнато и од еднаквоста на законите во културната, стопанската, просветната, судската и во сите други области...

Посебно треба да се внимава управувањето на која и да било власт да не се користи за давање предност на една или друга националност за сметка на останатите. Еден апсолутно независен и неменлив судски и обвинителски кадар уште повеќе ќе придонесе за остварувањето на овие замисли...

Проникнати од идејата за солидарност, македонските борци секогаш биле подготвени голем дел од суверенитетот на идната македонска држава, и тоа во еден од најчувствителните сегменти, како што е надворешната политика, да и се отстапи на централната балканска федерална влада, се разбира, ако со такво решение се согласат, секоја за себеси, и останатите балкански држави...

Општо земено, независна Македонија нема да има причини за несогласувања со своите соседи. Ако ја добие потребната меѓународна гаранција, хармонијата околу неа сама по себе ќе се доофроми. Македонија ќе личи на Швајцарија како по своето општествено уредување така и по својата меѓународна положба...

Македонија страда од истата болест, од којашто страдаа и швајцарските области, пред да биде признаена независноста и загарантирана неутралноста на Швајцарија. Против иста болест потребно е исто лекарство..

Македонија треба да стане Швајцарија на Балканот!"

#НекаНиеНаЗдравје

 

МАКЕДОНИЈА ШВАЈЦАРИЈА НА БАЛКАНОТ

Македонија Швајцарија на Балканот

Иван Михајлов

 

ВОВЕД

Нема надеж за мир во светот без да има мир на Балканот, а беше очигледно одамна, дека на Балканот нема да има мир додека нема едно праведно и мирно разрешување на македонското прашање. Вон од претензиите за право и справедливост, јасно е, дека дури и врз основа на студениот себичен интерес на другите нации од модерниотсвет – дури и нации како Американците – се длабоко загрижени што се однесува до едно прашање, коешто во секое време би било причина за предизвикување на една нова војна.

За обичниот Американец, загрижен главно со своите политички проблеми, својата фамилија и својата трговија, Македонија, ако тој воопшто чуе за неа, изгледа нешто многу далечно, без даб го засега.

Ако, меѓутоа, тој ја прочита оваа книга, тој би разбрал подобро. Тој би сватил зошто една постоечка неправда на другата половина на светот би можела секој момент да го наруши неговиот спокоен американски начин на живот и може дури да посегне на неговиот сопствен живот или тој на неговиот син. Тој тогаш би видел, дека еден стар американски принцип еднакво добро му одговара како на Балканот, така и на Соединетите американски држави: „Ништо не е воопшто уредено, додека не се уреди правилно.“

Македонското прашање не било уредено – реално тоа не било правилно уредено. Оваа книга ќе им помогне на Американците да сватат што е македонското прашање и како тоа треба да се уреди. Се надеваме колку што е возможно повеќе луѓе да ја прочитаат, затоа што со тоа од неа многу ќе добијат.

Џан Бејклес

 

 

БЕЛЕШКИ

Пред триесет години со голем восторг и возбуда беа пречекани 14-те точки на претседателот Вилсон за уредувањето на светот. По благата вест на Христос, којзнае дали друго послание побудило толку надеж. Тоа покажуваше дека довербата на човештвото во современиот политички систем и практика е силно разнишана.

Од тој момент наваму работите не само што не се подобрија, туку во многу нешта дури се влошија. По разурнувањата на Втората светска војна и појавата на големи разочарувања, општественоста мора да има поточни оцени, посебно во врска со несовршенството на европската политика и дипломатија. Ако не друго, овие разурнувања и жртви барем треба да поттикнуваат кон размислувања и барање на безбедни патишта за идните денови. Дали постои сомнение дека до таквиот хаос не дојде, пред сe, поради политички грешки?

Кога народите ќе ја изгубат својата верба во една политика, повеќе од јасно е дека таа го доживеала својот банкрот. Во таков случај само дела би им ја вратиле одново вербата во неа.

Овде се зборува за една од големите грешки што се сторени на Балканот – грешката во врска со Македонија. Оваа земја е мала, но нејзиното прашање е познато уште од древнина. Притоа, современата општествена заедница знае за Македонија, пред сe, поради нејзината ослободителна борба.

За суштината на таа борба, за вистинските стремежи на македонското население, меѓутоа, цивилизираното општество знае сосем малку; а и многу работи ги знае изопачено. Најчесто не се зема во предвид, не се забележува токму тоа што е најважно, трајно и спасително во македонското движење – неговото становиште за независност на земјата, помирлива формула за балканските народи.

Идејата за слободна и независна Македонија е толку голема; правдата. за којашто македонското население се бори, така очигледна; самата борба така сеоддајна и идеалистички водена; објективните странски познавачи на вистината за Македонија толку авгоритетни и многубројни што за секој чесен човек е лесно да ја разбере таа вистина, а заедно со тоа и големината на непријателските аспирации кон Македонија.

Ние длабоко веруваме дека балканското братство ќе се оствари. Најмногу жртви за него даде храброто население на Македонија. И денес тоа, можеби повеќе отколку никогаш досега, со возбуда очекува да триумфираат прокламираните од големите западни сили принципи, кои потполно совпаѓаат со македонските стремежи. Најдревната држава на Балканот – Македонија, без сомнение, ќе воскресне одново. Нејзиното население не може да биде оставено и натаму бездомно во сопствениот дом. Неговата волја за живот и делување не само што не е умртвена поради незгодите, туку обратно – таа е засилена. Сите жители на Македонија, како и прогонетите нејзини синови во туѓина, веруваат дека се ближи денот, кога општестеените заедници конечно ќе бидат поставени врз хумани основи при што само во животинското царство ќе останат примери за тоа како посилните ги јадат послабите. Не стане ли така, тажните борби меѓу луѓето ќе продолжат. Притоа, тие ќе станат уште поопасни, кога, во блиска иднина, на дофат на обичниот граѓанин биде некој атомски пиштол наместо денешниот.

Ние сме уверени дека сите неразрешени или лошо решени прашања, отворено ќе се постават за разрешување. Во врска со прашањвто за Македонија, балканските политичари, исто така, не ќе можат и натаму да ги закопуваат своите глави во песокот како што тоа го прави нојот. На овој одживеан метод на бегање од стварноста, сe уште се заробеници некои од нив. Со сколастика и недоречености проблеми не се разрешуваат, ниту народ може да се задоволи, ниту пак единство да се постигне; ќе остане поделбата – најдобриот сојузник на секој злонамерен фактор. Балканските народи мора да го победат сопственото разединување. Тоа ќе се постигне единствено преку справедливост и меѓусебно почитување.

Најзначајниот напор за едно балканско помирување -тоа е слободата и независноста на Македонија.

Авторот

ПРВА ГЛАВА

СЛУЧАЈОТ СО ШВАЈЦАРИЈА

Мнозинството од оние што политички размиспуваат, со восхит гледаат на Швајцарија. Многу народи со завист гледаат на нејзината благосостојба, со обезбедената во неа слобода на личноста, со хармонично развиените општествени односи и отсуството на надворешно-попитички грижи.

Всушност, ништо чудно нема во тоа што постигнале Швајцарците. Дали има нешто поприродно од единомислието, во коешто живеат одделните националности што живеат во таа земја? Нема пологично од тоа што таму се обезбедени сите права на граѓанинот; што државните служби се достапни за секој и што народот вистински учествува во донесувањето на законите; што не постои национално, религиозно или класно угнетување; што односите на земјата со другите држави се развиваат лојално и спокојно.

***

Меѓутоа, до таа состојба не се дошло сосем лесно. Ако ја отвориме историјата, ќе видиме какви сe напори поднесло населението на Швајцарија во текот на децении и векови; какви внатрешни недоразбирања и какви судрувања со своите соседи доживувало, и колку спорови и конфликти настанувале помеѓу западноевропските земји во врска со Швајцарија.

Основните причини за судири и непријатности во минатото на таа земја произлегувале, пред сe, од аспирациите на соседите и од различната религиозна припадност на месното населеиие. Националните различности не претставувале посебно важен извор за внатрешните несогласија. Таму живеат, како што е познато, четири националности: Германци, Французи, Италијанци и едно племе – Реторомани – мошне блиско до Италијанците. Етничката граница доста добро се оцртува меѓу областите. Во повеќе кантони живеат измешано протестанти и католици.

Дпабоки биле во минатото делбите меѓу двете вероисповеданија во западниот свет. И во Швајцарија, пред да се дојде до денешните средени односи меѓу црквата и државата, меѓусебните судири врз религиозна основа биле тешки и долготрајни. Мошне често религиозните моменти решавачки одлучувале во борбите; вистински војни се воделе на чисто религиозна основа.

Во почетокот на XVI век реформацијата почнала силно да се пројавува во Швајцарија, благодарение, пред сe, на усилбите на Цвингли во Цирих. Како нејзина последица, долго време во Швајцарија била присутна поделбата на спротивставени табори. Внатрешните швајцарски судири, во тоа време, се водени со безобѕирна жестокост. Мошне често, кантоните биле поделени на две групи, кои влегувале во сојуз со надворешни сили, едни против други. Многу пати доаѓало дури до закани за отцепување од заедницата.

Така, во 1531 година се водела војна меѓу кантоните со претежно протестантско население и оние, во кои постоело католичко мнозинство. Во 1656 година има друга војна, во којашто жителите на Берн биле победени. Протестантизмот и католицизмот таму се борат за надмоќ. Внатрешните религиозни и политички раздори и поделби продолжуваат скоро до пред сто години. За последен пат со оружје в рака, протестантите и католиците се судриле во 1712 година кај Вилмерген, при што победата ја однеле протестантите.

Општествениот поредок и единството на Швајцарците го загрозувале сериозни потреси и разни проблеми од политичка природа. Доаѓало и до големи немири, до отворени бунтови, до ставање во готовност на одделни внатрешии војски, за да се стигне најлосле, пред стотина години, до конечното внатрешно уредување. Понекогаш владеачките режими прибегнувале до мошне строги мерки и едноставно се налагале над мнозинството од населението.

Внатрешни несогласувања постоеле и на економска основа. Во некои од кантоните во 1653 година избувнало и селско востание. И тоа, исто така, покажува дека не секогаш во таа земја сe се одвивало глатко. Сосем спротивно — историчарите еднодушно забележуваат дека во текот на неколку векови во Швајцарија владее потполн хаос.

Во 1845 година се случил последниот сериозен смут. Седум кантони склучиле сојуз и започнале да се организираат за воен отпор против другите, одлучувајќи да се одделат од швајцарската заедница, поради спорови од политичка и од црковна природа. Стоилјадна армија од другите кантони, предводена од генерал Вилхелм Анри Дифур, го презема Луцерн; седумте кантони биле победени во 1847 година и биле принудени да останат во заедничката држава. Тогаш се внесуваат извесни промени и во уредувањето на државата, при што од конфедерација се поминува кон федерација. Така, по своето општествено уредување Швајцарија се доближува до Соединетите Американски Држави. Во 1874 година се прави уште еден чекор кон централизација преку исправки во Уставот. Значи и во Швајцарија неретко била проливана крв во внатрешните меѓусебни борби.

Но сепак, духот за братството и свеста за општите интереси победиле. Сево ова им давало на Швајцарците сила да им се спротивставуваат на притисоците од страна на нивните соседи. Својот стремеж кон политичка самостојност швајцарскиот народ го платил со сопствената крв. Пред сe, напорни борби Швајцарија водела за своето ослободување од политичката доминација на Австрија. Имено во тие борби е создадена легендата за Вилхелм Тел. Швајцарците доживувале и порази, но неколкупати остварувале и големи победи, кои претставуваат гордост за сите швајцарски поколенија.

Швајцарија не секогаш успевала да се одбрани од туѓите влијанија. Честопати таа ги прифаќала политичките желби на соседните држави. Во определени периоди таа, на пример, војува против Франција; но потоа, кон XVI век. е под силно влијание на француската политика. Со оглед на тоа што била загрозувана од надворешни опасности, Швајцарија, уште пред Француската револуција, ја прокламирала својата неутралност. Истото го правела и подоцна. И покрај тоа, во времето на спомнатата револуција, доаѓа до ново француско мешање во швајцарските работи, при што во Швајцарија навлегле француски воени единици; ваквите случаи се чести во историјата на Шаајцарија, а тоа го правела и Австрија. Во овој случај извршени се реформи според француски револуционерен образец. Кантоните биле претворени во обични администратавни единици. Се создава централизирана држава, како во Франција. Некои кантони даваат вооружен отпор. Во војната, пак, што сојузените европски држави ја започнале против револуционерна Франција, Швајцарци има на двете страни. Во времето на Наполеон доаѓа до внатрешни политички судири помеѓу „унитаристите“, кои се залагале за централизирана република, и „федералистите“, кои се застапувале за поголема автономија на кантоните. Наполеон ги поттикнува овие недоразбирања, за да биде потоа арбитар во внатрешните работи на Швајцарија. Околу шест илјади Шаајцарци загинале како Наполеонови војници во походот му против Русија. Кога Наполеон паднал од власт, се креваат други внатрешни сили со аристократска политичка ориентација.

Дури во 1815 година Големите сили ја признаваат вечната неутралност на Швајцарија и неповредливоста на нејзиниот територијален интегритет. Меѓутоа, како што веќе рековме, сe уште не биле згаснати внатрешните политички борби, а понекогаш се појавуваат недоразбирања и со други држави. Така, на пример, во 1838 година доаѓа до воена напнатост со Франција, поради отказот на Швајцарија да изврши екстрадиција на емигрантот Луи Наполеон.

Австрискиот император Максимилијан се откажал од своите права над Швајцарија во 1499 година[1]. Како независна држава Швајцарија е призната за првпат со Вестфалскиот мировен договор во 1648 година т.е. околу четиристотини години откако бил поставен почетокот на швајцарското обединување од страна на трите кантони – Швиц, Ури и Унтервалден. До 1798 година швајцарските кантони биле само тринаесет. Притоа, долго време постоеле неполноправни кантони – Сент, Гал и градот Биен – со места и глас во Диетата, без да бидат целосно федерирани. Постоеле, исто така, сојузници на Конфедерацијата – на пример, покаснешните кантони Вале, Женева, Гризоните, Њошател, Милхаузен, Базелската епископија. Постепено, отстранувајќи ги постоечките пречки, подоцна сите биле примени во швајцарската заедница. Мошне бавно се менувало сето она што претставувало преграда помеѓу скоро самостојните кантони. До пред неколку децении кантоните ги разделуваа многу работи; имаше дури царинарници помеѓу нив. И, како што рековме, врските помеѓу нив честопати виселе на влакно. Швајцарското братство поминало низ многу тешкотии и опасности.

Петте големи сили[2], коишто го потпишаа Парискиот договор во ноември 1815 година, изјавиле дека „неутралноста и суверенитетот на Швајцарија како и нејзината независност од какви и да било надворешни влијанија се од посебен интерес за цела Европа“. Државите коишто й го признаа статусот на вечна неутралност, по Првата светска војна станаа дваесет и пет. Членот 435 од Версајскиот договор ги потврдува решенијата од 1815 година и ги нарекува „меѓународни обврски за зачувување на мирот“. Советот на делегатите состави на 13 февруари 1920 година декларација, според која швајцарската неутралност е наполно оправдана и е од особена важност за зачувување на општиот мир и, притоа. не се коси со одредбите на меѓународното право.

Веќе повеќе децении кај никој Швајцарец не постои мисла за отцепување, и никој од соседите не посегнува по швајцарската самостојност. Општо е убедувањето дека швајцарската независна држава им обезбедува среќен заеднички живот на нејзините четири националности, ги смирува соседите и го дава својот значаен придонес за зачувувањето на мирот.

***

Но само за момент да си претставиме една друга ситуација. Да си претпоставиме дека и покрај стремежите на Швајцарците, тие не успеале да ја остварат сопствената независност или дека таа им е одземена. Да си претставиме дека Швајцарија е поделена и се наоѓа под власта на трите соседни држави; дека Франција, на пример, ја завзела областа помеѓу Мон-Блан, Базел и Циришкото езеро; дека Италија ги присвоила скоро сите останати области на Исток – до австриската граница, додека Германија, и покрај тоа што мнозинството од населението во Швајцарија е од германско потекло, ја окупирала само територијата околу Воденското езеро со два-три мали кантони. На таков начин Италија би поседувала сжолу дваесет илјади квадратни чилометри швајцарска земја, Франција – околу седумнаесет илјади квадратни километри, а Германија – околу пет илјади квадратни километри. Би имале, всушност, распарчување потполно исто со она што на Балканот е спроведено во однос на Македонија од страна на нејзините три соседи Грција, Србија и Бугарија. Да си замислиме дека се прибегнало и до истите обиди за денационализација, на каква што е подложено посебно бугарското население во Македонија, коешто е мнозинсво. Со тоа, се разбира, швајцарскиот народен дух нема да згасне, а и стремежот кон слобода ќе остане да живее. Врз основа на една елементарна прогноза, положбата во којашто ќе се најде земјата би била следната:

Опозиционо расположение и ненавист кон туѓата власт ќе најдете во секој швајцарски дом. Низ градови и села 6и се распоредиле органи на таа власт, дојдени оддалеку, и тие, во свои раце, ќе ги имаат сите битни места во органите на управата, за да го насочуваат целокупниот општествен живот во согласност со желбите и барањата на окупаторите. Нема да има ниту трага од онаа швајцарска автентичност во водењето на народните работи, којашто би била карактеристично обележје на една слободна земја. Според плановите на различните окупаторски власти, во една околија, на пример, ќе се допуштаат избори за општински совети, додека во друга советите ќе бидат назначувани: на едно место назначувањето ќе се спроведува од цивилната власт, а во друго – од воените команданти. Некаде избраните лица ќе бидат месни луѓе, а на друго место – дојденци од владеачката држава: во една општина ќе бидат правени обиди за обезбедување на општественото „одобрување“ преку подмолна лолитика и со сретства на народот, додека во друга – истиот тој народ со кундаци ќе биде растеруван. Примерот со самоволијата во локалната самоуправа може да се пренесе во која и да било област – во боравењето со политички, стопански, религиозни, образовни, судски и секакви други прашања. Се разбира, би била избришана секоја трага од кантоналната самостојност. Границите на трите држави ќе пресекуваат повеќе кантони, не сообразувајќи се со нивната традиција и нивниот интерес. Токму со таква цел би била направена и самата поделба на земјата – да се убие во самиот зародиш секоја швајцарска помисла за осамостојување.

Сите здруженија со швајцарски карактеристики ќе бидат растурени, вклучувајќи ги тука и хуманитарните, спортските и вегетаријанските. Најригорозно забранувани ќе бидат оние здруженија, коишто ќе настојуваат да ги негуваат врските помеѓу Швајцарците од различните населени места и области. Ќе бидат основани разни нови друштва, раководени од придојдени службеници или од верни на власта поодделни Швајцарци; тие ќе бидат лаборатории против швајцарските идеи. Училиштата, и пред сe универзитетите, нема да имаат швајцарско име и насоченост. Повеќето од професорите, учителите и свештениците ќе бидат дошлаци од земјите-окупатори. Наставниците и воопшто интелектуалците од месно потекло ќе бидат толерирани ако се согласат да предаваат изопачена историја, којашто ќе ги фалсификува швајцарското минато и швајцарските стремежи. Библиотеките ќе бидат исчистени од книги со швајцарски дух. Ќе бидат урнати спомениците што потсетуваат на швајцарскота единство и самостојност. Поради истата причина ќе бидат ограбени и музеите. Казни ќе го очекуваат секој којшто нема да им ги предаде на властите оние предмети што напомнуваат за полмтичката посебност на Швајцарија. И во манастирите ќе бидат доведени духовници првенствено од земјите-поробувачи. Ако биде возможно, туѓите власти ќе направат обид да ги променат и имињата на одделни нејзини граѓани, за да им дадат форма, каква што имаат имињата во соодветните три држави.

Една од важните задачи на освојувачот ќе биде да ја намали економската моќ на Швајцарците. Осиромашувањето на народот ќе биде потпомагано на повеќе начини. Поголемите претпријатија ќе бидат одземени од рацете на Швајцарците, а трговијата со надворешниот свет ќе биде исклучително под контрола на власта. Исхраната ќе биде мошне отежната. Банките ќе и служат на туѓата политика. Голем дел од средствата на населението ќе се трошат за подмитуаање на властодршците, коишто, и без тоа, на разни начини ќе го приграбуваат за себе и за својата држава швајцарското богатство. Индивидуалната и општествената изградба ќе се намали многукратно Она пак, што дотогаш било изградено, постепено ќе гние и ќе се распаѓа. Воопшто земјата ќе биде само објект на безобѕирна експлоатација, но во никој случај корисник на какви и да било права. Швајцарското стопанство, ако за него воопшто би можело да се зборува, ќе биде само мал дел од големите стопанства на освојувачите.

Политичките интриги, измислувани и проширувани од разни центрови, ќе се сојузат со црковни интриги, за да ги разбудат старите страсти и недоразбирања, на коишто Швајцарците не беа имуни во подалечното минато. Во слобода таквите недоразбирања лесно можат да се решат, но во ропство тие многу лесно се разбудуваат.

Обична појава ќе бидат фалсификациите на најочигледните вистини. Во земјата и во странство, на очиглед на општествената јавност, ќе се шират невистини за односот на Швајцарците кон освојувачите, односно евентуалните избори, ако на некои места такви бидат допуштени, во врска со материјалната положба на народот итн. Основната тенденција на овие лаги ќе биде насочена, се разбира, пак против идејата за обнова на швајцарското заедништво, иако одвреме навреме ќе се кажува и по нешто во корист на една или друга група Швајцарци, ако тоа е од полза за некој од окупаторите во определен момент.

Ќе се слушнат и мислења на Швајцарци дека е подобро Швајцарија да биде присоединета кон една или кон друга од соседните држави, или затоа што таа се покажала најлојална, или затоа што е најбогата, најдемократска или најсилна. Ќе се појават спорови помеѓу самите Швајцарци во врска со нивниот однос кон едни или други ветувања на одделните окупатори за целосно вклучување на Швајцарија во нивните граници. Ќе се изнесуваат вербални и пишани аргументи – еднаш во корист на француското слободољубие и просветеност, другпат во корист на германската расна блискост со мнозинството Швајцарци, третпат во корист на Италија поради нејзиниот придонес во општоевропската цивилизација. Одвреме навреме ќе доаѓа и до судири помеѓу Швајцарците во врска со прашањето во кој политички гроб ќе биде најдобро да биде сместена Швајцарија, бидејќи многу од Швајцарците ќе бидат цврсто определени против секаква надворешна власт во нивната земја.

Против сите овие зла нема да биде дозволеио да се води дури легална борба. На швајцарските весници нема да им се дозволува да напишат ниту збор против однесувањето на властите или пак за несреќата на народот. Потполно е проблематично дали ќе биде дозволено излегувањето на весници со политичка ориентација. Отпорот на населението ќе мора да се манифестира илегално. Ќе се појави потреба тајно да се организира спроведувањето и на најобични иницијативи коишто, според самите Швајцарци, се корисни за селото, за општината или за целата земја. Меѓутоа, тие дејства ќе бидат прогласени за противдржавни дела. Граѓаните ќе се најдат под ударот на вонредните закони, ќе плаќаат казни и ќе бидат затворани само поради желбата да се даде израз на народната волја. И така, незабележливо, дури и да не го сака тоа, населението ќе биде приморано да прибегне кон вооружено здружување, кон револуционерни методи. Впрочем, неговиот слободарски дух може да го побуди да создаде, свесно и со цврста определба, своја револуционерна организација и свој револуционерен центар уште во првите денови на ропството.

Откако ќе се појави една ваква борба, првата мерка на власта ќе биде да го ограничи слободното движење. Без посебна дозвола нема да може да се патува со ниту едно превозно средство, ниту пешки да се оди од едно село во друго или од еден во друг град. Оваа мерка, покрај сe друго, најголема штета ќе му нанесе на туризмот, којшто би и носел на земјата големи приходи и би ја направил Швајцарија блиска и позната на милиони луѓе од целиот свет. Можеме да си претставиме каков револт и очај ќе предизвика помеѓу Швајцарците оваа мерка. Само таа е доволна за да предизвика вооружен отпор. Несигурна ќе стане, исто така, и кореспонденцијата; допишувањето со странство ќе биде подложено на големи ограничувања. Ќе дојде до воведување на воена срстојба, на полициски час. Затворите ќе бидат преполнети со Швајцарци. Полицијата ќе биде установа со која населението ќе има најмногу работа. За секоја револуционерна акција, за секое посегнување по најобични органи на власта, инаку потоната во злосторства против народот, ќе бидат наложувани масовни казни – парични и други, ќе бидат земани заложници. Заради постоењето на нелегални лица, честа појава ќе биде присуството на полициски и на воени одреди по патиштата, нивното распоредување и исхрана по населените места на сметка на месните жители, чувањето на премини и мостови од вооружени формации. Поради сето ова, посегнувањето врз спокојството, имотот, и честа на луѓето ќе стане јавно. Физичкиот терор ќе се почувствува насекаде; ќе бидат подигнати бесилки.

Поради ваквата ситуација неизбежно ќе се создаде голема швајцарска политичка емиграција во разни земји. Таа ќе обелоденува податоци за положбата во својата татковина, ќе издава револуционерни весници, ќе поднесува мемоари до странски влади и до меѓународни институции: ќе апелира за помош и за правдина. Апелите ќе остануваат, скоро секогаш, без одговор. Притоа, постојано ќе се даваат препораки за воздржаност, за трпеливост; неретко емиграцијата ќе доаѓа до констатација дека нивните барања за човекови права и слобода побудува кај другите само најобична досада. Големите идеалисти среде таа емиграција ќе слушнат како ги нарекуваат, авантуристи, лудаци, кои со своите агитации, не го оставаат на спокојство швајцарскиот народ и го нарушуваат мирот во Европа. Ќе се појават швајцарски емигрантски весници со различна политичка ориентација, пишувани на различни јазици. Самиот поробувач ќе направи обид да издава весници за Швајцарци и да ги изнесува сопствените погледи. Може да се стигне дури до таму што јавното мислење во другите земји најмалку да размислува и да се интересира за швајцарскиот народ и неговата слобода, туку единствена преокупација да му биде спокојството, редот и мирот на стариот континент.

Ќе се испреплетуваат совети, интриги, пречки и најубави желби на разни странски политичко-идеолошки тенденции – демократски, социјалистички, комунистички итн. За добро или за зло, Швајцарците неизбежно ќе се поделат и на таква основа; и тогаш тие ќе почувствуваат на сопствената кожа колку погубна е делбата во време на ропство, дури и во името на најсветли идеали.

Во тоа време швајцарските младинци ќе бидат мобилизирани во војските на трите окупаторски држави и при потреба ќе се борат еден против друг за туѓи интереси. Ќе има случаи кога Швајцарци ќе дезертираат од тие армии во други земји или од територијата на еден окупатор на територијата на друг. Во таквите случаи ќе се подига врева околу обострано разменети ноти за екстрадиција на бегалците. Со еден збор, светската јавност постојано ќе биде вознемирувана со швајцарски проблеми, немири, протести, судири. Ќе се најдат во културниот свет и такви себичници, кои ќе заговараат иселување на Швајцарците од некои бунтовни подрачја или од целата земја некаде во други континенти, сe со цел да се смири еднаш засекогаш западниот свет од тие швајцарски истории… А по швајцарската земја ќе се подигаат сe повеќе и повеќе тврдини за зацврстување на ропството. На повеќе места ќе се подигаат телени мрежи за да се спречуваат нелегалните бегства на Швајцарците. Во училиштата децата, чиј мајчин јазик е германскиот, наставата ќе ја следат на француски или италијански; таму, пак, каде што мајчиниот јазик е француски, децата ќе бидат школувани на италијански и обратно. На јавни места Швајцарците ќе мораат по секоја цена да го зборуваат јазикот на окупаторот.

Најпрогонувано од се ќе биде политичкото име Швајцарец. Вилхелм Тел, без сомнение, ќе биде прогласен за разбојник.

Доколку, пак, по некое чудо, некоја меѓународна институција или хуманитарно здружение би направиле обид да го кренат својот глас во корист на угнетените Швајцарци или, што би би.о уште поголемо чудо, да направат анкета во врска со ситуацијата во Швајцарија – нема да се дојде до никаков резултат, поради пречките од страна на окупаторите и нерешителноста што, обично, ги придружува таквите иницијативи.

Државите што меѓу себе си ја поделиле Швајцарија, ќе го затрупаат книжниот пазар со трудови, во кои ќе ја докажуваат апсолутната потреба да ги задржат под своја контрола окупираните подрачја – поради економски и стратегиски побуди, поради расна блискост, историски спомени и сл. А и надмудрувањата помеѓу Берлин, Париз и Рим нема да имаат крај.

Значи, би ја виделе Швајцарија во истата положба во којашто е ставена Македонија, со иста таква, ако не и повосхитувачка ослободителна борба и истото мрачно ропство.

Погледнато од аспект на опишаната несреќна положба, прашањето за ослободувањето и обединувањето на Швајцарија, како и прашањето за нејзината политичка независност би изгледале, за многумина, мошне сложени и тешки. За неупатените овие прашања ќе изгледаат скоро неразрешливи; такви ќе бидат и за оние што ќе го изгубат јасниот поглед пред безбројните насилства, интриги, освојувачки апетити и фалсификации; за луѓето што нема да се трудат да ги откријат потеклото и природата на слични купишта од напластени непромислености, што немаат навика да ја одделуваат надградбата од суштината. Ако некој од тој тип луѓе би погледнал, повторуваме, врз така угнетената Швајцарија, каква што ни се опишува погоре, тој песимистички 6и кренал рамена во знак дека е едноставно невозможно таква земја да биде самостојна, средена и слободна; дека таа воопшто не е способна да живее слободно и самостојно, дури и ако тоа и биде овозможено. Доколку таквите луѓе би виделе со какви тешкотии, пред сто и педесет години, требаше да се преборат Швајцарците, одново би кренале рамена и одново би рекле дека од Швајцарија само чудо може да направи самостојна држава.

Но еве, „чудото“ е пред нас. Швајцарија постои како независна и слободна држава, најуредена и спокојна помеѓу сите европски држави. Сево ова покажува дека швајцарското прашање било во суштина лесно за средување. Сложено би го правеле надворешните пречки и недостигот на добра волја. Од друга страна, сосем едноставно е ова прашање, ако постои добра волја и осознавање на основните принципи што довеле до создавање на швајцарската конфедерација.

Во случајот со оваа држава карактеристични се следниве специфичности:

1. Таа зазема централно место помеѓу четирите соседи – Германија, Франција, Италија и Австрија, како што и Македонија зазема централно место помеѓу четирите балкански држави – Бугарија, Србија, Грција и Албанија.

2. Нејзиното население е составено од делови на соседните нации.

3. По бројност преовладува една од тие националности.

4. Се покажало дека не само за жителите на Швајцарија, но и за нивните соседи неуредениот швајцарски статус носел само штети. Оваа земја долго време беше „јаболко на раздорот“ и извор на постојани недоразбирања.

5. Швајцарското население само ги дало првите укажувања дека е повеќе од неопходно нивната држава да добие самостоен политички статус.

6. Од локален проблем швајцарското прашање се претвора во европски проблем од којшто зависеле стабилноста и општиот мир.

7. Се поминало низ повеќе дипломатски надмудрувања и одолжувања за да се стигне конечно до спасоносното решение за признавање на независна и самостојна швајцарска држава.

8. Постоењето на внатрешни недоразбирања и судири, како и недоразбирањата со соседите, а и на самите соседи, не само што не ја смалила, туку напротив, ја зголемила потребата од швајцарска самостојност.

9. Се изградува мит околу швајцарските борби за ослободување.

10. Со создавањето на независна Швајцарија, Европа ги добила овие благодети: а. неутрализиран е еден опасен извор за недоразбирања помеѓу соседните нации, што претставува голем придонес кон зацврстувањето на општиот мир; б. се дава одличен пример како треба да се разрешуваат други проблеми слични на швајцарскиот; в. се задоволува принципот на праведност во однос на швајцарското население, кое се стремело кон слобода, мир и напредок.

Ние не гледаме друга земја во Европа, којашто во духот на претходните констатации, да е толку слична со Швајцарија, како што е Македонија.

Секој жител на Македонија ќе потврди дека уредувањето на македонското прашање е едноставна работа, но него го комплицираат аспирациите на соседите и политичките мотиви на подалечни држави. Кога македонските борци сакаат накратко да ја истакнат суштината на своите стремежи, тие со право велат дека се борат за една Швајцарија на Балканот. На страниците што следуваат, подетално е објаснето зошто македонското ослободително движење си поставило таква политичка цел.


1. Последната војна против Австрија се води во 1498 година. Победничка во таа војна била Швајцарија и таа била одделена од Империјата со мировниот договор во Базел 1499 година.
2. Големите сили, коишто го гарантираа швајцарскиот суверенитет и неутралност беа: Австрија, Франција, Белика Бритаиија, Прусија и Русија.

ВТОРА ГЛАВА

МАКЕДОНИЈА – ВАЖНОСТ НА НЕЈЗИНАТА МЕСТОПОЛОЖБА. СТОПАНСКИ ПОТЕНЦИЈАЛИ. НАСЕЛЕНИЕ

Македонија е географски центар на Балканот. Околу неа се наоѓаат Србија, Грција, Бугарија и Албанија.

Реката Вардар ја пресекува Македонија од север кон југ на две еднакви половини. Оној што ќе ја има долината на оваа река, од изворот до утоката и кај градот Солун, тој фактички ќе го поседува најважниот дел од Балканот.

Јужната македонска граница е Егејското море и реката Бистрица; западната поминува покрај Охридското Езеро и по врвовите на граничните со Албанија планини Кораб и Пинд; на север Македонија граничи со планините Шар, Осогово и Рила, а на исток со Родопските планини и со реката Места (Кара-Су).

Доволно е само да се погледне картата за да се сфати зошто сите најбитни балкански проблеми се поврзани со Македонија.

Уште од најдлабока древност низ Македонија поминуваат патишта, што биле од големо значење за соседните и за подалечните земји; тие патишта водат кон Дунав, Цариград, Егејското море и кон Јадранот.

Најблиската врска на целиот Балкан со земјите околу источното Средоземно море е преку Македонија и нејзиното големо пристаниште Солун.

Во последно време сe поголемо значење добиваат, за земјите од источна и за дел од земјите од централна Енропа, двата патни правци што излегуваат кај Солун и Кавала, по долините на македонските реки Вардар и Струма. За Романија, Полонија (Полска), Западна Украина, Бугарија и Србија овие патни правци имаат такво значење какво што, на пример, има Сент-Готарскиот пат преку Швајцарија за германските области и за Италија или пак какво што има Трст за Австрија, Унгарија, Словенија, Чехија (Чешка), Словакија (Словачка) и Кроација (Хрватска). Солун и Кавала ќе ја вршат својата, важна за многу земји, трговско-економска улога најдобро, се разбира, само тогаш кога нивниот голем хинтерланд – Македонија, чиј неотуѓив дел се тие, стане спокојна земја, во којашто ќе владее просперитет во услови на слобода и правда. Сент-Готарската линија й служи на големата трговска размена помеѓу Германија и Италија, поткрепена од политичката ситуација во Швајцарија. По 1913 година Солун и Кавала се откинати од својот хинтерланд и се притиснати како со клешти.

Значењето на Македонија, со нејзините пристаништа, уште повеќе ќе порасне кога ќе се оствари одамна споменуваниот план за претворање на Морава и Вардар во пловидбени реки за мали пловни објекти, како и изградбата на потребните мостови на реката Дунав.

Во таков случај, размената на стоки помеѓу централна и источна Европа од една страна, и балканските земји и земјите на Блискиот Исток од друга страна, ќе се олесни до максимум; за голем дел од европскиот континент ќе се обезбедат најкратки трговски патишта кон Суецкиот канал.

Јасно е дека Македонија претставува извонредна трговска база за голем дел од Европа, североисточна Африка и предна Азија Солун, најважното пристаниште во југоисточна Европа, може да ги стигне, па дури и да ги надмине големите трговски пристаништа во западното Средоземноморје – Ѓенова и Марсеј.

Најморската земја на Балканот е Грција. Но за неа морето, од трговска гледна точка, има само ограничено, еднострано значење. Од морето, како рибари, морнари и трговци обезбедуваат егзистенција ограничен број Грци. Сосем спротивен е случајот со Македонија. Нејзиниот морски брег, како што веќе посочивме, е од особена важност за десетици милиони луѓе, голем дел од коишто се од други нации.

Но важноста на македонското крајбрежје е не помала од таа на грчкото и од стратегиска гледна точка, особено ако се има предвид модернизацијата на морското војување и близината на Македонија до Дарданелите и Суецкиот канал. Една флота од подморници која би тргнала од македонските води, би можела да га блокира Цариград од југ и истовремено да го загрози пристапот кон Суецкиот канал. За инвазиа, пак, од Средоземното море кон Дунав, Македонија има поголемо стратегиско значење, бидејќи нејзините брегови се наоѓаат поблизу до Дунав отколку грчките. Првата светска војна, со познатиот Солунски фронт, го докажа тоа за последен пат.

Сосем јасно е зошто во Македоиија се конфронтираат аспирациите на четирите балкански држави – Бугарија, Грција, Србија и Албанија. Таму одамна се крстосуваат сенките од мечовите на Англија и Русија. Познати се аспирациите и на други големи сили, пак поради истата причина. Во наше време светската јавност е сведок на отворен судир меѓу руската и англо-саксонската политика во врска со Македонија.

Македонија како комуникациски крстопат, како мошне битна за трговската размена земја и како стратегиски објект, се јавува на Балканот со поистакната по значење улога, отколку Швајцарија во Западна Европа; со еден збор, таа претставува поопасно „јаболко на раздорот“.

Споровите околу поврзаните со неа прашања имаат голема сличност со интересите и недоразбирањата што во минатото постоеле во врска со Швајцарија. За нивното најправилно разрешување мора да се прибегне кон мерката што била применета во Западна Европа – создавање независна македонска држава по образец на Швајцарија.

***

Во наведените погоре граници, Македонија не се разликува многу по територија од државата на Филип Втори, таткото на Александар Велики. И самото месно население, и соседните народи ја означуваат оваа област со името Македонија, знаејќи, притоа, точно кои региони спаѓаат во географските и во традиционалните нејзини граници. Тоа ни го посочуваат и голем број странски научници[3].

Уште од најстаро време Македонија стопански е ориентирана кон југ, кон морето, на каде што течат сите македонски реки и се свртени погледите на сите нејзини жители. Особено лошо е што таа земја е принудена трговски да се ориентира кон север, кон Србија, па преку Дунав да добива стоки од Европа и да ги извезува своите производи. Границите што произволно ги нацртаа врз нејзината снага во 1913 година и кои беа одново потврдени вр 1918 година, од економска гледна точка претставуваат огромна несреќа за македонското население. Покрај другите зла, овие граници доведоа до пропаѓањето и на Солун.

Стопанскиот живот на Македонија ги носи трагите што се присутни и во соседните балкански земји. Се разбира, во некои области дел од тие земји, во текот на последните педесет години, постигнаа значаен напредок и ја испреварија Македонија со својот економски развој, затоа што тие живееја на спобода, а Македонија стенка под ропство. Но други соседи, како што е, на пример, Албанија, останаа далеку зад неа со развојот на своето стопанство и со целата своја материјална култура.

По својата претприемчивост, меѓутоа, и воопшто по своите способности, според сведочењето и на бројни странски истражувачи, македонското население ги надминува соседните народи. Како работници Македонците се извонредни; како трговци тие се енергични, чесни и внимателни. Селското население е мошне работливо. Во слобода. будните и надарени со иницијатива жители на Македонија ќе постигнат големи успеси. За жал, поради неслободата нивната татковина се уште е необновена, без современа патна мрежа, без удобни и чисти домови, без машини.

Што се однесува до комуникациите, тие не се сосем лоши, така што ниту едно подрачје во земјата не е тотално изолирано поради отсуство на пат. Сите градови се поврзани со патишта кои, за балкански услови, можат да се сметаат за сосем пристојни. Ако се изгради уште две-три илјади километри патна мрежа, потребите на земјата ќе бидат скоро задоволени. Што се однесува, пак, до железницата, потребно е да се изградат барем уште четири до пет железнички пруги кои ќе ја крстосуваат земјата од едниот до другиот крај. Сево ова, се разбира, може лесно да се постигне, ако политичката ситуација не го попречува тоа, и ако досегашната несигурна атмосфера престане да постои. Авто-сообраќајот и во вакви услови добро функционира, макар што и тој трпи поради вештачките граници. Нема сомнение дека евентуалната независна македонска држааа ќе има сопствена трговска флота, со шго ќе бидат олеснети трговските врски на целиот Балкан со останатиот свет.

Ако се направи бегла споредба со Швајцарија, потребно е да се истакне дека изградбата на патиштата и железница во Македонија ќе биди поедноставна и поевтина, бидејќи нема да бидат потребни толку мостови, кривини и тунели, кои, притоа да се пробиваат низ карпи, како што е тоа случај со Швајцарија.

Најверојатно ќе се покаже дека Македонија е најбогата на Балканот со руда. Нејзините подземни богатства до ден-денес остануваат скоро неоткриени. Меѓутоа, при една поволна ситуација за спокојна истражувачка дејност, со привлекување на странски капитал при поволни услови, многу богатства ќе се извадат од утробата на македонската земја и ќе помогнат за нејзиното целосно економско преуредување, ќе создадат индустрија, ќе го променат сиромашкиот живот на народот.

Меѓу повеќето руди, постојат наоѓалишта на бакар, хром, олово, цинк, никел, магнезиум и железо. Сребро и злато досега е откриено во мали количини. Постојат изгледи во иднина да се добива во поголеми количини јаглен. На некои локалитети ќе се копа и убав мермер.

Значајно богатство претставува и водната енергија која штедро ќе ја помогне индустријализацијата. Се разбира, дека Македонија нема да мечтае за тешка индустрија, туку ќе се задоволи со таква, којашто е во непосредна врска со производите на нејзината земја, какво што е, на пример, производството на тутун, памук, волна, опиум, маслодајни растенија и др. Би можело, без посебни напори, да се развие лесната текстилна индустрија, чиишто основи се поставени уште во времето на турското владеење; и за други индустриски гранки суровини ќе се обезбедуваат на самото место. Електрификацијата ќе се реализира без посебни тешкотии.

***

Климата и почвата на Македонија се мошне поволни. Специјалистите потврдуваат дека нема друга земја во јужниот дел на Европа, почнувајќи од Франција па се до Кавказ, која да нуди толку разнообразни производи, колку Македонија. Таму земјата раѓа висококвалитетни житарици; разни индустриски растенија -тутун којшто е најквалитетен на Балканот и познат во светот; опиум, анасон, сусам, памук; се раѓаат во изобилство разни плодови; компири, пченка, се одгледува свилена буба, ориз.

На некои места двапати се жние во текот на годината. При современо обработување на земјата, нејзината плодност минимум двојно ќе се зголеми. Особено ако се применува пообилно наводнување и употреба на вештачки ѓубрива. Во производството на тутун, ориз и памук, коешто може значително да се зголеми, мора да се спроведат соодветни реформи. Овоштарството може да има блескава иднина.

Постои уште многу необработена земја којашто при модернизација на земјоделството, треба да биде вклучена во основниот план. Можат да се создадат повеќе гори од овие со коишто сега земјата располага. Досега обработувањето на земјата се правеше на многу примитивни начини. Во Македонија луѓето доскоро не знаеја што е тоа плуг и ораа со старото дрвено рало коешто, најверојатно, било во употреба илјада години. Ако разумно се обработува, македонската земја може да исхрани шест до седум милиони луѓе, наместо досегашните помалку од три милиони.

Сточарството ги има сите услови за побрз развој. Засега најразвиено е овчарството; но и тоа може да се зголеми и модернизира така што да се изнесува во странство многу повеќе сирење, но и масло. Би требало да се оствари и значаен извоз на конзервирано месо.

Во македонските езера и денес има доволни количини риба, каква што има, се разбира, многу повеќе во крајбрежните води на Егејското море. Значи, Македонија може да има и развиено рибарство.

Македонија е богата и со минерални води околу коишто може, како за потребите на месното население, така и за странски гости, да се изградат летувалишта и центри за одмор и рекреација. Покрај Далмација, Македонија е другата балканска земја, којашто може да им понуди на туристите вистински убавини, пред сe планински. Пирин, Рила, Шар, Кораб, Кожув, Беласица и други планини обилуваат со прекрасни места, но засега сe уште им недостасуваат добри патишта и планинарски домови. Кај источната граница на Македонија, во Доспатските планини, постојат услови, на вештачки начин и без многу средства, на некои места да се направат езера, за коишто се заинтересирани и странски инвеститори. Покрај морскиот брег на земјата можат да се изградат автопаташта. Во Македонија се наоѓаат најубааите езера на Балканот; притоа, две од нив се големи приближно колку што е големо Женевското езеро. Кога би била слободна, Македонија, секако, ќе привлече голем број љубители на природата – или во своите планини, или покрај своите езера и медитеранскиот брег, кај Солун и Света Гора.

И на друго место загатнавме, дека при политичка слобода во Македонија ќе се развие голема трговија по копно и по море. Таа би можела да експортира во други земји: разни житарици, кожа, волна, сирење, масло, месо, плодови, зеленчуци, памук, кожурци од свилена буба, афион, тутун, ориз. Голем дел од овие производи Македонија експортирала уште во времето на турското владеење. Уште одамна се одржуваат трговски врски со прекуморски земји, со Виена, Лајпциг, Венеција, Рагуза, Цариград, Смирна. Се разбира, дека старата македонска трговија ќе биде сосем безначајна во однос на трговијата во слободната македонска држава.

***

И тука да направиме споредба со Швајцарија.

Збор не може да стане за споредба во областа на индустријата, бидејќи во Швајцарија таа е силно развиена, а во Македонија е на својот почеток. Притоа, мора да се истакне дека Македонија никогаш нема да има потреба од силно развиена индустрија, бидејќи народот ќе го заработува својот леб не преку неа, туку, пред сe, преку обработувањето на земјата. Надвор од областа на индустријата, Швајцарија во многу работи е посиромашна од Македонија. Нејзината клима е посурова, а македонската – поумерена. Швајцарија е затворена во планините, а Македонија е отворена кон Средоземното море. Швајцарија е целосно зависна за својата индустрија од камениот јаглен што самата го нема, туку го набавува од други земји, додека Македонија за ништо не е така економски зависна од странство. Тоа што Швајцарија го заработува поради тоа што низ неа поминуваат трговските патишта за соседните земји, Македонија ќе го заработи во поголем обем преку своите сувоземни, речни и морски патишта. Во моментот Швајцарија има поразвиено сточарство, но и Македонија ги има сите услови да дојде до тоа ниво на развој, па дури и да го надмине. Швајцарија има повеќе гори, но во иднина Македонија може да ја стигне. Швајцарија не само што има помалку земја, туку таа е могу понеплодородна. Обработливите површини во Македонија се многу повеќе и во неа се добиваат поголеми количини прехранбени продукти и други производи. Швајцарија, како и други земји од типот на Белгија и Австрија, имаат полоши услови за самостојна исхрана – произведуваат помалку храна, а треба да исхранат побројно население. Тие имаат многубројно градско работничко население, додека во Македонија жителите на градовите се значително помалку на број, при што голем број од нив се занимаваат и со земјоделство, ако не повеќе, барем да обезбедат храна за сопственото семејство. Македонија е побогата, исто така, и со минерални богатства. Додека Швајцарија, и во иднина, ќе експортира, пред сe, индустриски производи, машини и сл., Македонија ќе изнесува надвор од својата земја првенствено земјоделски производи; се разбира, ќе дојде време кога и таа ќе експортира индустриска стока.

За Швајцарија не може да се каже, дека претставува географска и економска целина до таа мера, како што е тоа случај со Македонија.

Оваа бегла споредба покажува до каква степен се неаргументирани и произволни тврдењата на заинтересираните средини, кои настојуваат да ги доведат во заблуда неинформираните, дека. божем Македонија како независна држава не ќе може екокомски да опстане, не би можела сама да се исхрани… Такво нешто би можело да се каже за други земји во Европа, но никако за Македонија. Ако една затворена Србија, ако една каменлива Грција можела да се исхрани и да егзистира како независна држава, повеќе од јасно е дека Македонија како самостојна земја би можела да блаженствува, па дури и да им помага на спомнатите нејзини соседи.

***

Македонија има 66 илјади квадратни километри, а тоа значи дека таа е поголема од следниве европски земји: Швајцарија, која има 41,000 км2, Белгија – 30.000 км2. Холандија 34.000 км2, Данија (Данска) – 43.000 км2, Естонија – 47.000 км2, Литва – 53.000 км2, Албанија – 28.000 км2, Словакија (Словачка) – 37.000 км2, Луксембург – 2.600 квадратни километри[4].

До 1912 година т.е. до денот кога се зголеми приграбувајќи македонски територии, Србија, со своите 47.000 км2, беше помала од Македонија. Грццја имаше 65.000 км2, колку што има и Македонија, Црна Гора, како самостојна држава, имаше само 9.000 км2.

Некои од наведените државички имале население незначително побројно од тоа на Македонија, додека кај други населението било помалобројно. Како по територија, така и по население, Македонија е скоро еднаква со Ирландија (Ирска). Во 1912 година Македонија имаше околу 2,5 милиони население.

Повеќето од наведените земји воопшто ги немаат економските можности што ги има Македонија. Притоа, ниту една од нив ја нема нејзината важна географска положба. И покрај тоа, сите тие се самостојни, независни држави, иако скоро за сите нив се тврдело, дека не би можеле да опстанат како самостојни. До неодамна и за Ирландија (Ирска) се тврдеше дека не би можела да биде самостојна држава. Неколку векови на ред беше самостојна и Црна Гора, којашто по територија е седумпати помала од Македонија и осумпати по население, додека земјата и претставува обичен каменарник, што побудува очај. Албанмја е двапата помала по население и по територија и многу посиромашна од Македонија. Очигледно е дека со оглед на големината на својата територија и бројноста на своето население, Македонија има одлични услови да биде самостојна држава.

***

Во Македонија уште од старо време живеат следниве пет народности: Грци, Бугари, Турци, Албанци, Власи. Малку подоцна во неа се населиле и Евреи. Не постои никаква трага од древните Македонци, сонародниците на Александар Велики, кои ја населувале Македонија пред 2-3 илјади години.

Грците живееле првенствено во крајморските градови, а по 1922 година се населија и во некои места северно од крајбрежните региони. Нивните населби покрај морето се доста стари; постоеле уште во древногрчката епоха, како и во времето на Византија.

Албанците, исто така, се стари жители на Балканот. Во некои од западните делови на Македонија тие се населиле во текот на турското ропство, користејќи ја својата привилегирана положба како муслимани.

Бугарските словени масовно се населиле во Македонија по петтиот век од Новата ера и тоа низ целата земја; помалубројни тие биле само во некои крајморски градови.

Власите, исто така, се древни жители на Полуостровот. Во Македсни|а тие живеат уште од епохата на римското владеење. Населени се првенствено западно од реката Вардар.

Турците, пак, дошле во Македонија во XIV век по Христа како освојувачи, живееле по села и градови низ сите региони на Македонија.

Евреите се сконцентрирани главно во градот Солун, но ги има и во други македонски градови во помал број.

По занимање, Грците се првенствено трговци и занаетчии; Албанците и Власите – сточари; Бугарите и Турците – земјоделци. Се разбира, дека ова професионално разграничување не е апсолутно. Меѓу занаетчиите и трговците има, исто така, Бугари, Турци, Власи и Албанци; во некои места и Грците се занимавале со земјоделство. Евреите биле, пред сe, трговци, додека Турците работеле како службеници и воени лица.

Дури во последните години на турското владеење селското население започна да станува сопственик на земјата, којашто со векови ја обработуваше. Во времето на турското ропство со земјата располагаа таканаречените бегови – крупни земјопоседници (феудалци). Тие беа принудени да го распродаваат својот имот на селаните поради мерките што Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО) ги презеде против нив.

***

Повеќе автори[5] се принудени да се служат со статистики за Македонија што се појавиле пред 1912 година. Од една страна, затоа што по таа година веќе нема веродостојни нови статистики и од друга страна, затоа што по спомнатата година започнаа. и се уште траат, присилни раселувања во некои македонски региони.

Бројот на националностите до 1912 година (во заокружени бројки) бил следниот:

Бугари околу 1200000
Грци околу 240000
Турци околу 500000
Албанци околу 160000
Власи околу 80000
Евреи околу 90000
Разни околу 40 000

Според статистичките податоци на г-н Леон Доминијан, објавени од Американското географско друштво во Њујорк, бројот на Грците во Македонија во 1912 година (а тоа значи и до 1922 година) 6ил 190.000.

Според податоците на хрватскиот истражувач Стеван Верковиќ, кој повеќе години ја проучувал Македонија, како и според авторитетното мислење на г-н проф. Вајганд и на бугарскиот географ Васил К’нчев, бугарското население во Македонија до наведената година, но и подоцна, претставувало 52 процента од бројот на целокупното население. И други специјалисти наведуваат дека тоа население претставувало 50 проценти од месното население; такви податоци дава и турската статистика. По драѓањето на Турците во Македонија голем број Бугари биле исламизирани. Овие исламизирани Бугари, познати под името „торбеши“, не се вклучени во гореспоменатиот број на бугарското население. Еден дел од македонските Власи, исто така, биле исламизирами. Тие, се разбира, не се вклучени во горенаведениот број на влашкото население.

Во сите поавторитетни енцикпопедии се посочува, скоро без отстапување, овој број на население што ние тука го наведуваме. Најнеточни во однос на Македонија се српските и грчките статистики, коишто се демантирани и од турската статистика.

Националностите што ја населуваат Македонија се само делови од народите што со векови живеат на Балканот и веќе имаат, од стотина годинм наваму, свои национални држави. Во таа смисла положбата во Македонија е иста со таа во Швајцарија. Тука не постои одделна македонска нација, како што таму не постои швашарска нација во етничката смисла на овој збор. Тука одделните националности се служат со оној литературен јазик, којшто се употребува од соодветната матична нација – турски, албански, грчки, бугарски, романски, како што во Швајцарија одделните националности се служат со литературчиот германски, француски или италијански јазик.

Во Швајцарија целокупното население е христијанско, но е поделено на католици и протестанти. Во Македонија има муслимани и христи|ани (повеќето православни). Доколку помеѓу христијаните имало и има судири, тие се должат на националните разлики, а не на верските различности.

Малку пред Балканските војни, Турците се обидоа да ја колонизираат Македонија со Бошњаци, кои ја напуштиле Босна по нејзиното дефинитивно приклучување кон Австро-Унгарија. Таа колонизација не се покажа успешна. Сите населени Бошњаци избегаа во Турција по нејзиниот пораз во 1912 година. По Првата светска војна Србија, исто така, направи обид да доведе свои сонародници од областите преземени од Унгарија, но и овој обид не успеа. Грција, меѓутоа, донесе неколку стотини илјади свои сонародници од Мала Азија по изгубената војна против Турците во 1922 година. Овие луѓе таа ги насели на местото на иселеното од Јужна Македонија турско население и на местото на прогонетите од грчките власти десетици илјади Бугари.

Врз основа на тоа зголемување на бројот на Грците, некои сакаат да тврдат дека идејата за независна Македонија станала сосем невозможна. Таквото тврдење, се разбира, е сосем неосновано, Тие што го искажуваат, беа против независна Македонија и кога Грците беа сосем малобројни. Ако таков голем број причини го наложуваат создавањето на независна македонска држава, зголемениот број на Грците никако не го попречува ваквото решение. Бугарите во Македонија беа петпати повеќе од Грците и сепак не ја искористија ваквата состојба како аргумент против политичкото осамостојување на земјата. Како што знаеме, и во Швајцарија 71 процент од населението зборува германски, додека француски зборуваат 21 насто, а италијански 6 насто од нејзините жители; меѓутоа, никогаш Швајцарците што зборуваат германски не рекле дека Швајцарија не треба да постои и дека таа треба да и се приклучи на Германија, затоа што повеќето нејзини жители се Германци. Бројниот сооднос меѓу националностите во Македонија со ништо не ја намалува користа од разрешување ча македонското прашање преку создавање на независна македонска држава.

Се слушаат приговори дека пречка за формирањето на независна држава Македонија, особено ако таа е федеративно уредена, би бил фактот што населението живее измешано; во секое подрачје имало жители од две или повеќе националности. Но и тоа сосем не може да биде аргумент за откажување од идејата за независност на земјата. Пред сe, нема ниту еден округ, во којшто населението од една националност да не преовладува. Тоа, секако, ја олеснува примената на кантоналната система при уредувањето на државата. Потполната рамноправност меѓу петте месни јазици конечно ќе ги регулира односите помеѓу народностите. Но Македонија може одлично да се уреди и без примена на кантоналната система, којашто таму нема апсолутно никаква традиција. Доволна основа може да биде рамнопрааноста и слободата за сите нејзини граѓани и националности.


3. Во врска со Македонија, како и околу прашањето за нејзиното ослободување е пишувано многу; создадена е обемна литература на бугарски, француски, германски, англиски, италијански и други јазици. Во сите големи нации има одлични познавачи на географската положба, стопанските капацитети, народниот бит и етнографската слика во таа земја. На руски јазик податоци можат да се најдат, на пример, во делата на проф. П Н. Милјуков, проф. Державин, проф. Селишчев, Флорински, Кондаков; на француски јазик – во трудовите на полк. Леон Ламуш, Ами Буе, Г. Лежан, Лавеле, Жорж Десбон, Ф. Пукевил; на германски: проф. Шулце – Јена, проф. Густав Вајганд, проф Карл Штруп: на чешки и други јазици важни податоци даваат трудовите на големите чешки научници: П.И. Шафарик, Л. Нидерле, Л. Куба, трудовите на познатиот славист Хрватот Ватрослав Јагич; на бугарски трудовите на проф. Л. Милетич, проф Јордан Иванов, Васил К’нчев: Тука ги спомнуваме имињата само на мал дел од авторите кои пишувале за Македонија и чиј број е мошне голем.
4. По бројноста на своето население Македонија е поголема од повеќе јужноамерикански и централноамерикански држави, како и од некои федерални единици на Соединетите Американски Држави. Парагвај, Уругвај, Панама, Коста Рика, Кондурас, Салвадор, Никарагва, Гватемала, Делацер, Конетикат, Мериленд, Јужна Каролина, Њу Хемпшир, Рад Ајланд, Вермонт, Мајн, Флорида, Орегон, Канзас, Западна Вирџинија, Невада, Небраска, Колорадо, Свеврна Дакота, Јужна Дакота, Монтана, Вашингтон, Ајдахо, Вајаминг, Јута, Оклахома, Њу Мексико, Аризона.
По територија Македонија е поголема од следните централноамерикански и северноамерикансхи држави и федерални единици на Соединетите Американски Држави: Коста Рика, Салвадор, Делацер, Њу Џерси, Констикат, Масачусетс, Мериленд, Њу Хемпшир, Рад Ајланд, Вермонт, Западна Вирџинија.
5. Околу дваесет статистички извори се наведени во книгата „Правната попожба на Македонците во Југославија“ од проф. Карл Штруп, професор по државно право на Универзитетот во Франкфурт на Мајна, член на Институтот за меѓународно право и др.
Помеѓу специјалистите по ова прашање, коишто даваат статистички податоци за МакедониЈа, при што го наведуваат и брорт на нејзиното бугарско население, гослодинот Штруп ги посочува и имињата на следните истакнати личности: В. Теплов, Русин, чиишто податоци се од 1877 година; Стеван Берковиќ. босански Хрват, чиишто трудови се објавени, доколку се однесуваат на Македонија, од Српската академија на науките и содржат податоци, печатени во 1879 година; проф. Густав Вајганд, одличен познавач на македонските Бугари и Власи, кој објавува податоци за Македонија во 1698 година; Гастон Рутие, Французин, чиишто податоци се објавени во 1903 година во неговата книга „Ла Маседоан е ле пјуисанс“, весник „Лјо Тан“ број 15950; Проф. Т.Д Флорински, Русин, според податоци од 1907 година, во неговиот труд „Словенското население. Статистичко-етнографски преглед на словенското население до наши денови“; Роберт Пелтие, Французин, во книгата му „Вистината за Бугарија“, Париз, 1913 година; Рихар Фон Мах, податоци во книгата му “Дер Махтебе рајх дес булгаришен Екзархатс ин дер Тјуркај“, Лајпциг – Њушатл, 1906 година; Леон Доминијан, податоци во неговата книга на англиски јазик „Граници на јазици и националности во Европа“, издадена од Американското географско друштво во Њујорк во 1917 година.

ТРЕТА ГЛАВА

АСПИРАЦИИ НА БАЛКАНСКИТЕ ДРЖАВИ

По поделбата на Римската империја кон крајот на IV век по Христа, Источното царство, подоцна познато под името Византија, го присоединува кон себе скоро целиот Балкански полуостров. Грчката народност постепено добива надмоќ во тоа царство, но тоа сепак не е Грција.

Неколку века Балканот се наоѓа под византиска власт. Во тоа време Полуостровот веќе е поплавен од словенските племиња што доаѓаат преку Дунав. Кон крајот на шестиот век Бугарите го поминуваат Дунав и по многу борби се населуваат во североисточниот дел на Балканскиот полуостров. Тие влегуваат во постојан контакт со Византија – држава составена од различни народности, којашто зафаќала делови од европскиот континент. Официјалниот јазик во оваа држава беше грчкиот, но народот во неа се наречуваше Романи (Ромеи), а не Грци, бидејќи бројот на грчкото население беше незначителен, а и самата држава беше еден вид продолжување на римското царство. Во седмиот век се формира бугарската држава и наскоро се појавува како конкурент на Византија за примат на Балканот. Македонија со векови била во бугарски раце, а во некои случаи бугарската војска стигнува дури до околината на Атина.

Србите излегуваат на историската сцена многу подоцна. Кај западните граници на Бугарија, тие влегуваат во судир со неа, а кога Византија ослабнала, се судруваат, за кратко време, и со неа. Во Македонија српската држава се појавува сосем за кратко време – некогаш за десет, другпат за дваесет или триесет години, во XIV век по Христа, во предвечерјето на турската инвазија.

Турците владееја со Македонија од крајот на XIV век до 1912 година, т.е. цели пет векови.

Во своите меѓусебни спорови балканските држави изнесуваат, секоја поодделно, историски аргументи за оправдување на сопствените аспирации кон Македонија. Овие аргументи се сувопарни, безживотни, од гледна точка на современиот живот и современите потреби. Денес постојат многу посуштински потреби кои би имале неспоредливо поголема тежина, кога би биле мерени аргументите за едно или за друго разрешување на македонското прашање. Но бидејќи од некои земји, особено од српска страна, им се дава тежина на историските спомени, нормално е да не го занемариме потлолно и ова прашање. Самата вистина, притоа, се наоѓа во следниве кратки констатации: Најслаба историска основа за претензии кон Македонија имаат Србите. Ако се тргнува од вакви основи, дури и Турците имаат право да ја сакаат Македонија во границите на својата држава, бидејќи тие владееле со неа цели пет векови, а таа значи петнаесет пати повеќе од Србите, кои во Македонија престојувале само во одделни области. Турците владееја со цела Македонија и притоа во неа имаа половина милион свои сонародници, без да се земат во предвид сто и педесетте илјади Албанци-муслимани и стотината илјади исламизирани Бугари, како и другите жители-муслимани. И покрај тоа што турското население, во своето мнозинство, веќе се иселило во Турција, сепак во некои македонски околии се уште живеат поголеми групи турско население.

Од национална и од историска гледна точка Србија не може да има претензии кон Македонија. Во таа смисла правата иа другите се очигледни и големи; пред нив беспомошен застанува секој шовинистички сентиментализам. како оној на белградската пропагаидна централа, којашто доста придонесе за вештачкото усложнување на балканската политичка ситуација. Откако виде дека преку сплетки и среќа ногата и стапна во Македонија, српската интелигенција си сугерира дека може да ги среди работите на целиот простор од Алпите, па се до Црното Море. Таа стана нескротлива во своите политички лудости, нарушувајќи им го спокојството на балканските народи. Своите заблуди таа ги прогласи за свети максими, а нејзината пропаганда настојува целосно да ги избрише фактате, кои самите претставуваат свети вистини. Претензиите на Србија кои Македонија имаат потполно освојувачки карактер.

Но Србија водела три војни за таа земја од 1912 година наваму, велат српските адвокати. За освојување на туѓа земја некој може да води и триесет војни. Всушност три или четири војни воделе за Македонија од 1912 година наваму, исто така, Грција и Бугарија; но тие тоа го правеле со спокојна совест, бидејќи се бореле за ослободување на своите браќа – Грците за своите браќа по македонското крајбрежје, а Бугарите за своите браќа што живеат низ цела Македонија. Србите немаа кого да ослободуваат во Македонија.

Во најново време од српска страна се истакнати пред светската јавност аргументи од економска природа. Таквите аргументи се појавија бидејќи надежите на Србија за одземање на Босна и Херцеговина од австро-унгарска власт, станаа минимални. Имено затоа, српската државна политика решава да притиска кон Солун, очекувајќи го скорешното распаѓање на Турција, Голема пропаганда развива Белград, а уште поголема е активноста на српската дипломатија, чија цел е да придобие влијателни влади, а исто така, и општественото мнение за задоволување на српските претензии кон Македонија, поради божемните економски побуди.

Стопанските потреби ја принудиле Србија да гледа на југ – кон Македонија. Но затоа, во таков случај, уште пред да ги распореди своите органи на власта во таа земја, таа го одрече националното име на месните Бугари? Зошто веднаш ни ги одзеде црквите и ни ги затвори училиштата? И зошто, подоцна, по 1918 година, кога еден нов неочекуван среќен случај ги стави под нејзина власт земјите од бившата австро-унгарска монархија, побрза со денационализаторските мерки против Хрватите и против другите националности? И овојпат ли поради економски побуди? Откако стапија во Македонија, српските власти веднаш започнаа со прогонувања на месната бугарска интелигенција заедно со учителите, свештениците и владиците, прибегнуаајќи до апсења, заплашувања и убиства. Воведоа режим којшто го принуди населението, уште во првите седмици по победата над Турција, да мечтае за враќањето на турската аласт. Овие мерки поради какви економски побуди беа применувани? Во текот на само дваесет години, двапати посакаа да им го променат вековното бугарско име на Македонските Словени, и тоа секогаш во придружба на нечуен терор, еднаш ги нарекоа Срби, а потоа – Југословени.

Својот животен простор Србија не треба да го бара во македонската земја, бидејќи таа е за самата Македонија нејзин единствен животен простор; Македонија не е африканска земја, та да биде третирана како нечија колонија. Српската држава имаше 47 илјади квадратни километри, а за да излезе на солунското пристаниште сака да ја завладее Македонија, која има 65 илјади квадратни километри и е населена со несрпско население. Тоа дека неа не ја интересираат економските побуди, јасно се гледа од фактот дека таа најостро се спротивставува на идејата за автономна или независна Македонија. Стопанските и трговските потреби на Србија можат да бидат задоволени во голема мера преку солунското пристаниште, ако Јадранското Море, до коешто таа етнографски е поблизу, стане недостапно за неа; тоа може да стане само ако Македонија е независна, но преку добрососедски односи и договори.

За да може читателот да добие појасна претстава, до каква мера се неоправдани српските претензии врз Македонија, ќе се послужиме со некои споредби. Нека да си замислиме дека Чехија (Чешка) ќе прогласи оти има насушна потреба од Трст и дека ќе се обиде да го завладее, поминувајќи низ целата територија помеѓу Виена и Пасау. На тој начин таа би покорила, околу 3-4 милиони германско и извесен број италијанско и словенечко население. Притоа, Чехија (Чешка) би требало да го прогласи тоа население за чешко по националност. Оваа акција би била идентична со акцијата на Србите во Македонија. Чешките национални граиици се приближно толку далеку од водите на Јадранското Море, колку што се српските од Егејското Море.

Друг пример: Унгарија ги сака Трст и Сплит, но за да ја постигне својата цел ги покорува Кроација (Храатска) и Словенија со 6-7 милиони словенско население, прогласувајќи го тоа население за унгарско. И таа е толку оддалечена од Јадранот, колку што е вистинската Србија од Солун.

Трет пример: Швајцарија си сугерира дека и е неопходно пристаништето во Џенова. За да ја постигне таа своја цел, таа треба да се обиде да ги завладее италијанските области на некогашниот Пиемонт со градовите Милано и Торино, т.е. една тери.торија поголема од самата Швајцарија, како што и Македонија е поголема од Србија. Притоа, Швајцарија да се зафати да ги претвара насила тамошните Италијанци во некаква друга народност.

Во својот стремеж кон југ, српската државна лолитика сретна отпор не само од страна нз македонското население, кое во своето мнозинство е бугарско, но и од страна на грчката политика.

***

Историски претензии, поголеми од српските, пројавуваат и Грците, заради некогашното владеење на Византија над македонските области. На овие претензии можат да се спротивстават следниве аргументи: денешна Грција не може целосно да се поистоветува со Византија, како што, на пример, Австро-унгарската империја не може да се изедначува по секоја цена само со една од нациите, коишто влегувале во неа; грчкиот јазик и грчките обичаи преовладуваа во Византија, како што, општо земено, германскиот јазик и тон преовладуваа во Австро-Унгарија. Освен тоа, грчко население не живее во Македонија, со исклучок на приморските градови. И уште нешто – Византија владееше со простор, којшто опираше до Унгарија, Јадранско Море, Кавказ и Крим; денешните Грци би требало да претендираат за сите овие земји. Ако се постапува вака, Бугарија треба, од своја страна, да ги побара земјите на просторот од Будимпешта до Цариград, Атина и Јадранското Море, бидејќи нејзините граници опирале до споменатите места. Турците, пах, треба да ги преместат своите граници до Виена, бидејќи на два пати стигнуваа до неа. Ако се тргне од историските спомени, под власта на Рим треба да биде ставена скоро цела Европа, заедно со Англија, како и цела Северна Африка и Блискиот Исток, бидејќи во далечното минато тие со векови биле под власта на римското царство. Тоа се, секако, наивни и смешни претензии. Меѓутоа, со нив некои земји прават сериозна политика, а Грците до ден-денес продолжуваат да даваат на разни духовни лица титули, коишто напомнуваат за некогашното византиско државно и црковно владеење со земјите до долниот тек на реката Дунав.

Повеќе од јасно е, дека на историски претензии најповеќе можат да се повикуваат Турците и Бугарите, затоа што и едните и другите долго владееле со Македонија и имале, а и денес имаат таму свое население. Во помал обем можат да претендираат Грците, бидејќи автохтоното грчко население во Македонија не било многубројно, и во неа никогаш немало грчка државна власт, туку византиска. Српските историски претензии, пак, се најслаби и не можат да се споредуваат со бугарските и турските, па дури ни со грчките.

Грчките аспирации кон Македонија, макар само врз нејзиниот јужен дел, доскоро имаа сосем слаба национална опора. Веќе наведовме дека од времето на Византија, па се до пред дваесет и пет години, бројот на грчкото население беше петпати помал од оној на македонските Бугари; во целата земја нивниот број никогаш не бил поголем од десет-единаесет проценти. Грчката теза беше дека сите што се православни, се Грци. Не само целата бугарска нација туку и останатите христијански народи на Балканот беа прогласени за Елини што зборуваат на други јазици. По оваа логика требаше и сите Руси, дури до Сибир, да бидат прогласени за Грци. Тоа е исто како да се прогласат сите католици низ целиот свет за Италијанци, бидејќи првобитниот католички центар се создаде во Италија, како што првиот центар на православието бил во рацете на грчкиот клир околу Цариградската патријаршија.

Правени се обиди од некои Грци да се претстави бројот на бугарското население на начин што и одговара на големо-грчката теза. Но тие обиди се разбивани од фактите, регистрирани и од самата турска власт во текот на темните векови на нејзиното владеење. Во текот на тие пет векови Турција, во ниту еден момент, не била заинтересирана да ја поддржува бугарската национална кауза на штета на Грците, туку принципот бил спротивен – преку дадените од султанот, уште при паѓањето на Цариград, привилегии на грчката патријаршија, грчкото духовенство векови наред непречено работело за денационализација на бугарскиот народ, Власите, Албанците и др. И сепак, Турците петстотини години наред чесно го означувале во своите архиви словенското население во Маквдонија како бугарско. Најверојатно и до ден-денес во Турција се зачувани многу од тие архиви. Нема сомнение дека турското сведоштво во врска со националноста на македонското население треба од секој добронамерник да биде прифатено како најобјективно.

Во најново време од грчка страна се оперира со бројот на доведените од Мала Азија и населени во Македонија Грци, караманлии, Ерменци и лази. Меѓутоа, се ислушта од предвид фактот дека голем број Бугари биле принудени од грчкиот режим да ја налуштат Македонија, и дека нивната желба да се вратат во татковината никогаш не угаснала.

Мораме да истакнеме дека во грчките влади до денес постои намера за прогонување на целокупното бугарско население од Јужна Македонија. Скоро без прекин се приложуваат во секојдневниот живот најразлични методи за прогонување на бугарите, а мислата за нивното потполно искоренување од родните им места во последно време како да станува опсесија за грчките власти. Таа своја мисла тие самите ја именуваат „размена на населенијата“. Всушност не станува збор за размена, бидејќи за евентуално прогонетите Бугари, кои би дошле во Бугарија, последнава нема на своја територија грчко население за да го испрати во Грција. Но и да би имала, ваквиот начин на „разрешување“ на македонското прашање би бил најнесреќен; само ќе ги изостри уште повеќе непријателствата и страстите; сите причини за недоразбирањата околу Македонија, а и претензиите на соседите кон неа, ќе останат. Со ваквото решение ќе се прогласи за виновен оној што страда, обесправениот. Бугарското население под грчка власт е изложено на страшни страдања. Би требало да се преземат мерки за враќање на неговите права. Требаше грчката држава да го приложи во практиката договорот за заштита на малцинствата, а големите сили да се заинтересираат дали тој навистина се применува. Наместо да одговараат за својата докажана виновност, грчките влади заговараат искоренување на Бугарите од родните им огништа .. Им изгледа погодно, новиот поредок во светот, очекуван со толку надежи, да започне со истата бесправност што тие ја озакониле во својата држава. Не треба да се иселуваат месните жители, населени во Македонија пред петнаесет векови, туку обратно – прогонетите од родните им огништа Македонци, треба да се вратат во своите родни места. Да се потсетиме на зборовите на претседателот Вилсон:

„Народите и областите не треба повеќе да бидат разменувани помеѓу одделните влади како обични движни предмети, или како предмети за размена во некоја игра. Во оваа војна не треба да биде вршено никакво територијално преуредување коешто не им одговара на интересите и потребите на заинтересираните населенија и коешто би било само обична клаузула за договарања и компромиси меѓу амбициите на државите што си соперничат. Секоја националност треба да ги види остварени своите стремежи во возможни рамки и на начин кој ќе овозможи да се отстранат сите стари и нови причини за разногласие и антагонизам од што, во иднина, би произлегле нови опасности за мирот во Европа“[6].

Присвоената од Грција македонска територија веќе е прогласена како неопходна за неа житница, макар што пред да ја заземе таа земја, стара Грција живееше цели сто години без нејзиното жито. Грција има потреба и од многу други прехранбени артикли коишто и ден-денес увезува од соседните држави: увезува и од Bугарија, на приmер, многу добиток. Ако проблемот се разгледува од гледна точка на една независна Македонија, тогаш прашањето за оваа нова грчка житница не може воопшто да се разгледува. Доколку, пак, грчкото население остане во Македонија, тоа ќе се исхранува од македонската земја и за него повеќе нема да се грижи грчката држава. Што се однесува до Стара Грција, таа и натаму ќе успева да се исхрани со помош на својата трговија, така како што било секогаш во минатото. Самиот Елефтерос Венизелос, најпознатиот Грк во ново време и голем државник, jавно ја убедуваше грчката нација во 1912 година дeка повеќето македонски земји, вклучувајќи ги тука Драма, Кавала, Серес со неговото плодородно поле, pа се до Солун, треба да и припаднат на Бугарија. Уште поостварливо е од гледна точка на балканскиот мир па и поради ред други причини, овие подрачја да претставуваат дел од идната независна македонска држава.

***

По своја волја или не, во најново време некои албански кругови отпечатија карти и објавија статии, во кои границите на Албанија се проектираат до реката Вардар, т.е. ја опфаќаат скоро половината од македонската територија. Се разбира, дека таквите претензии се повеќе од смешни. Но овие претензiи, исто така, можат да го дадат својот придонес кон балкаnските недоразбирања. Во Западна Македонија има албанско население. Тоа никогаш нe било негирано од страна на Македонските Бугари, за разлика од Србите и Грците, кои секогаш сакале да го потиснат. Тоа население живее во близина на денешната албанска државна граница; тоа е далеку од центарот на Македонија, на каде што сpоменатите пропагандни карти и статии ја насочуваат Албанија. Во цела Западна Македонија апсолутно преовладува бугарското население. Областите во коишто живеат македонските Албанци, економски и географски и припаѓаат на Македонија; повеќето од ние се одделени од Албанија со високи планини, како што, на пример, Пиринеите ја одделиле Франција од Шпанија. Некои истакнати Албанци со право истакнуваат, дека тие области како неотуѓива македонска територија, при евентуалната независна Македонија можат да се вклучат во одделни кантони, со сите национални права и слободи, какви што се предвидуваат за целата земја.

Никогаш од бугарска страна не е негиран националниот идентитет на Албанците и Грците во Македонија. Оваа околност е од посебно значење за секој кој сака темелно да ги проучува односите на Балканот, имајќи ја предвид и нивната морална страна.

***

Претензиите на Бугарија, засновани врз националниот принцип, се потполно разбирливи. Ако Грција и Албанија мислат дека имаат право да претендираат за мали делови од македонската земја, во кои живеат нивни сонародници, поради истите причини Бугарија претендира за скоро цела Македонија. Но од Белград и од Атина се изнесува еден чуден доказ, а имено, дека во Македонија нема Бугари. Бидејќи тоа негирање на бугарската народност има големо значење за политичките односи на балканот, а посебно за македонското прашање, се наложува да укажеме на тоа каква е вистииата.

Токму затоа што Словените во Македонија се Бугари, од грчка и од српска страна таму е воведен познатиот терор и се присутни жестоки судири. Имено, во тие борби македонскиот Словен ја покажува на највидлив начин својата бугарска припадност.

Зошто населението во околината на Атина и Белград, коешто е грчко односно српско, не се бори, не протестира, а тоа се случува токму во Македонија? Горенаведената белградска и атинска теза всушност претставува извор на најстари конфликти на Балканот. Затоа, иако не сосем детално, но сепак поопширно ќе се задржиме врз прашањето – дали се Бугари македонските Словени?

Безброј сведоштва има, пред сe, во грчки и во српски извори, дека тие Словени се Бугари. Србите сопреа да ги означуваат како Бугари во своите периодични изданија и во научиите си трудови одвај од 50-60 години наваму, откако нивната државна политика, обесхрабрена во северна насока – против Австро-Унгарија, се насочи кон југ. Ние би можеле да му презентираме на читателот цел том со српски докази за бугарскиот карактер на Македонија. Грците, пак, секојдневно испаѓаат во необична и донекаде смешна противречност. Нивната официјална пропаганда одречува дека во Македонија има Бугари. Во исто време секојдневно слушаме или читаме во грчки весници како грчки државници (а да не зборуваме за грчките народни маси) – зборуваат протав Бугарите во Македонија. Секогаш кога некој Грк сака да го покаже својот лош однос кон македонските Словени, тој ги означува со нивното вистинско име Бугари. А кога сакаат да ја доведат во заблуда странската јавност, тогаш велат дека во Македонија нема Бугари. Целокупната историја на бугарската нација е реконструирана од бугарски историчари и од странски автори врз основа на сведоштва што ни ги оставиле древните грчки писатели, како и врз основа на документи зачувани во Ватикан, Венеција, Виена и на други места. Никогаш, се разбира, на грчките средновековни автори не им паѓало на ум да го негираат бугарското име иа заселените во Македонија Словени. Тие, како и самиот грчки народ, до таква мера ги сметаат за Бугари што на византискиот император Василиј II му ја прилепија титулата „Бугароубиец“, откако тој го победил во 1014 година бугарскиот цар Самоил кој царувал во Македонија. Заробените од Василиј II петнаесет илјади бугарски војници беа ослепени, при што на секои сто души бил оставен по еден војник со едно око за да биде одведена ослепената војска кај нејзиниот цар во Охрид, кој цели четириесет години неуморно војуваше против Византија, опрен, пред сe, врз преданоста на македонските Бугари.

Бранителите на српско-грчката теза во странство понекогаш велат, дека македонските Словени не биле ниту Бугари, ниту Срби. Но тие не ни објаснуваат зошто во текот на петвековното ропство тие Словени се декларирале само како Бугари.

Кога во XIV век српскиот крал Душан зазеде некои области во Македонија, веднаш ги додаде кон својата титула и зборовите „цар бугарски“, а тоа значи дека тој македонските Словени ги сметал за Бугари.

Доаѓајќи во Македонија во 1912 година, српската власт затвори 761 бугарска црква и 641 училиште, а грчката – 378 цркви и 340 училишта; како едните така и другите ги изгонија бугарските учители и бугарското духовенство.

Од српска страна неуморно се пишува за неупатената јавност дека Бугарската егзархија вршела пролаганда, ги бугаризирала Словените во Македонија и ги создавала горенаведените цркви и училишта. Ако е така, тоа 6и значело колата да се впрегне пред воловите; затоа што пред уште да има бугарска држава и Бугарска егзархија, а имено уште во 1830 година се подигна масовно бугарско народно движење за автокефална црква и за самостојна просвета. Тоа е најголемото движење на Бугарите од турската инвазија на Балканот наваму. Станува збор за бугарската преродба којашто најенергично беше започната имено од македонските Бугари. Таа се овенча во 1870 година со создавањето, со декрет на турскиот султан, на Бугарската егзархија, како врховен орган на новопрогласената Бугарска национална црква. Во тоа време, да повториме, целата бугарска нација се наоѓаше под турска власт, така што никој не би можел да тврди дека пропагандата на се уште непостоечката бугарска држава одиграла тука некаква улога. Со сопствени сили и средства, по своја волја и самосвест бугарската нација се бореше и победи. Токму тогаш се спроведе и најзначајниот референдум, на кој бугарската нација самата покажа, иако сеуште беше под турска власт, до каде се простираат нејзините етнографски граници. Цела Македонија влегуваше во тие граници, како и скоро целиот регион околу реката Морава, со центар градот Ниш, којшто и беше подарен на Србија во 1878 година од страна на рускиот император.

Архивите на сите дипломатски канцеларии во светот, особено за периодот до 1912 година, се полни со документи за Бугари во Македонија. По таа година освојувачите на Македонија, српските и грчките власти, започнуваат да ги афирмираат пред општествената јавност своите официјални тези. Македонската ослободителна борба, меѓутоа, и натаму продолжува да сведочи во корист на македонската бугарштина.

Сите енциклопедии до 1912 година, исто така сведочат дека во Македонија живеат Бугари. По таа година, од политички побуди, во некои податливи печатени изданија проникнуваат сомнежи во врска со вистинскиот лик на македонските Словени.

Научниците од различни земји, кои се запознаени со Македонија, турската власт и сите други објективни посматрачи ги сметаат македонските Словени за Бугари и тоа не само заради литературниот бугарски јазик, којшто тие со право го вовеле во своите училишта, туку врз основа на сите други карактеристики, според кои се определува каква е соодветната националност. Векови наред во Македонија не постоеја училишта и тоа не само за Бугарите туку и за друтите народности, вклучувајќи ги тука и Турците. Месните дијалекти на македонските Словени, со право, се сметани од сите за бугарски јазик. Секоја нација се служи со заеднички литературен јазик, но во секоја нација се среќаваат и одделни дијалекти. Што се однесува до бугарските дијалекти во Македонија, кај нив не се забележуваат такви разлики од останатите бугарски дијалекти, какви што, на пример, постојат во дијалектите на германската, италијанската и ред други нации.

Говорот на швајцарските Германци, по се изгледа, е најнеразбирливиот германски дијалект за Германците од другите подрачја. Но тоа не ги спречило Швајцарците од германско потекло да го сметаат за свој германскиот литературен јазик. Исто така, пред доаѓањето на режимите на националното угнетување во Македонија по 1912 година, тамошната бугарштина се служеше официјално со оној литературен јазик, којшто е заеднички за сите Бугари во светот и во чиешто изградување мошне голем придонес имаат бугарските културни дејци од Македонија.

Во голем број меѓународни документи е признаена бугарската народност во Македонија. Таа е признаена индиректно и во договорот, склучен помеѓу Грција, Србија и Бугарија спроти Балканските војни.

Долг е списокот од имиња на патешественици, научници, истакнати новинари и политичари од кругот на различни кулгурни нации, кои аргументарано докажуваат дека словенското население во Македонија е бугарско. Меѓу нив се наоѓаат и имињата на најпознатите слависти во светот; исто така, тука се наоѓаат и имињата на големите словенски историчари и слависти, какви што се Кондаков, Шафарик, Јагиќ, Нидерле, Флорински, Миљуков, Державин и др. Се разбира, сосем непотребно е овде да наведуваме фрагменти од нивните дела. Но ќе додадеме дека и политичари како Бисмарк, Лојд, Џорџ и Винстон Черчил без двоумење ја истакнувале вистината дека во Македонија живеат Бугари. Винстон Черчил, за време на Првата светска војна, се застапуваше на Бугарија да и бидат дадени областите, во коишто преовладува бугарско население[7].

Бисмарк изјави во Рајхстагот, дека бугарската нација живее во Македонија до Солун и на исток до Црното Море[8].

Политичките и стратегиските планови на некои од големите сили се причина Македонија да не биде вклунена во границите на бугарската држава, коишто биле дефинирани со Сан-Стефанскиот договор во 1878 година. На ваков заклучок не упатуваат сите факти од блиското минато: во тоа не уверуваат и книгите на сериозни автори[9]. Признанија од овој тип прават и самите претставници на спомнатите големи сили на Берлинскот конгрес, кога се одлучувало Македонија да остане во границите на Турција, но исто така и по ослободувањето на Бугарија[10].

Само еднаш беше спроведена анкета од страна на авторитетни специјалисти по овие прашања што ја познаваат и Македонија. Тоа е познатата „Карнегиева анкета“. Таа е формирана поради недоразбирањата и меѓусебните обвинувања помеѓу балканските сојузници – Бугарија, Грција, Србија и Црна Гора, коишто по победата над Турција, започнаа во 1913 година меѓусебна војна. Судејќи според податоците во таа анкета, словенското население во Македонија е бугарско. Меѓу членовите на оваа комисија беа францускиот сенатор и бивш министер Жистен Гадар, истакнатаот англиски општественик и познавач на Македонија Х.Н. Брајлсфорд, познатиот руски политичар и историчар проф. Милјуков и др.[11]

Српската антибугарска пропаганда тврди дека македонското население е српско; грчката пропаганда тврди дека е грчко, додека болшевичката пропаганда во најново време настојува да афирмира една невистина, дека божем во Македонија немало Бугари, туку некаква друга нација – „македонска“. Ваква нација историјата не познава; додека „Македонец“ во географска смисла се наречуваат и Гркот и Албанецот и Турчинот и Влавот. Истата појава е присутна, исто така, и во Босна, каде што и Хрватот – католик, и муслиманот, како што и православниот Србин изјавуваат дека се „босанци“. Со тоа секој од нив сака да каже дека е од Босна и ништо повеќе од тоа, бидејќи босанска нација не постои. Се разбира, дека такви случаи можат да се најдат и во други земји. Кога некој ви каже дека е Баварец, Саксонец или Трусин, вие знаете дека тој е Германец. Во етнографска смисла на зборот и во Швајцарија не постои швајцарска нација, нема швајцарски јазик.

И под комунистичка ознака сосем јасно на виделина се појавува српско-грчката шовинистичка намера – ако може да се создаде некаква си македонска нација; поради својата ништожност таа ќе виси во почетокот во воздух, а потоа ќе биде проголтана од Белград и Атина. За да може полесно да се изврши оваа етнографска операција, на ниту една друга месна народност нема да и се прилепи името „Македонец“ како национално; тие ќе си останат Турци, Грци, Албанци, Власи. Тито ја поддржува тезата за постоење на македонска нација за да им се допаѓа сe повеќе и повеќе на Србите, меѓу коишто тој ја има најголемата своја опора. Секое дејство против бугарските национални права претставува негов залог како пред националистите така и пред шовинистички расположените српски комунисти. Болшевичкиот, пак, центар во Москва ја прифатил истата теза со цел да се придобијат колку што се може повеќе Грци и Срби за сопствената политика на Балканот; а тоа се прави преку жртвување на бугарската народност во Македонија, во чијашто корист, дури и во времето на болшевичкиот режим, руски професори од типот на Державин, Селишчев и др. даваат во своите трудови обилни историски, етнографски и други докази. Сите тие обиди многу ни напомнуваат за „мудроста“, со којашто версајските уредувачи на Балканот по Првата светска војна ги запишаа своите имиња во историјата и ги предизвикаа добро познатите последици. И тие ја жртвуваа вистината пред шовинизмот и грабливоста на Белград и Атина.

Плашејќи се од автономијата или независноста иа Македонија, бидејќи таму немаат свој етнос, Србите, како и сите други, кои сакаат да ги реализираат таму сопствените планови што и се туѓи на Македонија, со терор се обидуваат да го денационализираат тамошното бугарско население; насила сакаат да го направат барем „македонско“ за да не е бугарско. Се обидуваат да го натераат народот да го прифати географското име на земјата, за свое национално име. Понекогаш измислуваат и теории, даваат примери, како некаде се случило географско име да стане национално. Ги спомнуваат Швајцарија и Америка. Меѓутоа, тие забораваат дека во Америка и во Швајцарија никој никому не затворал училишта и цркви, не му ја прогонувал надвор од земјата интелигенцијата, не се служел со убиства, за да му наметне друго национално име. Освен тоа, ако во една Швајцарија луѓето се нарекуваат „Швајцарци’, тоа го прават сите – и тамошните Французи, Германците и Италијанците. Додека во Македонија туѓите власти не го сметаат името „Македонец“ за национално име на Грците, Турците Албанците итн., а им го наметнуваат сосила само на Бугарите. Ниту еден швајцарски Германец, или Французин, или Италијанец нема да го негира своето етничко потекло, нема да каже дека неговиот јазик е „швајцарски“, туку ќе го означи со неговото вистинско име – француски, германски или италијански.

Една од големите цели на македонската ослободителна борба била премавнувањето на секое насилство врз националната свест на луѓето. Имено затоа, како што се спротивставило на територијалните претензии на соседните држави, македонското движење се објавува и против сите други манипулации од типот на белградските и атинските обиди за негирање на една или на друга националност.

Нека читателот не се чуди шго се задржавме со поопшти објаснувања врз негирањето на бугарската националност во Македонија, којашто поробувачите ја прогонуваат и настојуваат да ја уништат. Независно од своите жртви и тегоби, бугарската националност, меѓутоа, не бара за себе никакви привилегии во една независна Македонија, а се залага за рамноправност помеѓу сите националности.

Без оглед на политичките граници што би ја одделувале независна Македонија од соседните држави, народностите што живеат во неа нема да сакаат да ја прекинат својата етничка и културна врска со етничките заедници, чиишто составни делови претставуваат тие. Вакво чувство на духовно заедништво гледаме на пример, кај швајцарските Французи во однос на францускате нација. Тие не престанале да ги манифестираат пред светот на извонреден начин пројавите на францускиот дух и култура. Никој, притоа, не се сомнева во нивната лојалност кон Швајцарија. Исто така стојат работите и со швајцарските Гермамци. Можат да се наведат и други примери од овој вид. Ние ги земаме како посебно поучен образец односите помеѓу националностите во Швајцарија. Нивните заеднички напори ја создаваат големата општественд сила што ја крепи нивната заедничка држава.

Разрешувањето на македонското прашање што се препорачува од македонското ослободително движење не е ниту бугарско решение, ниту грчко, ниту албанско, ниту турско итн,; тоа е балканско решение бидејќи е корисно за сите балкански народи.

Основен двигател на усилбите за остварување на идејата „Македонија на Македонците“ може да биде единствено солидарноста меѓу локалните народности. Идејата за независна Македонија може да победи првенствено преку оваа своја политичка содржина – солидарноста. Откако ќе стане непотребна борбата за национален опстанок, ќе се неутрализираат сам/и од себе националните страсти. Зафатен се повеќе и повеќе со други проблеми и потреби, целокупниот живот во независна Македонија ќе и се доближи уште повеќе на швајцарската стварност.

***

Во 1912 година четирите христијански држави на Балканот (Бугарија, Србија, Грција и Црна Гора) се здружија со намера божем да ги ослободат своите браќа од турското ропство. Покрај Бугарите и Грците во Македонија, своето ослободуеање го очекуваа и Грците во Епир и низ егејските острови, не вклучувајќи ги тука оние во Мала Азија; Србите и Црногорците во Новопазарскиот санџак и оние на Косово; Бугарите и Грците во Тракија. Во нотата што и беше предадена на турската влада пред започнувањето на војиата, од Турција се бараше да им даде права и слободи на нејзините граѓани од христијанска вероисповед, а во Македонија да биде воведеиа автономна управа. Ние немаме намера овде да опишуваме детално како се развија односите меѓу четирите сојузници. Едно, меѓутоа, е јасно, а тоа е дека тие откако ја добија војната, заборавија на содржината од споменатата нота; не се присетија ни за ставот на македонското ослободително движење, кое се бореше токму за автономија. Бугарија, исто така, неочекувано се согласи со ставот на Србија и Грција за поделба на македонската земја. Иако по своите прокламации беше ослободителна, војната заврши со резултат, којшто ја направи освојувачка. Избувна војна и меѓу самите сојузници. Македонија беше поделена на три дела: Грција присвои над триесет илјади квадратни километри македонска територија, Србија – околу дваесет и пет илјади, а Бугарија – седум илјади квадратни километри.

Така, ослободителната војна и донесе на Македонија поделба и национално ропство. Додека борбата на Македонците под турска впаст се водеше за добивање на политичка слобода, сега ќе треба да се води борба и за зачувување на националниот идентитет, бидејќи српскиот и грчкиот режим веднаш се зафатија да ги денационализираат Бугарите.

***

Аспирациите на балканските држави, меѓутоа, не запреа дотука. Бугарија се почувствува жестоко ограбена, додека нејзината народност во Македонија беше изложена на уништување. Поради тоа таа ќе го чека моментот за да ги исправи неправдите што и се нанесени. Србија, од своја страна, не е задоволна од приграбеното и ќе настојува да заграби колку што е можно повеќе бугарска земја, живеејќи, пред се, со мислата да ја освои Јужна Македонија со Солун. Грција, за да го задржи приграбеното, или пак, за да стане позначаен фактор на полуостровот, нема да се откаже од намерата да навлезе колку што е можио подлабоко кон центарот на Македонија. Се разбира, секоја од трите држави ќе изнесува аргументи за оправдување на сопствената теза. Овие спорови го сочинуваат јадрото на балканските недоразбирања, коишто станаа мошне досадни за јавноста. Сметаме дека ќе биде корисно да направиме споредба меѓу аспирациите на балканските држави за да може читателот попрецизно да се ориентира во врска со нив.

Мораме да истакнеме дека секоја од овие држави се раководи од својата национална идеја. За некои од нив контурите на таа идеи завршуваа во земји, коишто се наоѓаат на Балканот. Меѓутоа, за Романија и за Србија тие контури се оцртуваа далеку на север во поседите на Австро-унгарската монархија. Границите на грчките идеали се наоѓаа во Мала Азија, некаде помеѓу Смирна (Измир) и Анкара. Кога се договорија за војна со Турција, четирите држави имаа намера да направат значаен чекор кон остварувањето на сопствените национални идеали. Во тој момент, меѓутоа, се чинеше дека само Бугарите ќе успеат во најголема мера да и се доближат на конечната реализација на своите цели, бидејќи објект на сојузничките напади беа европските делови на Турција, каде што живееја се уште неослободените Бугари. Останатите три сојузници ќе можеа да добијат по некое парче земја, населено од нивни сонародници. Поголемиот дел од европска Турција би бил приклучен кон Бугарија и кон автономна Македонија, во којашто пак бугарштината преовладува. Тоа значи дека ослободувањето на македонските Бугари се остварува. Во таквиот стек на околностите, меѓутоа, бугарските сојузници гледаа неприфатливо за нив зајакнување на политичката, воената и економската моќ на бугарштината. Уште помалку можеа да се помират со мислата, Бугарија евентуално да ја анектира Македонија. Под изговор да се зачува рамнотежата меѓу балканските држави, а всушност поради чисто егоистички побуди, беше склучен таен српско-грчки договор против нивната сојузничка Бугарија.

Необично е што имено балканските држави го истакнаа принцилот за рамнотежа, кога децении наред ги напрегаа своите материјални и духовни сили за да ги остварат своите национални идеали, така што би била уништена секоја трага од рамнотежа помеѓу нив. Меѓутоа, како што со таа формула – рамнотежата, така и со други непримерни за нивниот раст формули и пози се служеа балканските влади и нивните монарси. Беа заразени дури и со цезаризам и империјализам, а изигруваа и големи величини.

Во периодот од 1912 до 1918 година, дали со сопствени напори, или со туѓа помош, или пак, поради среќните околности, на теорија или на практика, ги покажаа своите национални аспирации. Некои од нив целосно ги остварија зацртаните задачи и цели, други тоа го постигнаа во ограничени размери, додека трети не добија скоро ништо. Овде ќе приложиме мала табела со приближни бројки, којашто сликовито ги прикажува нивните стремежи и фактичките им добивки. Таа овозможува да се направи споредба помеѓу одделните државни аспирации, а исто така да се види до која мера, во чија корист и на чија штета се променила рамнотежата на Балканот по нивната реализација.

Држави

Во 1912 г. имаа

Тие очекуваат да имаат

Фактички добија

кв
милји

населе-
ние

кв
милји

населе-
ние

Романија

50.566

7

113.870

20

125%

186%

113.870

20

125%

186%

Србија

18.528

3

96.500

14

420%

367%

96.500

14

420%

367%

Грција

25.090

3

100.360

9

300%

200%

41.688

5.5

66%

83.4%

Бугарија

37.056

4.25

69.480

8

88.3%

88.3%

39.758

5.25

7.3%

23.5%

Албанија беше создадена за време на Балкамските војни, но и таа имаше свои мационални аспирации, во својата основа потполно оправдани, затоа што сакаше да го придобие Косово. Ако успееше да го земе тоа што фактички е албанско, таа мала држава двојно ќе ги зголемеше својата територија и своето население.

Турција, пак, не се откажала да се смета за европска земја, бидејќи до ден-денес поседува 25 илјади квадратни километри европска територија, а во нејзини раце се и Протоците. чиешто животно значење за Европа е добро познато. Таа, од своја страна, посакуваше да ги зачува под своја власт сите територии на Балканскиот полуостров, коишто се наоѓаа во нејзините граници до 1912 година. Ако не сакаше да ги зачува овие територии, немаше да дојде до војната со балканските христијански држави. На тие територии, без да го сметаме Цариград, живееја околу 5,5 милиони жители; од кои само еден милион беа Турци.

При максимално задоволување на аслирациите на балканските држави, сосем јасно е дека тие би приграбиле области во коишто живеат многубројни малцинства. Така, на освоените од Грција територии одвај би имало 50 насто грчко население. Во некои од териториите што успеа да присвои Романија, малцинствата претставуваат 50 насто од населението. Србија, подоцна маречена Југославија, ја прошири својата власт над Македонија, Босна, Херцеговина, Далмација, Кроација (Хрватска), Словенија, Банат итн., каде што другите народности, општо земено, претставуваа 70 насто од населението, а имаше и такви големи области, во коишто никогаш немало ниту еден Србин. Доколку Турција би ги задржала под своја власт управуваните од неа до 1912 година балкански територии, би владеала таму над туѓи националности, коишто беа петпати помногубројни од месното турско население. Ако Бугарија, за времв на Балканските војни, успееше да ги присвои посакуваните земји, таму таа ќе имаше околу 50 проценти бугарско население, а можеби и 60 проценти, со оглед на тоа што голем дел од турското население заминуваше кон Мала Азија. Во таков случај, во Македонија бугарскиот процент на населението би бил 60 од сто. Меѓутоа, ниту Македонија, ниту Тракија не останаа во рамките на Бугарија, туку само мали делови од нив.

Повеќето балкански држави до 1918 годмна ги остварија своите аспирации, вклучувајќи во своите држави бројно население од туѓо потекло; и албанскиот народ доби своја држава. Македонија, којашто водеше тешка борба за своето ослободување и за чиешто спасување божем започна Балканската војна, доби ново, уште потешко ропство. Сите подоцнежни балкански комбинаторики, сите таму склучени пактови и догоеори и сите политички шпекулации безмилосно ја одминуваа неправдата што и беше сторена на Македонија. И никогаш досега не дојде до спроведлив споразум помеѓу балканските држави, без којшто не може да се очекува спокојна и среќна политичка иднина. Се здружија балкански држави со 55-милионско население, ја поканија и Бугарија да му се приклучи на нивниот сојуз, но под услов да не го покренува прашањето за настаните во Македонија.

Повеќепати настаните му даваа поука на Балканот дека тој може да се задржи и одлично да се брани, само ако во темелите на неговото обединување стои правда и меѓусебно почитување. Сите комбинации, бидејќи се погрешни, ќе бидат прегазени од настаните. Македонското ослободително движење од 56 години наваму укажува дека првиот услов за единство, мир и просперитет на Балканот е создавањето на независна Македонија. Трите соседи на Швајцарија – Германци, Французи и Италијанци – заедно имаат над 150 милиони население. Соодносот со Швајцарија е 35 спрема 1. И сепак, овие народи се согласија да ја остават Швајцарија слободна и спокојна. Трите соседи на Македонија – Србија, Грција и Бугарија, немаат повеќе од 20 милиони население. Соодносот со Македонија е 7 спрема 1. И сепак си дозволија да ја делат, да војуваат за неа, меѓусебно да се пустошат во минатото, без да постојат изгледи да сопрат да го прават истото и во иднина. Балканските несреќи ја прават независна Македонија понеопходна, отколку што тоа била Швајцарија во минатото, заради познатите европски недоразбирања.


6. Говор на претседателот Вилсон, одржан на 2 февруари 1918 година. Види „Интерnеш’нал лоу“, 4-то издание, 1, стр. 581 – од Оппенхајм (М.Наир).
7. Винстон Черчил во својата книга „Светската криза“, дел втори, споменува дека во еден меморандум од 1915 година го рекол следново: „Нивните (на Бугарите – бел. наша) територијални барања се спроведливи и потполно совпаѓаат со принципот за народностите, од којшто ние треба да се раководиме. Угнетувањето на бугарските региони во Македонија е само по себеси една неправда. Во барањата на Бугарија, такви какви што сега ги имаме, нема ништо неразумно и нечесно… Правото и разумот повикуваат на справедливост, а и повелбениот апел на неопходноста, ги советуваше Србите да ја вратат најпоспе таа беспорна зона… До последен момент Србија ја задржа својата чизма врз освоените бугарски региони во Македонија“.
Штом овие места требало, по правило, да и се вратат на Бугарија, со уште поголемо право можат да и бидат одземени на Србија во корист на една независна Македонија.
Господинот Черчил имал прекрасни ситуации и во текот на Втората светска војна врз основа на коишто можел да го проучува менталитетот на српските политичари, а се разбира, и нивната политика. Во еден разговор по Техеранската конференција, во Каиро со Србинот д-р Божидар Пуриќ, претседател на југословенската емигрантска влада во Лондон, г-н Черчил му рекол со возбуда: „Две хегемонистички тенденции има во Европа, коишто треба да бидат уништени во интерес на мирот – прускиот и српскиот стремеж кон хегемонија“. За овој разговор сведочи г-н Илија Јукиќ, помошник-министер за надворешни работи во Белград и истакнат член на Хрватската селанска партија. Види ја статијага на г-н Илија Јукиќ „Југославија, минато и сегашност“, објавена во париското издание на весникот „Њујорк Хералд Трибјун“ од 12 април 1949 година.
8. По настаните во 1877-1878 година Бисмарк бил запрашан во Рајстагот од лидерот на национал-либералната партија Бенигтен за збиднувањата на Балканскиот полуостров. Бисмарк одговорил на овој начин: „Приоритетна работа е создавањето на Бугарија и во таа смисла мора првин да се позанимаваме со разграчичувањето, така како што тоа беше разгледувано на Цариградската конференција. Разликата во разграничувањето, според мене, не е толку значајна за да биде причика за загрозување на мирот во Европа“. „Етнографската положба на Бугарија, како што мене ми е познато од автентичен извор и како што се гледа од најдобрата карта, со којашто ние располагаме – картата на Киперт, е следнава: границите на националноста (бугарската – бел. наша) одат на запад, скоро без примеси, до Солун и продолжуваат на исток, со мали примеси на турски етнос, до Црното Море“ (Види „Преговорите во врска со Берлинскиот договор“ од Адолф д’Аврил, Париз 1886 година, стр. 317-318).
9. Во својата книга „Берлинскиот договор“ Бенајс Брунсвик (Париз, 1878 година, стр. 18 и 45) вели: „Бугарија го нема територијалното проширување што и го определува договорот од Сан-Стефано, стратегиски и политички мотиви го принудија конгресот да ги повлече нејзините граници од јужна и од западна страна и да ги остави надвор од нејзината власт значителен број бугарски сонародници“.
10. Англискиот делегат на Берлинскиот конгрес поднел приговор против Сан-Стефанскиот договор, според кој цела Македонија требаше да влезе во границите на Бугарија. Од овој приговор станува јасно дека Бугарите се мнозинство во Македонија и дека таа не се вклучува во границите на Буларија според решението на Берлинскиот конгрес заради други мотиви на големите сили – стратегиски и политички, а не затоа што Бугарите не се мнозинство во Македонија.
11. Во „Карнегиевата анкета“ не се зборува за никакви други Словени во Македонија освен за Бугари. Во неа се зборува и за бугарска национална преродба во Македонија, пред да биде создадена бугарската држава. Податоци за бугарскиот етнички карактер на македонските Словени можат да се најдат особено на стр 4-5 во известувањето на таа анкета до управата на Карвегиевата фондација.
Уште во 1872 година, низ бугарските територии, вклучувајќи ја тука и Македонија, беше спроведен референдум преку диоцезит. Уште во тоа време, со овој референдум, беа дефинирани бугарските етнографски граници. Тогаш македонските Словени, додека се уште беа под турска власт, самите се изјаснија како Бугари.

ЧЕТВРТА ГЛАВА

МАКЕДОНСКОТО ОСЛОБОДИТЕЛНО ДВИЖЕЊЕ

По Француската револуција, идејата за самоопределување на нациите стана еваигелие за цивилизираниот свет. Таа и денес зазема почесно место меѓу принципите, истакнати како неизбежни услови за праведен светски поредок. Во текот на Првата светска војна, претседателот Вилсон беше апостол на идејата за национално самоопределување, вклучена и во познатите четиринаесет точки. Во текот на Втората светска војна, Атлантската повелба му даде свечен израз на истиот принцип. Националното обединување на Германија и на Италија во втората половина на XIX век, стремежот на повеќе други националности кон независност и обединување – ја наоѓаат својата вистинска опора во идејата за самоопределување. Словените, Романците, Италијанците, а во извесна мера и Унгарците, беа откинати од Австро-Унгарската монархија врз основа на тоа политичко убедување. Кога на определена националност и се пречи да го оствари своето обединување, одговорните фактори во меѓународната политика скоро секогаш избегнуваат да признаат дека дејствувале против тој свет принцип; се даваат сосем други објаснувања за нивното однесување.

Потполно објасниво е зошто балканските нации се стремеа кон ослободување од многувековното турско ропство и зошто потоа настојуваа да постигнат целосно национално обединување. Романците и Србите го остварија своето обединување. Грција се оформи како независна држава, но не успеа да ги припои кон себе посакуваните области во Мала Азија. Бугарите и Албанците не го постигнаа своето целосно национално обединување, иако земјите, во коишто тие живеат, надвор од границите на бугарската и на албанската држава, непосредно граничат со нив.

Бугарите, меѓутоа, формално беа обединети со договорот од Сан Стефано, потпишан во 1878 година. Со него заврши победоносната војна на Русија против Турција. Се чини дека со овој договор скоро целосно се разрешува фамозното Источно прашање, што опфаќаше редица национални копнежи и го засегаше турското наследство. Меѓутоа, очекувањата не се остварија. Токму тогаш се зароди една нова гранка на Источного прашање, којашто до ден-денес остана драматична. Станува збор за македонското прашање. Планот за заедничка држава на сите Бугари, поткрепен од Русија, беше спречен од други големи сили поради стратегиски и политички мотиви, иако и нивната општествена јавност имаше симпатии кон започнатото од Русија ослободување на бугарштината. На Македонија и се определи и натаму да остане под власта на Турците, а членот 23 од Берлинскиот договор, со којшто се ревидираа решенијата на Сан Стефанскиот договор, за неа предвидуваше реформи со кои таа ќе дојдеше мошне близу до автономијата. Како и во други случаи, така и овој пат турската влада виртуозно успеваше да ја одлага примената на реформите, користејќи ги постојаните антагоиизми и надмудрувањата меѓу големите сили. Македонија никогаш не ги доби ветените правдини. Имено затоа, македонските Бугари се зафатија, потпомогнати и од други националности во земјата, да ги извојуваат со борба. Овие усилби одлучно го ставија на сцена македонското прашање. За неговата актуализација, покрај другите причини, мошне важна улога одигра и правната регулатива во член 23 од Берлинскиот договор.

Создателите на македонското ослободително движење со пророчка видовитост прогласија дека спасот е во братството помеѓу различните македонски националиости, и во политичкото осамостојување на Македонија. Ако кај нив не постоеше оваа идеа, немаше да се дојде до самостојни македонски организации со сопствена политичка идеологија. Создателите на ВМРО ги повикаа македонските националности – Власи, Грци, Албанци итн. да се здружат во борбата против тиранијата на турската власт и со заеднички сили да извојуваат автономија во рамките на Турската империја. Тие ги повикаа на заедиичка борба и оние Турци, коишто се свесни за ретроградноста на владеачкиот режим и за својата тешка економско-социјална положба.

За оправданоста на нашата борба јасно зборува и фактот што и самите Турци во првите 25 години од овој век извршија две револуции против диктатурата на султанот и целосно го отстранија од власта. Се кренаа, и Албанците, и Арапите, иако тие беа фанатизирани муслимани, а султанот, како што знаеме, беше халиф на целиот муслимански свет. Македонските дејци имаа за цел да се борат само за автономија и за ништо друго. Заради овој свој став, тие ја придобија моралната поткрепа на сите приврзаници на балканската солидарност, вклучувајќи го тука и огромното мнозинство од слободните Бугари во Бугарија. ВМРО прифаќаше Бугарија да не ја владее македонската земја. Таа сметаше дека е потребно, исто така, и Грција да не владее над македонски области, а уште помалку тоа да го прави Србија. Во време кога принципот за национално обединување беше најпочитуван, македонските дејци-Бугари препорачуваа пријателски соживот помеѓу народностите, откажувајќи се од обединувањето со Бугарија. Тие поставуваа само еден услов: европска гаранција за автономијата.

***

Целта на ВМРО беше да предизвика интервенција на големите сили и, на тој начин, да се наложи автономијата. Притоа, за да се дојде до интервенција, како единствено ефикасен метод е прифатен методот на вооружената борба. Ниту една од балканските држави не успеала да се ослободи без примена на вооружена борба. Во почетокот на XIX век востанија кренаа Србите, Романците и Грците; востанија беа кренати во втората половина на истиот век во Бугарија; востанија мораше да крева и Македонија. На ваквите цели целосно им се посветија зачетниците иа македонското револуционерно движење, кои повлекоа со себе стотици, а набргу и илјадници интелигентни Бугари, како и целокупниот бугарски народ во Македонија, вклучувајќи ги и најсиромашните колибари по планините. Идејата ја прифатија целосно и поголемиот дел од Власите, коишто се истакнаа со своите подвизи во текот на борбата.

Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО) е основана во Солун, во 1893 година. Во почетокот таа претставуваше заедништво од изолирани конспиративни групи по многу села и градови на земјата. Набргу нејзината мрежа ги опфаќа сите возрасни Бугари. Клетва за верност кон борбата се дава на масовни собранија, во цркви и училишта, а исто така, и по планините. Во конспирацијата неминовно влегуваат и жените. Се создаваат селски, околиски и окружни комитети, а на чело на целата организација стои Централен комитет од тројца рамноправни и со иста одговорност членови. Се создава четнички институт. Четите можат да се сметаат за мали подвижни гарнизони на организираниот народ, чиешто место на престој е секаде и никаде. Тие имаат за задача да ги извршуваат наредбите на околиските и на окружните комитети, како и на Централниот комитет во разни домени од конспиративниот живот на организацијата – агитација, реализација на судски решенија, вооружување, прибирање на средства, коитрола врз просветни и стопански иницијативи и сл. Постои, исто така, тајна вооружена милиција во сите градови и села. Низ целата земја функционира тајна пошта. Голем дел од функциите на државата ги врши тајната организација.

Овде нема да се задржуваме поопштирно врз развојот на самата револуционерна борба, којашто веќе има полувековна историја. Таа е, можеби, најславната ослободителна борба во новата историја на Балканот. А и според начинот на своето уредување, како и според масовното учество на народот во неа, ВМРО, исто така, немаше соодветен конкурент на Балканот. За време на востанието во Битолскиот округ во 1903 година под оружје беше 10 од сто од населението т.е. приближно толку колку што војници се мобилизираат во една модерна држава. Целокупното останато население во округот им помагаше на востаниците со сите расположливи сили. Голем дел од жителите на овој округ, кои работеа во далечниот Цариград, добивајќи известување за претстојното востание, се вратија навреме во своите села и се вклучија во бојните групи. Мошне ретки се таквите масовни востанија и кај другите балкански народи. Пилсудски забележал дека за време на познатото полско востание од 1863 година, едвај 1 од сто од населението на востанатите области зело учество во вооружените активности.

Се разбира, кога се зборува за македонското движење, не треба да се мисли само на ВМРО. Исто толку стар е и легалниот разгранок на македонските ослободителни активности. Легални македонски организации има во емигрантските средини коишто, исто така, настојуваат да и помогнат на поробената татковина. Важна цел на нивната активност е придобивањето на јавното мислење во странство. Во таа смисла тие остваруваат контакти со странски влади, меѓународни организации и хуманитарни здруженија во разни делови на светот. Емигрантски македонски здруженија имало првенствено во Бугарија и во Америка. Студентски друштва постоеле во повеќе големи европски градови. Бројот на македонските емигранти во Бугарија постепено достигна половина милион луѓе. Во Бугарија, а и во други земји се издаваат весници и книги, додека во самата Македонија се печатат нелегални револуционерни листови. По Младотурската револуција во 1908 година, се создадоа услови, иако за кратко време, да се води легална борба. Во тоа време во Македонија беа спроведени и парламентарни избори, формирани се политички клубови, а ВМРО ги распушти своите кадри, но откако сфати дека од новиот младотурски режим Македонија нема да го добие очекуваното, одново, во 1910 година, ги повика под своето знаме.

***

За разлика од српските, а во извесна мера и од грчките државни четнички движења во европскиот дел на Турција, македонската организација е дело на месното население коешто е претежно бугарско. Ова го потврдуваат и сите странци коишто имале можност да ја проучуваат ситуацијата на самото место. Помеѓу нив е и авторитетниот англиски општественик и политичар X. Н. Брајлсфорд, кој пишува: „Во самата Македонија српската кауза претставува вештачко движење, без било каква важност. Тоа напредува, само ако Турците го поттикнуваат како противтежа на застрашувачката бугарска пропаганда. Ова српско движење не е ништо друго освен една чисто политичка пропаганда, управувана и финансирана од Белград, додека бугарскиот револуционерен комитет, и покрај симпатиите на Софија, е чисто македонска организација“[12].

Всушност, српските чети што се појавија во пограничните македонски села, не беа ништо друго освен органи на Српското министерство за одбрана и Министерството за внатрешни работи. Овие чети немаа ниту своја идеологија; наместо нив политички мислеше и ја насочуваше нивната чисто антибугарска дејност во Македонија српската државна власт, којашто се ослонуваше на турската благонаклоност. Исто таква беше и ситуацијата со четите што Атина ги испраќаше во некои јужномакедонски региони, со таа разлика што тие беа прифаќани и потпомагани од месното грчко население, додека српските чети, за да си обезбедат престој во сиромашните погранични села, сметаа единствено на својот нож и на своите пари. Овие две надворешни пропаганди се здружија против ВМРО и ги тероризираа Бугарите. Вдахновувани од соодветните државни централи, спомнатите четнички движења беа далеку од идејата за автономија. Нивната задача беше да го попречуваат остварувањето токму на таквата автономија, плашејќи се од надмоќта на бугарското мнозинство во земјата. Толерантниот однос на Турците кон нив лесно може да се објасни, ако се има предвид дека објект на нивните напади беше, пред се, ВМРО; а колку што повеќе се спречува дејноста на ВМРО, толку поневозможна станува автономијата, сметаа Турците.

***

Народното движење, предводено од ВМРО, настојуваше по секоја цена да остане независно. Уште од самото негово создавање се правени обиди за негово потчинување на туѓи политики и надворешни фактори. Најсериозни беа два обида – едниот од десно, а другиот од лево. Како десен можеме да го оквалификуваме обидот на познатиот Врховен комитет, којшто првобитно беше организиран од македонската емиграција во Бугарија. Откако се најде, за определено време, под влијание на екстремните националисти, овој комитет се обиде да ја стави под своја контрола ВМРО, како и да преземе, со помош на испраќани од Бугарија чети, некои од пограничиите македонски региони, чиешто население одамна беше вклучено во редовите на ВМРО и беше започнало да се вооружува. Започнаа судири на Бугари со Бугари, трагичниот спомен за коишто и ден-денес не е исчезнат. ВМРО победи, додека врховистачкото движење што ги имаше симпатиите и лошо прикриваната поткрепа на влијателни државни кругови во Софија, исчезна. На страната на ВМРО застанаа сите демократски ориентирани општествени кругови во Бугарија и поголемиот дел од интелигенцијата. Позициите на ВМРО, нејзината самостојност и нејзиниот стремеж кон автономија, а не кон обединување со Бугарија, вдахновено беа изнесувани пред бугарската јавност од редица истакнати бугарски културни дејци, меѓу кои се наоѓаше и големиот поет Јаворов, кој, со пушка во рака, се бореше за ослободувањето на Македонија. Така, уште во времето на турското владеење во Македонија, ВМРО, во исто време, водеше борба против трите соседни присоединувачки политики – на Белград, на Атина и на Софија. Оваа борба претставува вистинско демантирање на сите оние што се обидувале да ја негираат самостојноста на македонското ослобидтелно движење и неговиот стремеж кон политичка самостојност на Македонија.

Во времето на турското владеење се правени обиди, и од лево, и од десно, за влијание врз ВМРО. Овој обид го опфати само еден од револуционерните окрузи и се однесува на ограничен број луѓе. Меѓутоа, нападот од лево се одигра со сета своја силина главно меѓу двете светски војни, обилно поткрепуван со финансиски средства од болшевичката централа. Пред доаѓањето на советската армија на Балканот, овие обиди немаа скоро никакви резултати. Македонското движење херојски се бранеше и не дозволи преку него да се остварат плановите на Третата интернационала. Оваа одбрана ќе заземе важно место во историјата на македонската кауза. Во неа Македонците дадоа многубројни и скапи жртви.

Од својот самостоен статус движењето никогаш не се откажа. Во одбрана на својата самостојност тоа повеќепати влегува во судир со бугарски партии и бугарски влади. И во врска со тоа можат да се презентираат сведоштва на компетентни лица од странство. Алфред Рапапорт, којшто ја познава одлично ситуацијата во Македонија, каде што бил австриски делегат во врска со спроведувањето на Мирцштегските реформи, вели: „Никогаш Македонската организација не се откажала од својата целосна независност во однос на софиската влада. Се разбира, во текот на трите војни таа се грижеше за воената дисциплина, но таа тоа го правеше како сојузиик, а не како потчинета. Во време на мир таа независност беше уште поочигледна, и ќе мора да се напише комплетната нова историја на Бугарија за да се одбележат сите етапи од развојот на бугарско-македонските односи. И покрај сосем природното чувство на национална солидарност, никогаш тие односи не биле доволно блиски, какви што отсекогаш биле односите помеѓу белградската и атинската влада и нивните национални пропаганди коишто дејствуваа во Македонија во последните години на турското ропство“[13].

Во логичка врска со неговата независност се наоѓа и беспартијноста на македонското движење. Во поробена Македонија на македонците не им беше дозволено да имаат свои партии. Таму можеше да биде од корист само тактизирањето со една или со друга партија на поробувачот. Меѓу македонската емиграција во Бугарија не беа создавани македонски политички партии. Некои македонски емигранти членуваа во разни бугарски партии, но секогаш тие ги ставаа интересите на ослободителната борба над партиските интереси. Во таа смисла беспартијноста на движењето претставуваше своевидна догма. Само малкумина емигранти-комунисти настојуваа да внесат партиска идеологија во македонските организации. Сите други беа свесни дека движењето има своја содржајна и традиционална идеологија, којашто бараше, пред се, обединување околу ослободителната идеја.

По својата приврзаност кон демократијата, ВМРО зазема видно место меѓу досегашните револуционерни деижења на Балканот, И по своите идеали, и по своето уредување, таа е демократска. Таа ја одразува во себе народната традиција. Заедничките проблеми меѓу македонските Бугари отсекогаш се решавале заеднички; автохтоните народни институции, здружени јата, коишто, особено во градовите, постоеја и во времето на турското ропство, беа израз на демократскиот дух на народот. Комитетите на ВМРО, од селанскиот до Централниот, се избираат од делегати кои, од своја страна, исто така, се избираат од народот. Околиски, окружни и општи конгреси на организацијата се свикувани на секои три или четири години, ако тоа, се разбира, не било спречено од непредвидени околности. Спомнатиот погоре Брајлсфорд вели: „Главната специфичност на бугарскиот комитет е во неговата демократска организација, чијашто политика и програма се диктираат од македонското јавно мислење… Неговите водачи беа Бугари по јазик и по народност, но и покрај тоа, нивната програма никогаш го немала за своја цел присоединувањето на Македонија кон Бугарија“[14].

Според статутот на ВМРО, нејзини членови можат да бидат лица од различни националности и со различни политички убедувања; доволно е тие да ја прифатат само целта на организацијата и да бидат дисциплинирани. Подвлекуваме дека ниту една друга револуционерна организација на Балканот, судејќи според нејзините политички, социјални и национални погледи, не била толку слободољубива како ВМРО. Споредете ги нивните статути и програми и самите ќе се уверите во тоа. Освен тоа ниту една реаолуционерна организација или политичка партија на Балканот не го опфаќала во своите редови така масовно целиот народ, како што тоа е случај со ВМРО.

Којзнае дали е потребно да додаваме дека ВМРО, според своите цели и својата дејност, е творечка организација, а не разурнувачка. Во неа нема ништо авантуристичко или анархистичко. И покрај продолжителноста на борбата што и е наложена од режимите на поробувачите, таа неуморно го поттикнувала народот кон творечки активности, а и самата е иницијатор за повеќе градежни, културни, просветни, здравствени и стопански дела, сметајќи дека материјалното и духовното издигање на народот претставува висока цел. Веќе ја спомнавме нејзината голема заслуга за ослободувањето на селаните од средновековното крепосништво и преминувањето на сопственоста врз земјата во нивни раце. Погрешно е да се смета дека македонските вооружени групи имале само борбени задачи. Тие му донеле на народот многу повеќе книги за читање отколку оружје. Многу повеке предавања за хигиена, за просвета и за економски просперитет одржале пред народот отколку за бунт. По иницијатива на ВМРО се изградени цркви и училишта, планинарски домови, а на некои места и болници; се создадоа Рајфајзенови каси (каси за заемна помош), вечерни училишта, шумарски и други кооперации, водни заедници, читалишта, спортски друштва, музички групи, туристички друштва итн. Многу повеќе можеше да се постигне, се разбира, во времето на турското владеење. Новодојдените српски и грчки власти не им дозволија на Бугарите да формираат свои општествени здруженија и под најневина форма. На некој може да му изгледа неверојатно, но ВМРО е иницијатор и инспиратор не само на бројни револуционерни акции но и на многу легални културни иницијативи. За легални активности таа потрошила не помалку средства од оние што биле потрошени за чисто револуционерна дејност. Бројни нејзини усилби биле насочени кон лекување на раните што на народот му ги нанел поробувачот или за обнова на разурнатото. Како по основниот мотив на нејзината појава – борбата против ропството, така и по секојдневните свои стремежи и сугестии, таа останува прогресивен фактор и носител на култура. Доколку пак услевала да раководи со општествениот живот, таа обезбедувала сигурност, ред и морал и тоа многу подобар од оној што бил обезбедуван од државите што владееле со Македонија. Паралелно со тоа, таа секогаш настојувала да ја штеди народната крв; никогаш не заборавала дека е претставник на малоброен народ. Започнатата од неа борба всушност претставува легална самоодбрана. Причината за судирот се наоѓа во поробувачот, којшто посегнал врз слободата, имотот и животот на народот. На ист начин и се наметнати на ВМРО сите дополнителни фронтови на коишто таа морала да војува, не по нејзина иницијатива.

Идеите на ВМРО, како и нејзините правила, од 1893 година до денес остануваат непроменети. Нејзината политичка цел беше оправдана од сите настани што го вознемируваат Балканот од половина век наваму. Оваа политичка цел – слободна и независна Македонија, ја оправдаа дури и комунистичките недоразбирања. И покрај познатата дисциллина во комунистичкиот свет, во врска со нерешеното македонско прашање комунистичките влади и организации на балканските држави влегоа во остри полемики. Како што веќе истакнавме, ВМРО одлучно му се спротивставува на националното угнетување; бара рамноправност за сите народности во Македонија за да може секоја од нив слободно да се развива. Национализмот на активистите од ВМРО, независно од која народност се тие, треба да биде сфаќан, имено, во таа смисла. ВМРО е против налагањето на туѓи фактори во Македонија; таа самата никогаш немала намера да се налага на други. Што се однесува, пак, до организираната македонска емиграција во Бугарија, таа никогаш не пројавила властољубје во тамошниот општествен живот. Македонската јавност во Бугарија е на мислење дека сите Бугари се должни морално да ја поткрепуваат борбата за ослободување на Македонија. Според неа, бугарските партии и бугарските политичари секогаш треба да се чувствуваат поблиски до поробениот Бугарин отколку до партии и групи во земјите поробувачи на Македонија. Македонското ослободително движење тешко ги доживувало пречките што му биле поставувани од страна на Бугари. Никогаш не се случило тоа да ги потцени интересите и постоењето на бугарската држава. Тоа не е против ниту една од балканските држави, ако тие не посегнуваат врз правата на Македонија.

Идеите на македонските револуционери се целосно опфатени од дух на слобода и демократија. ВМРО на никого не му дава ни најмалку право да угнетува кого и да било во Македонија, туку секогаш се залагала за целосна слобода и рамноправност на сите во неа.

***

Неопходно ли беше во времето на турското владеење по секоја цена да се пристапи кон вооружена борба? Ние веќе накусо споменавме дека сите балкански народи водеа вооружена борба за своето ослободување од турското ропство. Вистина е, меѓутоа, дека во времето на турското владеење не постоеше асимилаторска политика. И по петвековно тешко ропство одделните народности во Турција опстанаа и го дочекаа своето политичко воскреснување. Во времето на својата инвазија на Балканот, Турците, на некои места исламизираа дел од христијанското население. Потоа сите христијански народи беа оставени спокојно да живуркаат во истата заостанатост и сиромаштија, во каква што султаните го држеа муслиманското население. Разликата беше само во тоа што муслиманите ги опашуваа сабјите, ја пролеваа својата крв по бојните полиња и се чувствуваа господари над имотот, трудот и честа на христијаните. Христијанските националности можеа и да не прибегнуваат до бунт, до револуционерни средства, но нивниот живот би бил толку среќен, колку што може да биде среќен еден орел со пресечени крилја. Стремежите на христијаните кон напредок не и се допаѓа на реакционерната стара турска владеачка елита. Обидите да се добијат граѓански и политички права не се остварија поради сомневањето дека се сака отцепување на христијанските области од турската држава. Со вооружени судири неизбежно би завршиле на крајот сите легални иницијативи што ќе го засегнат апсолутизмот на султанската власт и политичката семоќ на нејзините претставници. А христијаните, особено македонските Бугари, требаше да се ослободат од многустран гнет – и духовен, и политички, и економски. Имајќи го предвид тоа како порано се разви ситуацијата во Бугарија, а пред тоа и во другите балкански земји, основачите на ВМРО, одлично запознаени со условите во Македонија, пристапија кон создавање на револуционерна организација.

Прашањето дали во времето на турското владеење беше апсолутно потребна нелегална дејност, се поставува одвреме навреме во македонски средини, затоа што Македонците апсолутно не очекуваа дека ќе попаднат под друго, уште потешко ропство – грчко и српско. Опседнати од оваа ситуација, тие, постфактум, доаѓаат до констатацијата дека турскиот режим бил цвеќе во споредба со новото ропство и дека поради тоа би можело во турско врвме да се избегнат револуционерните борби, штом националната посебност не била загрозена. Меѓутоа, историјата на евролските народи, а и американската историја, потполно не уверуваат дека секој народ кој би се нашол на местото на македонските Бугари, би прибегнал кон револуција против режим каков што беше турскиот. Беа извршени повеќе револуции од страна на западни народи против сопствените домашни режими, во чие време немало таква бесправност, каква што имаше во Турција, а немало ни национално угнетување од типот на она што режимите на Грција и Србија го воспоставија во Македонија.

Ако е потребно уште еднаш да објасниме зошто македонските Бугари, а со нив и другите народности, нелегално се борат против српскиот и грчкиот режим, кои се христијански, подобро е да го слушнеме мислењето на објективни странци. Еве што вели познатиот соработник на американскиот секојдневник „Крисч’н Сајанс Монитор“ Р.Х.Маркам, којшто повеќе децении ја проучувал ситуацијата на Балканот, така што денес тој со право може да се смета за еден од најкомпетентните луѓе во западниот свет во врска со проблемите на европскиот Југоисток: „… а зошто не се крева глас на протест во „српска“ Македонија, како што тоа се прави во Кроација (Хрватска)? Зошто македонците гласно не ги изнесат своите општествени и етнички барања? И речете ми, зошто не бега врзан коњ? Зошто не гледа човек со избодени очи? Зошто не игра оро човек со исечени нозе? Зошто не свири на виолина човек со врзани раце?

Зошто нема политичка партија во Македонија? Затоа што Белград не го дозволува тоа. Таму, дури и на српски јазик, не е дозволено да се зборува за македонското племе. Таму не може да има ниту партија, ниту собир, ниту кандидат за функција или за пратеник. Таму на народот не му е дозволено да гласа за своите луѓе, ниту да ги бара своите права, ниту да се жали, ииту да даде знак дека постои. Секој народ способен да опстане, има право да живее. Македонците, коишто ја зачувале својата самобитност илјада години, се способни да опстанат и затоа имаат право на самостоен живот. И тие ќе се борат за сопственото постоење. Ако Србија дозволи, тие ќе се борат како секоја мирољубива етничка група и ќе претставуваат мошне силен дел од Југославија. Ако пак Србија не дозволи, тие ќе се борат преку тајна организација. Македонците се навикнати на немаштија и не бараат многу од светот. Нивните барања се сосем скромни.

Освен тоа, тие барања се неотуѓиви. Тие се душата на народот. Тие се македонството. Со еден збор, тие барања се право на живот. Кога би се откажале од овие минимални права, тие не би биле повеќе луѓе. На еден или на друг начин Македонците ќе се борат за своите права. На каков начин ќе го прават тоа, зависи од Србија. Оние во Белград треба да бидат прашани зошто има македонска организација. Српската влада ќе добие збор“.[15]

Р.Дејвис, пратеник во британскиот парламент, заедно со неговиот колега пратеникот г-н Бен Рајли, ја посетил Македонија под српска власт за да се запознае со тамошната ситуација. Српската полиција го прекина нивниот престој. Во октомври 1937 година г-н Дејвис одржа говор пред македонската емиграција во Америка, при што рече: „Подлец е оној Македонец, којшто не се наоѓа во редовите на македонските организации и не се бори за урнувањето на тиранијата во Југославија, затоа што секој Македонец знае дека во неговата татковина нема ни трошка слобода, ни трага од правда. Дури и јас како странец не можам да го трпам она што го видов во Југославија“.[16]

Овде би требало да се запрашаме каков треба да биде односот на македонското движење кон Југославија. Некои македонски пријатели сосем отворено се залагале во корист на голема Југославија, во којашто ќе влезат сите јужнословенски народи, вклучувајќи ја тука и цела Македонија. Погледите на ВМРО, како и на целото македонско ослободително движење, можат да бидат претставени накусо на следниов начин:

Не постои југословенска нација, нема југословенска традиција и не може да се зборува за постоење на некаков си југословенски јазик. Така како што, на пример, нема западнословенска нација, традиција или јазик, а постојат Полјаци, Чеси и Словаци со нивните јасно издиференцирани истории, традиции и јазици. Јужнословенските народи имаат самостоен историски развој и различна национална свест.

Југословенскиот проблем меѓу двете светски војни не беше ништо друго освен одбрана на повеќето јужнословенски народи од настојувањата на Србите да ги потчинат и постепено да ги асимилираат. Српските власти секогаш ја негираа националната посебност на македонските Бугари, наречувајќи ги „јужни Срби“.

Ретко кога постоела држава, толку несакана од народите што живеат во неа, како Југославија. Во таа смисла таа може да биде споредена само со Абдул-Хамидова Турција. И двете постоеја единствено поради политичката протекција што им ја даваа некои подалечни држави. Но сепак, во Абдул-Хамидова Турција никогаш немало таква бесправност и гнет, какви што гледаме во Југославија.

Никогаш во минатото Македонија немала за свој идеал некакво си југословенство. Ако некогаш некои македонски лидери давале помирувачки изјави во однос на Југославија, тие мислеле на тоа дека ВМРО е готова да се откаже од револуционерната борба и да помине кон легални средства, но под услов да се дадат можности за легално дејствување и ако претходно се исполнат поставените од ВМРО барања во полза на македонската бугарштина и останатото население.

Со една голема Југославија судирите и делбите на Балканот уште повеќе ќе ескалираат, наместо да бидат елиминирани, затоа што на полуостровот живеат други народи во таков број, колкав што е и бројот на јужнословенските народи. А ако се земе предвид дека и Турција се смета за балканска држава, заедно со неа бројот на несловенските народи станува двојно поголем. Стремежот кон создавање, по секоја цена, на една Југославија од Трст до Црно Море, ќе предизвика војни од големи размери, а ќе разбуди и сомнежи во соседството, па и подалеку.

Македонија никогаш не гравитирала кон север, во насока кон север; ниту Бугарите, ниту пак македонските Турци или Грци имале работа натаму; ниту историските врски, ниту менталитетот, ниту националната свест не ги ставала во контакт со Србија. Да остане Македонија во рамките на Југославија и денес не наложуваат никакви причини – ниту економски, миту културни, ниту психолошки, а тоа не може да се прави и под плаштот за зачуву-вање на мирот и справедливоста или за единство и хармонија на полуостровот. Токму спротивно – да се држи Македонија во прегратката на Југославија, тоа значи да се работи против сите спомнати мотиви, а најповеќе против националниот принцип. Македонија сосила е припоена првин кон Србија, и тоа без никаков повод или вина од страна на нејзиното население, а потоа е вовлечвна во Југославија, при што неа и на нејзиното население на секои десеттина години им е додавано некое ново име: ту Срби, ту Југословени или Македонци; ту Стара Србија, ту Јужна Србија, ту Вардарска бановина, ту Федерална република. Полицискиот режим, националниот гнет, ограбувањето на народот, уииштувањето на се што национално се пројавува, се уште траат. Како што беше под кралска Југославија, така е и под болшевичка Југославија. Имено затоа, идејата за југословенство, за заедиичка југословенска држава, којашто и така во Македонија немала никако историски и традициски корен, поради наведените факти станала само синоним на тиранија, бесправност и ропство.

Тоа дека Македонија не се определила ниту за Србија, ниту за Југославија, а само против нив, покажува и незапирната борба на македонските организации. На тоа упатува и однесувањето на македонците, кои служат во српската и во југословенската војска. Тие масовно дезертираа од овие армии со оружје в рака, а кога тоа било можно и војувале против нив.

Бранителите на југословенската идеја настојуваат да ги привлечат македонците со идејата за целокупна Македонија во рамките на голема Југославија, т.е. со одземање на завладеаните од Грција и од Бугарија македонски области. За македонците тоа е само обид од страна на Србија или Југославија да го освои и остатокот од Македонија, заедно со Солун. Македонското движење го застапуваше мислењето дека подобро е македонски територии да не се припојуваат дури и кон Бугарија, за да се постигне помирување помеѓу балканските држави со помош на самостојна Македонија. Потполно сфатливо е дека ова движење не може ни да помисли за отстапување на македонска земја на Србија или на некој друг. Не постои ниту една причина која го наложува предавањето на Југославија на оној дел од Македонија, што се наоѓа под бугарска власт, Таму се почитуваат националните права на сите малцинства, а политичките и граѓанските права се обезбедени до таа мера, колку што ги има и за другите граѓани на бугарската држава. Оваа земја може да биде отстапена од страна на Бугарија, само ако биде вклучена во една обединета и независна македонска држава. Подготвеност за ваква постапка најави Бугарија уште пред Париската мирна конференција во 1919 година. Никакви предимства не зборуваат во корист на префрлувањето на Јужна Македонија од едно ропство во друго – од грчко во српско или југословенско.

Што се однесува до несловенските националности во Македонија – Турци, Албаици, Власи, Грци и Евреи, очигледно е, дека тие повеќе би сакале да бидат граѓани на независна Македонија отколку на Југославија. За нив уште помал интерес би претставувал некаков си југословенски идеал. Тие, исто како и македонските Бугари, го гледаат балканското помирување и обединување не во голема Југославија, туку повеќе во една балканска федерација или конфедерација. Словенски мотиви не се истакнувани во македонското ослободително движење. Тоа од секогаш си ја замислувало независна Македонија како пријателска на сите блиски и пријателски народи. Ваквиот став и е наложен посебно поради нејзината географска положба и поради фактот што ја населуваат различни народности.

***

Дали останаа сите учесници во македонското движење докрај доследни и верни на идеите на ВМРО и посебно на нејзиниот политички идеал за автономија? Дека сите останале доследни во сите ситуации – тоа не можеме да го тврдиме. Но дека огромното мнозинство од водачите на движењето и од народните маси останаа, и по чувство, и по однесување, верни на тие принципи – тоа можеме да го тврдиме. Се случи некои одговорни луѓе да покажат инертност во врска со одбраната на автономниот принцип во текот на војните; други луѓе дури ја напуштија основната идеја и го прифаќаа, во текот на некои од овие војни, присоединувањето на Македонија кон Бугарија. Во овие пројави ние не гледаме ништо чудно, и покрај тоа што ги осудуваме. По многубројните незгоди на бугарското население во Маквдонија во неговиот стремеж да ја извојува автономијата; откако од страна на Грците ниту за момент не се покажа волја за соработка во врска со остварувањето на автономијата, туку обратно – се посакуваше распарчувањето на Македонија; откако српските напади со чети и другите севозможни дејства против македонската кауза не успеа; откако Турција, цели 34 години по Берлинскиот договор, избегнуваше да воведе реформи коишто барем малку ќе потсетуваат на автономија, туку го спомна нејзиното име дури на бојното поле – по својот пораз кај Луле Бургас, сосен разбирливо е зошто во редовите на македонското движење се нашле лица коишто водени од љубов кон својата нација, но никако од омраза кон други нации, водени од силна желба да ги спасат од ропство угнетените свои браќа, во определени моменти го прифатиле и решението да се присоединат кон Бугарија барем поголемиот дел од македонските подрачја, во коишто живеат Бугари. Тие луѓе, меѓутоа, никогаш не ја отфрлија во принцип идејата за автономија, ниту пак идејата за независна Македонија. Тие долго време се бореа за неа; настојуваа преку севозможни начини да ја остварат. Делумните скршнувања од идејата за автономија во некои македонски средини, најчесто, се плод на разочарувањето од Големите сили, коишто не го поткрепија таквото решение, а не на убедувањето, дека тоа ја изгубило својата спасителност за Македонија и за Балканот. Меѓутоа, подвлекуваме, дека движењето како цело никогаш не ја напушти оваа своја идеја. Статутите на сите легални и нелегални организации и ден-денес ја посочуваат истата цел што беше определена во 1893 година. Се разбира, дека причина за неостваруеањето на идејата за автономија до денес сосем не се инцидентните скршнувања на одделни лица од македонската заедница. Овие причини се наоѓаат далеку од македонското движење; тие се наоѓаат, како што веќе рековме, во политиката на балканските земји и на некои големи држави. Македонската заедница не го прифати како разрешување на прашањето она што се случи во 1915-1918 година, ниту пак она од 1941-1944 година т.е. делумното присоединување на македонски области кон Бугарија. Особоено во текот на Втората светска војна, македонската заедница и одговорните македонски раководители стоеја потполно оддалечени од бугарската државна политика. Скршнувањата, за коишто погоре зборувавме, се однесуааат на Првата светска војна.

***

По својата долготрајност македонската борба ги надминува ослободителните напори на другите балкански народи, без да заостанува по својата самопожртвуваност и храброст. Меѓутоа, и жртвите што Македонија ги даде се огромни. Којзнае дали некоја друга европска нација дала во текот на војните толкав број убиени, настрадани и прогонети. Само во емиграција заминаа скоро половина милион Бугари, а тоа е 30 насто од нивниот вкупен број. Ако тие останеа во својата татковина, бугарската националност во Македонија денес би била два милиона луѓе. Илјадници борци и невини жители загинаа, без да ги сметаме оние, коишто паднаа како војници во армиите на другите балкански земји што владееле со Македонија. Во времето на турското владеење многу луѓе беа затворани, најчесто во затворите и тврдините низ Мала Азија и егејските острови. Според турски извори, само во текот на подготвителниот период на ВМРО, од 1893-1903 година, биле уапсени 3.764 души, измачувани – 2.503 души, убиени граѓани и селани – 364, заточени – 103, осудени – 503 (меѓу кои има и на смрт), изгорени куќи – 385, ограбени куќи – 825. Во текот на востанието беа разурнати околу 300 села со над 12.000 куќи, силувани се 3122 жени, додека бројот на убиените невини Бугари е 4694 души; без покрив над главата останале 75.000 души. Во борбите учествувале 25 илјади востаници против 250 илјади турски војници; во Бугарија и во Америка емигрираа 30 илјади души; загинаа околу 6.000 македонски востаници и турски војници. Од 1903 до 1912 година во врска со разни провали, вооружени судири и сл. загинаа уште неколку илјади Бугари, а во затворите, исто така, попаднаа илјадници. Во акцијата за разоружување во 1910 година, во некопку околии, масовно беа измачувани голем број возрасни и неполнолетни жители, додека многумина смртно настрадаа или останаа инвалиди.

Во времето на српскиот и грчкиот режим десетаци илјади луѓе поминаа низ затворите или беа интернирани. За време на двете српско-грчки ропства – првиот пат од 1912 до 1915 година, а потоа од 1919 до 1941 година, не помалку од сто илјади македонци беа малтретирани; им беа одземени милиони пари, движен и недвижен имот ао аид на казни, конфмскации, јавни грабежи. Српската државна власт организира, исто така, терористички банди коишто јавно, со посебни инструкции со години наред одеа од село на село и тепаа невини мажи и жени, престојуваа и се хранеа бесплатно по куќите, додека на заминување ги полнеа своите ранци со предмети од моминските чеизи. Уште на самиот почеток од својот престој во Македонија, српската власт испрати такви групи коишто, посебно на просторот помеѓу реката Вардар и бугарската граница, ги посетија скоро сите села, малтретирајќи ги нивните жители. Ѕверствата, извршени над бугарското население, се страшни. На повеќе места беа погребувани живи луѓе, при што ги тераа самите да гi ископаат сопствените гробови; има и случаи на живи изгорени луѓе.

Не успевајќи да ги фатат нелегалните револуционерни дејци, грчките и српските власти го истураа својот гнев врз недолжното население. Официјалните органи прибегнуваа до безосновани групни убиства.

Големи загуби претрпе земјата и поради војните што се одиграа на нејзина територија. Во 1913 година беа изгорени од страна на грчката војска, којашто напредуваше кон север, околу 14 илјади куќи во источните македонски подрачја. Во текот на Првата светска војна се случија нови разурнувања, при што беа оставени без покрив над главата илјадници жители на Македонија. Разурнувања и страдања донесе и Првата Балканска војна против Турција, како и Втората светска војна.

Водена е политика на осиромашување и ограбување на народот; упропастени беа сите побогати семејства. Не беше дозволено организирање на економска основа, основање на кооперации и сл. Кредитирањето беше под контрола на службите за безбедност, чиишто соработници беа и банките заради вршење на притисок и денационализација. Доскорешни богати и добри Бугари беа доведени до просјачки стап. Во областа на стопанството не само што не може да се зборува за напредок, туку сосем спротивно – сe се правеше за економското упропастување на земјата.

Немаше доволно училишта, а и наставата се изведуааше на непознат за народот јазик. Власта бараше сојузник во незнаењето. На бугарски јазик не можеше да се чита евангелието.

Реченото во почетокот на оваа книга во вид на замислена слика на еден угнетувачки режим во Швајцарија, постоеше во Македонија и тоа во многу поголеми размери и посилно изразено. Не остаиа неодземена слобода, ниту непогазено право. Луѓето живееја во постојан страв и вечна потреба, во понижувања, експлоатација и терор.

***

Сосем накусо прикажани, еве ги етапите, низ коишто помина македонското ослободително движење од 1893 година до денес:

1. До 1903 година траеше подготвителниот период, во текот на којшто низ земјата се случија повеќе афери, провали и вооружени судири помеѓу револуционери и турската војска.

2. Во 1903 година се крева Илинденското востание, коешто не донесе никакво подобруваље на судбината на македонското население. Големите сили не и посветија соодветно внимание иа пролеаната крв на поробените. Заедно со Бугарите, жртви дадоа и македонските Власи, коишто храбро се вклучија во редовите на ВМРО; тие беа загрозени, а и денес се уште се загрозени од грчки посегнувања по нивната народност.

3. Од 1903 до 1908 година борбата продолжува и во востанатиот револуционерен округ – Битолскиот, како и во останатите области. Меѓународниот печат и натаму е полн со вести од Македонија. Дипломатските претставништва се во постојана напнатост. Се преплетуваат разни оцени. совети и предлози од страна на разни кругови во врска со нестабилната ситуација на балканот. Со ништо не се подобрува положбата и по Мирцштегските реформи, што за Македонија беа изнудени од страна на Австро-Унгарија и Русија. Овие реформи беа наложени по Илинденското и по едно друго востание, што избувна во 1902 година во некои подарачја на североисточна Македонија.

4. Во 1908 година се случува Младотурската револуција, којашто поставува нов султан на престолот и прогласува рамноправност на сите народи во Империјата. На овој начин била спречена интервенцијата на Англија и Русија за воведување на автономна управа во Македонија, каква што беше договорена на средбата меѓу рускиот и британскиот суверен во Ревал. Но само по една година, на сите националности им стана јасно дека и овој пат нема да добијат ништо битно. Останаа незадоволни Арапите, Грците, Ерменците. Албанците, Власите, Бугарите. Власта ја спроведе во 1910 година, веќе спомнатата погоре, акција за разоружување на македонските Бугари; ВМРО одново започна да дејствува.

5 Во 1912 година балканските држави војуваат против Турција. Членовите на ВМРО се ставаат на нивно располагање за да ги потпомогнат во нивните воени дејства. Непосредно по завршувањето на војната против Турција, балканските сојузници стапуваат во меѓусебна војна. Македонија е распарчена на три дела, при што поголемиот дел од македонските Бугари попаѓаат под власта на Грција и Србија и се подложени на денационализација.

6. Од 1913 до 1915 година револуционерната борба во Македонија продолжува против грчкиот, а посебно против српскиот режим. Во Македонија здружени дејствуваат Бугари, Турци и Албанци. На некои места избувнуваат мали востанија против српските власти.

7. Од 1915 до 1918 година Македонија е преземена од бугарската армија. Од источните граници на Македонија до Албанија се протега фронтот на воениот судир, на којшто од една страна се бугарските, турските, австриските и германските војски, а од другата – армиите на сојузничките сили. Бугарското и турското население се мобилизирани во армиите на Бугарија и Турција, додека грчкото население делумно е мобилизирано во грчката армија, а делумно останало под бугарска власт.

8. По Првата светска војна Македонците, демобилизирани од разните армии, се враќаат во своите домови. Српско-грчкиот режим останува непроменет. Продолжува и револуционерната борба во којашто учествуваат и борци од турската, албанската, а до извесна мера и од влашката народност. Легалната борба е потполно невозможна. Сите што се обидоа да организираат ваква борба, мораа да поминат во нелегалност. Незадоволството и протестите на Македонија, како и нејзиниот отпор, продолжија до избувнувањето на Втората светска војна, кога Бугарија одново зазема голем дел од Македонија.

9. По завршувањето на Втората светска војна Македонија одново останува распарчена на три дела. Ново е само тоа што во делот што остана во границите на Југославија е воспоставен болшевички режим, којшто прибегна кон нова денационализација, прогласувајќи ги македонските Бугари за посебна „македонска“ нација. Освен ова, ништо друго не се променува; продолжува да царуаа истата бесправност, каква што постоеше во времето на српскиот режим.

Македонското прашање пак остана неразрешено – такво какво што беше и по Балканските војни. Сега, притоа, се појавуваат и некои нови моменти, коишто го прават ова прашање уште посложено.

***

Не се ретки случаите кога спасоносни идеи биле претставувани во лажна светлина, ругани и одречувани. Препреките од фалсификации и лаги биле постојан придружник и на македонското движење. Сите оние што се стремеле да ја поробат Македонија, лансирале во јавноста по некоја невистина. Приматот во овој однос го држи српската литература, чиешто пишување во врска со Македонија претставуаа вистински зборник од фалсификати. По неа доаѓа грчката пропаганда, а од триесетина години и болшевичката. Прифатена е тактиката: да се фабрикуваат се повеќе и повеќе лаги, така што на крајот мора нешто да се прифати и како вистина. Првенствено се сметало на тоа дека македонското движење е сиромашно и нема да може да се спротивстави на пропаганди од ваков калибар. Непријателите се труделе со финансиски средства, трошени за заблуда, да го помрачат сето она што македонците го придобиле во очите на светската јавност со својата храброст и верност кон идеалот на слободата. Се сметало на тоа што скоро во сите земји просечниот граѓанин, обично, слабо ја познава вистинската ситуација во далечните земји и е готов да му верува на она што му се сервира во печатот. Уште полесно е да се шират заблуди во врска со борби, коишто долго траат. Таков е спучајот со македонската борба. Во првите години на своето постоење таа во западниот свет имаше голем број почитувачи. Но откако дипломатијата го одолжи до бескрајност решавањето на македонското прашање, паралелно со симпатиите, во некои општествени средини постепено се појави и своевидна досада. Има луѓе, на коишто им станува досадно постојано да слушаат за борбени акции, па макар тие биле и ултраслободољубиви.

Србија и Грција. како што се докажа, инаа за цел да ја поделат територијата на Македонија; имено затоа, движењето што се стремеше да ја зачува целокупноста и самостојноста на Македонија, според нив, заслужуваше да биде уништено, а пред се дискредитирано. Бугарија од своја страна ја прифаќаше независноста на Македонија и се однесуваше толерантно кон самостојноста на движењето, меѓутоа, не е пројавена доследност во таа насока. Затоа македонското движење доаѓало во конфликт и со бугарски влади или други бугарски средини, коишто оделе дури до таму да ги клеветат македонските организации. Болшевичка Русија оцени дека познатото име и енергичиоста на македонското движење би можеле добро да и послужат за нејзините попитички и револуционерни цели на Балканот и затоа се зафати да го потчини или да го отстрани од својот пат. Откако наиде на отпор, таа им нареди на сите подчинети на неа органи низ целиот свет да ги оцрнуваат, што е можно повеќе, македонските организации. Ако се има првдвид колку свои грижи имаше по војната западниот свет; како таму се промени политичката атмосфера на штета на слободата; како беше замолкнат гласот на одделни авторитетни личности, познати како слободољубиви претставници на јавното мислење, за да може се да и се потчини на контролираната во сите сегменти државна политика; како се намножија пречките за посета на земјите што се борат, каква што е и Македонија – повеќе од јасно станува дека во сферата на пропагандата македонското движење не може да се мери со своите непријатели и затоа во овој домен ќе доживува тешки удари. Освен тоа, македонското движење немаше на своја страна ниту една голема сила, додека Србија и Грција добиваа, прикриено или јавно. поткрепа од страна на некои сили на поверсајскиот политички систем; зад комунистите, пак, стоеше болшевичка Русија.

***

Се чини дека е потполно непотребно одново да се занимаваме со искривувањата на вистината, за што веќе беа дадени соодветни појаснувања. Рековме дека движењето се појави самостојно. Истакнавме дека тоа се бореше за автономија во времето на турското владеење и за независност по Балканските војни, наспроти српско-грчките неосновани негирања на овие вистини. Точно е дека нема Срби и Грци, коишто се бореле за оваа идеја, но македонското движење се борело единствено за неа. Непотребно е, исто така, одново да се занимаваме со смешното негирање на бугарската националност и со идејата за некаква си „македонска“ националност каква што на светот досега не му беше позната. Болшевичката политика измислува нови нации или негира стари, во зависност од нејзините прикриени намери. Во Германија се зборуваат дијалекти што се неразбирливи за Германците од другите германски области, но и покрај тоа болшевичката политика денес претставува најголем гласноговорник на германското државно и национално обединување. Бугарите од Дунав до Епир зборуваат ист јазик, но болшевичка Русија сака да внесе помеѓу нив национален раздор, независно од тоа што царска Русија, врз основа на националниот принцип, сметаше дека е наполно логично сите Бугари да бидат вклучени во една држава.

Веќе рековме, дека производ на странските пропаганди е божемниот „страв“ дека Македонија самостојно економски не 6и можела да опстане. Сега пак, од страна на болшевиците се тврди дека македонското прашање веќе било разрешено. Такви тврдења изнесуваа пред саетската јавност Србија и Грција уште во самиот почеток на нивното владеење над Македонија. Се пуштаат гласови, исто така, дека македонското движење божем се борело за разединуаање на балкаиските народи… Се фалсификува и целта на движењето, којашто е потполно јасна – слободиа и независна Македонија.

***

Шлекулации се прават и со нелегалниот метод на македонската борба. Ние, меѓутоа, веќе објаснивме дека овој метод е рожба на самите окупаторски режими. Непријателот, исто така, се обидува да ги претстави македонсккте борци како професионални бунтовници. Ако е тоа така, тогаш ирскиот народ би требало да го сметаме за составен исклучиво од професионални бунтари, бунтовници по занимање или поради љубов кон овој „занает“, имајќи го предвид фактот дека борбата на овој народ трае веќе векови. Причините што ја предизвикуваат борбата на ВМРО, особено против српскиот и против грчкиот режим, се многу поголеми од оние што предизвикале разни револуции во минатото и во сегашноста на западниот свет. Вистинско злодело би било да се помисли дека македонските борци се жртвуваат за нешто друго, а не за слобода, демократија и мир, не за национално опстојување, творештво и просперитет. Во цивилизираниот свет луѓето прават штрајкови за зголемување на дневниците; покренуваат спорови и водат борба против нарушувања на правото на глас; се случуваат вооружени судири поттикнати од социјални проблеми. Македоиците се изложени на постојана стопанска, морална, физичка и политичка тортура, угнетувани од страна на непроменет терористички режим и бидејќи тие не се робови, ниту по чувство, ниту по свест, ниту по менталитет, неизбежно се доаѓа до нелегална вооружена борба. Ние сме уверени дека уште при првиот обид да им се одземе националното име, националниот јазик или националната свест иа Американците, Бритаиците, Русите, Германците итн., тие како еден ќе востанат со оружје в рака. Македонските Бугари единствено преку нелегална борба можеа да го продолжат своето национално постоење пред очите на светската јавност. Кај непријателот постои голема желба тие да бидат мирни како овчички за да не се слуша повеќе името на Македонија и да се симне од дневен ред нејзиното прашањето и прашање за бугарската народност во неа, и тоа поради застареност. Во врска со македонската борба францускиот писател и општествен деец Алберт Лантоан логично заклучува дека „конспирацијата е неопходна должност кога кај поробувачите нема ни трошка чувство за справедливост; против беззаконието и незаконските средства за борба се дозволени“[17].

Уште во времето на турското владеење, кога македонците имаа книги и весници на свој јазик, имаа училишта, цркви, културно-просветни друштва итн, светската јавност ја сметаше за наполно оправдана нивната нелегална борба. Уште помалку може да се тврди дека тие немаат право да се борат со оружје, кога самите се изложени на терор и убивање. Освен тоа, штом тие самите се убедени дека нивната вистинска иднина е во создавањето иа независна македонска држава, нивно право е и за неа да се борат на нелегален начин, ако веќе легалната борба им е целосно оневозможена. Кога Американците се уверија дека им е потребна независна држава, тие се дигнаа со оружје против нивните браќа по крв – Англичаните; порано ќе го стореа тоа, ако американските колонии не беа под англиска, туку под некоја друга странска аласт.

ВМРО по правило ги прогонувал само виновните органи на соодветната окупаторска власт. Во текот на Илинденското востание од нејзина страна јавно се прокламира заштитата на мирното турско и воопшто муслиманско население. Сосем поинакво било однесувањето, на пример, на Грците во слична ситуација. Во 1821 година, откако дознаваат дека нивниот истакнат сонародник Ипсиланти навлегол во Молдавија (Романија) и оти е возможна руска помош, Грците во Пелопонез се побунуваат и за една седмица убиваат петнаесет илјади Турци. Настрадало, пред се, турското населеиие, а не турската војска. Ако пак во текот на некои од војните постоеле обвинувања за дела, спротивни на принципот на ВМРО, да не се посегнува врз мирното население, вината не треба да се бара во ВМРО, туку во одделни личности коишто биле мобилизирани во органите на воените власти или пак во самите туѓи воени власти. Одмаздата никогаш не фигурирала во политичката дејност на ВМРО. При спроведувањето на своите револуционерни мерки и акции ВМРО секогаш водела сметка за избегнување на невини жртви или за смалување иа нивниот број на минимум, дури и во случаите кога тие се наложувале како крајна неопходност. Во таа смисла мошне карактеристично е нејзиното однесуаање во текот на Втората светска војна, кога по 23 годишно српско-грчко ропство во Македонија, таа не насочи ниту еден свој член кон одмазда кон Србите и Грците, коишто беа поразени и можеа лесно да попаднат под ударот иа македонците, ако последните би го посакале тоа.


***

Во македонското движење постоеле и внатрешни судири. Меѓутоа, без основа се претставуваат како виатрешии и борбите коишто тоа ги водело против надворешни политички претензии, па макар биле тие и на фактори од бугарската држава. Внатрешен судир претставува расцепот што група левичари се обидоа да го предизвикаат по 1903 година во еден од револуционерните окрузи. Но и во овој случај, исто така, има обид за мешање на странски партии во македонските работи. На внатрешни можат да личат и судирите коишто се случија околу 1928 година. Но и во тој случај станува збор за надворешни вмешувања. Луѓета, коишто беа отстранети од редовите на движењето, најсетне ги симнаа своите маски и отворено застанаа на страната на болшевиците и на другите надворешии фактори со антимакедонски определби.

Секое револуционерно движење, а и секоја легална партија презема мерки и наложува санкции против оние свои членови, коишто не ги почитуваат правилата за однесување. Слични мерки превземаат и сите држави и општествени заедници, посебно во време на војна; ја приложуваат и смртната казна, иако располагаат со затвори. Македонското движе4ње е принудено да води долга одбранбена војна против поробувачот; кога е потребно прибегнува и до строги мерки против одделни родоотстапници, дезертери, поредавници и сл. Во вакви случаи, заинтересираните, пред се поробувачите на Македонија, веднаш дигале врева со цел да го доведат до заблуда јавното мислење дека македонското движење се самоуништувало и сл. Меѓутоа, слични примери, и тоа во голем број, можат да се најдат и во европската историја, од што јасно може да се види неоснованоста на аитимакедонските пропаганди. Не постои ниту една европска земја или нација што не доживувала внатрешни судири. Обична појава се и поделбите од големи размери во политичките партии во светот. Скоро без исклучок, во сите револуционерни движења се случувале внатрешни потреси. Земете ги, на пример, познатите судири во Француската револуција; еден по друг отидоа на гилотина сите поистакиати водачи на разните фракции и илјадници нивни приврзаници. Мошне тешки внатрешни несогласувања постоеле и во редовите на ирските борци. Но да ги оставиме настрана примерите од далечните на Македонија земји. Во редовите на грчките и српските ослободителни движења од почетокот на XIX век постоеја пројави на големи противречности, а доаѓало и до крвави пресметки. Грчките водачи меѓусебно се убиваа. Впрочем, познато е дека ниту еден друг народ не е толку предиспониран кон расцепи, внатрешни пучеви и прогонувања како грчкиот. Во Србија, пак, во внатрешни судири загина нејзиниот најистакнат национален борец, нејзиниот ослободител од турското ропство Караѓорѓе, кого самите Срби го убија со секира. Како пример од најново време да посочиме што се случи во борбата на Србите и Грците во текот на Втората светска војна кога тие започнаа борба против окупаторите на нивните земји. Грците се поделија и започнаа меѓусебна борба во која што животот го загубија исто толку нивни сонародници колку што загинаа во борбите против окупаторот, ако не и повеќе. Тоа, пак, што се случи со Србите е уште потрагично. Сите внатрешни судири, сите жртви во внатрешните борби во редовите на македонското движење, откако тоа постои, собрани заедно, се најобична детска играчка во однос на разурнувањата и жртвите, коишто Србите самите си ги нанесоа во братоубиствените борби во текот на само две-три години за време на Втората светска војна. И во Швајцарија, како што веќе рековме, имало повеќе несогпасувања и судири на социјална, политичка и религиозна основа. Развојот на општествените заедници е придружуван од спорови и борби. Непотребно би бипо да се наведуваат примери, иако некои од нив остануваат запечатени во паметта на секој гимназијалец, како на пример, судирите помеѓу Британците во времето на Кромвел, религиозните судири среде германската нација, во Шпанија итн. И болшевиците во својата пропаганда понекогаш ги посочуваат судирите во македонските средини, преправајќи се дека заборавиле што се случуваше и што уште претстои да се случи во нивните средини. Никој, се разбира, не е во состојба да го дознае бројот на беследно исчезнатите болшевици во Русија, а особено на исчезнатите неболшевици. Меѓутоа, сосем доволно е тоа што се знае за масакрот кај целокупната болшевичка стара гарда, составена од општопознатите комунистички величини како Троцки, Зиновјев, Бухарин, Камењев, Риков, Тухачевски, Раковски и многу други. Слични чистки, спроведувани тајно, се случувале и во другите болшевички партии низ светот.

Македонското ослободително движење, за жал, немало свои затвори за да ги затвора во нив виновните. Во таков случај би биле отстранети сите намерни или ненамерни претерувања во врска со неопходните мерки, коишто тоа било приморано да презема за сопствената одбрана. Тогаш би можело дури да се помисли за отстранување на смртната казна, ако тоа воопшто би се покажало возможно за едно револуционерно движење, што се бори против непријатели, чијашто цел е да се упропасти и денационализира цел народ.

***

Често ни се приговара дека во Македонија има и ќе има судири помеѓу одделните националности. Целта е да се претстави Македонија како синоним на неред; или дека воопшто нејзините борби се некакви си бесмислени барања. Доколку не се производ на непријателската пропаганда, таквите мислења се резултат на непознавањето на стварноста. Борбите меѓу грчката и бугарската народност во Македонија се остаток од илјадогодишната борба помеѓу Византија и Бугарија и од обидите на грчкото духовенство за денационализација на бугарштината. Откако беше создадена автокефална бугарска црква, сопре и борбата помеѓу Бугари и Грци на национална основа; грчкото духовенство веќе го нема по бугарските земји. Кога би се создала независиа македонска држава, бугарското и грчкото население во неа ќе живеат братски и со заеднички напори ќе ја градат сопствената благосостојба, Тогаш ќе се стави крај на соперништвото помеѓу грчката и бугарската држава, коешто денес не е заради превласт на Балканот, како што беше во времето на Византија. Со еден збор, недоразбирањата меѓу Грците и Бугарите многу изгубиле од старата своја напнатост и острина; постојат сите потребни услови, на нивно место да зацарува грчко-бугарска хармонија. И разумно, и мошне симболично би било, на овие вековни борби да им се стави крај имено таму, кадешто тие најрелјефно го достигнаа својот пароксизам пред илјада години, со ослепувањето на бугарските заробеници – токму во Македонија.

Кога ќе се смири грчко-бугарската кавга, може да се каже дека други меѓунационални конфликти таму скоро и да нема. Меѓу Бугари и Турци не постојат судири на национална основа. Судири на ваква основа нема и меѓу Турците и Грците. Доколку Албанците на јужниот крај на земјата би имале мали недоразбирања со Грците, а на други места со Бугарите, тоа се спорови од безначајна природа што не можат да го загрозат единството или постоењето на една независна Македонија. Антагонизмот на национална основа зависел од политичките несредености и од немањето на слобода во земјата. Ако се промени во тој однос ситуацијата, ќе исчезнат и националните недоразбирања, а ќе исчезнат или до минимум ќе се редуцираат и надворешните подбуцнувања. Македонија досега не била самостојна за да може таа, нејзината администрација, и нејзината внатрешна политика, да бидат сметани за виновни за постојните таму непријатности. Кога ќе биде слободна и независна, дури тогаш ќе може да се суди за нејзината способност сама да се управува и уредува. Тогаш нема да има во Македонија туѓа власт, којашто да фалсификува или негира нечиј јазик или нечија национална самосвест.

Спротивставувања помеѓу одделни националности или одделни области постоеле во повеќе земји, коишто денес се самостојни држави. Да се потсетиме овде барем на недоразбирањата во Белгија, каде што Фламанците, коишто претставуваат половина од бројот на населението, како десетици години по формирањето и признавањето на белгиската држава се бореа за рамноправност на нивниот јазик и признавањето му како официјален заедно со францускиот. Поради овие недоразбирања никој не се осмелил да тврди дека Белгија не требало да се создава како независна држава. И во Швајцарија не престанаа одеднаш големите спорови. Меѓутоа, овие спорови, како и многу спорни прашања во Белгија, неочекувано брзо се разрешија откако овие земји беа признаени за независни и добија меѓународни гаранции за нивниот неутралитет. И со Македонија да се случи истото; да бидат предвидени санкции за оние што би ја вознемирувале Македонија и тогаш ќе се види дали таа нема да го даде најдобриот пример за спогодување и братство помеѓу балканците.

Во Македонија не постојат реални услови и за голема партиска раздробеност, ако таа стане слободна земја и добие исправно уредување. Апсолутно неосовани се сфакањата дека таму луѓето би биле во постојан меѓусебен судир; такво нешто можат да кажат само непријателите на Македонија. Такво нешто не се случувало таму и во времето на ропството и покрај присутните странски интриги, моралното паѓање на послабите луѓе, немаштијата и психолошките притисоци. ВМРО отсекогаш претставувала цврст сојуз на обединетите народни физички и духовни сили. Во времето на турскиот „хуриет“, од 1908 до 1910 година, сплотено се организираа во свои конституциони клубови, ги избираа своите пратеници и покажаа дека се способни за мирен општествен живот. Легалните македонски организации од половина век наваму, скоро без никакви проблеми, развиваат добротворна, културна и политичка дејност Во времето на турското владеење бугарското население здружено и дисциплинирано ги следеше своите духовни општини-црковно-национални и општествени здруженија, во коишто се разрешуваа и некои правни проблеми. Македонските занаетчиски здруженија постоеја во ред и дициплина повеќе векови. Слободно може да се констатира дека на политичка и општествена основа во Македонија имало помалку делби, во споредба со некои слободни и демократски европски земји, иако, пак ќе повториме, народот во Македонија живеел во тешко ропство.

Откако и во Европа зачестија политичките насилства и откако беше редуцирана политичката слобода и остро се судрија претензиите на силни фактори, гледаме дека и таа започнува да се балканизира. Ако во Македонија настапи ера на справедливост и ако престанат политичките насилства, тогаш ќе исчезнат и политичките остатоци од несогласувањата, коишто во странство се уште се преувеличуваат и злонамерно се толкуваат.

***

Како заклучок на изнесеното во оваа глава, произлегуваат следниве констатации:

1. Македонија води тешка борба за своето ослободување.
2. Идејата за самостојност потекнува од самите македонци.
3. Интервенцијата на европските сили во корист на македонската самостојност доцни.

Сево ова може да се види и во случајот со Швајцарија.


12. Х.Н. Брајлсфорд, Македонија: нејзините народности и нивната иднина, Лондон 1906 година, стр. 10З и 376.
13. Види ја книгата „О Пеи де мартир“ од Алфред Рапапорт, стр. 62.
14. Х.Н.Брајлсфорд е автор на специјална книга за Македонија, издадена по Илинденското востание од 1903 год., што избувна во Битолскиот округ. Во својата книга авторот дава интересни подробности за различните народности во Македонија, но исто така, детално се задржува и врз херојското однесување ма македонските Бугари во текот на востанието и потоа.
15. Види ја книгата „Македонија под ропство“ од Веритас, во издание на Македонскиот национален комитет во Софија. Статија на г-н Маркам, пишувана во 1924 година.
16. Види го весникот „Македонска Трибуна“, број 558 од 28 октомври 1937 година, Индијанополис, Индијана.
17. Види ја книгата „Л’Абдикасион дју сјулеј“, Париз 1923 година, од Алберт Лантоан.

ПЕТТА ГЛАВА

 

ОБИДИ ЗА ОСАМОСТОЈУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Идејата за политичка самостојност на Македонија не остана само во програмите и во препораките на македонските организации. Поради спасоносните перспективи, зацртани во неа, таа се здоби со толку голема популарност што во некои случаи не можеа целосно да ја одминат ниту оние, на коишто најмалку им се допаѓаше. За неа проговорија дури и српските државници.

1. Во 1904 година меѓу Бугарија и Србија започнаа преговори за зближување. Најистакнатиот српски политичар во она време, Никола Пашиќ, изјави пред бугарските делегати дека е подготвен да започне преговори за сојуз заснован врз идејата за автономна Македонија. Тогаш беше склучен царински договор помеѓу двете држави.

2. Во 1909 година одново се покрена прашањето за нивното зближување. Пред бугарскиот полномошен министер А. Тошев, претседателот на српската влада Миловановиќ изјавува дека и Србите би можеле да го прифатат бугарскиот став за автономијата[18].

3. Во 1907 година грчкиот државник Заимис, исто така, се искажал за автономна Македонија со сфери на влијание[19].

4. При подготовката на балканскиот сојуз, од српска страна одново е изразена подготвеност да се работи за автономија. Ова го потврдува и Ив. Ев. Гешов, претседател на бугарската влада[20]. Но сепак, веќе е присутно залагањето и на двете страни – српската и бугарската, да го избегнат на некој начин евентуалното решение за автономија.

5. Четвртиот член на балканскиот сојуз, Црна Гора, целосно ја подржувала автономијата, при што, од страна на кралот Никита, пред бугарскиот полномошен министер А. Тошев се изнесени аргументи за ползата од неа, наполно идентични со оние на ВМРО.

6. Во склучениот меѓу Бугарија и Грција договор за одбрана на 18 мај 1912 година, се предвидува на населението во Македонија да му бидат загарантирани правата „што произлегуваат од договорите“. Се мисли на членот 23 од Берлинскиот договор, којшто предвидува спроведување на реформи во Македонија што водат кон автономија.

7. Нацрт-нотата, којашто балканските сојузници требаше да ја поднесат пред избувнувањето на војната, беше од нивна страна грижливо подготвена, со пригоден текст, за да се придобие светското јавно мислење, а особено да не се дава повод на Австрија и Романија да интервенираат во корист на Турција. Сите биле согласни да се бара по секо]а цена токму автономија на Македонија. По ова прашање има повеќе податоци во делата на балканските политичари[21].

Во нацрт-договорот меѓу Бугарија и Србија, во врска со објавувањето војна на Турција, се вели дека четирите балкански сојузници, со одделни идентични ноти или пак со заедничка нота, ќе бараат од Турција да ги спроведе на дело реформите што се предвидени со Берлинскиот догоаор: а) назначување на генерален гувернер од неутрална земја, потврден од Големите сили; 6) избор на обласни собранија; в) локална џандармерија; г) контрола на амбасадорите на големите сили и полномошните министри на четирите балкански држави при спроведувањето на реформите. Овие барања претставуваат најважниот чекор кон автономија. Очигпледно е, исто така, дека не само македонските дејци туку и балканските држави ја сметале за неопходна контролата на големите сили; од овде до гаранцијата на Големите сили има само еден чекор. Со еден збор, за Македонија, по принцип, се предвидува статус мошне сличен со оној на Швајцарија. Во име на сојузниците Бугарија ја поднесе нотата на 12 октомври 1912 година. Во неа се бара првенствено етничка автономија на народностите; притоа, бидејќи беше општопознато дека во Македонија преовладуваат Бугарите, коишто веќе имаа свои училишта, цркви, културно-просветни и општествени институции, тоа значи дека соседните на Македонија држави, во случајов, формално ја признале бугарската националност во Македонија, заедно со грчката и другите тамошни народности. Во посебна точка на нотата се бара да се признаат сите училишта на христијаните, на ист начин како и турските. Се бара, исто така: Високата порта да преземе обврска да не го менува етничкиот состав на провинциите во Отоманската империја преку населување во нив на муслиманско население.

Првата точка од српскиот нацрт на ултинатумот што требаше да и се предаде на Турција, врачен од српска страна на тогашниот бугарски полиомошен министер во Белград А. Тошев, дословно гласи:

„Портата веднаш да пристапи кон спроведување на реформите предвидени со член 23 од Берлинскиот договор, базирајќи ги врз принципите на етничката автономија на народностите во Европска Турција (автономни области, генерални гувернери од некоја неутрална земја – Швајцарци или Белгијци, изборни обласни собранија, локална џандармерија, финансиска самоуправа, народна војска итн.)“.

Втората точка, пак, ја има следнава содржина:

„Амбасадорите на Големите сили и полномошните министри на Србија, Бугарија, Грција и Црна Гора да го контролираат спроведувањето на реформите“.

8. По поразот на турската армија се појавија турски пратеници, коишто предложија да и се даде автономија на Македонија, но предлогот беше одбиен.

9. По распадот на балканскиот сојуз и војната помеѓу сојузниците, Турција и Бугарија водат преговори за зближување и одново се залагаат за автономија на Македонија.

10. Пред одржувањето на Париската мировна конференција во 1919 година, бугарската делегација го поднесе следниот официјален предлог:

„Бугарскиот карактер на Македонија е потврден од многу сведоштва и документи… Големите сили во свечени акти и документи, што исчезнале од нивните канцеларии, прокламираат дека Македонија е бугарска, во согласност со благородните принципи, прокламирани од главните сојузнички сили. Бугарската делегација би имала, според тоа, основа да го побара присоединувањето на оваа провинција кон бугарското царство. Меѓутоа, не може да не ги земе во предвид пречките од политичка природа што ќе се појават по едно вакво решение, колку и да е оправдано тоа од гледна точка на идеалните мотиви. Така, длабоко проникнати од идејата дека македонското прашање денес би можело да биде разрешено на начин, истовремено практичен и спроведлив, само преку формула што може да им донесе на етничките заедници режим што ќе им ја гарантира слободата и националниот опстанок, на балканските земји – средство за помирување, на Големите сили – фактор на стабилност и ред, бугарската делегација има чест да и предложи на Конференцијата, Македонија, во нејзините географски граници, да биде прогласена за независна држава и ставена под надзор на главните здружени сојузнички сили или на онаа помеѓу нив, којашто Конференцијата би ја посочила“[22].

Овде одново ја гледаме идејата за меѓународна контрола и гаранција при разрешувањето на македонското прашање. На чело на бугарската делегација, која го врачи горниот предлог, беа Т. Тодоров – лидер на Народната партија, и Александар Стамболиски – водач на Земјоделската партија. Тие се заложиле и за зближување меѓу јужните Словени, но цитираниот тука документ јасно покажува какво било тука нивното мислење во врска со разрешувањето на македонското прашање и за националноста на македонските Словени. Вакво сфаќање по македонското прашање имаат повеќето од партиите во Бугарија, а таму за секого е јасна бугарската припадност на македонските Словени.

11. Овде, се разбира, нема да ги наведеме сите случаи, при коишто балканските влади или нивни официјални претставници се искажувале во корист на македонската автономија. Меѓутоа, посочените примери се доволни секој да се увери дека и според балканските држави осамостојувањето на Македонија не само што е можно, туку е и пожелно. Обидот на болшевиците да создадат во Југославија одделна македонска федератина единица потврдува дека македонското население навистина се стреми кон политичка самостојност. Предвидените права за Македонија во болшевичка Југославија, меѓутоа, постојат само на хартија; затоа што таму не само што не е допуштена национална автономија, туку фактички е воведен режим на денационализација како што беше и во кралска Југославија.

Ќе наведеме и неколку поважни моменти во кои, од страна на Големите сили, исто така, се разгледува или предвидува воведување на автономија во Македонија:

1. Во 1876 година, шесте големи сили, а имено, Англија, Франција, Русија, Италија, Германија и Австро-Унгарија, задолжија свои претставници да се соберат на една конференција во Цариград и, заедно со помошници на Турција, да проучат и предложат мерки за преобразба и смирување на турските провинции во Европа. Конференцијата се одржуваше по бугарското востание во Тракија и во Дунавска Бугарија.

Францускиот делегат поднесе три проекта: а. За Бугарија – како таа да се организира во рамките на турското царство. Во проектот не се зборува посебно за Македонија, туку таа се третира како дел од Бугарија. б. Проект во врска со условите за мир во Србија, којашто во тоа време била во војна со Турција, в. Проект во врска со организацијата на Босна и Херцеговина.

Во врска со бугарските земји Конференцијата решава дека тие треба да се организираат во две големи автономни области. Источната област да го има за главен град Трново, додека западната, којашто ја опфаќаше, пред сe, територијата ма Македонија, да го има за свој главен град Софија. Во западната област беа вклучени како бугарски и подрачјата на денешна југоисточна Србија, околу сливот на реката Морава со градовите Врање, Пирот, Ниш итн.

Ако овој план се оствареше, автономијата во рамките на турската држава одамна би поставила цврсти основи за културен и стопански просперитет на македонското население; никој не би се решил потоа да ја негира бугарската народност во Македонија; ќе се избегнеа војните против Турција и војните меѓу одделните балкански држави.

2. При склучувањето на Берлинскиот договор во 1878 година, Русија прави обид да ја придобие Австро-Унгарија за автономија на Македонија и на Албанија. Австрија не прифатила.

3. На Берлинскиот конгрес е донесено решение во Македонија да се спроведат реформи од страна на Турција. Решението се содржи во членот 23 од Берлинскиот договор, за чиешто спроведување одговорност презедоа и Гопемите сили. Ако беа спроведени предложените мерки, постепено би се дошло до автономија.

4. По востанието од 1902 година во источна Македонија, познато како Горно-Џумајско востание, Големите сили и препорачуваат на Турција да изврши некои реформи. Но во практиката се доби само правото христијаните да имаат само вооружени полјаци од христијанска националност. Некои од Големите сили и тогаш размислувале за автономни реформи, но како резултат се добило само спомнатото.

5. По Илинденското востание од 1903 година, во Мирцштег се одржува средба меѓу рускиот цар и австроунгарскиот кајзер Франц Јосиф. На оваа средба беа договорени главните точки за реформи што и беа предложени на Турција и таа ги прифати на 25 ноември истата година. Меѓутоа, Македонија одново не доби ништо. Беа испратени само инструктори од Големите сили во разните вилаети (области) на Европска Турција за да извршат одредени реформи во турската џандармерија. Надежта за автомомија се одложи.

6. Италија преку својот државник Титони изрази во 1907 година став во полза на автономна Македонија. Титони во парламентот изјави: „Македонското прашање треба да се разреши преку автономна управа базирана врз националностите“.

7. Во 1908 година се сретнаа во Ревал англискиот крал и рускиот цар. Двете големи сили постигнаа договор што требаше да доведе до автономија. Англискиот министер за надворешни работи Едуард Греј изјави во домот на општините дека Англија покренала иницијатива за назначување на генерален гувернер во Македонија.

Во Турција, меѓутоа, е извршен воен пуч. Објавено е дека султанот воведува во својата држава современ устав што обезбедува рамноправност и слобода за сите националности и на сите турски граѓани. На овој начин беше спречено од страна на Турција воведувањето на автономија во Македонија. Истата фарса беше одиграна и во 1876 година; прогласен беше уставот, ветени беа големи правдини за народот и на тој начин беше спречено спроведувањето на она што беше решено на Конференцијата на шесте големи сили во Цариград. Дали и во 1908 година некои од големите сили тајно работеле против спроведувањето на спасоносниот план, како што има сознанија дека тоа го правеле во 1876 година, за нас воопшто не е битно. Можеме само да констатираме дека кога се сакало да се постигне смирување на Балканот и да се задоволи Македонија – и Големите сили можеле да ја препорачаат единствено македонската автономија.

8. Рускиот претставник во Софија, Нехлјудов, во октомври 1912 година испратил допис до министерот за надворешни работи во Санкт Петербург, во којшто го искажува мислењето дека најдобро е Албанија и Македонија да бидат автономни и да бидат ставени под закрилата на Големите сили. И во други случаи, додека траеше војната против Турција, руски официјални органи размислуваат врз идејата за автономија. За жал, во тоа време балканските сојузници веќе се беа откажале од оваа идеја[23].

9. На Париската мировна конференција во 1919 година, меѓу Големите сили е разгледувано прашањето за издвојување на оној дел од Македонија што се наоѓа под југословенска власт, како автономна област во границите на Југославија. Италијанската делегација поднесува свој проект; Англичаните, пак, поднесуваат друг проект, кон којшто се придружуваат американската и јапонската делегација. Предлозите пропаѓаат заради спротивставувањето, пред се, на француските претставници, коишто ја подржале српската непомирливост.

***

ВМРО често предупредуваше дека ако се напушти идејата за автономија и се допушта поделбата на Македонија, ќе се дојде до војни меѓу балканските народи и постојана омраза. Во текот на последните триесет и пет години, предвидувањата на ВМРО се потврдија и со многу повеќе факти, отколку што можеше да се очекува.

Видовме дека зборот „автономија“ наместо да биде јасно потенциран како цел на војната, во договорот на балканските сојузници едвај е спомнат, и тоа на начин што упатува на намерата да биде игнориран. Во договорот помеѓу Бугарија и Србија е речено дека Македонија ќе биде поделена меѓу потписничките „ако двете страни се уверат дека конституирањето на оваа територија како посебна автономна област е неаозможна заради заедничките интереси на бугарската и на српската народност или поради други внатрешни или надворешни причини“. Меѓутоа, овие земји биле однапред одлучени за делба. Затоа и не чекале да се убедуваат допрва, туку уште со самото стапување на нивните војски во Македонија, особено српските, започнаа да се однесуваат кон неа како кон сопствена земја. Во договорот стојат наведените нејасни зборови во врска со автономијата, а линиите на поделбата се опишани опширно и точно. Што се однесува, пак, до општите интереси на Србите и Бугарите, тие категорично наложуваа да се бара имено автономија на Македонија. Ова го бараа и сите „внатрешни и надворешни причини“. Погоре наведовме дека и самите балкански влади истакнаа важни аргументи во полза на автономијата во нивната заедничка нота до Турција.

Во тие моменти, исклучиво од балканските влади, пред се од владите на Бугарија и Србија, зависеше каква ќе биде целта на војната. При подготовката на нивниот сојуз, бугарските делегати Станчов и Ризов, на 7 ноември 1911 година, на претседателот на српската влада Миловановиќ му ја понудиле следнава формулација:

„Ако по војна, водена заеднички од двете земји, Србија и Бугарија, се најде за потребно таа да заврши со автономна управа на областите населени со Бугари. двете земји ќе се согласат да склучат мир, само ако постои сигурна гаранција за автономија на спомнатите области“[24].

Значи, овие две земји, а не некој друг, одлучувале дали војната ќе завриш или нема да заврши со автономија. Областите, за коишто станува збор се: од една страна Македонија, населена со Бугари, и од друга страна Новопазарскиот санџак и Косово, каде што има Срби.

Од бугарска страна можело да се настојува за уште поголема јасност во врска со целта на војната и при договарањето со Грција. Меѓутоа, и она што е речено за обезбедувањето на правата „што произлегуваат од договорите“ е сосем блиску до автономијата и нема ништо заедиичко со делба на македонската земја.

Потполно е јасно дека како содржината на склучените договори и спогодби така и упатената до Турција нота, сосем не им одговарале на интимните намери на балканските сојузници. Стремежот кон ослободување на поробените христијани и браќа бил потиснат од друг, посилен стремеж – да се освои земја. Во српско-бугарскиот договор алчноста за земја се чувствува силно, особено во желбата на Србите да ги освојат скоро сите албански области. Таквото поробување на Албанците фрла црна дамка воопшто врз ослободителните мотиви на оваа војна. Србија можеше одлично да се задоволи со автономијата на Санџак и Косово и со економски излез на Јадранското море, како што, впрочем, нејзиниот политички лидер Пашиќ и ветувал на Австрија преку проф. Г. Масарик – во тоа време пратеник во австрискиот парламент[25].

Грчката влада, исто така, без желба гледала на автономијата. Турците, пак, со децении го одложуваа нејзиното спроведување.

Бугарската официјална политика има огромна вина како пред ослободените така и пред поробените делови на бугарскиот народ. Таа мораше да го прифата предлогот на поразените Турци, и тоа кога нејзините сојузници веќе беа почнале да ги отвораат картите, одлучни во намерата да не ги напуштаат освоените од нив територии. Бугарија требаше да остане цврсто приврзана кон содржината на нотата поднесена до Турција за автономија; при потреба да им се обрати на Големите сили и до јавното мислење, ќе истакнеше дека се бори за ослободување, а не за освојување на територија. Од сите страни нејзината постапка би била посретната со одобрување; Србија и Грција би биле принудени да ја прифатат автономијата на Македонија. Луле-Бургаската победа го беше подигнала угледот на Бугарија и на нејзината Армија како никогаш досега. Уште повеќе би се подигнал престижот на една умерена бугарска политика по една ваква воена победа и при очигледно бугарско национално право во Македонија. Наместо тоа, раководните луѓе на Бугарија им наредија на своите потчинети, имено по Луле- Бургаската битка, збор да не се рече повеќе за автономија.

Поробениот македонски Бугарин му е благодарен на народот-брат од слободна Бугарија затоа што на неколкупати ја пролевал својата крв низ боиштата, со желба да и помогне на Македонија. Меѓутоа, не само македонскиот Бугарин туку и народот во Бугарија ги осудува и не може да им прости на оние бугарски политичари, коишто ја прокоцкаа неколкупати по ред шансата за македонска автономија, ја туркаа Македонија во ново ропство, а во големи опасности и самата Бугарија. Тие не пројавија желба да се поучат од неуспесите што се случија еден по друг. А не беа заборавиле колку спасоносна е идејата за автономија. Дури и мошне често ја спомнуваат. Меѓутоа, тоа го правеа секогаш, откако се впуштаа во политички и воени авантури, откако се случувале несреќите. Така постапија во 1919 година, поднесувајќи го познатиот предлог за независна Македонија до Конференцијата во Париз, откако четири години беа војувале во текот на Првата светска војна и ја беа изгубиле играта; не се беа сетиле да побараат автономија и во текот на долгите и мачни преговори со силите на сојузниците, пред да отстапат во Првата светска војна. На ист трагикомичен начин тие постапуваат и на крајот од Втората свет-ска војна; и тогаш многумина одговорни бугарски политичари се сетиле за автономија или независност на Македонија.

Ако судиме по изнесените во бугарскиот печат податоци, кон крајот на Втората светска војна и српски одговорни личности си припомниле за истото нешто. Во дневникот на бугарскиот регент проф. Богдан Филов се вели дека на 4 септември 1944 година кај него дошол адмирал Иванов, којшто ја вршел улогата на врска меѓу германската воена команда во Белград и бугарските воени формации во Србија во текот на војната. Адмиралот му соопштил на регентот Филов дека водачот на српското востание, Дража Михајловиќ, нуди соработка со бугарската армија во борбата со болшевиците, но под услов на Македонија да и биде дадена независност.

Прашањето за македонската независност можеше да се постави и успешно да се разреши во текот на војната, само ако беше покренато од страна на балканските држави, а посебно од страна на Бугарија, и тоа за доброто на сите на Балканот.

***

Се разбира, вина има и кај Големите сили. Ослободувањето на балканските земји било следено од многу дипломатски игри. Тие биле најмачни околу македонското прашање. Ако е потребно карактеристично сведоштво за нивото и компетентноста на европската дипломатија од најново време, тоа треба да се бара во врска со Македонија. Подобар пример за потсмејување со народните маки, за егоизам, за ограниченост и за надмудруаање којзнае дали има.

Големите сили се согласија во 1876 година да воведат во Македонија автономна управа, но натаму не направија ниту чекор, и покрај тоа што веднаш станаа јасни турските манипулации во врска со ветениот од нивна страна современ устав. Во 1908 година две од најсилните и највлијателни Големи сили – Англија и Русија, се согласија да се бара автономна управа, но веднаш потоа ја напуштија оваа своја намера, макар што турската власт не ги воведе ветените и очекувани подобрувања во управата на Македонија. Исто така, и во 1912 година, од страна на Големите сили не беше преземено ништо за да се спречат балканските судири со енергична и решителна препорака, да се прифати автономијата којашто, и без тоа, ултимативно беше барана од страна на балканските сојузници од султанот. Во предвечерјето на Првата светска војна, во околности на интензивни дипломатски игри за придобивање на балканските земји кон едната или кон другата страна на завојуваните Големи сили, последниве ниту ја предлагаат ниту ја наложуваат македонската автономија, преку којашто можело многу да се постигне. И по Втората светска војна ниту една голема сила не го предложила единственото среќно разрешување на ова прашање – конституирањето на Македонија во самостојна политичка единица.

Секоја од нив се трудеше да ги зацарстува на Балканот своите политички, економски и стратегиски позиции. Војските, скоро на сите од нив, беа спротивставени во Македонија едни против други. Постојат флагрантни докази дека некои од овие земји покажуваа желба дури и да останат во Македонија како господари. Затоа, не може да се мисли дека Големите сили ги заборавиле своите балкански грижи, или пак, дека македонската автономија е заборавена поради евентуалната неинформираност на политичките камцеларии. Доколку, пак, некои големи сили ја определувале македонската земја како хонорар за наградување на некои свои сателити на Балканот, таквата политика ги покажа своите горчливи резултати во блиското минато; уште погорчливи резултати таа би дала во иднина. На ниту едно друго место не биле повеќе игнорирани етнографијата, стопанските потреби и вистината; недостасувала етика и широчина на ставовите. Ако навистина во Европа и во светот мора да се очекуваат нови ветришта, целосно треба да се променат и политичките методи, преку кои европските Големи сили се пројавувале на Балканскиот Полуостров. На местото на надмудрувањата и себичноста треба да застане зборот на правдата. Повеќето од балканските кризи се плод на соперништво помеѓу големите европски држави. Оваа констатација е најточна во однос на нерешеното македонско прашање.

Овде, се разбира, нема потреба да се осврнуваме врз безбројните постапки пред Организацијата на обединетите нации од страна на македонските организации. Таа никогаш не се интересирала за страдањата на поробените и за нивните желби. Нејзиното однесување можело само да ги зајакне незадоволствата, па дури и револуционерните борби. Обединетите нации беа, божем, и гарант за правата на малцинствата, Меѓутоа, никогаш не се заинтересираа за бугарското малцинство во Југославија. На ист начин неодговорно се однесе и кон проблемите на малцинствата во Грција. Купишта од ветувања и од прокламации на убави принципи се истураа од страна на ОН и неговите создавачи. Апелите на поробените народи, меѓутоа, тие не ги слушаа.

Сметаме оти е потполно јасно дека кога станува збор за македонското прашање, проблемот не е во односите помеѓу македонските националности, а уште помалку во изнаоѓањето средства за нивно подобрување. Тешкотиите се повеќе во работате што се случуваат надвор од Македонија, во неразумните постапки на соседите и во плановите на Големите сили.

Во голема мера таква беше некогаш ситуацијата и со Швајцарија


18. По ова прашање повеќе податоци можат да се најдат во книгата на А.Тошев „Балкански войни“, прв дел.
19. А.Тошев, Балкански войни, Т. I, стр. 168-169.
20. Иван Евстатиев Гешов, Балканският съюз, стр. 15. Гешов беше лидер на Народната партија во Бугарија и претседател на бутарската влада за време на Балканската војна против Турција.
21. И по ова прашање детални податоци има во цитираниот труд на А.Тошев. Таму има податоци и за ставот на црногорскиот крал Никита во врска со македонската автономија.
22. Забелешки на Бугарската делегација на нацрт-договорот за мир, Париз-Неј, 19 септември 1919 година, стр. 33 и 34.
23. А.Тошев, Балканските войни, втор дел, стр. 81.
24. Во врска со овие прашања податоци можат да се најдат и во трудовнте на бугарските политички писатели д-р Александар Гиргинов, К. Соларов, П. Тодоров, но најмногу во двотомниот труд на А.Тошев.
25. Во книгата на гроф Сфорца „Пашиќ и обединувањето на Словените“ издание на Галимарт на француски јазик, стр. 108-109, се вели, дека Пашиќ ја известил австриската влада преку членот на австрискиот парламент Г. Масарик за некои свои предлози, кон крајот на 1912 година. Притоа, некои од овие пораки на Пашиќ Масарик му ги соопштува иа Уикам Стијд, кој, во тоа време бил дописник на лондонски „Тајмс“ во Виена. Во пораката на Пашиќ се вели. Иако ние сме поволно расположени за поделба на Албанија, можеме да ја прифагиме австриската идеја за автономна Албанија, како доказ дека сме подготвени да водиме сметка за желбите на Австрија. И понатаму „Ние сакаме од Австрија едно пристаниште и еден коридор што води до тоа пристаниште“.

ШВАЈЦАРИЈА НА БАЛКАНОТ

Како би изгледала по своето внатрешно уредување независна Македонија? Таа, по секоја цена, мора да има барем толку самостојност, колку што имаат нејзините соседи.

По своето општествено уредување таа брзо ќе ги настигне добро уредените мали држави во Европа, коишто немаат намера да водат војни, ниту да фрлаат око на туѓи земји и богатства. За да ги настигне, пак, и во областа на материјалната култура, потребни се засилени творечки активности, посебно во првите дваесет-триесет години.

И покрај повеќевековниот пример на тоталитарно владеење, засведочен од страна на Турците, словенската бугарска маса останува верна и, ако може така да се каже, органски поврзана со светиот принцип на демократијата при водењето на општествените и на државните работи. Овој вроден демократски дух претставува поволен услов за уредувањето на земјата врз добри основи.

Кога народната енергија и мисла ќе се насочи кон изградба, а не кон борба, а соработката ќе им го заземе местото на антагонизмите, веднаш ќе се почувствува гаранцијата за конституирањето на Македонија како угледна мала држава. Таа гаранција ќе се покаже првенствено во волјата на народот за зачувување на рамноправноста и единството, и во неговиот стремеж кон налредок.

Демократското уредување се потпомага од околноста што во Македонија нема трага од привилегии, титули и крупни сопственици. Кратко време по своето навлегување во земјата, турската власт ги ликвидирала болјарите и сите други привилегирани христијани. Акцијата, пак, на ВМРО го потпомогна исчезнувањето иа крупното земјопоседништво и поминувањето на земјата во рацете на оние што ја обработуваат.

Дали Македонија ќе сака да ја организира својата демокрагска управа по француски или по американски образец или, пак, целосно ќе може да се приложи швајцарскиот начин на уредување – по тие прашања ќе се изјасни идниот македонски парламент. Обрасци за општествено уредување на држави има повеќе. Поделикатно, за многу народи, не било прашањето за барањето и пронаоѓањето на туѓи теориски примери, туку прашањето за усогласување со автохтоните карактеристики и желби на народот. Во тоа се состои демократијата: во приспособување кон она што го сака и што може да го постигие народот во определена епоха.

Ако се обезбеди целосна слобода на националностите, може да се помине и без кантонален систем. Меѓутоа, ако во негова корист се појават барања, тој може да биде воведен, независно од тоа што за него не постои никаква опора и традиција, ниту пак економски потреби. Во таков случај ќе има кантони со мнозинско население од една или од друга месна народност – бугарска, грчка, влашка, албанска итн.

Идниот парламент на Македонија ќе донесува одлуки за се што се однесува до компетенциите на евентуалната кантонална самоуправа. Овде не би можеле да ги разгледаме детално односите меѓу кантоните и централната власт. Ако судиме според туѓите примери, мораме да истакнеме дека во поново време се појавува стремеж кон централизација, паралелно со загарантираните во секој поглед права на граѓанинот. Во Швајцарија во компетенциите на централната власт се војската, надворешната политика, поштите, телеграфот; има заеднички даночен и паричен систем, а заедничко е и судството. Идната независна Македонија ќе успее да ги усогласи потребата од единство и почитувањето на слободата, коишто еднакво го наложуваат самото нејзино создавање како одделна држава. Во секој случај, независна Македонија ќе има потеба од се поголемо внатрешно единство, а не од делби. Може да се претпостави дека во неа, во никој поглед, нема да се претера со кантоналната самостојност. Мошне веројатно е, уставите за самоуправа на евентуалните кантони да бидат потполно исти, затоа што и населението на кантоните би имало исти потреби, а и не станува збор за одделни територијални единици, коишто имале и досега свој посебен историски развој.

Специфични причини ќе наложат, барем за извесно време, правото на влегување во Македонија да се резервира само за лица што се родени таму или, пак, потекнуваат од родители Македонци. Ова нема да му наштети на слободољубјето на земјата. Истото го прават и најслободните, а и моќки земји како Соединетите Американски Држави. Ваквото ограничување се наложува не толку како мерка против пренаселеност колку заради внатрешна стабилност на младата држава. Македонските емигранти треба да ги добијат сите законски олеснувања и подолг временски рок за да се вратат во својата татковина со права што ги имаат сите други граѓани. Враќањето на емиграцијата е неопходно и заради издигнување на земјата во културно-економски поглед. Но тоа ќе претставува, истовремено, и голем практички придонес кон целосното разрешување на македонското прашање.

Националната слобода мора, по секоја цена, да биде загарантирана од уставот на државата. Како официјални јазици би можеле да бидат признаени петте јазика: бугарски, грчки, турски, албански и влашки. Во училиштата, секако, ќе се предвиди изучувањето барем на уште еден до два од останатите јазици, покрај мајчиниот. И по овие прашања може да биде поучна практиката во Швајцарија.

Секоја од националностите ќе може непречено да одржува културни и духовни врски со своите сонародници во соседните држави и во другите делови на светот. Народностите би можеле барем симболично да ја зачуваат својата припадност кон матичната национална црква. Може да се претпостави дека во Македонија црквата ќе биде одделна од државата.

Неколку децении наред црквата, во границите на бугарската држава, го признаваше за свој духовен глава егзархот, чиешто седиште беше во Цариград – престолнина на Турција. Сите католички верски заедници, иако во различни држави, ја признаваат врховната власт на папата, чиешто седиште е во Рим. Ист е случајот и со католиците во Швајцарија, без тоа да се одразило негативно врз внатрешниот развој и надворешните контакти на земјата. Откако ќе се средат добро меѓунационалните односи во Македонија, сами по себе ќе се средат и црковните работи.

На националностите ќе мора безусловно да им се вратат училиштата и граѓанските здруженија, коишто им беа одземени насила во 1912 година. Во уставот ќе се признаваат нациите што се признаени од историјата, и коишто постоеја со свое национално име во текот на повеќевековното турско ропство. За да и се обезбеди спокојна иднина на земјата, со закон треба да се забранат какви и да било спорења и судрувања на нацинална основа.

Рамноправното учество на народностите во изградбата на новата македонска држава и нејзиниот иден развој, треба, исто така, да биде загарантирано во уставот, како и со законите на државата. Никоја народност нема да доминира над другите со надменост, со итрина или со сила.

Збратимувањето меѓу народностите ќе биде потпомогнато и од еднаквоста на законите во културната, стопанската, просветната, судската и во сите други области. Од 1912 година досега не постоела еднаквост на законите за целата земја ниту пак законодавството на господарите се одушевувало од љубов кон сите месни националности.

Сите граѓани на земјата, независно од нивната националност, треба рамноправно да имаат пристап до судската власт и до службите на јавното обвинителство. Таа ќе бдее врз непреченото користење на уставните права и задолженија, како и за почитувањето на законите. Посебно треба да се внимава управувањето на која и да било власт да не се користи за давање предност на една или друга националност за сметка на останатите. Еден апсолутно независен и неменлив судски и обвинителски кадар уште повеќе ќе придонесе за остварувањето на овие замисли.

***

Кога ќе исчезнат националните страсти, самостојна Македонија нема да биде арена на остри партиски спротивставувања на друга основа. Општествениот живот ќе ги има сите потребни услови да се развива хармонично, како кооперативмо здружение со неговите доброволни членови. Мошне веројатно е, во овој почетен период, да бидат формирани партии со програми за економски просперитет, а не партии засновани врз идеолошки недоразбирања.

Бидејќи не постои класа на побогати луѓе, лесно ќе се воведат закони коишто ќе ја оневозможат економската и социјалната експлоатација. Може да се каже дека во Македонија сите се сиромашни, а земјата не е искористена во доволна мера. Ќе има доволен простор за работа, поради што сосем е оправдана секоја индивидуална и народна надеж за поголема материјална благосостојба. Без особени напори ќе се осигури праведна распределба на земјата – вековната мечта на сиромашните луѓе низ целиот свет. Постојат шанси да се исправат големите неправди што окупаторите ги направија во времето на нивното владеење. Проблем со евентуална безработица, најверојатно, нема да се појави долги години, затоа што скоро целото население ќе биде ангажирано во стопански активности, коишто нема да бидат во зависност од странски економски проблеми. Освен тоа, земјата долго време нема да биде и пренаселена. Огромно мнозинство поседува своја земја и се занимава со земјоделство. Не располагаме со податоци за сите делови на распарчената Македонија. Меѓутоа, ангажираните со земјоделска дејност жители којзнае дали се помалку од 80%. Останатате се занаетчии и трговци, еден дел од коишто, исто така, имаат по некое парче земја. Работништво, онакво какво што има во западниот свет, индистриски пролетаријат – во земјата нема.

***

По кажаното во втората глава, потполно е непотребно да нагласуваме дека Македонија одлично може да се исхранува и самостојно да егзистира. Најмалку поради економски причини би можело да се очекува дека таа ќе посака да се присоедини кон некоја од соседните држави, како што, на пример, во 1918 година побараа германските пратеници од австрискиот парламент, во својство на привремено национално собрание. Тие побараа присоединување на Австрија кон Германија. Очигледно е, дека економската иднина на Македонија засега се оцртува во три основни насоки: а) Земјоделство, на кое му претстои модернизација и од коешто можат да се очекуваат поголеми доходи; б) Развиена трговија од модерен тип; в) Пронаоѓање и искористување на рудните богатства. Паралелно со тоа ќе се развие и индустрија, но не особено голена. Слободна Македонија ќе биде подготвена да создаде благосостојба, којашто ќе биде еден вид гаранција за сиот странски и домашен капитал, кој ќе биде инвестиран за нејзиниот сестран развој. Во овој случај не така мала улога ќе има и традиционалната чесност, со којашто е познат во комерцијалните средини македонскиот трговец и воопшто граѓанин.

Кога народот ќе почувствува дека има гаранција за сигурна иднина, тогаш ќе бидат инвестирани во корисни потфати и заштедите, што тој векови наред ги криел, доколку, се разбира тој ги има. Со нив ќе се потпомогне индустријализацијата и целосната економска преобразба на земјата.

***

Своите односи со соседите Македонија ќе ги гради врз толерантни основи. Меѓутоа, одлучно ќе му се спротивстави на секој вид иредентизан. Таа би ги обезбедила сите разумни економски олеснувања, без да робува на никого во тој поглед. Редно е крајморските земји да им прават услуги на оние земји што се наоѓаат зад нив, врз основа на реципроцитет. Бидејќи од пристаништето во Солун, во поголема или помала мера, имаат потреба сите балкански, како и некои подалечни европски земји, секако, дека ќе бидат предвидени соодветни олеснувања за нивниот увоз и извоз.

Спорови околу границата со Бугарија и Србија нема причина да се подигаат; таа совпаѓа со географската граница на Македонија. Границата со Албанија, исто така, е определена со високиот масив на Шар Планина, Кораб и други планини. Ако на југ со Грција се појават мали гранични спорови, нивното разрешување нема да биде тешко.

Уште пред да се заговори за македонска независност, веќе била истакнувана ползата од една балканска федерација. Како среќно решение за Балканот, таа е прифаќана и од македонските борци; откако ќе престане да биде јаболко на раздорот, Македонија ќе се претвори во обединувачка алка. Со тоа тие му покажале на светот дека во идејата за осамостојување на нивната татковина не се содржи никаква амбиција за самовластие, никакво самољубие врз националистички основи, ниту пак некакао непријателство кон кого и да е од соседите. Покажано е само подалековидно разбирање за заедничките интереси, претчувство за потребата од балканска хармонија и загриженост за мирот воопшто. Потребите на балканските народи можат да бидат целосно задоволени преку меѓусебно зближување. Тоа не може да се постигне со војни, ниту пак со чести меѓусебни договори, коишто уште почесто ќе бидат нарушувани и игнорирани. Проникнати од идејата за солидарност, македонските борци секогаш биле подготвени голем дел од суверенитетот на идната македонска држава, и тоа во еден од најчувствителните сегменти, како што е надворешната политика, да и се отстапи на централната балканска федерална влада, се разбира, ако со такво решение се согласат, секоја за себеси, и останатите балкански држави.

Но ако еден балкански сојуз – федерација или конфедерација, не би му служел на мирот, слободата и справедливоста, туку би бил со агресивни тенденции, тогаш слободна Македонија нема да биде воодушевена од него. Се разбира, никој од водачите на македонското движење не размислувал за претходно отстапување на дел од македонскиот суверенитет на друг посредник. Како што, на пример, во Соединетите Американски Држави никоја од одделните слободни држави не го префрлила својот суверенитет врз друга федерална држава или врз група од држави, туку секоја од нив директно влегува во заедничката федерација. Балканската федерација, се разбира, само тогаш ќе биде оправдана, ако балканските земји доброволно ја прифатат, претходно ослободени од туторството и притисоците, коишто насила им се наложени и против коишто се бореле. Балканската федерација, односно конфедерација, е проблем што ги засега сите балкански држави. Македонија, притоа, има и друга непосредна задача: да ја извојува сопствената слобода и независност и да добие меѓународна гаранција на нејзиното неотуѓиво право на постоење како одделна држава.

Општо земено, независна Македонија нема да има причини за несогласувања со своите соседи. Ако ја добие потребната меѓународна гаранција, хармонијата околу неа сама по себе ќе се доофроми. Македонија ќе личи на Швајцарија како по своето општествено уредување така и по својата меѓународна положба.

Идејата за независиост стои повисоко од сите други становишта во врска со Македонија, затоа што таа не е егоцентрична. Таа води сметка како за Македонија така и за нејзините соседи, вклучувајќи ги тука и оние што ја угнетувале. Македонските борци прибегнале до една творечка идеја, којашто му дава воздух и отвора перспективи за болниот и тревожен Балкан. Средстаата за остварување на оваа идеја се тука; аргументите во нејзина одбрана се толку јасни и убедливи; минатото и сегашноста ги нудат во изобилство, иднината ги предочува на секого. Потребна е само добрата волја на соседите и на подалечните фактори.

Со независноста на Македонија не се нарушува ниту рамнотежата меѓу трите сопернички нации – бугарската, српската и грчката, коишто, без Македонија, имаат приближно еднаков број население. Со меѓусебните војни во минатото бројноста на населението не се изменила во ничија корист, туку секогаш тоа резултирало на штета на сите. Во ново време нивните меѓусебни конфликти се првенствено во врска со Македонија. Тие нема да престанат и во иднина, се додека една или друга балканска држава држи под окупација делови од Македонија. Се` понови и понови причини од политички, економски или воен карактер ќе се истакнуваат за оправдување на меѓусебните демнења и судрувања. И секогаш ќе се заборава колку крв била пролеана меѓу нив во минатото, колку народни средства се потрошени, колку разурнувања се предизвикани, без, притоа, да се стигнело до нешто друго, освен до поголеми омрази и исцрпеност. Мегу Бугарија и Византија, во период од приближно 750 години, се водени околу 80 војни; се паѓа по една војна на секои десеттина години. Се разбира, не сите војни биле од пообемен карактер; понекогаш тоа биле само одделни походи или воени демонстрации. Но и во таквите случаи се трошени народни средства за меѓусебни непријателства со што омразата пораснала. Помеѓу нив немало војна кога и Византија, и Бугарија паднаа под турско ропство. Помеѓу Србија и Бугарија, во текот на еден краток период на слободно српско постоење во средниот век, беа водени од десет до петнаесет војни. И меѓу нив настана мир откако беа покорени од Турците. Штом Србија и Византија станаа соседи, судири започнаа и меѓу нив. Откако се ослободија од турското ропство во XIX век, трите држави одново се фаќаат гуша за гуша; во период од седумдесетина години меѓу Грција и Бугарија се водеа три војни, а меѓу Србија и Бугарија – четири, независно од тоа што последната војна (Втората светска војна) помина без особени воени дејства меѓу нив, туку само во еден вид воена политика што ја водеа еден против друг. Очигледно е, притоа, дека сите сили на овие народи, материјални и духовни, во кратките мирни периоди, биле насочувани кон подготовка на нова војна. Во текот на целата нивна историја тие се во психолошка војна еден против друг. Во текот на Багканските војни, по петвековно заедничко страдање под турскиот режим, само два-три месеца беа во сојуз, а потоа одново, со оружје в рака, се нафрлија еден против друг.

Оваа ситуација, несомнено, може да трае барем уште илјада години, ако не се пронајде расковничето за нови – прифатливи и среќни одиоси помеѓу нив. А тоа расковниче е независна Македонија. Таа ќе ги раздели и просторно еден од друг. Општо правило е да има кавги и војни меѓу соседите. Такво е однесувањето на балканските народи и во други насоки, а не само меѓу нив. За пример можеме да ги земеме Бугарите и Унгарците, коишто денес одржуваат пријателски односи, бидејќи не се соседи. Но во Средновековјето, кога бугарската и унгарската држава станале соседи, тие војувале меѓу себе скоро дваесет војни. Поводи за воен конфликт секогаш се наоѓаат. Унгарија и Бугарија, исто така, војуваа за надмоќ, но главно за владеење над областите околу Белград.

Денес главна причина за немирниот Балкан е стремежот кон освојување на македонската земја. Поради ова сите меѓутебно се демнат, дури и кога формално се наоѓаат во пријателски и сојузнички односи, каков што, во најново време, е случајот со Грција и Србија. Еве зошто треба да се отстрани причината, а тоа значи Македонија да стане самостојна држава. Решението, меѓутоа, ќе биде ефикасно само ако зад него стои една меѓународна гаранција во една или во друга форма.

***

Што се однесува до бугарската нација, таа го прифаќа ова решение, свесна, дека треба да направи жртва во името на балканскиот мир и хармонија. Во овој случај Бугарија би постапила според мудриот Соломонов совет при спорот за детето меѓу вистинската и лажната мајка.

Некои, пак, сметаат дека приврзаноста кон сопствената нација ќе се покажела за Грците и Бугарите посилна од приврзаноста кои независна Македонија. Тоа може да биде така, ако македонската држава допушти национално угнетуаање. Меѓутоа, откако тоа ќе биде одбегнато, токму љубовта кон сопствената нација ќе го диктира поддржувањето на независна Македрнија. Во спротавен спучај ќе се повторува тажното минато на раздори, војни и вечно несигурната иднина за сите на балканот. Во самостојна Македонија ќе постои среќна хармонија меѓу двете чувства – кон сопствената нација и кон родниот македонски крај. Бугарското население во Македонија преку своето учество во ВМРО докажало дека од се срце ја прифаќа идејата за независна Македонија. Граѓанските борби што се одиграа во Јужна Македонија во текот на Втората светска војна и по неа, покажаа дека расположението и интересите на месното грчко население сосем не се правилно толкувани од страна на националистичките кругови и влади во Атина. Среде ова население се појавија и автономистички тенденции, како и подготвеност и за други политички комбинации, различни од оние на големогрчките средини. Ако уште во 1912 година, по победата над Турција, беше создадена независна македонска држава или барем загарантирана автономија во границите на турската империја, македонското население би живеело многу посреќно во изминатите досега четириесет години; така, како што, на пример, многу посреќно живеат швајцарските граѓани во споредба со нивните сонародници во соседните на Швајцарија држави. Познато е какви жртви, разурнувања и страдања преживеа грчкото население во Македонија поради судирите на балканските држави околу нејзиното владеење; какви што, впрочем, доживеаја и турското, и влашкото и албанското население, а да не зборуваме за бугарското. И грчкото население е сведок на омразите, а секогаш чувствува застрашувачки перспективи. Кога би можело слободно да одлучува, без притисоци од страна на Атина и на некои далечни центри, ова население нема апсолутно никакви причини да и се спротивставува на идејата за независна Македонија.

Што се однесува, пак, до влашкото население, тоа е целосно на страната на независна Македонија. Против ваквото решение не би биле ниту Албанците, Турците и другите малцинства.

Додека Бугарија и Грција, а делумно и Албанија, мораат да прават жртви во Соломонов дух, има други балкански држави, коишто за независна Македонија не би можеле да прават други жртви , освен да се откажат од лакомењето за туѓото. Станува збор за Србија.

***

Сите пријатели на Македонија, меѓу европските земји и во Америка, го препорачувале токму таквото разрешување на македонското прашање. Истакнатиот англиски државник и бивш претседател на влада, Вилијам Гпадстон, прв ја истакна паролата „Македонија на Македонците“. Големиот руски историчар и општественик, бивш министер за надворешни работи, проф. П.Милјуков, повеќепати ја искажувал мислата дека Македонија треба да биде автономна, како еден вид етапа кон балкамската федерација, додека поделбата на Македонија ќе доведе до постојани незадоволства и војни[26]. Добро познатиот и долгогодишен кореспондент на лондонски „Тајмс“ за Балканот, Џејмс Баучер, одличен познавач на тамошната политичка ситуација, не случајно му беше препорачал на претседателот Вилсон да се застапи за самостојна Македонија, ако е возможно дури и како мандат на Америка за првите години. Овде нема, меѓутоа, можност да ги наведеме имињата на сите учени луѓе од странство што го барале тоа.

Независноста на Македонија би била во потполна согласност и со сите големи принципи, така често истакнувани по Првата светска војна.

***

Со создавањето на независна Македонија ќе се оконча ослободувањето на Балканот, започнато во почетокот на XIX век. Потоа ќе може да отпочне вистинското зближување на слободните балкански народи. Потоа тие самите ќе мораат да прифатат обврска да не прибегнуваат до војната, како средство за национална или државна политика. Ако сите тоа го сакаат, можат да формираат и балканска федерација. Еднаш средено балканското прашање, тоа практично и симболично ќе значи и среден Балкан. Ако, пак, во врска со Македонија не се помират балканските држави, што за нив е пробен камен, тогаш секое друго помирување ќе стои на нресигурни основи.

Некогаш, пред пет векови, балканските држави беа уништеки една по друга и поради немањето на единство меѓу нив. Ако продолжат да бидат разединети и да прават неправди една на друга, лесно можат да пропаднат и во иднина. Врската меѓу нив за сигурност, мир и единство може да биде само меѓусебната доверба. Таа ќе настапи кога ќе ја симнат правдата од крстот, на којшто ја распнале. Балканците не треба да допуштат помеѓу нив да има нации, понижени и ограбени од самите нив. Ако големите нации чувствуваат потреба да се потпрат на други сили, што им се блиски по интерес, менталитет и простор, уште повеќе малите балкански држави треба да се потпираат здружено една на друга, затоа што, и по интерес, и по менталитет, и по оддалеченост, тае всушност претставуваат вдна целина, создадена од природата.

Политичката мудрост е, пред сe, гледање во иднината. Ако се прави нов свет, треба да се видат грешките во старите кројки и да се исправат. Сите извори на неправди треба да бидат ликвидирани, затоа што тие предизвикуваат судири. Спорните области во Европа, а тие се неколку, треба да се остават самостојни, наместо сосила да бидат под власта на други. Класичен пример за таква област е Македонија. Потполно неосновани се тврдењата, пак ќе кажеме, дека тие области не би можеле сами да опстанат. Никој досега не ги хранел; народот со труд и пот успевал да живее. Всушност, таквите земји ги хранеле и своите поробувачи, коишто ги претворале во крава молзница.

Македонија со полно право треба да расчита на политичка помош однадвор. Ниту една од балканските држави не се создала без помош на Големите сили, или барем на некоја од нив. Во минатато, кога Србија се бореше за ослободување од турското ропство, таа беше поддржувана од Русија и Австро-Унгарија. Во времето на своето востание грчката нација се најде пред пропаст; беше спасена од Големите сили. Најблагородната помош за Балканот е онаа, што би ја добила Македонија. Поддршката на македонците не би била незаслужен подарок; со својата борба тие докажаа дека ја заслужуваат својата слобода.

Денес меѓународните организации, како ОН, се занимаваат со закрепнувањето на Палелстина како одделна држава. Веќе двапати Големите сили ја наложуваат независноста на Австрија. И на други места во светот воспоставија специјални режими за да изнајдат компромисни решенија по спорни прашања. А Македонија половина век се бори за својата слобода и независност. Нека таа и биде обезбедена и ќе се види дали таа е „немирна“ земја; имено тогаш ќе се сфати дека други ги посакувале и ги предизвикувале судирите.

Потполно е јасно зошто македонците порано зборуваа за автономија. Во тоа време цела Македонија се наоѓаше под турска власт; таа можеше, според тоа, да егзистира цела во граииците на турската држава, при автономен режим. Меѓутоа, по 1912 година, можеше да се бара само независност. Ставена беше под власта на три различни режими, во три одделни држави, распарчена како еден вид мала Полонија (Полска). При таквата нејзина положба, таа не би располагала ниту со целата своја територија, ниту со својот морски брег, ниту со своите трговски патишта. Не би го носела ниту своето име во трите нејзини делови – на едно место би била Северна Грција, на друго – Јужна Србија итн.

Меѓународната гаранција, слична на онаа што беше определена за Швајцарија, е неопходна и заради тоа што ретко кога се водело сметка за преземените ангажмани по однос на Македонија. Турција не ги почитуваше; Грција и Србија уште помалку. Меѓународната гаранција одамна е посакувана од страна на македонските Бугари. Така, револуционерните конгреси на Битолскиот и на Одринскиот округ, одржани во мај и во јули 1903 година, по донесеното во Солун решение за дигање востание во Македонија решаваат, Централниот комитет на ВМРО, од името на народот, да достави до Големите сили барање за:

1. Гувернер, независен од Портата во вршењето на своите должности;
2. Воспоставување на меѓународна контрола, општа, постојана и со најшироки овластувања за санкции.

Еве еден категоричен доказ против интригите, според кои, божем, македонскиот комитет имал за цел да ја припои земјата кон Бугарија. Токму спротивното – комитетот бара Македонија да биде ставена под меѓународен надзор и во меѓународни раце. Барајќи го таа, македонските дејци очекувале и за Македонија загарантирана неутралност, слична на швајцарската. Во меѓународниот живот таквите случаи се појавуваат главно поради две причини. Прво, за да се избегнат судири меѓу некои држави. Државата што е под гаранција претставува еден вид тампон-зона за државите што имаат меѓусебни недоразбирања. Познато е колку недоразбирања постојат околу Македоиија. Второ, слабата држава да биде заштитена од опасност од анексија. Потипичен пример од Македонија нема за желба на соседите да го анектираат својот сосед.

Ако географските и економските услови создаваат од Македонија една целина, тоа политиката едноставно го наложува нејзиното осамостојување. Тоа го бараат и сите недоразбирања, судири и војни меѓу балканците, како и противречностите меѓу Големите сили. Преку остварувањето на таа самостојност ќе се измени балканската психолошка и политичка атмосфера. За Швајцарија Наполеон рекол дека ако таа не постоеше – би требало да се измисли. Истото важи и за Македонија.

Кон посочените тука идеи македонското движење се придржува повеќе од половина век. Тие се поддржуваат од сите ослободителни кругови во странство. Мислиме дека идејата за независна Македонија и за балканско помирување треба да биде уште поприфатлива денес, кога така упорно се разгледува потребата од мир и единство во цела Европа.

Овде не се занимаваме со апстрактна научна тема, туку со насушна потреба на Балканот, на Европа и на светот.

Македонија страда од истата болест, од којашто страдаа и швајцарските области, пред да биде признаена независноста и загарантирана неутралноста на Швајцарија. Против иста болест потребно е исто лекарство.

Македонија треба да стане Швајцарија на Балканот!


26. Проф. П. Милјуков неколкупати ја искажувал истата мисла. Уште во 1899 година тој пишува во рускиот весник „Руское богатство“, дека разгледувањето на стариот проект за балканска федерација секогаш запирал пред нерешеното македонско прашање. Тој истакнува (види стр. 291 од весникот „Руское богатство“), дека српската желба за поделба на Максдонија може да се оствари само со војна и притоа мора да и биде наложена со сила не само на Бугари]а, туку и на мнозинството од македонското население. Желбата за автономија. според Милјуков, е во хармонија со дипломатските навики и традиции, како и со расположението на македонците. Во 1913 година, во рускиот парламеит, Милјуков одржа значаен говор, во којшто одново истакна, дека Македонија треба да биде автономна и дека тоа е кајприродното разрешување на македонскиот проблем.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани