All that we see or seem. Is but a dream within a dream Но, кој е сонувачот?
Автор: Јанко Илковски   Објавено на
share

 Драги браќа и сестри,

 

All that we see or seemIs but a dream within a dream

Но, кој е сонувачот?

Некаде на почетокот, мојот духовник увиде од самиот старт работи кај мене кои скоро, секој верник со леснотија може да ги практикува, но не и јас. Согледа во мене такви пречки, греди, планини и сигурно, колку по мисла, толку по промисла и ми даде послушание. Послушание какво досега не сретнав дека било кој го има. Не некој кого јас го познавам ниту дека јас сум толку добар или не знам што ... напротив. Повеќе од две децении не бев успешен ништо од она што еден верник го прави, војнички, ревносно, строго, дисциплинирано со многу вера и љубов, кај мене не поминуваше. Немав молитвено правило, затоа што никогаш не успаев себе да се дисциплинирам во било што. Не е важно како, не е важно што, секако, улога играат цел комплекс на ситуации, состојби, инциденти на живот и смрт, заканувачки скоро до премин од другата страна и како дете и уште помал, нејсе ... кој да знае, а сигурно не една причина туку милион тенки конци кои како пајажина ме исткаале во личност каква сум. Никогаш два пати не сум заспал во исто време, ниту станал, ни јадел во исто време, ниту можел нешто повеќе да си подредам некаква дисциплина или било што ако тоа не е со чувство на леснотија, излез, можност да се откажеш кога сакаш, каде сакаш, деструктивно ако треба да оставиш се, да избегаш од рутината и пак да се вратиш. Мене ми требаа децении да се согледам во овие карактеристики на непостојаност, но очигледно, духовникот му биле јасни уште при првата средба, зошто како ... некои работи, ќе ги кажам, затоа што дури сега, после две децении добиваат некаква форма и облик.
Познати ми се добро, ма одлично, прецизно сите детали што е и каква е врата, и каков и што е православниот живот, воцрковен, со молитва, исповест, причест, доблест доблест доблест ...

Дисплината е нешто што за развој на духовниот живот очигледно е и тоа како потребна. Од каде пак јас да знам? Затоа што гледам и сведок сум на ликови кои се воздигнале духовно во својата скромност пред  Бога она што јас со децении не можев ни да го согледам, а камо ли применам. Кои се тие. Па отидете во некој од наѓите мансатири и поздравете ги браќат и сестрите, толку, ќе ви стане јасно, веднаш.

На првата голема криза, бев поканет на престој во манастир. Секако, без размислување прифатив и таму секојдневно се молев и причестував. Секое утро, секој ден и така со недели. Ми спаси живот, брак, работа, здравје, се ми се сврте после тоа искуство.
Кога си одев ми беше дадено моето еиднствено правило, кое, проштевајте, не знам ни дали имам допуштение јавно да го кажам затоа што односот со духовникот е таен процес со Бога и кој сум јас она што со Бога сум го договорил да правам јавна керефека од тоа. Но, дојден сум во одредена состојба кога веќе ми доаѓа да ископам дупка од која не да Боже никне врба па ми текне некое твитер свирче од него. Вака, мојата јавна исповест, ќе биде лесно скриена во морето од нескирени информации и како и најчесто бива, моето име предизвикува подсмев и симбол за несериознот (која мачно ја градев со децении).
Да прафаразиарам, вака ми берше советувано, а јас со слободна воља и најискрено го прифатив советот од духовникот

-          Ќе се причестуваш секогаш, во секое време, било да си спремен или не, било дали си исповедан, испостен, подготвен. Секогаш кога ќе видиш литургија и  путир причествувај се! Сегогаш!

И како што бива, во првиот миг кога го прифатив послушанието, штотуку после мојот долг” престој во манастир, продолжив без многу размислување.

Како што изминуваше времето, дотолку повеќе се нижеа прашања, а како ако сум јадел, ако не сум спремен, небањат, непостен, направил ова – она, сешто, големи и мали работи кои минимално барем за подготовка треба една исповест, макар СМС – за да имаш грам достојност да ја примиш светата причест. На сите прашања ми беше речено, ти само причестувај се , фанатично и остојано, ако треба и секојдневно, а за другото ќе ми се исповедаш и ќе видиме што и како понатаму. Тука многу помага и парохискиот свештеник кој колку – толку, треба да биде воведен во твоето послушание, но што е сигурно, сигурно е, ме научи наизуст да ја кажува молитвата пред причест, па да бидеме и лутргсики и институционално прецизни, а еве, денес и сослужувам со него, колку знам и умеам.

