ЏОРЏ СОРОС И НЕГОВИТЕ 226 ЕУ ЈАТАЦИ
  Објавено на
share

 зделанов оффнет

ЏОРЏ СОРОС И НЕГОВИТЕ 226 ЕУ ЈАТАЦИ

Како се контролира Европа со помош на посредници, пишува хрватскиот магазин Advance по повод неодамна објавениот список на Институтот за Отворено општество на кој се наоѓаат пратеници на европскиот парламент кои организацијата на милијардерот ги смета за луѓе од доверба.

 

Јавно достапните податоци велат дека претставници на огранокот на Отвореното општество за европски политики OSEPI (Open Society European Policy Institute), само во текот на 2016 година одржал дури 44 состаноци со членови на Европската комисија, што е фреквентност незамислива за некоја друга организација од ваков вид, пишува Advance (во платената верзија)

Институтот неодамна јавно објави листа на пратеници од Европскиот парламент кои ги смета за доверливи сојузници. 226 на број. Ако се знае дека парламентот брои 751 пратеник, испаѓа дека Сорос има контрола или битно влијание врз една третина од ова тело.

Документот е експлицитен во дефинирање на тоа како кој пратеник размислува и кои се неговите интереси. Јавен е но по формата заличува на извештај што би го правело некое разузнавачко тело за својата мрежа. За некои од од наведените сојузници постојат и резерви, како што е со естонската пратеничка Јана Тоом за која се вели: „Одби да ја поддржи првата резолуцвија на Европскиот парламент вио врска со руско-украинскиот судир; би можела да биде про-руски ориентирана; не се знае во колкава мерка“.  За Моника Маковеј од Романија пак, се наведува дека е решително прогресивна и е недвосмислен на вредностите на Отвореното општество, но некогаш може да биде опишана како „loose cannon“ кога се работи за нејзините приоритети.

Сорос неодамна реши да вбризга 18 милијарди долари во неговата организација, што за секогаш бучниот Најџел Фараж е најголемото меѓународно политичко мешетарење (колузија) во историјата. Тој потсетува дека личноста која прва покрена сомневања дека Русите се вмешани и во Брегзит е пратеникот Бен Бредшоу кој е поврзан со Отвореното општество а дека нападот на соросовиот архи-непријател, контроверзниот унгарски премиер Виктор Орбан, го започна уште еден човек на Сорос, белгискиот премиер Гај Верховштад.

Документот е тука а во него Македонија се спомнува само во профилот на бугарскиот пратеник Андреј Ковачев кој бил заинтересиран за нас.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани