Каде на шопинг? Комшиски дестинации!
  Објавено на
share

Сиромаштијата проклета, која нас на балканот не сведе сите да имаме коли кои ни арчат гориво, мобилни кои трошат импулси и интернет и храна која мора да биде само по стандарди за славска мрсна софра базирана на сувомеснато и многу алкохол.  Балканските соседи се почесто едни кај други одат на шопинг и тоа е добро. паметиме дека некогаш фармерки носвем со години, денес траат една сезона и МОРА да се куат нови, маци, кошуи, сакоа ... тежок живот стана, не за друго, оти се МОРА! Пусти ќеф да останал. Такви се времињата.

Откако е изграден Скопје Сити Мол препрасна не само во скопска, македонска дестинација, туку се повеќе многубројни се гости од Косово. Шопинг во Скопје Сити Мол е вистински престиж кај косоварите. Тие доаѓаат и поединечно и организирано, дотерани, стокмени како за настан од висок ранг. За викендите се веќе таму од раните утрински часови па до доцна вечер искористувајќи го секој миг од шопинг, ресторани па и одење во кино Синеплекс да се види најновиот филмски хит. Редици пред менувачнициата и скоро секоја продавница има продавачи кои го познаваат албанскиот, само говори за тоа дека скопје Сити Мол е вистинска шопинг дестинација не само за скопшјаните туку и за соседите. Какви се економските ефекти никој не знае. За разлика од навор каде продавниците и шопинг центрите едвај чекаат да се испофалат со бројката на посетители и прометот, кај нас тоа се крие како змија нозе. Но важно е бизнисот да врви, а врви иако сите кукаат дека не оди.

Македонците пак најмногу сакаат да одат на шопинг во Грција. Космос Медитеран и ИКЕА се главните дестинации но и Солунското Пристаниште каде кафе и селфи таму е обврзувачки, инаку како да не сте ни биле ако го нема на фејсбук и инстаграм. Да не зборам за кондури, нема жемска в Битола, Скопје, Гевгелија, Струмица, а да носи штикла ако не е од Солуна града купена. Во Космос Медитеран најмногу нашите се "тепаат" во Зара оти пресметале дека таму цените се во просек 5% поевтини од кај нас или колку да се најде причина за да се каже дека е купено од Зара, ама ете од страМство, а кога шопингот е од таму - страМство, се е подобро. Секако покрај Икеа мора да се претрча до Џамбо, кој иако го имаме и кај нас, таму бил некако ... поснабден!?!. Видете, нема влав во земјава кој парите за шопинг ќе ги даде на друго место освен во Солун - велат на шега со оние со кои разговаравме. Како и да е, сите до крајот на денот ќе се сретнат во Фри Шопот кој со децении растура со фанстастичен промет. Секако, грчкиот фришоп. Ние не успеавме да направиме конкурентен и добро снабден, имаше неколку обиди но се покажа дека за бизнис сме тнки во споредба со грците. 

Но во последно време, заради економските успеси на нашата земја, скопјани и кумановци најчесто одат на шопинг во Врање. Поради сувемеснатите производи, кајмак, облека и други работи кои се поевтини одошто кај нас, 9така велат) и затоа се почесто за викендите неколку стотици македонци се запатуваат во градовите на јужна Србија да си направат или ќеф или потреба за пополнување на домашните потреби. 

Грците пак најчесто се во Битола и Гевгелија, и не само поради Казината кои се вистински Златен Рудник за нашите да не одат гурбет надвор, тука се и евтини забари (далеку поевтини одошто во Грција), поевтино гориво, храна и се друго, крајграничните градови тријат раце, од бензиски то гранапи, се оди се се прадава. Па и гркот (со влашка крв) не е луд да плаќа европски квалитет кога има македонски стандард, (евтино а за квалитет, ма дај) ... нејсе. 

Бугарија е исто топ дестинација, но патната мрежа е далеку полоша одошто север-југ на балјканот и затоа шопинг турите таму се далеку понапорни за возење,осоебно оние еднодневни. За жал, наместо автопати - ние сме запнале да градиме железница. 

Балкан е ова, сите мераклии ама малку памет. Нека е за арно само!


Што велат, важно е парата да се врти




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани