Преку милион каталонци на улица со транспаренти "ЗБОГУМ ШПАНИЈА"!
  Објавено на
share

Милион во глас - ЗБОГУМ ШПАНИЈА!!!


Image result for goodbye spain catalonia

Преку милион граѓани на областа Каталонија, се собраа во Барселона барајќи отцепување на регионот од Шпанија, три недели пред закажаниот референдум за независност, јавуваат агенциите. Наместо граѓани, сороспиките агенции ги нарекуваат "каталонски сепаратисти" но контролираните медиуми не успеваат да го дампираат цунамито од граѓани кое се похрабро и во се поголем број, гласно бара самостојност. Кога бараа за Косово можеше, сега не, но преседанот кога ќе се направи тешко дека можеш да убедиш некого понатаму.


Околу 1 милион луѓе учествуваа во демонстрациите во Барселона, додека сn4; повеќе се разжестува реториката меѓу богатата североисточна покраина и шпанската централна влада, јавува Ројтерс.

Наметнати со црвено-жолто-сини сепаратистички знамиња и носејќи транспарент на кој пишуваше „Збогум Шпанија“, демонстрантите маршираа низ центарот на Барселона за време на протестот за кој многумина се надеваат дека е последен пред стекнувањето независност, пренесува Франс прес.

„До референдумот останаа 20 дена, а мобилизираноста што ја поттикна овој процес е подеднакво силна“, им кажа на новинарите претседателот на Каталонија и заговорник за независност Карлес Пуџемон.

„Иако се мобилизираа во огромен број, ништо не можат да направат во Мадрид“, коментира Хорди Калатајуд, 21-годишен студент по економија, зборувајќи за референдумот закажан за 1 октомври.

Протестот се одржа на денот на националниот празник на Каталонија, Дијада, со кој се одбележува падот на Барселона во војната за шпанското наследство во 1714 година и последователното губење на регионалните институции и слободи.

Сепаратистите од 2012 година на денешен ден протестираат барајќи независна држава.

Од друга страна, противниците на независноста се жалат дека денешниот празник, кој им припаѓа на сите Каталонци, сепаратистите го злоупотребуваат за своите цели, а оваа година, пред референдумот, дури и повеќе од порано, што покажува дека каталонското општество е длабоко поделено околу прашањето на независноста.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој, чија конзервативна влада е силно против каталонскиот референдум, o7; посака на Каталонија среќен празник и повика на „Дијада на слободата, кохабитацијата и почитувањето на сите Каталонци“.

Како што беше планирано, демонстрантите вечерва направија голема буква „Х“ собирајќи се на авениите во центарот на Барселона, со што го претставија знакот кој Каталонците, според нивното мислење, ќе го впишат во ливчето кога ќе гласаат на референдумот.

Во случај бројот на гласови „да“ да биде поголем, регионалната каталонска влада вети дека ќе прогласи независност во рок од следните 48 часа и ќе почне да формира суверена држава.

Бидејќи шпанската централна влада вети дека ќе го блокира референдумот, сецесионистичкиот каталонски табор со овие демонстрации сака да покаже дека може да ги придвижи своите сили.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани