Фељтон дел 2 - Фрст тингс фрст - Томислав Гошевски
Автор: Томислав Гошевски   Објавено на
share

Моите мисли и настаните запишани и раскажани од прво лице овде , во најголема мера се резултат на симбиоза помеѓу мојата упорност и кармата која маестрално најде начин и ме фрли во канџите на суровиот свет на цивилните контрактори кои (making other people happy) си го уништуваат својот живот по белосветските воени зони. Јас едноставно не можев а да не бидам подготвен за се што ми се случуваше во периодот помеѓу Мај 2008 и денес во Скопје, Кувајт, Дубаи, Кандахар, ФОБ Апачи во Југоисточен Авганистан, Багдад, покрај Еуфрат околу сириско-ирачката граница, во Ербил, Курдистан и на некои чудни аеродроми како во Оман или понормални како во Хјустон и Чикаго. Друго ми беше муабетот....

Како против кармата изиграв нерешено во гости.

2. Фрст тингс фрст

ФОБ Апачи, Југоисточен Авганистан. Март 2012

Се почна сосем случајно. Како што и најчесто бива. Како кога ќе налеташ на симпатијата заради која се потиш и на минус 12, а ти излегуваш од Дестан каде шо само шо си ја дојал десетката со кромид и за беља, немаш Орбит.

Случајните работи се случуваат случа….ех…ех…ете…еве го Емир на врата…другар ми од проперти департмент и ме прекина…Па да…осум саат сабајле, јас уште не доручкуван, а тој ко по обичај доаѓа на чај-муабет. Емир е еден од ретките луѓе овде со кој можам со саати да седам и дискутирам на теми како на пример курсот на доларот, дали Нексус, Галакси или Ајфон има подобри перформанси, колку е просечна плата во Босна и каква е нашата макроекономска политика. Ко лешинари проверуваме каде се случил нов воен конфликт и дали има шанса да се отвори нова работа за контрактинг компании како нашата или што се случило во базава од последниот наш заеднички чај до сега. Мали пeп ток муабети секогаш со позитивен исход за двајцата. Да не речам чај трач парти, ко Англиски теткици од Гилингам…па скоро секое сабајле. Освен кога ќе почнеме “дискусија“ дали е подобар Пандев или Џеко и тогаш нашиот балкански дух и грлатост толку многу доаѓаат до израз да колегите индијци мислејќи дека некој некого убива во мојата канцеларија знаат да викна обезбедување на помош. 

Друго ми беше муабетот…Се почна сосем случајно. Као и што најчесто бива. Јас во тој период бев во фаза на обезбедуење егзистенција за моите најмили преку најпознатата и најзастапена транзициска професија кај нас (после кладењето и лепењето плакати пред избори) скопски таксист. Да се разбереме. ....не вака нешто...како што голем дел од таксистите ќе ти кажат...

”Јас не сум таксист по занимање, машински инжинер сум. Еве ја дипломата...” ќе ти рече секој втор од тројца скопски таксисти покажувајки ти слика од дипломата на најновиот Самсунг Галакси телефон. Кој бај д уеј, скоро да е поскап од аутото кое го вози. 

Коа спомнав аута, ми текна на млади луди години коа го имав стокецот. Никогаш не сум имал југо, кец ми беше некако по класика, а југо некако бижутерија, за нови дечки, новајлии на градскиот асфалт. Друго…на кец тешко ти се дешава питстоп на семафори, ти текнуе. Неее…тоа беше специјалност на сопственици на југовци, обука која мораа да ја поминат ако сакаат да бидат спремни за југо.

Знаеш…застануваш на семафор, ти гаси Југото. Излегуваш за секунда, отвараш хауба, чачкаш нешто околу карбураторот, влегуваш во југото, верглаш…ништо. Ја зимаш хеблата од под седиште, излегуваш надвор, одиш под хауба и лупаш со хеблата по алансерот едно 3-4 пати со паузи од 2 секунди. Се враќаш во кола, верглаш…пали…излегуваш пак, ја залупуваш хаубата, по пат со сочна псовка го шутираш предното лево тркало , го шамараш малиот баци шо дошол да ти пере шофершајбна, на рибата во аутото позади тебе и даваш сигнал тамбс ап и влегуваш во југото точно коа се пали жуто.

Питстоп за 38 секунди. Ова мики ни Мекларен не го прави волку брзо. За тоа капа доле на возачите на југо. Е добро, имаше и спортски модели југо. Оние со мрежа од гол на цела задна шофершајбна, или со боксерски ракавици кои висат под ретровизор. Стокец поише беше за ИТ ориентирани типови. Ќе ги препознаеш заради ЦД-то што висеше под ретровизорот. Затоа што тие, од проверени ИТ извори си знаеа дека ЦД-то ги спасува од полициски радар. Као зраците од радарот се одбивале од ЦД-то и го збунувале радарот. Возниак и Цукерберг вода да им носат...До душа ретко кој стокец возеше побрзо од дозволена брзина, освен на удолница, али покасно многу наши фраери го прифатија ова револуционерно откритие.

Коа сме кај ЦД-ата, секогаш добар звук имаше кај прави фраери. Прво на касети, ТДК Хром девеески, или МаксВел, а првите цд плеери во југо или кец често коштаа исто колку и аутото, али за чалам мики све. Све, дури и запалење на лев лакт и лево уво заради возење во јануари со отворен прозор и лактот надвор, а музика трешти и мозок ти истекува од уши од неквалитет на звукот. Ама брат…гласно е, и малата во Карпош 2 може од седми кат да те чуе. Тоа беше важно. Од друга страна, коа ќе влезеш во ауто, а прво што ќе чуеш од возачот е “Посилно”, тоа значи си влегол во стокец, ич не мора да проверуваш. Само залупај ја вратата посилно.

Не сум од тие. Јас сум ти олд скул фраер, и што се однесува до работа, од работа, ени кајнд…не се срамам, нити се плашам. Во мојава кариера, сум поминал десетина различни работи, како берба на овошје и зарзават во Грчка, газда на дуќани во мала трговија, кондуктер, дистрибутер на пиво, диџеј, софтверџија/пират, до газда на радио и таксиста. Актуелнава работа што ја имам сега е најдобро платена, најлесна ама …има едно ама…..Авганистан бејб, тоа ама е…Авганистан, Ирак, Кувајт и секаде само не дома. Ок…секој преферира лежерна работа (како оваа последниве 7-8 години што ја имам) а добро платена, ама…Не е изводливо бе мики, баш секогаш…

Него...друго ми беше муабетот...




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани