Оваа вест ја примив најмалку 70 пати. Прво помислив дека се мајтапат но кога почнаа бомбардирања сватив дека дошло до акутно губење на рациото и создадена е фб паника. Секако, наивните и неимформираните наседнаа.
ВЕСТА Е ЛАЖНА
Секоја вест може брзо и лесно да се провери, како што јас тоа го направив, ако не знаете како се проверува вест дали е вистинита, тогаш навистина заслужувате да си играат мајтап со вас.
Еве ви барем фото да разберете, кога веќе немате капацитет за напредни пребарувања кои ги поседува дури и мојата малолетна ќерка.
Обратете на ознаката FALSE КОЈА ОЗНАЧУВА ТОКМУ ТОА, ЛАЖНО, ЛАГА Самата вест и страната каде е објавена од надлежните е обележана како ЛАЖНААААА
За наше здравје и ваш атер денес и јас и едно од моите деца се напивме,(поради настинка) по еден парацетамол) Ние ќе бидеме и живи и здрави ... вие ќе бидете исто живи ама не баш и ментално здрави ако слушате совети и ширите лажни вести. ШЕЈМ ОН ЈУ!
Бидеејќи тој вирус е боливијска хеморагична треска инкубацијата трае ужасно кратко, половина час, а ние го испивме парацетамолот пред 6 часа и никој не умира, крвари, се распаѓа дома кај нас.
САМО ДАЈТЕ МИ ЛИНК ОД ДЕБИЛОТ КОЈ ПРВ ЈА ПРОШИРИЛ ВЕСТА, ВЕ МОЛАМ!