frame name="f11f3418c65fb6c" width="1000px" height="1000px" frameborder="0" allowtransparency="true" allowfullscreen="true" scrolling="no" title="fb:like Facebook Social Plugin" src="https://www.facebook.com/v2.5/plugins/like.php?action=like&app_id=1546462195668099&channel=http%3A%2F%2Fstaticxx.facebook.com%2Fconnect%2Fxd_arbiter%2Fr%2FlY4eZXm_YWu.js%3Fversion%3D42%23cb%3Df1c1a1752ab0d98%26domain%3Dinfocentar.mk%26origin%3Dhttp%253A%252F%252Finfocentar.mk%252Ff37ac7350ff8404%26relation%3Dparent.parent&container_width=715&href=htpp%3A%2F%2Finfocentar.mk%2Fskandalnozna-izjava-na-ali-ahmeti-imeto-da-se-reshi-so-dogovor-na-dvete-vladi-ne-na-referendum&layout=button_count&locale=en_US&sdk=joey&share=true&show_faces=false" style="margin: 0px; padding: 0px; border-width: initial; border-style: none; outline: 0px; vertical-align: baseline; background: transparent; max-width: 100%; position: absolute; visibility: visible; width: 0px; height: 0px;">
 

Претседателот на Демократска унија за интеграција, Али Ахмети, не се согласува за името на Република Македонија да решаваат граѓаните на референдум, сметајќи дека проблемот треба да се надмине преку договор меѓу владите на Македонија и на Грција.

 

„Не може да се дозволи ова прашање да се бирократизира или политизира или да се користи прашањето за референдум и за можни бескрајни дебати во Парламентот за да се обесхрабри решавањето. Тоа треба да се реши со договор меѓу двете држави и двете влади, како што беше во 1990-тите околу привремената референца. Се разбира дека тука треба да учествува и опозицијата, за да се надминат разликите и да се ставиме во услуга на иднината, бидејќи минатото на Балканот воопшто е болно“, изјави Ахмети на денешната предновогодишна средба со новинарите.

Лидерот на ДУИ очекува учество и на опозицијата во надминувањето на долгогодишниот проблем што јужниот сосед го има со уставното име на Македонија, бидејќи, според него, без неа не е можно да се дојде до решение.

„Опозицијата е заинтересирана за решавање на проблемот околу името, но колкави се разликите ќе видиме во текот на овој процес. Без опозиција не може да се реши ова прашање и во тој правец беа и пораките од нивниот неодамнешен конгрес – дека се за членство на Македонија во НАТО и во ЕУ, а сметам дека тие не се неискусна партија да не знаат дека тоа не е можно без решавање на проблемот со името, како и тоа дека приоритет се добрососедските односи и со Софија и со Атина“, објасни Ахмети.