Знаете, не треба многу да раскажувам каква е урбаната трка која лажливо ја нарекуваме живот, но последиците се очигледни и јасни. Секој духовен напор е тежок, секоја кратенка е добредојдена. Колку повеќе бев во црква, колку повеќе се причестував, и колку повеќе ги учев сите молитви и песни на литургија, најчесто од самото слушање, се друго стануваше се помалку битно. Не дека сега сум јас нешто во некое продуховено созерцание, но од скоро некои порти ми се отворија и некои работи добија друга димензија. И колку повеќе и јас и моите воцрковуваме, колку повеќе послушанијата се остваруваа, се небитно, некако, губеше облик ... како да ви објаснам ... некоја аналогија...

Се сеќавам на едно сведоштво на Аиритон Сена, велече вака – Се побрзо возев и се стануваше се помагливо, се изгуби форма, као во облак да возев освен патот пред мене. Одеднаш, го видов Христос како стои пред мене. Запрев и со денови не можев да возам.

Сена знаеме како заврши, доби опомена и не ја послуша но поентата е сосема друга, што се случува со тебе кога постојано ја примаш светата причест?

 

Многумина се сметаат недостојни и неспреми и не се причестуваат, што е разбирливо чувство кога Бог го спознаваш со стравопочит, со љубов и со разум, но јас сум импулсивен и непостојан, кампањски карактер, па сепак, благодарејќи Нему , останав верен, задржав семејство, стабилна врска и упорност, нешто несвојтвено со мојот карактер. Причесната ме менуваше во од. Она што некогаш сум бил, сега многу го нема, но и други работи се сменија. Знаете, кога постојано идете на литургија, ако дремеш станува досадно. Мало учество во неа и станува перфектно место за доживување. Да не се лажеме, не секогаш умот и срцето се синхронизирани и прочистени од страсти, гревови, помисли па да бидеш спремен за причесна, но колку повеќе ја примаш, повеќе те менува. И не верувам дека ова е возможно ако сам си зададеш вакво послушание, затоа што пред очи гледав самоповикани кои скоро истото го правеа па страшни последици трпеа. Само со духовник и послушание, ништо друго!

Можеби и сум бил неодговорен, некогаш и заборавам дека е недела, па излегувам со велосипед и додека вртам ќе поминам поркај црква и ќе ми текне, па бајкот на штендер,  улетување ко фурија у задњи час, окршај код ОК Корала и бап, на зачудени лица на сите од околу (а најчесто си умислувам заради совеста) застанувам во ред, се причестувам и завршена работа. Лесно? Да? Недоговорно? Апсолутно! Дури и засрамувачки ... но ...
Недели потоа, секој ден се будев во 5 сабајле, и имав огромен порив од малиот молитвеник да ги исчитам утринските, па одење во црква, се поредовно се поревносно. Здодевноста и монотонијата ја надминав со учество во литургијата, ... почнав да пеам. Ах, кутри милосрдни души кои се таму со мене, но , бидеејќи никогаш соло туку само пратечки вокали, вака-така се подобро и подобро секој ден. Згора, се поинтересно. Од друга страна, се поспремен и поспремен и тоа без напор. Зошто спомувам напор? Затоа што сум гален, затоа што сакам мазно, не сакам чоколада со цели лешници, сакам нутела, да биде мазно и лесно и подготвено, не сакам да крцка, сакам лесно да се џвака и голта ...  Па сепак, јас , скоро, скоро, скоро и за мене пречесто повторно на литургија, на причест,  на певница ..   

А има и една друга работа, песните кои се пејат и кои се повторуваат имаат интенција да бидат како болва во уво, постојано да ти се вртат во глава.

Знам пријатели кои имаа правило да кажуваат одреден број Исусови молитви дневно, а исихастите после долги подвизи на кажувања добиваат благодет и таа сама им се врти и кога не ја кажуваат волно ... така некако, слично и со певница.
Да има две жици во глава да закачам на звучник ќе уете фалш верзии на иже, пофалните песни за Богородица, на Реках Вавилонски, симболот на верата, оче наш ...
И сега, неволно секое мое идење сум се поподготвен и поподготвен во црква. И кога не сакам, ме фаќа мрза и ќе пропуштам некое време , посилно е од мене и се враќам.

 

Од каде можеше да знае?

 

Трик прашање за верник - сосема прост одговор, но кому пишувам овде? Јавна исповест. Чуму? Некого ќе преобратам? Напротив, од инат ќе речат? – Што тој се причестува – па не стапнувам бре ... а јас имам порив јавно да го кажам .. зошто?

Ми пишувате секогаш, драги сестри, кога спремате нов број дека имате одредена тема, посветена на тој и тој. Но бидеејќи слабо сум набилдан со матерјал достоен за вашето списание најчесто копам во себе па да соодвествува со темата.

Што сакам да кажам? Кога се почесто сум на литургија и се поредовно, сваќам дека она на што народот и оние кои мислат дека се верници им посветуваат многу внимание на денот, празникот ... па вака се спрема, па ова се прави ... Се сеќавам на мојот престој во манастир дека секоја литургија немаше посебна разлика зависно од празникот, ниту животот нешто шизофрено се менува кај вас во зависност кој ден е ... .напротив... како Сена, возиш по патат, пред тебе Христос и се одоколу магла.

Така и со мене, празниците стануваат исти како и секоја недела, како и секоја литургија, се поважна е причесната. Јансо ми е дека празнисите се прекрасни, помен за светиите, предците, мотивираат, не воцрковуваат, ни внесуваат дополнителна радост, се до оној миг кога ќе се предозираш со Телото и Крвта Христови кои ќе те изменат сакал или не и кога ќе почувстуваш, а не да сватиш, што значи За Тебе и за Се, сиот свој живот на Христа Бога да му го предадеме. Како сега сувопарните зборови на свештеникот на кои обично се ѕенѕаме, зеваме, во себе добиваат многу поинаква смисла, длабока, емотивна, како сол во блуткава храна која ни здодеала ...

 

Простете, користам лоши аналогии, непродуховени, со спекткуларно низок интелекутализам, а и со незрели емоции, затоа што ако е поинаку ќе биде неискрено.

 

Се потешко ми е за оние блиски, кои ги сакам, колку ме боли кога не се причестуваат, воцрковени но со постојана помисла дека се недостојни ... никаков муабет не помага тука, никакви убедувања, затоа што ќе наидеш за страшна дури и вулгарна рекација ... колку пати кога сум ја земал самата причест со помисла да не ја примам јас туку оној кој не е со мене, да ја стави Бог во мојата уста но да ја прими оној кој го сакам, а не е тука или не може или не сака, сеедно ... знам, не е мое, не сум повикан јас други да спасувам, а не можам ни сопствениот живот да си го средам барем на неколку месеци, но се губи смисла, секоја песна, молитва секој ритуал на празник, месење, перење, бањае и разно разни деветини, само останува светиот Грал, Путир, и неговите благодатни енергии, јас сега, не гледам никаква смисла во ништо освен само Христос, Бог, Светата Тројца ...

И како знаеше мојот духовник дека така треба со мене, дека токму такво псолушание мене ми треба?

Да не се лажеме, грижата на совест ми е се посилна, а тоа ме тера се почесто, поредовно да сум на литургија, се поподготвен се повеќе молитви, пости, се построг режим и се повеќе пеење и учество во литургијата, макар со икона пред свештеникот на Големиот Вход и се станува полесно, а се друго побезначајно. И како вител се повеќе те влече Христос и се повеќе дава смисла на животот и поголема сила кога доаѓаат искушенијата. Да не се лажеме, и и искушенијата се се поголеми, но она што некогаш не сум ни можел да го замислам како обврска, товар, денес го носам, па се полесно и полесно, похрабро, не декаа не паѓам, паѓам како камен, но се побрзо станувам, со се помалку последици и се надервам дека звршам како што доликува -

Христијански крај на нашиот живот, безболен  непосрамен, мирен и добар одговор на страшниот Христов суд, молиме

 

И непродуховен заклучок - дечки, јас сум цреп, ама без духовник и причест, џабе везете , џабе постирате цитати и мисли и икони, штом нема причест, нема Христос, а тука ви е , бесплатно е, само влези и послужи се и не го тупи без врска

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани