Кај го има ова ? Во Тунгузија го нема ова. Срамота, тешка срамота.
  Објавено на
share

Кај го има ова ? Во Тунгузија го нема ова. Срамота, тешка срамота. За која слобода ви беа полни устите морони, за кој режим говоревте додека во својата бестијалност правевте глупост по Скопје, а "режимот" не ве ни спречи, ниту ве допре, а требаше да ве скрши. За која слобода на медиуми говоревте?

Каде се Дневник и другите печатени весници каде што пишуваа ценетите: Тони Науновски, Дарко Јаневски, Мирка, Ирена Радовановиќ... Ги нема .Ги нема, испариа во вид на розова измаглица, така ?!?

Каде е Васко Евтов со неговата Во Центар ? Го нема, ја нема. Емисии кои на You Tube имаат се заедно милиони прегледи и ја гледаа гледачи од цел регион. Забрана овде, забрана онде. Укинат. Срамота.

Каде е факинг Латас ( за кој немам воопшто некое вискоко мислење, напротив). Ашшш... го нема, испари човекот во моментот кога почнаа да влагаат крвавите петро долари на УСАИД во Сител. Каде е и Јанко Илковски ( со кого за многу работи не се сложуваме и имаме различен светоглед за многу нешта) дреме во Сител на платен список, не исплатен со месеци.Емисијата ашшшш ја нема.

Каде е Миленко Неделковски ( има еден куп работи за кои имам поинаков светоглед од неговиот ) ? ЗАБРАНЕТ..повторувам ЗАБРАНЕТ. Да не е You Tube нема да знаеме дал е жив , киднапиран ( од вашите спонзори ЦИА ) или не дај Боже мртов.

За оваа ли слобода на говор и медиуми мислевте драги шарени и вие подржувачи и гласачи на сдс ??? Па како што реков погоре и јас не се сложувам со некои од погоре наведените новинари и ликови за многу работи, за пар од нив (Латас поготово) и немам воопшто вискоко мислење. Па тоа не значи јебо вас дека треба да ги укинеме, да се забранат ?!? Што е следно да ги фрлите во затвор??? И тоа не би ме изненадило од оваа одвратна окупаторска валст, наметната со сила од западниот корпо-фашизам.

Денес драги мои, сме буквално под окупација и денес нема слобода на говор во Македонија и тоа е факт, а не до вчера како што вие тврдевте. За време на режимот кој новинар беше заќуткан ве молам? А да, имаше еден случај со Кежаровски кој бај д веј откри заштитен сведок доколку не се лажам. Имаше куп, ама куп опозициски медиуми, телевизии , весници, портали. Кажете ми и ова, денес кој сериозен медиум можеме да го наредиме како опозициски ? Ашшш нема, нема драги борци за демократија. Заќуткавте се живо што мисли поинаку од вашите спонзори од ЦИА и американското мочуриште. Единствено остана оној јаден "портал" на Милеко, тој да, Дудинка чинам се викаше, каде што можеме одвреме навреме до го прочитаме денеска првото перо на македонското новинарство Мирка Велиновска. Ахх да, рака на срце има и неколку портали на ДПМНЕ, но телевизија , печатен медиум од каде единствено се информираат постарите жители на Македонија повторувам НЕМА.

Уште сакате да ги заќуткате нашите патриоти во диастопрата, ма ова е неслушнато и невидено. Нема да ви пројде, бидете сигурни. http://republika.mk/823035

Бидете ми добро и бидете сигурни дека ние анти- глобалистите, евро-скептиците, евроазииците, вистинските анархисти и комунисти, македонските патриоти и сите слободоумни луѓе во нашата земја ова нема да го дозволиме и повторно ќе ја вратиме изгубената слободата и независност на Македонија. И ќе ја градиме надвор од фашистичките евроатлански институции, како неутрална земја со право да соработува со кого сака и како сака , а пред се со братска Русија и земјите на БРИКС. Довидување, но надвор од оваа тамница во која не втуравте со вашата глупост и игнорантнот, но и со вашата зла коб. На вас кои бевте глупи, неинформирани, заведени...ќе ви се прости доколку си ја согледате вашата грешка. За другите, пред се вашите лидери, нема да се има милост, сите ќе одговараат пред судот на народот , порано или подоцна.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани