Скандал! НЛБ переле пари од Иран
  Објавено на
share

Скандал во Словенија: Иран перел пари преку најголемата банка

Словенечката служба за спречување на перење пари започна истрага по наводите на опозициските партии дека најголемата државна банка Нова Љубљанска Банка (НЛБ) прикривала пари од Иран, што го крши меѓународното ембарго и не ги применува прописите за финансирање на тероризмот.

НЛБ, како што пренесува агенцијата “Фена”, помеѓу 2008 и 2010 година биле “испрани”, можеби близу една милијарда евра од Иран.

Министерството за финансии потврди, како одговор на барањето на Службата за спречување на перење пари, кои пратија прашања во повеќе од 30 земји во врска со спорните трансакции. Врз основа на верификацијата, било утврдено дека постои основа за сомневање дека се нарушени законите.

Во центарот на скандалот е британско-ирански државјанин Ирај Фарокџадех, кој отворил сметки во банката во декември 2008 година за компанијата Farokh Ltd, откако швајцарските власти му ги затвориле сметките во банката УБС.

Се претпоставува дека ги префрлил парите од Иранската извозна и развојна банка (EDBI), која се најде под санкции и на црната листа на ЕУ.

Во тоа време Фарокџадех бил на листата на најбарани на Интерпол.

Словенечката централна банка ги забранила трансакциите во декември 2010 година, но на НЛБ и биле потребни девет дена за да се спроведе, до кога Фарокџадех ги префрлил во руските банки.

Словенечкиот парламент, на 26 септември го усвоил извештајот во врска со случајот со иранските пари и побара понатамошни испитувања кои потенцијално би можело да ја отворат Пандорината кутија во словенечката политика. Опозициската партија СДС на Јанез Јанша, тврди дека владата направила сé за да ги скрие контроверзните трансакции, се вели во текстот.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани