ЗОШТО КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ ТРЕБА ДА БИДЕ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ УШТЕ ЕДНАШ
  Објавено на
share

ЗОШТО КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ ТРЕБА ДА БИДЕ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ УШТЕ ЕДНАШ

 

Морам да ви признаам дека слабо ги следам овие избори и не сум доволно упатен кој во која општина што прави, кој се кандидрал, кој е од која, една или од друга страна, ниту имам анализи и знаење кој како стои на рејтизни , анкети ... не, ова го говорам како граѓанин на Скопје, ништо друго. Иако сум демохристијанин по убедување, уште многу пред повеќепартискиот систем да се воведе кај нас и десната ориентација ми е природна, не се тревожам премногу околу заднинските агенди на партиите ниту ме допираат нивните “што ако”, “ова треба” “овој да победи” “заради ова – заради она”.

Коце е пример за она што како кадар ВМРО требаше да го развива многу повеќе. За тоа треба млади кои ќе бидат фанатици но како што бива, добар дел од нив на кои прва работа им беше во влада се усладија од паричка, власт и тоа скапо ги чинеше. За Коце, шарените со години се обидуваа да му накалемат зло било какво по било која цена без оглед што нема вистина. Се сеќавате  кога му пееја "Коце коцка"? Дебили! За цело негово време, ниту имал некоја афера за пари, швалерка, скандал, тепчка, пијанство, дрога, газење со кола, судар и слични “срања” на кои ВИЕ навикнавте дека Е нормално кога се во прашања нашите политичари. Не, Коце не е политичиар, он е класичен оперативец – менаџер. Затоа е толку добар.

И покрај партиската пропаганда, што и да кажете, неоспорни се некои факти за овој човек кој за свој еден мандат направил повеќе одошто сите негови претходници заедно. Ама сите на куп се до комуњарскиот режим до 80-те.

Обично скопјани се “палат” на “курназлак”, не еважно што и дали правиш важно да “палиш” меѓу “минџотека”, особено партиска, шизик да си на маса и да ги дупиш новинарите у ребра кога им дaваш интервјуа или ги храниш и се запиваш со нив по кафани. За жал такви сме, ние сме “гомнојадци” и сакаме такви, во такви се препознаваме. Коце ни смета најмногу оти е лошо огледало за нас,  човекот работи како манијак, а јас центарци, барем колку ги знам за мојов пола век, к’лнат се до седмо колено наоколу оти мораат да идат на работа, да работата!!


ЗАТОА ЗЕМЈАВА НЕ ЈА БИВА , ЗАТОА СВЕ НЕЧИНИ ОТИ СИТЕ САКААТ ДА “НЕ” РАБОТАТ, А ДА ЗЕМААТ ПЛАТА,

...оти, наводно, некои од нив, како на “персоналитети” им следувала европска плата за висока класа. Но ова се болести наследени од оние кои го запоседнаа градот, претежно паразити и како такви се гадат од некој кој кога ќе има поплава, како улав облака гумирана кабаница, гумени чизми над колена и во пола метро вода со хебла отвора шахти. Колку пати сум го видел Коце во канализација уцапан затоа што нема срам од работа, нема срам од она што му е доверено од нас, да се спушти на ниво на физички работник и да ги засука ракавите. И не, не го прави тоа заради реклами, пиар и слични к-ци-палци, едноставно он сака да работи! Го знам доволно долго за да одговорно тврдам, дека он е таков по карактер и срамота е тоа да не сте го забалежиле досега, колку и да му ја мразите партијата на која и припаѓа.

Прекувремена работа е поим, кој се сеќавам кога Тито Петковски кај мене во емисија кога гостуваше и кажа – на што личело тоа да се работи ден и ноќ, прекувремено, до доцна навечер. Треба човек да ужива а не да работи толку многу. Затоа и неговата партија толку е ценета, оти се надеваат на неработење. Разбирливо, за некој кој освен карамбол во џебовите по кабинети, ништо саглам нема сработено, но следбениците како него ги има.

Затоа и Коце има шанса да НЕ ги добие овие избори но пред се и само со помош на албанските гласови и од традионалниот сончогледизам кај обичниот човек. Под команда и на партиските мињони кои се надеваат на победа на нивната партија за да земаат плата без работа. Власта се надева дека повторно ќе победи како на ланските избори – со гласови на албанците кои ќе гласаат само од инат, контра партијата на Коце, ништо друго. Да не се лажеме, не ми се фемкајте, знаеме какви сме. Да бевме работливи по карактер, ќе имавме видоизмента, сосема поинаква земја. Табиетот ни е таков, сакаме пари со легачење, поточно сакаме да работиме, ама малку, а тоа да биде наплатено како да сме таленти кои се само за во Гугл.

Од што немаа каде, кампањата за рушењето на Коце е со две празни флоскули типични за ретардирани дронови кои се учипени со синклер процесор ZX Spectrum без мемеорија.

Првото е дека сечел дрва. Да сечел она што е за сечење, старо труло и што морало да се замни. Јас пред едено 10 г ми се случи страшна случка. Мојата молетна ќерка едвај извлече жва глава оти се скрши гранка од дрво на тротоарот на нашиот влез. Ги повикав стручните од Паркови и Зеленило кои проценија дека дрвото однадвор излгедало добро но внатре било труло. Си донесоа одлука дека мора да биде исечено. Комшика моја, малоумна дегенка која живее во странство и со испран мозок, вербално ме напдна и ме нарекуваше фашист оти службата го исекла дрвто и ако стоеше пред нив. На ретардираната не и беше важно што моето дете можеше да настрада, едноставно налудничава злоба и себичност и злоба и расипаност кога во амалгам со ниска интелигенција, глупост, раѓа вакви наци копилиња на исклучивост. Тогаш сватив со какви ќе си имаме работа, и си имаме. Лудило без логика! Така и за сечењата дрва кога го обвинуваа Коце, соросписките медиуми тоа го свртеа во своја полза со извртување, а вмро остана сам, без стратегија да врати и со тапкање по рамо од Сител и Канал 5 – “ќе ја наредиме”. 

Коце и како градоначалник и дел од владеачката партија дотогаш, за сите овие години владеење имаат посадено дрва колку што не може да се замисли, преброи ...  Акциите донесоа преку 30 милиона новозасадени дрва, а статистиката кај Коце е дека на едно исечено дрво – засадени се три нови! и ова Е ФАКТ ... ама вмро крадеше! Знаете добро и самите за ова, ама ви одговара да се правите недоветени. Статистиката лесно се проверува, но партиски мајмун не знае да чита, а камо ли тумачи - мајмунот прави што мајмунот гледа. А новите паркови со урбана опрема, ма неее, не се гледа тоа?! Па поминале неколку години, а павијанот лидерски ви рекол: Дрекавци – заборавете и урлaјате - и тоа сеуште го прават! Како да сум на планета на мајмуните! Така се доаѓа а власт - приални методи кои ги оправдуваат средствата за да се постигне целта.

Она што пак не се гледа е инфраструктурата оти крај ќе нема текстот ако само почнам да ве подсетувам колку булевари направи, кружни текови, нови ленти, обнови асфалт, нови тротоари ... Она што Коце , а за тоа е ултра-стручен, е и подземната инфраструктура на градот. Колку само прoширени тесни грла на подземните канализации, нови канали , исчистени стари ...  ма  ние мразиме работник кој знае да се упика нашите лајна и да ги среди, ние сакаме “курназ со виски у рука да мрси муда” со некоја цицла у кафана и тоа да излезе у нивните бљувот-медиуми и искомплексираните добиваат ерекција. Кој денес се возбудува кога некој е вреден и работи? Ама затоа секоја курва е високопочитувана, машка или женска.

Второ, за кое го дрочат е загадувањето. Иако сите светски стручни анализи велат дека градови како нашиот пред се се загадуваат пред се од горење огрев, (не знаемарувајќи автомобили и индустрија) кој најчесто е паркет, мебел, гуми, ќумур и слично ѓубре кое гнаси, но чувството на вина мора да се префрли на друг. Колите биле, фабриките биле... и кој е крив – Коцееее. Па, ве видовме со министерот за здраство, починаа толку голем  број новороденчиња, колку што немало ваква трагедија за цело време на претходната власт, ама сега нема свирчиња. Тешко е да си објективен кога си хипнотизиран и свесно себе се лажеш, не па друг.

Ама затоа за разлика од сите претходни, со Коце, градот доби нови автобуси, дадени субвенции за велосипеди, нови патеки, субвенции за приватните превозници да купат нови автобуси, субвенции за нови електрични коли ќе се набавуваат. И тоа е извонредно, ама не ви се “виѓава”, не ви се “слушава”, морате да гласате за својот партиски “курназ” кој ништо не сработил во животот, ден работa нема, кој никогаш не зане како и не видел асфалтирање со свои очи, а камо ли лопата да фати.

Коце ни треба нам, на граѓаните на Скопје, не од партиски, од практични причини.

Јавно велам и искрено го мислам немам ништо, ама баш ништо, против Шилегов, сосема легитимно и како што треба се бори да ги придобие гласовите ваши. Она што е фалинка е барем да го видевме како води некоја општина и што ќе направи таму пред да се кандидира за градоначалник.  Тоа што неговиот лидер му ветува, може утре да испадне пуста желба, па се да заврши со дебати, кога на терен да не може да се оствари. Мислите дека од Кале ќе има гратис асфалт? Дека само затоа што неговите се на власт автоматски ќе биде подобро за граѓаните на Скопје? Не, фала, Скопје нема време за нови експерименти, тоа во парламент, но би се израдувал ако искрено е посветен за градот да ја добие еве барем општина Центар, па после нека стане градоначалник. Коце животот го посвети токму во решавање на нашите урбани проблеми. И тоа одлично го прави, успешно, затоа му верувам, а не затоа што е од некоја партија. Сватете го ова како сакате, но убеден су, дека ова го мисли секој кој навистина си го сака градот. 

Коце ми треба мене, ни треба нам, ВАМ, ова се локални, не ме интересира ништо од политиката и Коце самиот тоа го призна, - ЈАС НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР!  - затоа и го сакам, не калкулира. Работи праволиниски.

Затоа ќе гласам за Коце, затоа ми е важно да се доврши лунапаркот, да се набават електрични возила, субвенции за пелети, нови паркови, нови автобуси, нова Универзална Сала, нови велосипедски патеки, тоа ми треба, оти тоа е за сите, не за партии, туку за нас, за граѓаните. Вака или онака, нема пограѓанска опција од Коце во моментов и нема поспособен и покадарен човек во таа работа. 

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани